По подолго време да споделам и јас првични импресии, потрошувачка и слично...
Имам Daiseikai 9 - 13ka (3.5ka) греам ~28м2 + отворена врата кон ходник и други соби.
Се работи за стан 65м2 со 1 надворешен ѕид (запад) со 8см стиропор,
1 ѕид кон внатрешни скали во зграда,
1 кон ходник во зграда, останатиот е кон внатрешните простории.
Над и до мене нема соседи кои греат, под мене има сосед и се греат исто на клима/и.
Климата работи 24/7 поставена на 24 степени аутофан, пробав со 25 премногу е топло, пробав со 23 навечер, немаше некој голем ефект со намалување на потрошувачка така да моментално е на 24 степени поставена (аутофан) нон стоп.
Еве пред малку отворена врата за да се излуфтира.
Мерачот на температура е на Broadlink RM4 mini поставен на околу 3-4 метри од клима на висина од ~70 см од под.
| дневна потрошувачка кwh | Ноември вкупно kwh | |
Просек ноември E-control апликација | 6,200909 | 136,42 | |
Просек ноември BroadLink апликација | 6,200909 | 136,42 | |
| E-control апликација | BroadLink апликација | Grafana* |
Максимум дневна потрошувачка | 8,48 | 8,49 | 8,51 |
Минимум дневна потрошувачка | 2,7 | 1,95 | 4,99 |
*Grafana не ми беше наместена од почеток на ноември и затоа има отстапување овде, и немам просек за ноември дадено погоре од Grafana-та.
За чудо, денес се изедначија потрошувачката до децимала кај Е-control и на BroadLink, инаку има отстапки како што може да се види и од табелата погоре, дали е до временската зона, дали е до интервалите на отчитување незнам, некој поупатен може да даде коментар.
Ќе почекаме пониски температури да видиме како ќе биде понатаму.
Инаку сега за сега, со аутофанот презадоволен, не осеќам дека има клима ниту имам потреба да зголемувам намалувам температура на далинското, со потрошувачката исто така сум задоволен.
Во спалната имам уште една клима, Самсунг wind free модел, 2,5ка (купена 20К) тој го пуштам моментално само од 5-7 часот наутро, кога ќе бидат пониски температурите ќе ја вклучувам почесто.