Најдобрите авиони од хартија

  • Креатор на темата Креатор на темата d r a g a n
  • Време на започнување Време на започнување

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Знам дека сум нов на форумов, и прво па машко, одма тема почнува :smir:

Одамна се мачам по странски форуми, онака аматерски, и си праам муабет за авио-моделарство...посебно за дизајни само од хартија.

Па ајде, и на Кајгана да пробам, гледам машала, многу се имате замуабетено за секакви млазни авиони, едрилици и слично, па ајде да се замуабетиме и за авиони од хартија (може од било каков материјал, се додека се работи за мало и функционално авионче). Обично лугето гледаат на ова како на работа за дечиња, ама има и многу појќе ако се заинтересира чоек =)

Па слободно, кој сака, нека каже или праша шо има за темава...

Ако има заинтересирани, можи и да си даат некоја слика од нивен омилен или сопствен дизајн.

Поздрав
Драган :salut:

WhiteWings, Omniwing, Paperang, Paperang Moth e.t.c.

некој? :D
 
Имам направено Ф-16 и МИГ-29 3-D модели од хартија и изгледаат добро а и за чудо летаат добро, во просек ми требаше околу 3 часа за да направам еден.:smir:
 
Имам направено Ф-16 и МИГ-29 3-D модели од хартија и изгледаат добро а и за чудо летаат добро, во просек ми требаше околу 3 часа за да направам еден.:smir:

некоја фотографија......?????
 
па обично, за хартиените макети од млазни авиони, се очекува да не летаат многу, арно ама ако се праат по некоја добра скица, можи да излезат добро :)

имаат големи крила обично, и многу површина па можат да му даат многу добар airfoil и wash-in па имаат добра верзија на glider само шо личи на џет

абе кинеска работа, праат млазни авиони од харија и тестираат се дур не најдат точен центар на гравитација и после негде 50-60 макети, ќе напраат еден арен и ќе постираат инструкции на нет, па биле после многу искусни аеро-дизајнери :Р

мој совет ти е да ги пробаш оние јас шо ги спомнав погоре, и да читниш нешо за нив, одма ќе баталиш макети од млазни авиони, срање ти е то :)
 
или ја утнав темава, или форумо...?

:)
 
Не ти е утната де... стави некои слики од твои дизајни (ако имаш) или планови за превикување на хартијата, па може ќе споделиме нешто наше :)
 
епа да постирам некој линк за видео ко така :)

еве за Омни... има и инструкции, и линк за страната на дизајнерот

Паперанг со инструкции
http://www.paperang.com/

тука има и за Паперанг Молец, ама со пари е... арно ама, јас мислам дека го напрајв без инструкциите. Лета исто ко тој на видеото, и освен ножици не ти треба ништо поќе за да го напрајш. Требаше малце време, и консултации по форуми, ама мислам дека знам сеа како се прај...ако не поќе, барем лета исто ко Молецот. Неам моментално телефонот со кој со сликав, ама за брзо мислам дека ке можам да постирам илустрирани инструкции, ако има некој заинтересиран
 
FKSB7HLFD80ONWQ.MEDIUM.jpg


Ја знам само вакви аматерски да правам. Али интересно ми делува млазни авиони од хартија.
 
лета добро?

обично тие не летаат баш... ако сакаш, можиш многу лесно да го напрајш опасен летач :) имаш, вака од око, 2-3 работи шо треба да ги мениш за подобри перформанси
 
лета добро?

обично тие не летаат баш... ако сакаш, можиш многу лесно да го напрајш опасен летач :) имаш, вака од око, 2-3 работи шо треба да ги мениш за подобри перформанси
Го знам истиот од сликата на Дарк Кинг, лета добро се додека не се уништи врвот после неколку слетувања :)... што може да се измени?
 
нема добар центар на гравитација, опашката му е претешка... то можи одма да се корегира, треба само да се отворат крилата, и врвот да се свитка навнатре, и готово...:)

Втора забелешка, се крилата. Кога ке го гледаш авионот однапред, крилата треба да се ди-едрални, да имаат Y-форма , а овие се свиткани надолу, вака некако
http://www.josephpalmer.com/planes/PL1/PL1.shtml
 
Еј дајте бе некоја слика за правење добри авиончиња ама не клип. Слика да биде со превиткување се. Ја знам од оние аматерскине ко на Дарк Кинг да праам само. :)
edit:Ко Драган што стави. :)
 
неможам да ти постирам слика, го неам веќе телефонот, ама има добри ПДФ инструкции, со превиткувања и се

за Паперанг (многу добар е, и едноставен за виткање, ама требаат ножици и хефталица), оди на paperang.com и лево има Download the Paperang и после виткај :)

ако сакаш нешто поедноставно paperairplanes.co.uk има со добри инструкции
 
Јас имав шаблони од некое моделче ама не баш од хартија.Ова се "лансира" со ластик,прави лупинг и продолжува да лета право :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom