Значи начинот на кој ти размислуваш е моноблок и дирекно грејно тело.Човек, значи стварно не разбираш...
Си се фанал за тоа "надвор" "надвор"..
Не постои такво нешто! Не знам како го замислуваш ти тоа "надвор"?'
Пробие ли плочестиот изменувач... кај сака нека биде сместен! Не е ова клима!
Директ во водата оди... а да биде бељата поголема, баш на греење е притисокот во него најголем...
Значи зборуваме за 150-200бара притисок!
Деараторот што си го постнал не е никаква заштита од тоа, за сосем друго е проектиран! (не го разбираш како работи, жалам)
Кило плин е во прашање (и тоа втечнат)!
Следна слаба точка ти е внатрешната инсталација.. или у превод внатре у куќа го добиваш!
Дали ќе направи стехиометриски омјер, или ќе се сталожи на подот.. тоа е веќе хипотетичко размислување!
Ама ова се факти, и тие факти ти го кажуваат ризикот!
Ризик кој е не е мал, и е сосем непотребен во старт!
Истото важи и за р32, ама кај кај е тој побезбедон од пропанот...
Настанува проблем во надворешната, фреонот оди во водата и поради зголемениот притисок настанува хаварија. Па така сега покрај тоа што дома имаме поплава, имаме и пропан кој треба само една искра да се запали и да одлетаме во свемирот

Забораваш дека станува збор за хидро сплит.
Помеѓу надворешна и грејно тело имаме и внатрешна а на влез во внатрешна прво имаме електронски shut-off вентил.

а - влез во внатрешна од надворешна
б - излез од внатрешна према грејно тело.
Епа на влез го имаш овој вентил.
И еве која е неговата улога

Спречува протекување на фреон од надворешна во внатрешна.
Ајде и таа заштита да речиме не е доволна.
Понатаму имаш еден куп вентили што ќе го стабилизираат тој притисок во цевките.
Pressure bypass valve, Pressure relief valve... Значи внатрешната е поврзана на одвод за кога тој вентил ќе исфрли вода со цел да се стабилизира притисокот, таа вода иди во одвод.
А имаш и Air Purge Valve кој што ќе го испушти фреонот надвор преку црево кое е поврзано на отвор за вентилација на внатрешната или chimney се вика, оџак во превод...
Значи муабетот ми е, не е се така како што мислите ти и Мунта. Поплава, пожар, експлозија... ма немој.
Мислеле јапанците на секое можно сценарио, има заштита и во надворешна и во внатрешна.
Последно уредено:
Пари/перформанси
.







