- Член од
- 28 април 2025
- Мислења
- 30
- Поени од реакции
- 22
Кога се грееш со термо тогаш да треба да планираш кога е скапа кога ефтина тарифа.ја оставам да си работи и преку ноќ да речеме на 16 степени, бидејќи кога ја гасам ја пуштам на 26 и ни за 3 часа не постигнува.
Во Недела можеш да ја вклучиш и да дува, има се може се

Кога се грееш со клима инвертер, значи ниско температурно греење, треба да работи 24/7. Да ја постигне бараната температура и потоа да влезе во режим на одржување на таа температура или тако звана модулација. Така да заборави ефтина скапа тарифа.
Викаш денски 26 степени навечер 16. Знаеш ли ти колку се 10 степени разлика?
Во преоден период кога темп е над 0 ќе местиш дење 21,22 навечер 19,20
Значи 2 степени разлика а не 10.
Или најдобро воопшто да не ја гибаш.
Ете ако толку си фанатик на тоа ефтина/скапа тарифа и ако си ранобудец, во 06:00ам зголемија темп од 20 на 22
До 07:00ам дури е ефтина климата ќе ги надополни тие 2 степени и ќе заштедиш 2 евра во месецот...
Значи ти веќе имаш клима ама не ја користиш како што треба и затоа не си задоволен па сега сакаш да пробаш со ТА печка?
Не ти треба тоа, користи ја климата 24/7
Бтв не кажа што клима имаш, стара он/офф, инвертер...?
Последно уредено: