Методот каде бојлерот работи на пониска температура (Метод 1) може да биде поефикасен во однос на потрошувачката на енергија, затоа што работата на бојлерот на повисока температура (како во Метод 2) бара повеќе енергија.Не знаев каде на друго место да прашам, затоа ајде нека биди овде, па кој знае нека одговори.
Живеам во стан во Германија во којшто греењето е со гас. Најголем дел од населението во Германија е со централно греење, но доста голем дел се греат или со гас или со масло.
Во претходниот стан во којшто живеев затоплувањето беше со централно греење и во зградата немаше сепаратен/засебен уред за загревање, но во станов каде што моментално живеам газдата има „гас-бојлер„ кој служи за загревање на водата.
Е сега прашањето ми е поврзано со функционалноста и зажтедата на енергија...
Моментално за затоплување се употребува само еден радијатор кој е наменет само за една просторија. Ме интересира како точно функционираат одделно радијаторот и самиот уред за загревање на гасот, бидеќи и на двете страни има регулатор на топлина.
Прегледај го приврзокот 434185Прегледај го приврзокот 434186
Обично радијаторот го оставам на 3-ка преку цела зима, барем така прочитав дека било поекономично отколку да го гасиш и потоа наредниот ден наново да затоплуваш. Што всушност ми е прашањето околу точноста и исправноста на овој метод. Дали на овој начин стварно се заштедува на потрошувачка или сепак другиот метод е поефикасен?
А исто така ме интересира и засебната улога на бојлерот и радијаторот во врска со затоплувањето.
Во врска со тоа имам два методи на регулирање...
1. Бојлер на број 4, радијатор на 5.
2. Бојлер на број 7, радијатор на 3.
Дали заштедата е поголема во случај 1 или 2?
Бидеќи без разлика дали зголемуваш на радијатор или на бојлер, топлината во просторијата се зголемува и на двата начини.
Е сега не ми е јасно како одделно функционираат двете страни. Ок кај бојлерот е веќе јасно, троши енергија при затоплување онака како што ќе го подесиш, но како радијаторот регулира топлина?
Дали е поврзано со брзината на протокот на вода? Пример топлината на одржување на водата е 60 степени, па доколку радијаторот е регулиран на 5-ка, тогаш протокот на вода е подинамичен со цел оддржување на таа температура во радијаторот.
Немам искуство со парно греење на гас одговорив само по логика и мое мислење. Затоа мојот одговор земете го со резерва. Доколку имате сензор за топлина на котелот со кој би можеле да видите колку киловати во метод 1 и метод 2 се потребни, би можел со експериментирање да дојдите до прецизен одговор. Иначе ако го поставите прашањето на HaustechnikDialog ке добиете одговор од луѓе кои стварно се греат на гас и имат повеќе познавање на оваа тема.