- Член од
- 8 октомври 2015
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 0
Ве читам внимателно и горе-доле сте во право што се однесува до квалитетот на Vivax климите, посебно за инвертерите кои веќе 4-5 години по ред се доминантни на пазарот во однос цена-квалитет, а дури слушнав информација и дека како бренд имаат добиено маркица BestBuy односно за тие пари што се вложуваат дека се добива максимален квалитет. Е сега, како и со сите работи што се произведуваат во Кина знае да има по некој дефект или слаба страна но тоа се ретки случаеви и претежно се случува кога лошо ќе се процени состојбата во куќата/станот во смисла на изолација, страна на која гледа собата каде што се лади/загрева, спрат итн. Затоа, мој совет ви е прво да си повикате монтер или постручно лице за да го види теренот и да ви помогне подетално околу изборот.
Од 3,5ките GEYI веќе нема а нема ни да има, ама од 5ките мислам дека уште нешто може да се најде на лагер и затоа побрзајте вие што сте неодлучни бидејќи не чека долго и топло лето, а после тоа уште подолга зима AEHI е исто солидна серија, со по некој новитет и мислам дека во 95% е иста како и претходната GEYI.
Поздрав до сите, прашувајте за Vivax се што ве интересира бидејќи сум во таа сфера и навистина можам да ви помогнам. Може и на приватни пораки, чисто темата да не страда од постови само за овој бренд. [DOUBLEPOST=1431945559][/DOUBLEPOST]
Се сложувам со се напишано но сепак мала пажња тука дека AEHI слично како и GEYI e за до -20 температура (а тоа секако не значи дека е строго до -20 туку може и подолу) така да воопшто не верувам дека ќе стигне да замрзне
Zdravo,zainteresiran sum za vivax,ako moze sovet imam potkrovje od okolu 40m2 vo kuka od site 4strani nadvoreshni zidovi bez izolacija so krovna izolacija samo i termopan stolarija,kako glavno greenje bi go koristel klima uredot.......