Најеколошко е со клима наменета за греење. И најефтино. Башка што не ти ѕрни ѕидови, не треба да кречиш на 2 години, не смрди се околу куќата.
А инвестицијата за клими е смешна во споредба со инвестиција за друг вид на греење.
Ти препорачувам да погледнеш ПАРАПЕТНИ единици за климите ако сакаш да се грееш уште подобро. Консултирај се што како и мислам дека тоа ти е најпаметно. Укровнот ти е 70000денари, а имаш за 40000 парапетни. Со две парапетни многу подобро ќе се згрееш отколку со една ѕидна. САМО ПРОБЛЕМОТ е што треба простор за парапетните пред нив околу 1м простор и над нив 1м простор за да има место да дува. Ако ги пикнеш позади кауч ќе ѕркнат и нема да греат. А ако ги монтираш во ходник или дневна кај што нема да има ништо пред нив барем 1 метар ќе се супер. А тек па ако имаш место за да ги ставиш да имаат поглед до центарот на собата ќе имаш убедливо најдобар ефект. Башка што и летно време ќе ладат, иако за кај нас ладењето е мал проблем и кратко се користи.
Значи погледни една или две парапетни клими. Имаш од Вивакс, имаш од Грее, имаш од Мицубиши. Ем најефтино, ем мала инвестиција под 1500еур се ан се, ем најеколошко греење. Епа толку од мене, остатокот е наменет за тебе да си уживаш и да плаќаш симболично.
P.S. Повеќе дрва ќе одат ако ставиш радијатори. Дупло дрва односно. Котел на дрва не е перпетуум мобиле.