Во 2017 година, кога барав фирма за подно греење, ги имав истите сомнежи. Поради тоа, одлучив да изберам фирма која монтира REHAU подно греење. Предноста кај REHAU е тоа што инсталацијата може да ја прават само сертифицирани лица кои се специјално обучени во Германија. Дополнително, за овој систем се користат патентирани специјални алати, што гарантира квалитетна монтажа. Дури и монтерите од Македонија мора да ги исполнат овие стандарди.Да ама таму горе работната рака ке ја платиш солено, ама знаеш дека и го направиле како што треба. А кај нас не знам какви се монтерите на подно, ама веројатно не се многу поарни од монтерите на клими кои и добра клима во 70% случаи ќе ја ус...рат.
Автоматски споено мислење:
Со текот на времето сфатив дека ризикот од проблеми, како што е протекување, е практично еднаков на нула, дури и кај други системи за подно греење, независно од марката. Подното со децении ке си работи. Грижите дека може нешто да тргне наопаку во пракса не се релевантни. Ова важи и за поевтините системи.
Автоматски споено мислење:
Не станува збор за само работната рака, туку комплетното подно греење чини околу 25 евра по м². Цената на добра топлинската пумпа, точно е и цената се движи помеѓу 8.000 и 10.000 евра, но инсталацијата не чини дополнителни 8.000 до 10.000 евра, како што е наведено.Даикин/Митсу воздух вода пумпа 8.5-10.5к во евра.
работна рака за инсталација на подно во 130м2, цирка 25к во евра
цени лично што сум прашувал за таму горе де
Заштеда во годишна потрошувачка скоро и да нема. Разлика во комфор огромна (добро де повеќе зашто немора да ми се сите врати отворени како сега со клима ама и тоа е нешто)
Топлотна пумпа што иде во земја и од таму црпи топлина е за нијанса поекономична од оваа воздух вода, посебно на ниски температури. Ама затоа на инсталацијата треба да ставиш уште некои 7-9к евра![]()
Што добиваш за таа цена? Практично неограничено топла вода – јас имам резервоар од скоро 500 литри. Секој агол од домот е загреан, вклучувајќи ја бањата, ходникот, па дури и надворешните скали ја добиваат својата топлина. Покрај тоа, ѕидовите се топли. Сите што греат со клима знаат дека во зима, особено при ниски температури, ѕидовите остануваат ладни. Комфорот со подно греење е неспоредлив.
Најдоброто е што подното греење главно загрева при евтина тарифа, значи по 4,9 денари по КВ, бидејќи подот ја задржува топлината и истата се емитува со часови во загреаните простории. Посетете некој што веќе има подно греење, особено во јануари и видете ја разликата.
Една од проблемите е што топлинските пумпи често се непотребно предимензионирани. И мојата е таква – може да произведе повеќе од 13 kW топлина на час, а во јануари реално ми се потребни околу 120 kWh топлина дневно, вклучително со загревање на 490 литри топла вода. Тоа значи дека ми се потребни околу 5 kW топлина на час. Истото важи и за клима-уредите – често се предимензионирани.
Последно уредено:

