- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.495
- Поени од реакции
- 12.576
Настрана кој е Мунта и колку знае...Тој Мунта е човек кој што има канал на YouTube со цел да направи заработка, постојано вели претплатете се.
Видеото со R-290 го снимаше навечер за што поголем ефект да има кога тој пропан гори и што повеќе гледаност да има како би направил поголема заработка.
На модифициран пламеник поврза Р290 и го запали као да покажи демек колку е тоа опасно. Нешто што секој го знае. Мунта има Hitachi monoblock и само за неа кажува.
Сите брендови на топлински пумпи кои работат на Р290 се моноблок. Тоа значи и да дојде до некое протекување на гас тоа е надвор, а не внатре. И не значи дека ќе се запали така само од себе
Даикин Алтерма 4 работи на Р290 и е сплит систем се поврзува со внатрешна ама хидро-сплит, слично како моноблок.
Сепак загревањето на водата се прави надвор.
И за хидро-сплит е Мунта против и не е во право.
Значи јас лично сум за топлинска пумпа сплит на Р32 каде што загревањето на водата се врши во внатрешната со што надворешните фактори немаат никакво влијание.
Внатрешната да биде со интегриран пуфер или бафер или да го наречиме бојлер, кој што ќе прај акумулација на топлина. Надворешната прај дефрост, нема проблем, системот си користи од таа акумулирана топла вода. И за ова Мунта е против и мислам дека не е во право.
Убаво би било и таа внатрешната да биди smart grid каде што јас ќе можам да внесам периоди кога е ефтина струја и системот да се оптимизира да работи повеќе во тие периоди...
Мунта не знај ништо за тоа а се прај као тој е најпаметен а другите се глупи. Не ги пратам неговите видеа едноставно ми е одбивен човекот.
За едно е во право, а има видено сто такви случаи лично!
Ако негде процури плинот, ќе процури кај што е најслабо! А тоа ти е плочестиот изменувач!
И тука веќе ништо не мења дали е моно или сплит пумпата...
На 1.5 бар притисок на водата ќе пробие кило плин со 150 бара ко од шала..!!
И погоди кај ќе заврши сиот тој "фреон"?!
Дали имаш подно, фенкојлери, или радијатори.. сеедно..
Ќе пробие негде внатре!
Е тука има битна разлика дали е р32 или пропан! Едниот е полесен од воздухот и природно бега.. а, другиот е потежок и "лежи" на подот! (погоди кој е кој

Плус пропанот не е дезодориран како во плинските боци, туку уопште нема ни мирис, ни вкус, ни боја...
Палиш светло, мала искра, и бум!
Е тоа е таа проста физика што Мунта ви ја црта, ви ја претставува со опит и се, ама вие упорно при очи се правите слепи и им верувате на маркетиншките срања на дистрибутерите!
П.С. ако не си знаел (а се кладам не си знаел), пропанот се употребува во фриго-техника од пред сто години..
Само имало добра причина зошто никогаш не стигнал во домашни мас-продуцирани уреди

Сега од лобито му го сменија името во р290, и наеднаш измислија топла вода...
за наивци нели..