Да прашам за соларно загревање на вода, некој да сподели искуство.
Колку што знам има два типа на соларно, оние што се со цел бојлер на покрив со цевки епрувети и втор тип со рамен панел.
Кај првите предност е што не треба бојлер во купатило него бојлерот е на покрив и побрзо загреваат затоа што сонцето дирекно ја грее водата. Мана им е тоа што во зима постои опасност од мрзнење. Незнам дали функционираат на слободен пад или треба пумпа да ја врти водата но како и да е овој тип отпаѓа кај мене затоа што веќе имам бојлери со внатрешна спирала со приклучок од страна и цевки спроведени до таван.
Значи вториот тип со рамен панел мана е тоа што послабо грее (барем јас така мислам) поради тоа што сонцето прво го грее антифризот кој потоа пумпата го врти и ја загрева водата. Меѓутоа се елиминира опасноста од мрзнење.
Викнав мајстор пред некој ден да ми кажи мислење и проценка колку ќе кошта.
Прво мајсторот не ги бендиса цевките заради тоа што се пластични и наводно биле за подно греење. Тука требало бакарни цевки меѓутоа ајде да не копаме повторно ќе ставиме бакарни цевки најгоре кои потоа ќе се поврзат на пластичните.
За панел рече ќе ставиме две 2ки пошто за два бојлери. Една пумпа една електроника со избирање на приоритет, еден од бојлерите ќе биде приоритетен...
И се убаво звучи се додека не дојдовме до тема несакани последици од прегревање. Што ако не сум дома и системот прегрее?
Мајсторот вели ќе го подесиш системот на holiday, преку ден ќе грее навечер ќе лади. Во најлош случај ќе го фрли антифризот горе на кров и пумпата ќе се расипи

Или ако не си дома подолго време да го испуштиш антифризот...
Се мислам дали воопшто да инсталирам вакво нешто или да продолжам на струја.
Што ако тој вентил што го исфрла антифризот затаи, ќе експлодира бојлерот.
Што ако снема струја па пумпата не врти а антифризот загрева? ...
Некој ако има искуство добредојдено е
