Што се однесува до брзо рецитирање, дефинитивно 2Fast е без конкуренција во државава, балканов, но и пошироко. Слободно може да се натпреварува и за Гинис. Тонио Сан, Брус...?

Додека тие рецитираат една трака, 2Fast може цел албум да го изрецитира за тоа време!
Пред неколку години, имаше едно видео на YouTube, настап на 2Fast во Castro. Во него изрецитира некои делови од Twista, на англиски. А изрецитира мислам и на македонски нешто, дел од негова трака. Кој го гледал видеото знае дека првиот пасус од мојов пост не се само празни зборови. Го имав тоа видео, но не сум сигурен дали го имам сеуште. Ако го најдам, ќе го качам кај мене на канал.
@
RedStarFan
Имаш програми другар за таа работа. Ако не разбираш, слободно можеш да го успориш.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 22:38 ---
Во овој случај станува збор за брзо рецитирање на 3-4 збора, повторени 100 пати:
"
бираме, бараме, сториме, караме, параме..."
кои се лесни за изговарање и ја содржат буквата Р во ист слог. Се прашуваш што има врска буквата Р? - Епа има врска! Таа го дава оној посебен шмек и ефект на брзо "сечење", бидејќи останува најзабележителна за увото на слушателите, и остава впечаток дека ептен брзо е изрецитирано, а не е!
Пробај, дај им на дечкиве нека изрецитираат на пр. дел од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, и види дали ќе го изрецитираат толку брзо или ќе го врзат јазикот чвор.
Истото важи и за Тонио Сан во траката 1L, поточно, делот кој остава најголем впечаток за брзо рецитирање е: "
И еве го вперен! На теренот RNS верен".
Го најдов видеото од 2Fast, но многу лоша снимка е. Првиот дел е на македонски, а вториот дел е на англиски.
БРЗО РЕЦИТИРАЊЕ
Level: 2Fast