- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.715
- Поени од реакции
- 7.623
Толку ке биде ако е неивертер т.е. On/OFF клима, ако е инвертер и збориме за 5.5KW просек би и бил околу 700/800W на саат у Vivax-Gree варијанта, за поскапите брендови може да е и околу 500 вати.Колку е потрошувачката на 5.5ка? Околу 1.5kw/h?
Во продавница кај што гледаш клими погледај кај надворешната единица што пишува од десната страна за InputPower (тоа и е потрошувачка) и ке го приметиш следново, инвертерите за InputPower имаат 2 вредности ОД-ДО (пример 500W-1700W) а кај обичните не-ивертeр клими има само една бројка пример 1500W и таа e таа потрошувачка плус минус 100-200W. Да има COP од дури 4 обичната клима за да даде 5KW топлина би трошела 5/4=1.25KW, пологично е да е со COP околу 3 па 5/3=1,67KW и толку ке троши константно дур не ја постигне зададената температура. Кога ке ја постигне таа температура ке се искључи скроз и тогаш нетроши ама се лади просторот. Инвертерот нема да искључи при постигната Т туку ке ја намалува потрошувачката до минималната за InputPower а со тоа и топлината што ја испушта.
Но сепак имај во предвид дека просторот што ке го загреваш треба да е барем средно добро изолиран за да не се губи топлината во просторот и така што подолго време во денот работи со минималниот InputPower од 500W одколку со максималниот од 1700W.[DOUBLEPOST=1425343381][/DOUBLEPOST]
Сега овој период цените на климите се доста покачени, лош момент е што доларот е многу рипнат а увознициве климите ги плаќаат во долари.Ок, ако некој разгледувал во скоро време, ве молам да препорача нешто со монтажа до кај 45.000 максимум што фаќа.
Последно уредено:


