Аман со тие приказни. Хансол грее по сите прописи и греота е да се плука по него. Кога беа маглите и сите плачевте од дифрости, моиве два Хансола еднаш не ги фатив да прават, ни сув, ни влажен, никаков дифрост.
Еве деновиве залади малку од малку и конечно почнаа да влегуваат во дифрост на неколку часа, како што е редот. Зборувам во множина, а всушност активно го пратам првиот Хансол што ми покрива 30 м2, дел од тоа е ходникот и влезната врата што често се отвара, независно од тие десетина луфтирања во текот на денот...
Потрошувачката онака кога ќе го загледам мерачот се движи од 330 - 800 W, што е одлично. Деновиве ќе се испентарам горе кај мерачот и ќе сликам состојба. Ќе објавам
резултати како и минатиот пат. Нема да биде врзано на месечно ниво, но ќе следи
сметка од ЕВН, а тоа е најважно.
За празнициве имав гости што дома се греат на 25+ степени (ќумбаши), па гледав да им угодам. Едно време успеав да ги заинтересирам за греење со клими, па морав да го "рокнам" Хансолот и на 30С. Нормално, си креваше температура по п.с., со два дифроста во текот на целата вечер. Кој ме прашуе мене што бев жива вода...
Вториот Хансол не го пратам многу, но работи во 20 м2 затворен простор, така да не е многу интересен за обзервација. Кога ќе излезам на тераса, едвај го слушам вентилаторот на надворешната, кој работи на
најниска брзина. Тоа ми е доволен показател за да знам дека преде во лер без никаква мака...