Нафта или вода?

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Работев 2 ипол години со нафта :( И можам да кажам дека си у право.Нафтата се повеќе и повеќе станува редок ресурс.Претежно се увезува руска тагирана нафта за преработка.Мислам дека треба да се бара чаре со соларнава енергија.
 
Всушност со самата (НЕ)посетеност на темава, самите покажувам(Т)е колку го занемаруваме овој проблем, колку луѓето ја земаат работата здраво за готово. Но за неколку години кога ќе се соочуваме со вакви недостатоци ќе им стани јасно на сите, што всушност предупредуваа експертите.
Замислете свет во кој нема доволни количества на питка вода? Свет каде не можете да си ги измитете забите(а притоа да не искористите 5 литри вода), свет во кој нема да се туширате секојдневно... и она што е загрижувачко - свет во кој нема доволно вода за пиење, свет каде чаша вода = луксуз.
Не може да се замисли, нели?



Еве што се случува во САД.

САД за пет години ќе се соочи со недостиг на питка вода





- Соединетите Американски Држави (САД) ќе се соочат со редукција на вода поради порастот на температурите и популацијата, сушите, загадувањето на околината и неекомичноста на граѓаните.

Ова се наведува во најновите извештаи на американските експерти кои се занимаваат со заштита на околината, според кои САД за пет години би се соочиле со недостиг на питка вода.

Редукциите, според американската влада, би биле неизбежни за 36 сојузни држави. Трошоците, пак, само за прилагодување на чешмите за новиот на начин на снабдување со вода, би ги коштале САД 300 милијарди долари.

...А вие продолжете со шеги од типот ќе пиеме пелистерка, кока кола, алкохол...
 
Абе нафтата станува се поредок и поскап ресурс, се проценува дека за 20 години ке се исцрпат сите извори, али затоа тука е земјениот гас кој наскоро ке биде главно погонско гориво
 
Нафта има за следниве 50 години минимум, а дотогаш ќе се измисли нешто за да не бидеме зависни од фосилни горива!
Што правиме се се поголемата дезертификација? Губењето питка вода, неразумното користење на водните ресурси?


П.С. Да однафталинам уште една, оти интересен топик е овој.
 
Ако има војна за ресурси нема да биде за вода ви гарантирам има многу машини измислено и ја сум видел за претварање од грда нечиста вода во природно пивлива ко шо пиеме ние.

Ако има војна ке биде за нафта.
 
Ако има војна за ресурси нема да биде за вода ви гарантирам има многу машини измислено и ја сум видел за претварање од грда нечиста вода во природно пивлива ко шо пиеме ние.

Ако има војна ке биде за нафта.
Ај најди цена на чинење на една таква машина или постројка и најди уште колкава е потрошувачката на енергија за тоа производство :)
 
Нема да биде чудно да дојде ред во некои земји да се увезува вода и да се отвараат водени пумпи, каде што наместо возила ќе си чекаат луѓе и ќе си го полнат стомакот со вода за одредена сума на пари. Ние сега засега сме сигурни, барем со вода. Можам да замислам како би било полнењето на водена пума според матичниот број, парен и непарен.
 
Бољи вака.
Нафта за вода. :)))
 
Ако имаш нафта-имаш пари.
Ако имаш пари-имаш вода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom