Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Прилеп, Бело Лале, со месо.
Или Кај Нада, вртените со месо.
 
Според мене???

па не знам колку членови биле во Чаир и јаделе од старата фурна, ама бурекот го праат со традиција повеке од 30 години.
исто така убав бурек има и кај беко т.е. карши палома бјанка една стара бабичка прави добри пити и бурек.
А можам да го пофалам и бурекот Жу-Жу...

а дефинитивно најгаден во Жито лукс и оние о дколички што продават хахха... не за друго дека е бајат и ладен... и гаден! :toe:

300px-Burek_trokut_3.gif
Додека тато работеше во скопје најдобар бурек имаше во жи-ки пекарата и одкога почна тато таму да работи почнаа и да примаат нарачки (нефалам само кажувам) иначе не сум од скопје а од велес најубав бурек прават моментално во 4-ка..
 
додека правеа бурек ПЛАСЕТ ( веданаш до фурната во чаир ) мислам дека беше незаменлив не штедеа на мастраф и убав беше.
 
Кај Али во Капиштец кај белите згради
 
Во Керфур ем е најевтин ем е доста добар за цената
 
Дени 2000 во Олимпико, Карпош. Бурекот си е и онака убав, али не знам зашто кога сум пијан нема поубаво нешто од тој бурек.
 
Сега каде е најдобар е релативна работа, секој ќе си го пише својот локален млечен ресторан, стандард одговор на вњква тема. Скоро секаде каде што сум јадел низ Скопје бурекот им бил убав додека бил тазе и топол. Ако за нешто не бива тоа се тестенини.

Преферирам маалски млечен ресторан каде припремањето на бурек е еден цел ритуал и генерално ми е повкусно во споредба со "сериското" производство на поголемиве ланци Специјал, Вегера и сл.
 
Во моите локални млечни ресторани бурекот е катастрофа џабе ќе ги фалам. :D
Конечно најдов убав бурек од Самел во Штип.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom