zdravo na site,ja iscitav temava grenje na peleti i nekako interesno,eve treta sezona se greeam na klima i ok,ama sakam da go prosiram greenjeto i vo drugi prostorii se na se okolu 65m2 i razmisluvam dali uste nekoja klima ili pecka na peleti so parno.razgledav dosta modeli i nekako za moite potrebi minima 12 od ecospar mi e najidealna.e sega sekoj sovet e dobrodojden okolu greenje,potrosuvacka,model na pecka itn.inace ziveeam vo kuca pvc stolarija so obicna fasada,tavan trska ali izoliran so 10cm staklena volna.
Котел со моќност од 12 киловати би требал одлично да ти заврши работа ако куќата ти е` само на приземје - а претпоставувам дека ти е на приземје бидејќи спомна дека таванот е` со трска, но дури и кога куќата би била со приземје и прв кат, сепак за квадратура до 100 метри квадратни ќе ти заврши работа котел со моќност од 12 киловати.
Но ако немаш радијатори за парно греење низ куќата, тогаш ќе мораш допрва да бушиш, да копаш, да пушташ цевки и да поставуваш радијатори низ просториите на куќата, па потоа да ги поврзиш со котелот за парно греење.
Доколку немаш радијатори за парно греење низ куќата, тогаш најдобро би било уште сега да направиш планови за мај или јуни кога е пролет - ниту е многу ладно, ниту е многу топло - па тогаш да набавиш се` што ти треба за парно греење во куќата, и се разбира, да си најдеш мајстори кои ќе бушат, ќе копаат, ќе ги пуштаат цевките низ куќата, ќе ги монтираат радијаторите и на крајот домашниот систем за парно греење ќе го поврзат со котелот за парно греење на пелети.
Ако сакаш професионален совет, побарај го во Техно Ауто во Три Бисери во Аеродром, тие продаваат котли на пелети од Термофлукс од Босна и Херцеговина, продаваат пелети и даваат попуст на првата нарачка на пелети што ќе ја направиш кај нив доколку купиш котел на пелети од кај нив.
Освен котли и пелети, ќе ти дадат најдобар совет за тоа како е најдобро, најефикасно и најевтино да ја грееш куќата, а можат и да ти препорачаат по некој добар мајстор за парно греење.
http://tehnoauto.com.mk/kontakt/
Инаку, кога сме кај набавката на пелети, веќе имам спомнато на темава дека најдобри пелети кои досега ги имам користено се 4U кои ги продаваат во Он-Тим во Ѓорче Петров.
http://www.on-tim.com.mk/contact.html
И се разбира, како што веќе имам спомнато во повеќе наврати на темава, држи се настрана од македонските пелети бидејќи се нечисти, односно имаат остатоци од дрвца во нив кои можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот на котелот во каминот каде што гори огнот, а заглавена спирала во превод значи нефункционален котел на пелети и дремење без парно греење додека не дојде сервисер за да ја одглави спиралата и да го врати котелот во функција.
Секогаш проверувај убаво дали има остатоци од дрвца во вреќите со пелетите кои ги купуваш, не сакаш за време на зимски студ да останеш без парно греење поради некое дрвце кое ти ја заглавило спиралата во котелот.