- Член од
- 23 декември 2018
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 134
- Возраст
- 48
Аааииии пак за тундрата се навртевте, старе ране још ме пеку.
Нека се најде некој научник нека понуди клима во тој ценовен ранг со слични перформанси по еуровент.
Модулации барајте кај 9ки и 12ки, овде имате сирова снага во 18ка.
Ако барате модулација во 18ка ќе најдете во цена над 70 000ден.
Малку конструктивни и реални бидете
Се согласувам за снагата што ја има, и на пониски температури немаше мака да си испорача топлина. Меѓутоа за да ги искористите можностите на климата, треба да заборавите на комфортот, ќе треба на второ, трето ниво на вентилатор да дува, што воопшто не е пријатно кај тундрата. За модулацијата не се согласувам, според мене има добра модулација согласно потребите на просторот. Кога е потопло само отварам врати од ходник и другите соби и тоа е доволно да не влага во ОН-ОФФ. Како маана на Тундрата за мене е начинот на работа на внатрешниот вентилатор: има само 3 нивоа на регулација на брзина + 1 тивок режим и 3 хоризонтални нагодувања на летвичката + 1 вертикално. Хоризонталните нагодувања не се подесени соодветно за греење, превисоко се поставува летвичката и отворот е многу широк, односно се чувствува температурна разлика во долниот дел е поладно. Единствено го користам вертикалното нагодување, ама па тоа има проблем да ја дистрибуира температурата во далечина (кај мене е 7 м. дневната) На потопли денови и 24/7 работа тоа не е приметно, разликата е 1 степен. Исто така Тундрата има единечна летвичка на вентилаторот, не како како ГРЕЕ (двојна), таков широк отвор на вентилаторот го дистрибуира воздухот широко и во близина на климата, што не ми се допаѓа. ГРЕЕ ломо еко кај моите го пласира во сноп многу подалеку и комфорот е подобар. Што се однесува до надворешната единица во однос на ГРЕЕ компресорите, тундрата е побучна, можеби е на блиска раздалеченост 2.5 м од внатрешната поставен ама па и ГРЕЕ ломо еко е на иста па внатре воопшто не се слуша.
Последно уредено:

