Има разлика во начинот на греење, соодветно и цената варира многу. Се зависи и од објектот и изолација. основно најекономично е да го грее воздухот директно: Клима уред, калорифер, подно греење/под услов добра изолација испод/, парно, термо печка... Лоши се инфра црвени или истите варијанта кварцови. Греат објект пред себе и ѕидот, после ѕидот го грее воздухот. Има и вариајанти, во смисол калиева печка инфлуенција е 50% внатре и го топли ваздухот, а останатите 50 % одат надвор во ѕид. Со формата , материјата, бојта можеш да го дизајнираш соодносот на трите типа : Кондукција, Конвекција и Инфлуенција
Можеш со некој физички закони да "мултиплицираш" енергија, не е сосема така но реално се грееш доста поевтино.
Тој принцип е топлинска пумпа, колку и да се лажеме, не само инвертори, што сакаш ставај внатре, ако стварно се грееш ќе си плаќаш. Има разлика од систем до систем, но колку и да ставаш интелигенција неможе да се подигне КПД-то до бескрај, си има горна граница и мислам дека веќе е достигната.
Имам предвид за клима уредите, на -5 степени надвор самиот радиатор е на -10 или -20, ако го пумпаш до +50С компресорот врши определена работа и троши определена снага. Како сакаш модулирај, тракатанци, грнци, инвертори, ако ја трошиш таа моќност ја плаќаш.
Разликата од клима до клима уредот е освен софтвер, некаква интелигентност, радијаторите, надворешен и внатрешен. Ако можеш на 40С радијатор внатре да стоплиш собта на 30 степена е пофино отколку да радијаторот е 60%, вна
тре и не е толку важно температурата останува во соба, главното е надвор, ако температурата надвор е -10, и ако на еден модел климауред радијаторот е на -20, на друг е на -15 кога грее, тој на -15 е поекономичен. Тоа главно зависи од Размерот на активната површина на радијаторот.
Ако има интерес ќе напишам малку теорија на стварно ефтино греење со топлинска пумпа за куќа со двор, ги користат скандинавија, добиваш меѓу 1:6 до 1:10 'Зголемување'