Казаки
Атаманот - Army of Christ
На скопското Кале се возобновува отоманската кула
На скопското Кале почна да се возобновува кулата од отоманскиот период, па од трите објекти што е планирано да се реставрираат, таа прва ќе го добие стариот лик.
Се планира дека за една година работите ќе завршат, па веќе следното лето туристи ќе можат да го посетат отоманскиот објект, кој ќе биде приспособен во музеј. Во него ќе бидат изложени сите предмети најдени на скопското Кале, кои датираат од овој период.
До кулата истовремено се гради и молитвен дом за луѓето од исламска вероисповед.
Извор: http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A1C67B3D6EAB204A8FFCD4129F8E640E
Накратко да потсетиме како требаше да се одвиваат работите:
1 - беше предвидено да се гради музеј во форма на црква (што нема да служи за молитва).
2 - Албанците се побунија (се деси што се деси)
3 - Во „духот на меѓуетничкиот соживот“ беше решено црквата-музеј да се изгради, но до неа да изгради и музеј во форма на Отоманска кула! Разумен компромис што би рекол еден претседник!
4 - На крај почна да се гради и молитвен дом за верниците со исламска вероисповест, што беше вон-секој план и на ДУИ и на ДПМНЕ.
Заклучок: луд јебе збуњеног!
- Прашање до ДПМНЕ: Дали новиот молитвен дом ќе влези во отчетот за досега сработеното, во онај дел за култура и културно-историски знаменитости?
- Прашање до ДУИ: Дали на овај начин се спушта топката и дали мислат дека каде што има жар можи одново да избувне пламен?
Мој став: Не сум против изградба на верски објект... но не на ова место и не во ова време!
Coming soon: Висок претставник на ИВЗ најави дека и покрај тоа што се откажа изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“ на плоштад и се дислоцира, сепак ИВЗ ќе оди до крај и Бурмали џамија ќе се гради на плоштад?!