Ќе бидам субјективна и без размислување, како еден гооолем Мизар фан ќе речам Мизар.

Почнувајќи од албумот од 1988, со Горан Таневски како вокал, преку Свјат Дримс па се до третиот Кобна Убавина, воедно омилениот со Горан Трајковски вокал. Не можеш да не ги сакаш, тој дарк вејв, тие експериментирања со стари наши песни (1762), потоа вметнувања на византиска музика, песни со страсловенски мотиви и христијанска мистика. Таква уникатност не гледам на друго место. Едноставно мирисаат на наше, на древно, на квалитет.
Архангел од друга страна, тој ужасно добар рок саунд, а во него вметната поезијата на чичко Ристо Вртев ( првиот вокал на Мизар).

Звук, срцепарателен текст ништо друго не ти треба.
Кисмет ете како произлезен од дел на поставата на Мизар, го глеам како во сенка.
Стринг Форсес, неодоливи алтернативци. И секако симпатичните битолски Паркети.
