Најдраг/најскап предмет што го имате изгубено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.244
Поени од реакции
964
Локација
Скопје
Јас често губам секакви работи но најскапо нешто што имам изгубено е USB-стик, беше 1000 денари и до ден денес не можам да се сетам каде го имам оставено! Инаку и еднаш по грешка имам фрлено 500 денари во кесата за ѓубре и ѓубрето во контејнер и после 5 дена барање дома единствено сфатив дека таму ги имам фрлено!

А, и ја имам изгубено студентската легитимација ама таа за кого-како :uvo:
 
Хмммм...
Не губам нешта,секогаш ми се на видно место.
Имам само треснато од земја телефон што многу си го сакав и ден денес ми е жал...ама што е најтрагично,на делчиња е и уште може да се упали и да слушам музика на него:pos:
 
Па некој многу вреден предмет немам изгубено.Одговорна сум во тој поглед и до сега (пу пу да се поместам од место) не сум изгубила нешто такво.

А за најдраг предмет..па...хм....еве мислам...ама не ми текнува...имам мислам дека изгубено некои такви убави предмети,ама во моментов не ми текнува.
 
Црвена Пума капа, ја зедов од Бугарија, ама закон капче беше. А богами не беше и евтино, штета кај ја заебав, ја снема еден ден и толку....уште не можам да ја преболам :)
 
Телефон :), и ден денес не знам каде го заборавив
 
Ливче спортска добитно за 4300 го зафрлив некаде...
 
Многу ретко губам работи...последеден пат си го изгубив мобилниот...:vozbud:
 
си имам џеб со патентче, и нема вадење ако е нешто вредно:))0
 
па не сум изгубила многу работи но највреднтото што го изгубив беше сребрената нараквица со некакви зелени камчиња и мислам дека беше од покојната сестра на дедо ми :( си ја чував во една интересна кутија од еден парфем ама ете ја снема еден ден :(
 
Имам изгубено една многу драга нараквица, за која сеуште жалам. Беше златна, со многу тенко и нежно синџирче, со правоаголна плочка заоблена на ивиците, на едната страна го имаше изгравирано моето име, а на другата мојот датум на раѓање. Ми беше поклон од мајка ми, направена по нарачка веднаш откога сум се родила.
Одамна ја изгубив, кога имав отприлике 10-11 години, се шетавме со моите на Ада Циганлија во Белград, јас бев бајаги жива како дете, нонстоп некаде трчав, се пентарев и во целата таа игра ми паднала без да приметам. Кога сфатив дека ја нема веќе беше доцна, ја баравме, ама безуспешно.
До ден денешен не можам да ја преболам. :cry:
 
Јас често губам секакви работи но најскапо нешто што имам изгубено е USB-стик, беше 1000 денари и до ден денес не можам да се сетам каде го имам оставено! Инаку и еднаш по грешка имам фрлено 500 денари во кесата за ѓубре и ѓубрето во контејнер и после 5 дена барање дома единствено сфатив дека таму ги имам фрлено!

А, и ја имам изгубено студентската легитимација ама таа за кого-како :uvo:
Губам работи,не ретко,ама и не-често. Не сум изгубил којзнае што,ама ете,и јас ко тебе изгубив USB Stick,ама јас не дека не можев да се сетам кај го остајв,туку на панталоните ми бил скинат џебот и јас со точакот и којзнае кај го посеав(бтв одамна ова,усб стикот беше од 1 гига и кошташе 2500 денари тогаш). Друго,имам изгубено многу мобимак/космофон картички...т.е. до сега имам сменето околу 6-7 броја. 2 Картички ми ги земале поради не ставање кредит(не се бројат овие),1 картичка ја изгубив у град додека мењав со друга картичка а мојата не примеќав дека ми паднала од раце и не ја најдов,четврта картичка пак бев ја изгубил на едно место каде шо се собрав со другарите,ама ете после по долго барање нигде ја нема,се помирив,утредента на школото на скалите ми ја најдоа истите другари(а местото кај шо се собрав со другарите беше на една уличка многу далеку од школо)! Викам како е можно ова,ама се сетив дека не проверив најмалиот џеб на панталоните и дека всушност сега ќе сум ја изгубел ако не ја најдоа другарите. Ама истиот ден ко баксус си го заборавувам тогашниот телефон(к700) у панталоните,панталоните ги оставувам во соблекувалната у физичко,и си идам со тренерките...одкога ми текна,после 2 дена ги најдов панталоните а мобилниот и картичката не можев да ги најдам(т.е. ми ги украдоа...ама ете ќе речам дека сум загубил,јас бев крив што ги остајв панталоните таму)...потоа еден часовник на сестра ми,ама не беше скап,туку онака по-омилен и беше :toe:...други предмети онака сум губел ама не биле воопшто вредни,а драги предмети(подароци или ватевр) не сум изгубил...бар колку што се сеќавам :helou:
 
Почесто сум заборавен и не знам каде сум ги кренал или ставил некој работи Но, најмногу ме боли кога ке ги изгубам менгушите ,, ке купам пак и пак ке ги изгубам :)
 
Ретко ми се дешава да изгубам (загинувам) работи... Но еднаш го имам изгубено клучот од дома (бев малечок 8 години).... После тоа моравме да ја менуваме бравата (не фати сите дома параноја) :pos: :pos: :pos:
 
Ретко ми се дешава да изгубам (загинувам) работи... Но еднаш го имам изгубено клучот од дома (бев малечок 8 години).... После тоа моравме да ја менуваме бравата (не фати сите дома параноја) :pos: :pos: :pos:

И јас го имам изгубено клучот, ама го најдов после 2 месеца во училиште.. И последно што изгубив е еден сјај за уста. Многу убав сјај, не беше многу скап али беше преубав. И веќе нема такви :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom