Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Квалификациите за европските купови и брзиот почеток на новото првенство ги остави домашните фудбалски екипи речиси без пауза. Во калкулацијата на ФФМ веројатно влегува и Светското првенство наредната година, па 18. шампионат ќе почне рано, на први август.
Денешното извлекување го одреди распоредот. Првото коло ќе понуди неколку интересни дуели. Шампионот Македонија Ѓорче Петров ќе гостува кај новиот прволигаш Тетекс.
Екипите што минатата сезона беа зад првакот, Милано и Ренова ќе се пресметаат меѓусебе. Силекс и Вардар кои заедно имаат осум титули новото првенство ќе го почнат во Кратово.
Во единствената градска пресметка ќе играат Работнички и Металург. Двајца некогашни шампиони на стартот на новото првенство ќе гостуваат, повратникот во најквалитетното друштво Слога, во битола против Пелистер, а Победа кај Хоризонт Турново.
Прва лига:
Втора лига 15.08.2009 (сабота) 17ч.
- Милано - Ренова
- Работнички - Металург
- Пелистер - Слога Ј.
- Х.Турново - Победа
- Силекс - Вардар
- Тетекс - Македонија ЃП
Попладнево беа извлечени двојките за 1/16 - финалето од националниот фудбалски куп:
- Миравци - Дрита
- Шкендија - Влазерими
- Цементарница - Охрид
- Брегалница - Беласица
- Скопје - Новаци
- Влазними - 11. Октомври
- Локомотива - Напредок
Натпреварите од 1/16-финалето на фудбалскиот куп на Македонија се играат на 19. Август (среда) со почеток во 16ч. Во случај на нерешен резултат се изведуваат пенали.
- Гостивар - Локомотива
- 11. Октомври - Вардар
- Мирче Ацев (М. Брод) - Ренова
- Беласица - Милано
- Превалец (Велес)- Тетекс/Шкендија
- Скопје - Слога Ј.
- Охрид 2004 - Х. Турново
- Добрушево - Силекс
- Влазрими (Кичево) - Пелистер
- Бабуна (Мартолциа) - Металург
- Влазрими (Струга) - Брегалница (ш)
- Кожув - Работнички
- Дрита/Желино - Напредок
- Карбинци - Македонија ЃП
- Лепенец - Фортуна - Победникот оди директно во 1/8-финале