- Член од
- 1 јули 2008
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 2.103
- Возраст
- 34
Кристијано Роналдо Но.1!Едноставно феноменален.Уживам во неговите потези,иако ме нервира неговата препотенција,сепак го обожавам.
Меси е фантастичен фудбалер,но не би го ставилпред Роналдо заради некои атрибути што му фалат,како на пример шутот,изведувањето на слободните удари или силата.Сепак,и тој еден ден ќе стане најдобар,ако веќе не е.
На Кака мислам дека му помина силата,иако оваа сезона се враќа во ритам.Исто така неверојатен играч,голем талент кој знае да ја запали публиката.
Франк Рибери не го следам многу,но знам дека се работи за феноменален индивидуалец,што за првпат го видов на СП.Сепак мислам дека заостанува малку од претходниве,можеби затоа што не сум гледал доволно натпревари за да кажам уште позитивни работи за него.
Фабрегас не е најдобар на светот,но е дефинитивно најдобар на својата позиција.Конечно го доби она што одамна го заслужи,капитенската лента на Арсенал.И од него очекувам во следните години да стане најдобар.
Фернандо голмајсторот Торес.Сам си зборува за себе.Дефинитивно еден од најдобрите,во иднина со сигурност и најдобар.
Тука во изборов би спомнал уште неколкумина кои што ме воодушевуваат со својата игра:Дел Пиеро,Ибрахимович,Ето,Снајдер...уште многу други,а и Ешли Јанг.Далеку е тој од најдобар светски фудбалер,но момчево има неверојатен талент кој се надевам дека ќе го искористи.