Најдоброто од македонските телевизии

  • Креатор на темата Креатор на темата Bomba5
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2016
Мислења
403
Поени од реакции
84
Возраст
29
Во оваа тема сакам да составите една телевизија ама содржините да бидат од нашите телевизии ( сител, канал 5, алфа, телма, мрт) ... Да го извадите најдоброто од мак телевизии и да направите една телевизија.
 
ЕВе ја почињам со најдобрата емисија

Snowy-TV-picture-630x520.jpg
 
Poarno da ja smenes temata u nesto kao Crna Bubamara od makedonskite tv i slicno. ;)
 
МТВ/МРТ е најдоброто.
Едно време не утепаа со реклами од Breaking Bad, House of cards и незнам ти кои дека наскоро ќе се прикажуваат на МТВ, после 7 месеци останаа само на фалби.
ЛШ на МТВ ги откупуваат правата само за во Среда, што се трефне во среда само тоа ќе се гледа :facepalm:
Сељачизам, заостанатост, лижачи... едноставно не постои еден збор што ќе ги опише колку се бедни, па уште и се плаќа одделно.
Барем порно да даваа после 12.
 
1. Зевзекманија е најдоброто нешто што постои на телевизија во Македонија.
2. Еднооки се и тие добри број 2 се тие за мене.
3. Контра вести кога одеа на Телма беа добри за мене, ова сега Фчерашни новости е промашување според мене, нема хумор квалитетен таму.
4. Временската прогноза на МРТ со презентерите беше добра, иако една недела ги нема презентерите на Метео, се си мислам поради Европското во фудбал Метео траеше пократко време и затоа ги немаше презентерите. Може ќе се вратат презентерите на Метео.
5. Спорт ако се начека на телевизиите, иако е реткост да се види спорт на телевизиите.
6. Серија од САД, Британија, Германија е реткост да се види, Сител почнаа нешто но тоа е во доцен термин.
7. Утринската програма е тапа на телевизиите. Добро што постои утринска програма на ХРТ 1.
8. Квизови на знаење и притоа добри награди за учесниците нема. Она Круг на знаење е очај, нема награди за играчите кои покажуваат знаење, но кај знаењето не се наградува.
 
МТВ/МРТ е најдоброто.
Едно време не утепаа со реклами од Breaking Bad, House of cards и незнам ти кои дека наскоро ќе се прикажуваат на МТВ, после 7 месеци останаа само на фалби.
ЛШ на МТВ ги откупуваат правата само за во Среда, што се трефне во среда само тоа ќе се гледа :facepalm:
Сељачизам, заостанатост, лижачи... едноставно не постои еден збор што ќе ги опише колку се бедни, па уште и се плаќа одделно.
Барем порно да даваа после 12.
Пушти Бразерс xD
 
Пушти Бразерс xD
Не бе шо ти е, се плаќа тоа. Зошто да плаќам за премиум канали кога можам за мрт.
Башка учествуваш во ебачката, наместо да гледаш.
 
Не помнам да имаше ваква хумористична/сатирична емисија на А1, потсетете ме.
Инаку од македонските
Интересни содржини може да слушнете на:
Наша тв - добри документарци имаат
Круг на знаење - интересен квиз, чат пат го гледам(в) :D
Миленко, Бурекот, Таско Хефтов знаат да донесат интересни гости или да отворат интересни теми
Тивкиот Дедо од ТВ Сонце
Еднооки ги заборавив (ептен ги скратија)
и Фчерашни новости имаат понекој интересен скеч
останато некој интересен филм ако начекам на рандом програма (ВИС и Телма имаат добар репертоар, барем подобар од останативе ТВ)
 
Би ја забранил секоја телевизија во Македонија.
Максимално неквалитетна програма има и перење на мозок. Нема ништо поучно и интерактивно.
Се е исполитизирано до даска. Дури и емисиите. Да ти се згади од тоа каков народ живее овде и што прикажуваат.
Сител, Канал 5, МРТ, Алфа....одвратна програма.
Само на ЕДО навечер знаат да даваат добри филмови.
Порано и лига на шампиони гледав на МТВ, веќе и тоа не го правам. Си пуштам стрим...
Сите знаеме која беше најдобрата телевизија - А1 телевизија која за жал веќе не постои.

Погледнете ја програмата на Канал 5 за денеска.
90% сочинета од турско - индиски серии.
Каде што пишува „Играна серија“, тоа ви се репризите од вчерашните епизоди на турските серии. :facepalm:
Гратис го добивате квизот „Среќни Луѓе“ на Вучич, кој јас лично би го преименувал во „Прости Луѓе“.

Untitledsdds.jpg


Од Сител не ставам програма затоа што ако пишува „Игран филм“, пред филмот намерно ќе го пуштат Грујо да збори 20 минути за новите проекти, така да програмата не им е точна.

На МРТ сајтот моментално не работи, или пак програмата не е ажурирана редовно.... :facepalm:
 
Канал 5 е најлошото нешто што му се случило на телевизискиот гледач.
 
Да бевме нормална држава немаја да постојат вакви какви што се ни една од овие срања што се нарекуваат телевизии. 0 работа, се само кич, лесно направена програма, без никаков труд. Впрочем како и се во државата, ништо не треба да не чуди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom