Добро, што е таа пизма кон ГРЕЕ ?
Пред некој месец се зачленив, и неуспеав сите дискусии да ги пролистам, ама до сега некој сопственик на ГРЕЕ не сум видел да се пожали.
Еве една споредба би направил од Тундра 18 (моја во дневна) и Грее ломо еко кај моите (дневна), исти се просторите по големина.
ГРЕЕ еко ломо 3.5 КВ - Потивка и внатре и особено надворешната, преде на ниски обртаи малце беше преоптеретена на најладното ама па и не е за просторот (40м2), дисперзирањето на воздухот е многу подобро, има двојна летвичка и успева многу подалеку да го пласира топлиот воздух, дневната е 10 метри долга и не се чуствува разлика во температура. Има повеќе мода на штелување. Тундрата е посилна и испорачува повеќе топлина ама за тоа треба да се вози на повеќе обртаи на 2-3 степен што ја прави непријатна, има само една летвичка на издув и ако се стави вертикално не успева до крај на собата да дува, ако се стави на повисоко летвичката тогаш само горниот дел ќе го грее. Некако го дува воздухот 3Д неможе добро да го дистрибуира. Регулација мислам дека тундрата прави подобра. За дефрост подобра е Тундрата, поретко ги прави а и побрзо завршува циклусот, и двете не дуваат ладен воздух на дефрост. Тундрата мислам дека повише бербат ми направи на тераса, многу вода тече кога е влажно, а на најладното заборавив да ја испразнам тубата и замрзна цело црево и тацна комплет. Кај Ломо еко неприметив проблеми со мрзнење.
Да сумирам јас од она што го гледам кај ГРЕЕ и тоа на најслабиот модел, нема шанса да кажам дека се канта бренд и прават лоши клими. Несакам да навлагам околу топлинска ефикасност мислам дека почнувате во грамови да ги мерите уштедите во киловати.