Најдобар/а во една работа или просечен/а во повеќе работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене, подобро е да се трудиш да бидеш најдобар во едно нешто. Учејќи го тоа, ќе успееш да стекнеш искуство и со други нешта. Подобро е така, него да почнеш нешто а не го завршиш, па друго и не го завршиш...

Значи, зборам за учење да се биде најдобар во една струка. Треба „учењето“ да се разликува од талентот, тоа е дадено од раѓање. Талент можеш да имаш за една работа, но можеш да бидеш и мултиталент. :)
 
Мразам просеци, не ги сакам луѓето што се задолуваат со просек.

Сакам амбиција голема, луѓе што се визонери, луѓе што мактотрпно и истрајно работат на постигнување на целта.

И токму поради ова сметам дека е многу подобро да бидеш најдобар во една работа, отколку просечен во неколку други.
 
Просечни, подпросечни, надпросечни има со лопата да ги собираш .. Јас ?! - Подобар и од најдобриот (но не во едно) !! :vozbud:
 
Од сите работи кај што човек може да биде "просечно добар", постои една (или повеќе) во која се истакнува повеќе од просекот. Бар така мислам, бидејќи потешко е да се рече дека поединец може да биде најдобар само во една работа, а другите активности да ги маргинализира.
Кога се прашува за нас во темата, погорниот став би го образложил со еден пример гледано од моја страна.
Ако некој (јас) се специјализирал во правото, студирал, работел во таа област, ќе се издвојува како "најдобар" од сите останати работи, како на пр. во кречење или ковање шајки :).
 
Bi bilo super koga site bi bile experti vo ona shto go rabotat...mislam deka taka i opshtestvoto bi funkcioniralo kako shto treba :)
 
Амбицијата не ми дозволува да си ги играм со повеќе ствари истоврмено, општо кога правам нешто, сакам да го направам најдобро можно. Не за џабе ради факсот изгубив низа други ствари,како филмовите, книгите, форумов, и дел од социјалниот живот. Пријателите знаат дека џабе ми препорачуваат филмови и книги, или дека ако више ги глеам/читам тоа ќе биде после некое подолго време. Заебана работа е, ама не можам да сум површна.
 
Вреди да се испробуваш во повеќе води за да на крај се насочиш во една која е најприлагодлива. Или што би рекол Дарвин: [FONT=&quot]"It is not the strongest of the species that survive, but the one most responsive to change.". Така да....

[/FONT]
 
добро е да се разбираш од повеќе работи(струки),само ако не се посветиш во некоја посебно-никогаш нема да имаш вистински резултати
 
Ако се мисли на работа во буквална смисла на зборот, тогаш е подобро да си најдобар во една отколку просечен во повеќе. Во тоа што си најдобар да имаш понуда која те прави оригинален, која другите ја немаат - нешто што ќе те издвојува од останатите, што ќе направи ти да бидеш изборот. Просечните секогаш се прескокнати.
Како и да е, за да бидеш најдобар во една работа денес е потребно да имаш познавања од повеќе работи, така да не можеш да бидеш фокусиран само на буквално една работа. Ако сакаш да продаваш компјутери, не е доволно да ги имаш најдобрите понуди туку и добра реклама и знаења како размислува потрошувачот или пазарот кон кој целиш. Да бидеш професор не е доволно знаењето кое го имаш од предметот, треба да имаш познавања од психологијата, од другите предмети (ако предаваш Француски, да знаеш географија, биологија и сл. за да можеш да ги опишеш на тој јазик), методи на предавање итн...
 
Тоа е индивидуално. Зависи кој како ќе одбере. Од една страна, сведоци сме за толку многу генијални умови, кои одбрале да се посветат на едната работа во животот и успеале да останат запаметени со векови после нивната смрт. А од друга страна, сведоци сме и за толку луѓе што се паметни, да речеме за се ги бива, ама во ништо не се истакнуваат посебно, и тие ќе останат во своето време после смртта, односно нема да бидат запаметени. Сеа, и не значи дека било кој од нас ако се посвети само на една работа дека ќе успее да направи не знам што, ама ако не проба нема да знае. А ако си дозволи во се да биде подеднакво добар, па за тоа е сигурно дека нема да стане НЕКОЈ. Затоа викам, индивидуално е. Некој можеби ќе реши да ризикува, да ги запостави повеќето работи во животот за да се посвети на една единствена, од што резултатот може да биде или фасцинирачки, или да не биде посебен. Или можеби ќе реши да биде како и сите други, да гледа да му бидат урамнотежени сите области во животот, знаејќи дека така никогаш нема да отскокне од останатите.
 
Подобро е да си просечен во повеќе работи, одколку во една да си најдобар........., т.е. снајди се, па живеј, што се вика. А за да бидеш прогласен за најдобар, малку повеќе пари и реклама и тоа ќе биде.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom