Најдобар дневен весник

  • Креатор на темата Креатор на темата duffy_f
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар весник

  • Дневник

    Гласови: 38 18,2%
  • Утрински весник

    Гласови: 11 5,3%
  • Вест

    Гласови: 81 38,8%
  • Ден

    Гласови: 12 5,7%
  • Македонски Фокус

    Гласови: 3 1,4%
  • Нова Македонија

    Гласови: 19 9,1%
  • Вечер

    Гласови: 13 6,2%
  • Македонски спорт

    Гласови: 31 14,8%
  • Не читам весник

    Гласови: 1 0,5%

  • Вкупно гласачи
    209

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Утрински весник,Дневник,Вест,Време,Шпиц,Вечер, Нова Македонија,Македонија денес,.... Со оглед на тоа дека сме прилично мала земја и мал број на читателска публика, а солиден број на деневни весници ме интересира што вие мислите :
Дали се доволни или недостасува некој дневен весник?Дали го оправдувате постоењето на бесплатниот дневен весник Шпиц кој досега беше прилично напаган во низа случаеви?Кој од нив редовно го читате и зашто го читате токму тој? Кој според вас е најдобар дневен весник?
Ајде да видиме!!
 
Најчесто читам Дневник, не знам зашто, ама најсериозен весник ми е... Вест ми е повеќе трач весник, а за Шпиц немам некое изградено мислење. Сепак мислам дека новинарството во Македонија особено политичкото може многу да се подобри, затоа што моментално се наоѓа во катастрофална состојба. Или новинарите се потплатени и работат за некоја политичка партија или некој друг или работат под притисок со закани или пак ако напишат нешто тоа им е цензурирано и не се објавува.
Притоа сметам дека се јавува и голема непрофесионалност кај голем дел од новинарите и недостаток на култура пред се, ако си прочитал три книги не те прави добар новинар. Треба голема посветеност и професионалност
 
Јас секојдневно го читам Вест затоа што во семејството тоа се купува, м мислам дека е ок забавен интересен и изобилува со „сваштарија“ мегутоа полека ми зааличува на некој порно магазин затоа што се обрнува гоолемо внимание на разглени слики,фотосесии и сл. а на втор план доагаат вестите.Всушност ако речам дека е жолт печат е ригорозно тогаш би рекла дека веке е на тој пат тоа да стане.А за другите весници мислам дека секој од нив држи некоја страна ( политичка мислев) и некако само од тој агол ги пренесува работите.:tapp:А на Шпиц алал да му е не заради нешто сензационално туку за бесплатноста!:aplauz:
 
duffy_f напиша:
Јас секојдневно го читам Вест затоа што во семејството тоа се купува, м мислам дека е ок забавен интересен и изобилува со „сваштарија“ мегутоа полека ми зааличува на некој порно магазин затоа што се обрнува гоолемо внимание на разглени слики,фотосесии и сл. а на втор план доагаат вестите.Всушност ако речам дека е жолт печат е ригорозно тогаш би рекла дека веке е на тој пат тоа да стане.А за другите весници мислам дека секој од нив држи некоја страна ( политичка мислев) и некако само од тој агол ги пренесува работите.:tapp:А на Шпиц алал да му е не заради нешто сензационално туку за бесплатноста!:aplauz:

1.Од кој агол? Политички? Па се разбира дека ако пренесува некоја политичка вест која е сериозна, мора да биде поформален стилот. Или ако се работи за некое убиство се разбира дека посериозно ќе биде пренесена - не може некои сериозни работи за кои јавноста треба да биде информирана да бидат претставени на комичен начин. Затоа Вест е подобар за луѓе кои не ги интересира толку политика и си го пуштаат мозокот на пасење читајќи поолабавени содржини...
2. Што ако е бесплатен, кога има 60 посто реклами од содржината на весникот...
 
Што знам '' Вест'' е тапа ист е како оние ''Свет'' и ''Скандал''- трачерски весник ''Дневник'' не е во боја а имам приметено и дека каснат со некои вести.''Вечер'' одкако е ВМРО на власт немаат лош збор напишано за нив,и тој Латас ми е некако ''србоманче'',''Време'' не сум го читал а ''Шпиц'' дека е гага е солиден
 
Шпиц треба да се елиминира. На пазар, ако дојде некој да раздава патлиџан, оние кои продаваат ќе го скршат од мавање.
Мене ми се допаѓа Утрински. Вест се преориентира во жолт печат, а Дневник не го сакам заради глупавото толкување на бразилците (жими све, само заради тоа). Вечер... мммм одамна изгуби популарност... треба време...
 
Crazy in Love напиша:
1.Од кој агол?политички?па се разбира дека ако пренесува некоја политичка вест сериозна значи,мора да биде поформален стилот..или за некое убиство се разбира дека посериозно ќе биде пренесена - ...


Очигледно дека јас бев погрешно разбрана.Значи јас не спорам за сериозноста во пренесувањето на вестите туку муабетот ми беше дека секој весник одделно некако ми е политички обоен,пристрасен и наклонет кон одредена партија или коалиција па обично лугето велат за овој или оној весник дека е опозициски.
А за Шоиц кажав дека му честитам не заради СЕНЗАЦИОНАЛНОСТА на вестите туку заради што им се овозможи и на сиромашните да прочитаат нешто за што вообичаено не можат да си дозволат да платат:helou:
 
Дневник ми е најсериозен весник од сите.А Вест и не мислам дека треба да спаѓа во дневни весници.Само трач до трач е во него.Како да нема една сериозна вест,поткрепена со докази.И Утрински весник е добар,а Шпиц не го читам многу.Мислам дека во него има вести превземени од другите весници,барем мене така ми делува.Ако го читаат луѓето тогаш зошто да не,нека го има и нека биди бесплатен.
 
"Вест" е типичен жолт печат може да го разлистам онака зошто моите често го купуваат, "Вечер" партиски весник со многу низок рејтинг во последно време, "Шпиц" одличен за пензионерине дали ќе го читаат или ќе им служи за да си го постелат на некоја клупа за да седнат не е битно, за мене најдобар весник и весник кој може да ме заинтересира и да го прочитам е "Дневник".
 
Вест, Дневник и чат пат Шпиц.. Вест е од дамна мн добар весник иако понекоаш игледа дека е трач весник, но сепак има добри работи во него да се дознаат, Дневник - хмм стара шема од порано добар весник со добри информации затоа и го читам.. а Шпиц од онака коа има време и за него го читам хехехехеех
 
мене најмн ми се допаѓаат ВЕСТ и ВРЕМЕ, а шпицот само го пролистувам..иначе не купувам мн дневни весници што ми купат тоа читам :)
 
Спорт читам најчесто и време ..
 
Вест сакс. Шпиц&Време и компанија такоџе. Вечер сто години немам видено, јас сум си на Дневник и Утрински.

Иако останатите со кои делам домата читаат све од дневен весник... :tapp:
 
Често читам весници.Најмногу го сакам Вест.
 
шпиц го разлистувам стално бидејќи стално го иам дома го зима мајка ми кога пазари али ретко да ме задржат со некоја статија,вест онака за разонода и вечер онака,иначе мислам дека дневник е најсериозен и има добри содржини
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom