- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.745
- Поени од реакции
- 13.204
Ај вака со ред...Абе зошо кога ќе се фатиш во тесно се имаш попатемна работа... па не можеш да се замараш да бараш.... немаш потреба да мериш и снимиш xD
Дај еве посочи конкретно кој член така изјавил дека има COP од 10 нагоре.... јас ќе се позамарам да најдам уназад на форумов...
Јас моите мерења по оваа ги пресметував:
COP = (deltaT*fan(m3)*1.2)/(3600*consumption(KWh))
deltaT = Tемп. измерена на издув - Темп. измерена на усис
fan(m3/h) = од 250 до 1200 - кај секој модел е различно во зависност од избраната брзина на дување од далечинското
consumption(KWh) = моментално измерена потрошна изразена во kW
1.2 e земено како константа за воздухот во просторијата која може да се пресметка подетално до 3та децимала, но равенката е доста сложена, па упростено се зема 1.2 затоа што и со прецизни мерења разликата ќе е минорна и небитна за калкулации во домашни услови
specific heat of air (1.006 kJ/kg oC) * density of air (1.202 kg/m3) = 1.209212
Кога јас пазарев во 2020та разликата во пари беше точно 22.000мкд меѓу Мицу ЛН35 и Грее Амбер12ка
Ахах па и на 3 фискални ми ја поделија, и данок вратив 1500 чинам
Значи разликата 20.500мкд
Мојата математика викаше дека многу повеќе ќе ми се исплати поскапата клима во следниве 10 години.
Кој и што купува за да заштеди е чисто индивидуално, секој со својот ум и својата математика.
Ашколсун!
Одма сеа опет со графикониве јас еве @PticaSelica да те замолам да ми израчунаш од ова споредба на графикониве, најпросто што можеш колку % е едната поефикасна од другата, на секоја скала од температурните мерења од +10С, +5С, 0С, -5С, -10С, -15С, -20С, -25С и -30С пример:
на +10С XXX е пофикасна од YYY за ZZ%.
Ако сам го израчунаш може и ќе ти се врежи во сеќавање
Баш ме занима што разлика ќе добиеш (во најлош случај) пошто ете е споредба со хардверски најдобриот кинез нели?!
Амии.... да имаше тестови да споредевме со некој поефтин.... од упола цена од Амберов?
Ајде да споредиме и друг тип VTT графикон меѓу истите 2 модела, овој пат за потрошена (плаво) и испорачана (розово) моќност.
Ај за оваа споредба јас ќе израчунам, да не ти дојде многу
Прегледај го приврзокот 435056 Прегледај го приврзокот 435055
На XX температура (испорачала - потрошила) = произвела (во вати)
На -30 Амбер (2350-1650) = 700w
На -30 LN35 (2000-1050) = 950w
На -25 Амбер (2750-1700) = 1050w
На -25 LN35 (2400-1100) = 1300w
На -20 Амбер (3350-1750) = 1600w
На -20 LN35 (3000-1250) = 1750w
На -15 Амбер (3650-1750) = 1900w
На -15 LN35 (3450-1400) = 2050w
На -10 Амбер (3600-1550) = 2050w
На -10 LN35 (3350-1200) = 2150w
На -5 Амбер (3200-1250) = 1950w
На -5 LN35 (2800-800) = 2000w
На 0 Амбер (2450-750) = 1700w
На 0 LN35 (2000-500) = 1500w
На +5 Амбер (1450-400) = 1050w
На +5 LN35 (1350-250) = 1100w
На +10 Амбер (600-200) = 400w
На +10 LN35 (800-150) = 650w
Мицуво кај поекономична па и повеќе топлина произведувала мајката...
Тоа што ТИ си платил толку, и што ТЕБЕ ти излегла математиката таква.. е субјективно во твојот случај, во таа временска рамка, живот и све остало. (и мило ми е, да не ме сфатиш погрешно)
Ама не можеш да генерализираш!
Ист пример: ја да земам да се фалам како за исти пари сум зел мицибуши место вивсакс аери, и сега сите што зимаат вивакс аери се глупи

Епа не оди тоа така!
Второ, дегутантно ми е да постојано се споредуваш со таа амберка... "бр.1 во светот"!
Си имаат продавачи и експерти да ја бранат, јас немам намера!
Од приложеното, разликата меѓу лн25 и амбер 2.5ка, ја гледам разлика у коп <=1
Не знам што треба да рачунам, кога очигледно е, и тоа на тест на супер релевантни минус два-триесет.
(А продавачите нека се објаснуваат зошто битурбо дајрект инџекшнот им извадил коп 3.5 на +10)
Ѕвер е ЛН-от, нема збор... ама 4 пати поскап од кинез.
Дали е 4 пати подобра клима? Ваљда, зависи кој што цени...
Ама сигурно не е (ни) 2 пати поекономична!
Едит: мојава ентри левел, мање-више иста со било кој кинез за 500€ има коп еднаков со амберот на -5ц, -10ц. Сигурно и подобар на +10
Да! Не се нордици, и не повлекуваат толку, и не испорачуваат толку.. ама не е битно тоа за нашево поднебје.
Последно уредено:







