Суперхикс е бенд за пошироката публика, Архангел, Падот на Византија, Анастасија, Телонаука Совршена, Декаденс, Александрија, сите тие се бендови за ограничен број на слушатели, не секој може да ги слуша.
Ај за другите набројани ок, ама Архангел не бил бенд за поширока публика? Да бидеме реални, Архангел се најизвиканиот македонски бенд на сите времиња.
Да не бидам оф топик, пошто глеам на тоа многу се пази по форумов, да ме прашаше некој пред 10 години и јас најверојатно ќе гласав за Архангел, ама луди млади години ... Од денешна перспектива Ристо Вртев ми е прилично разочарување во секој поглед. Секоја чест за сите наведени бендови.

, ти е големо разочарување?
Инаку, сепак тврдам дека Саем е голем простор за македонски изведувач, во средина каде македонското творештво се гледа како пониска форма на изразување во однос на англиско или српско или монголско. А за Ристо, можеби престрого се изразив, не ми е големо разочарување, ама сега кога ги слушам Архангел некако не е тоа тоа како порано. Премногу ми е велтшмерцовски настроен, некако ми делува дека трупа метафори за да му изгледаат „поромантично“ песните и тоа не ми се допаѓа. Друго, ете последниот концерт на саем ми беше разочарување, беше чисто концерт на стара слава, демек требаше да свират нов материјал, а новиот материјал се сведе на негово рецитирање на песна од лист...Ми изгледа калкулантски неговиот однос кон публиката, тоа е голем минус во мои очи. Мислам дека суетата му има засметано да стане многу поголем музичар или поет отколку што е сега. Или едноставно кажано ни се разминале ставовите за животот