Сега гледам каде сме се недоразбрале – во терминологијата. Значи, да, топлата вода за бања и сл. е целосно одвоена од грејниот систем. Имам втор бафер резервоар, кој е многу помал, но како што претходно споменав, тој служи само за израмнување на притисокот во системот.
За жал, мојата топлинска пумпа е постар модел и не може да модулира. Денес, меѓутоа, постојат и модулаторски модели. Сепак, имам одличен SCOP, кој во јануари изнесува околу 4.4. Сакам да додадам дека оваа вредност ги вклучува сите дополнителни агрегати, како што е пумпата за циркулација, бунарска пумпа, фреквентно за бунарска пумпа а и самата топлинска пумпа која колку толку исто троши некој ват и кога компресорот не работи. Значи се комплет. Ова се вредности од практичното користење, а не само на хартија.
Тоа што карактеристиките на подното греење дозволуваат поевтино греење во тарифа за ниска струја е дополнителен бонус