Дај објасни ако знаеш како оди постапката кога внесуваш производ купен од Грција.
Јас колку што знам кога купуваш онлине доколку цената на производот е до 90 евра не плаќаш царина.
Кога внесуваш производ лично при влез во Македонија до 350 евра не плаќаш царина. Под услов да е некомерцијален производ. Значи да не се пример 100 парчиња патики да не прајш бизнис да препродаваш.
Ете пример клима 1500 евра. Си ја купил од Грција. Во цената е пресметано и грчко ддв.
И кога ќе дојдеш на македонска граница пријавуваш и сега како оди прво се одбива грчкото ддв па се додава македонско 18%ддв?
Царина може да биде максимално и до 30%
Кога се пресметува царина, пред или после 18% ддв?
И што ако јас земам уште четворица со мене. Сите смееме да внесеме до 350 евра.
5×350= 1750 евра
Ја пријавуваме климата од 1500 евра дека ни е заедничка и нема што да плаќаме ддв и царина

Можи така?
И можиш со грчката продавница да се договориш достава до селото Ники одма после Меџитлија преминот. Сигурно им е бесплатна достава а ќе се договориш со некој од селаните ќе им дадеш 20 евра за адресата.
И одите 5 души во кола од Битола имаш 15 километри.
Полукружно назад, нема царина нема ништо.
Перфера 5.0кв во Грција е 1500 евра кај нас 2250 евра заштеда 750 евра.
Ако ја напрајш оваа турнеја повеќе пати во месецот?

Излегува убава платичка