Најдобар дневен весник

  • Креатор на темата Креатор на темата duffy_f
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар весник

  • Дневник

    Гласови: 38 18,2%
  • Утрински весник

    Гласови: 11 5,3%
  • Вест

    Гласови: 81 38,8%
  • Ден

    Гласови: 12 5,7%
  • Македонски Фокус

    Гласови: 3 1,4%
  • Нова Македонија

    Гласови: 19 9,1%
  • Вечер

    Гласови: 13 6,2%
  • Македонски спорт

    Гласови: 31 14,8%
  • Не читам весник

    Гласови: 1 0,5%

  • Вкупно гласачи
    209
зависи, ако имам слободно време ке тркнам до киоск ке купам.
 
Дали купувате и читате дневен весник? Ако купувате кои весници ги купувате? Или од кога излегоа нивните Е-изданија престанавте да ги купувате.

Што ви е најинтересно во нив?
Не купувам али пак затоа татко ми купува Време и Шпиц.А најинтересно ми е се она што се случува во светот,и секако хороскопот.:pipi:
 
Па најчесто купувам во петок и сабота заради ТВ програмите (Антена и Магазин +), Викенд и Ауто Билд.
Башка Дневник за викенди има и до 50 страници, плус прилози, а башка го полнат со милиони рекламни летоци. :)
За работни денови си читам на нет, освен ако не ми се причита нешто од богатата палета на ТЕА :tapp: (толку им се продаваа порано списанијата што сега ги раздаваат по весници)

Не купувам веќе весници. Иако не е исто чувството да го читаш на нет и да го листаш, сепак подостапно ми е на интернет да го прочитам отколку да излезам до продавница да го купам, па некогаш да се случи да ми кажат: "Распродадени се."
Вака на интернет има и архива ако ми затреба некоја информација некогаш или па да им кажувам на внуците баба за колку време пливала и дека ја имало во весници:pos:.
Инаку ги читам сите на нет, но најверодостоен со информации од сите области ми е Дневник. Другиве весници се слабо редакциски организирани, а Вест е полн со трач муабети за кои да бидам искрена ме боли Стојна.

Така е. Вест е едно обично жолто ѓубре кое одамна не го купувам.
За мене Дневник (и Нова Македонија до некаде) се дефинитивно најдобри.

А Вечер нека си го подобрат квалитетот на печатењето, бидејќи вака џабе ако го купам - ништо не можам да им разберам од пишуваното.
 
Да, редовно купувам весници и тоа Дневник(како најверодостоен) и Вест(повеќе од навика).Чувството на читање весници во печатена форма ми е поинтересен, а другите весници ги читам на нет.
И да напоменам и јас(значи не сум единствена) весниците ги читам исклучиво од последната страна, а и самата незнам зошто :toe:
 
Не,не купувам,си читам на нет.
 
Понекогаш зависи колку пари имам...најчесто Македонски Спорт или Вест
 
Купувам само македонски спорт, а другите весници ми ги носи татко ми па така да све читам :wink:
 
купував порано поради некои колумни, сега и тие ги има на нет така да не купувам
 
Купувам само кога сум прва смена на работа бидејќи знае да ми биде досадно наутро.
 
Секој ден си купвиме Мест.Добро малу баба е та шо го купвит ама нвм сепак јас сум та шо се залагат секој збор да го прочитат...и то е нешо де...
 
купувам ретко
читам спорт и канта :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom