Најдоброто од Македонија - музички проект

  • Креатор на темата Креатор на темата Simona*
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво Форумџии...
Вашите предлози се разгледани и комплетно сте во право.
Во текот на денешниот ден ќе додадеме копче да се брише гласот и со тоа да можете да го поправите веќе оставениот глас.
Исто така ќе додадеме конфирмација при гласање каде што точно ќе се напише за кого е одбран гласот, како и hover на копчето за гласање и hover на цел ред за да се гледа на кој ред сте позиционирани.
Песните како ги добиваат гласовите така одат на погорна позиција (што значи редниот број не е фиксен).
Сите ваши сугестии се добредојдени :cuc:
--- надополнето: Aug 5, 2011 10:55 AM ---
Промените се направени.
Сега само кликнете на црвената „штикла“ (на гласот што веќе сте го дале) и ќе можете да го поништите гласот. Со тоа добивате повторно можност да го дадете вашиот глас за друга песна.
Ви благодариме уште еднаш на советите.
 
А тоа што може да се гласа од Incognito по милион пати? аххаха
 
Пола од тие 29% за Тајно моја се по грешка. Дел од тие ќе го поништат гласот но добар дел нема ни да проверат дека може да се поништи гласот. Така да намерна или ненамерна манипулација веќе е сторена.
Најдобро е рестартирање на онлајн гласањето.
 
А тоа што се преземани од yucafe и остали? Нели е тоа прекршување на авторски права? Држава ги прекршува, а до вчера имаше реклами дека музиката не е бесплатна.

Најдобро е да овозможите по неколку гласа за секој корисник. Или да ставите Like/Dislike на сите песни.
 
Од понуденово:
  1. Олгица Христовска - Свирете ја зајди зајди
  2. Мики Јовановски Џафер - Сонце за три светови
  3. Владо Јаневски - Некогаш и негде
  4. Тоше Проески - Цреша
  5. Ареа - Сите мои слики
  6. Кристин Арнаудова - Прашина
  7. Меморија - Македонија
  8. Адријана Јаневска - Твоето писмо моја Библија
  9. Тоше Проески - Сонце во твоите руси коси
  10. Мизар - Почетна стрелба
  11. Врчак - И повторно сам
  12. Калиопи - Обои ме
  13. Калиопи - Месечина
  14. Калиопи - На пат до Макдонија
  15. Калиопи - Дали ме сакаш
  16. Ристо Самарџиев - Таму каде што си
  17. Тоше Проески - Усни на усни
  18. Адријан Гаџа - Брилијанти
  19. Кирил Џајковски - Баба Зумбула
  20. Дани - Црвени дождови

Во листата фалат многу песни а ставени се Слаткаристика, Паркети, Силви бенд, Ерзана (????), Мекиќ и Џеј Џеј, Туна,.... Мартин Вуќиќ!
Анастасија - Пред дождот
Владо Јаневски - Евергрин
Владо Јаневски - Ова е само наше Скопје
Владо Јаневски - Не заборавај да се сетиш на мене
Владо Јанвски - Чаирска романтика
Владо Јаневски - Од овој ден
Дуле и Коки - Марама
Леб и Сол - Скопје
.
.
.
 
Мики Јовановски Џафер - Сонце за три светови | Забавна музика |
Миле Кузмановски - Не кани ме | Народна музика |
Стево и Сара - Зелката има кошули триста | Детска музика |

Toa e мојот избор :)
 
Додадени се гласовите преку СМС од 08.08.2011.
Би сакале да ве известиме дека сите гласови се проверуваат детално и нема потреба да гласате по 400 - 500 пати од ист број.
Има повеќе од 10 броја кои имаат залудно испратено повеќе од 400 смс пораки.
Продолжете да гласате регуларно и навистина за песните кои ви се допаѓаат.

Ova e od oficijalnata fb strana na the best of macedonia.... Kade so ovoj pamet!?
 
Гласав за String Forces - Каде бегаш. Ја обожавам песната!
Фолтин, String Forces. Другите не сум ги разгледал, али би дал и глава дека овие два бенда се најдобри од листата :)
 
... веќе се знае победникот од забавните, Тоше Проески - Тајно Моја.

Па добро бре, зошто на пример Игор Џамбазов не беше поставен прв? Бар да се подредаа песните според азбучен ред, а не вака... арно се ќе беше да го почитувавте така човекот кога беше жив. Не е фер стварно.

Јас гласав за:
Игор Џамбазов - Скопје, Сарај, Матка
Гоце Арнаудов - Дали чекаш стара мајчице
Во Светот на Бајките
 
Многу се сомнителни моменталните топ 10 во забавната и народната музика ... во забавната има дури 3 песни во топ 10 од Тоше ( да не ме сфати некој погрешно , Тоше е веројатно најдобриот наш пејач што досега сме го имале ) , а нема ниту една песна од Владо Јаневски , Архангел ,Меморија , а ја нема ни една од најдобрите наши песни Сонце за три света од Џафер ( мило ми е што барем САФ се во топ 10 ) ... за топ 10 кај народните песни ептен смрди работата , бидејќи на трето место е Соња Тарчуловска а во првите 10 нема ниту една песна од Јонче Христовски , Блага Петреска , Сузана Спасовска па дури ќе ја спомнам и Благица Павловска ... нешто навистина смрди во моменталниов редослед на песните и кај забавната и кај народната музика ... незнам кој го организира и ажурира гласањето , но ако е тоа МРТ , тогаш има голема шанса да е наместено .
П.С. Во врска со трите песни од Тоше на првите 3 позиции може и да не местена работата ( сепак Тоше е најголем идол во Македонија ) , но сепак требало да се направи да не може да има повеќе од 2 песни од ист пејач или група во топ 10 , бидејќи вака ќе има неколку неправедно запоставени песни кои нема да бидат снимени на албумите кои ќе се снимаат после изборот .
 
Не ми се верува... во забавни го ставиле Христијан од идол тоа мулето... АЛОООООО ТИЕ ШТО ЈА ПРАВЕЛЕ ЛИСТАТА ОПРАЈТЕ СЕ!!!
 
Не ми се верува... во забавни го ставиле Христијан од идол тоа мулето... АЛОООООО ТИЕ ШТО ЈА ПРАВЕЛЕ ЛИСТАТА ОПРАЈТЕ СЕ!!!
Леле и мене одма тоа ме забоде у очи коа го видов копиљов на листата,па дур другиве правеа песни он уште не бил планиран...://

BTW гласав за Хикси....:cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom