Надал vs. Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување

Навивам за:

  • Вкупно гласачи
    393
Прашање е дали нозете на Надал ќе издржат уште 5 години игра, за престигнување ќе го престигне за 1-2 год, ама Вимблдон повторно ќе освои Федерер, после она вчера Надал - Гулбис сигурен сум дека Надал не освојува, едино што ме плашеше беше Џокович ама испадна така сега уште Мареј да испадне и мислам дека никој нема да може да го загрози.

Лош заклучок си извлекол од вчерашниот натпревар. Надал сеуште игра во топ форма, а тоа што имаше мали проблеми со Гулбис, беше поради тоа што Гулбис играше одлично. Тој е еден од големите млади таленти во тенисот. Многу тениски експерти го потврдуваат тоа и гледаат голем потенцијал во Гулбис, а и ја можам да кажам дека очекувам за брзо време да стигне во топ 20. Ама неговото време допрва доаѓа, има само 19 години.
 
ЕВЕ ВИ БРЕЈК НА ТРЕВААА.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
ДА слушнам кој е појак????
 
ЕВЕ ВИ БРЕЈК НА ТРЕВААА.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
ДА слушнам кој е појак????
Федерер и е тоа каде каде појак од Надал, што ако го победил Надал на трева Роже(и Роже го има победено Надал на земја). Ако гледаме у поените по финалето Федерер пак ќе биде пред Надал, но само можам да кажам дека играта на Надал е многу подобрена во оваа 2008, па таму накај 2009 можеби и ќе признаам дека Надал е појак, но сега за сега не е.
 
абе толку скрши ли го едншка ојде сеа Роже у пм. нема веќе шанси..на атп листата уше некое време ќе си поседе како прв ама коа ќе падне веќе нема да се врне конечно дојде времето на Рафата
 
Се знаеше дека Надал ќе победи, ви кажав на почеток на турниров. Го пратам тенисот и знаев дека Надал напредуваше многу за разлика од лани кога го загуби финалето.
Федерер е голем играч но цела година не е во посакувана форма така да сега му преостанува да се спреми за финалето на УС Опен!
 
абе толку скрши ли го едншка ојде сеа Роже у пм. нема веќе шанси..на атп листата уше некое време ќе си поседе како прв ама коа ќе падне веќе нема да се врне конечно дојде времето на Рафата
Па донекаде си у право колку и да навивам за него веќе не може да го држи првото место. Точно е дека Надал ќе му го земе 1-вото место, но прашање на време е уште колку сезони ќе игра Надал тенис(повредени колена). Па Федерер негде до 2009 прв да биде, па Надал да владее докај 2011, што мислите Џоковиќ број еден за 3-4 години??? Јас мислам дека вака некако отприлика би било освен Роже ако не направи некој камбек сега после поразиве( нема гренд слем годинава).
 
Ролан Гарос за ФЕдерер е сеуште нерешена енигма, а Рафа покажа шо знај на трева. Уште по ланското финале овде кажвав дека на федерер му иди крајот годинава а вие викавте дека тој ќе победи во франција. КАко шо гледам во франција Рафа беше непобедлив а тука Федерер немаше многу решенија за Рафа. 3 грен слем сезонава. 2:0 во титули :) Ако рафа е скромен и мора да го фали федерер ќе ја видиме атп листата на крајот од сезонава :helou:
 
Незнам,
Франција требит чудо да се десит за да тепат Федерер,

а за другиве гренд слема не можеш да го споредуваш со Федерер,
5 Вимблдон, 4 Фелшинг Медоуз, 3 Австралија :toe:

И, како и да завршит последниов гренд слем(Америка)
мораме сите да признаеме дека оваа сезона е на Рафа
тука ништо не е спорно :smir: :)
 
Сега за сега доколку вака заврши негова ќе биде, но ако Федерер победи во Америка и ако победи на завршниот турнир(кај што настапуваат најдобрите 8) Федерер ќе биде подобар а и следат натпреварите на брза подлога каде што Надал игра слабо поради тоа што подлогата е тешка за неговите нозе па останува да видиме како ќе се заврши оваа непредвидлива сезона.
 
За на тие терени да не заборајш дека постои и Џокович кој можи и то како да му напрај проблеми на Федерер. Морав да го додам Новак за да ви кажам дека ниту таму нема да му биди лесно на Федерер. Да не ве потсетвам на резултатот од Австралија или Монтреал лани, си знајте шо мислам.
А како ќе се покажи Рафа на брза подлога после ова на трева ќе биди ептен интересно да се види.
 
каков џокович , далеку е уште од федерер и од рафа до крај на сезоната се ќе се врти околу нив
 
Да да секако не го заборавам Џокович, но си мислев ако го кажам Џокович ќе треба да го кажам и Давиденко, секако Родик, Налбандијан знаеме што направи лани во вториот дел од годината ама ме мрзеше да ги набројам не дека го забиравив. А и мене баш ме интересира дали Надал ќе напредува и на ваква подлога. Поздрав
 
каков џокович , далеку е уште од федерер и од рафа до крај на сезоната се ќе се врти околу нив
Баш и ова или нешто слично ќе пишував и јас...

Незнам дали има некој тенисер при здрав разум кој би се нафатил да игра против кој било од овие две суштества, после ова што го прикажаа денес, мислам дека се останато е за две класи под нивното ниво, ова денес беше еден доста изедначен, кондиционо исцрпувачки меч, сепак на крај Надал прекрасно се одвои и си ја доби наградата, секоја им чест и на двајцата и честитки за Надал за победата.
 
Надал шампионе!!! Само така Надал! Успеа да го победи Федерер на неговата подлога, на трева. ќе беше уште поголем срамот да не заврнеше. Тогаш ке беше 3:0 во сетови. АТП но.1: РАФАЕЛ НАДАЛ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom