Најдобар бурек според вас прават во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување
Клас Кичево :)

Клас - Кичево, дефинитивно!!! За тие што поминуваат низ Кичево и сакаат да пробаат вистински кичевски бурек по стар рецепт: Наспроти влезот во поранешниот Дом на АРМ (денес симулација на некаков „факултет“:icon_mrgr:), преку мостот од другата страна на реката!! Единствен проблем е што скоро секогаш се чека на ред...
 
Весна во тц Бисер сеа и во населба Лисиче имаат дефинитивно најубаво бурек со месо во Скопје а исто и Буцко во Маџари има многу убав бурек со кулен и со свински врат !
А што сум јадел во Кочани бурек од Експрес ... Ммм прсти да излижеш
 
Годинава сфатив дека најбоље бурек има у чаршија. Барем за скопскава. Само да најдете каде ви е најмногу по вкус. Плус најефтино е.

Сум налетал на 20 денари четврт. Прејадување...
 
Сум налетал на 20 денари четврт. Прејадување...
Да не се лажеме....

Само на едно место имам јадено ваков бурек во чаршија и во секое време би го менувал со 60 денари пица-бурек од Вегера(на рекорд).

Додека симит погачите се топ, башка 10 денари, за два саати сум таму :D
 
Бурекот се најде на петтото место на листата најдобра улична храна според британскиот весник "Гардијан".
-Тоа е најпопуларната улична храна на Балканот. Направен е од тенки кори, а може да биде со месо, сирење или спанаќ. Може да се јаде во било кое време од денот. Добар е за појадок со црн чај, иако сите знаат дека е највкусен кога со него се пие јогурт - наведува "Гардијан".
На листата на "Гардијан" пред бурекот се најдоа италијанското јадење "Пат Капаро", кое се прави од силно зачинето месо, индиската слатка "Даулат Ки Чат", виетнамскиот сендвич "Банх Ми" и рибината чорба "Бохинга".
 
Не јадам бурек нешто многу али еден од последните пати пробав во Вегера карши Влахов. Морав првин да го држам наведнат настрана да искапе зејтинот па после на сила и со мижење да го изедам.
Налетав на тој од 20 денари во чаршија, некако ми е сиромав па морам 2-3 да земам да се заситам. Не е лош али ништо посебно.

Инаку, читам тука луѓе не знаат што е бурек. Тоа што сите го викаме бурек со месо е вистинскиот бурек, сето останато е пита со нешто друго.
 
У чаршија знам едно местенце кај што баничките се 20 а јогуртот 10 денари, а не само што е ефтино туку и убаво е. Исто на бит-пазар има една бурекчилница каде што прават супер бурек.

За мене најдобар бурек има во ГИ-ЧО, маалска бурекчилница, 2 на 2 метра, ама подобар бурек неам пробано. Цел живот јадам од таму и никако да ми здосади. Едино глупо со местото е што работи до 13ч. ама у суштина после 12 тешко да најдеш бурек, или ќе немаш избор и ќе мора да земеш тоа што има останато. Така да, јадењето таму ми доаѓа како награда коа ќе станам порано. :)
 
Буцко во Маџари. Освен со сирење,месо, пица,имаат и бурек со свински врат и со павлака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom