На денешен ден!

1786 По углед на Француската академија, шведскиот крал Густав Трети ја основа Шведската академија позната во светот по тоа што ја доделува Нобеловата награда за литература. Прв добитник на Нобеловата награда за литература е францускиот писател Рене Сили Придом (во 1901 година).
1945 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Флака е влазеримит" ("Пламен на братството"), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949 Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Атланскиот пакт (НАТО), воен договор, со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968 Во Мемфис, во амриканската сојузна држава Тенеси, е убиен Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир. Целиот свој живот, упорно работеше против расната сегрегација, беззаконието и поделеноста. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1964 година. Во 1967 година ја предводеше колоната од околу 300.000 демонстранти во големиот "Марш на мирот" во Њујорк, протестирајќи против американската војна во Виетнам. Роден е во 1929 година.
1969 Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умре по четири дена.
1988 Во Скопје умре Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена е во Штип, во 1900 година.
 
1520 Во Рим умре Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството. Се прослави со Мадона, насликана во 1513 година. Работеше портрети од кои по убавината на уметничката обработка се истакнуваат Портретот на млад човек во Будимпешта, на папата Јулиј Втори во Фиренца и други. Роден е во Фиренца, на 28.03.1483 година.
1909 Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд ("Пириева земја") и напиша неколку дела за своите патувања, како што се "Најблиску до полот", "Северниот пол" и "Тајните на поларните патувања".
1941 Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување на војна го нападнаа Кралството Југославија.
1991 Во Прилеп почна Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Денес е св.Благовештение :) Нека ми е вечно името :toe: :pos2:
 
1848.Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. Главни негови дела се "Ќерката на полкот", "Дон Пасквале", "Лучија ди Ламермур" и "Љубовна напивка". Роден е во Бергамо, на 29.11.1797 година.
1909 Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди "Островот бил парче земја фрлен во вода", објавена во 1993 година и на други дела. Умре на 3.11.1988 година.
1971 Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.
1973 Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умре Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и беше меѓу првите кои се огласи на солидарната акција за собирање на уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Роден е во Малага, Шпанија, на 25.10.1881 година.
1993 Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.
 
Денес е Ден на македонските железничари. На 9 април 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвои одлука со која 9 април го прогласи за Ден на македонските железничари.
1483 Умре англискиот крал Едвард Четврти, водач на династијата Јорк во граѓанската „Војна на две ружи“ против подржувачите на династијата Ланкастер. Престолот го осигура со победата на своите сили во 1461 во клучните битки кај Мортимер Крос и Тоутон.
1553 Во Париз умре Франсоа Рабле, француски писател, најпозната личност во француската ренесанса. Негови најпознати дела се фантастично-хумористичните романи "Гаргантуа" и "Пантагруел". Роден е во 1490 година.
1588 Умре италијанскиот сликар Паоло Веронезе, еден од најзначајните претставници на венециското сликарство. Тој беше мајстор на колоритот, динамичните композиции, сликар на гозби, скапоцени ткаенини, ентериери и екстериери, ренесансен амбиент во кој пренесуваше библиски и митолошки теми. Веронезе обработуваше теми од христијанството и античката митологија, го славеше богатството и моќта на Венециската република.
1626 Во Лондон умре Франсис Бекон, англиски филозоф и државник. Тој е еден од основачите на модерниот материјализам во филозофијата. Неговите дела се значајни за историјата на филозофијата и за индуктивната логика. Најпознати негови трудови се „Органон“, „Нова Атлантида“, „Есеи“ и „Унапредување на науката“. Роден е на 22 јануари 1561 година.
1683 Францускиот истражувач Робер Кавелије, Сјер де Ла Сал прогласи пространа територија во Америка за територија на Франција, нарекувајќи ја Лузијана во чест на кралот Луј Четиринаесетти.
1821 Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимаваше со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оргинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќето на злото". Умре на 31 август 1867 година.
1872- Роден е францускиот државник Леон Блум, водач на Социјалистичката партија од основањето во 1920, претседател на владата на Народниот фронт од 1936 и 1937 година и во март и април 1938 година, прв социјалистички премиер на Франција од 1870 година. Во Втората светска војна Германците го интернираа во концентрациониот логор во Даха. Трет пат ја предводеше француската влада во 1946 и во 1947 година.
1928 Во Турција во рамките на реформите кои ги спроведуваше Кемал Ататурк исламот престана да биде државна религија.
1933 Роден е францускиот филмски актер Жан пол Белмондо, носител на главни улоги во речиси сите важни филмови за францускиот „нов бран“ на 60 години на 20 век. Тој глумеше во филмовите „Биди убава и молчи“, „До последен здив“, „Модерато кантабиле“, „Крадец“, „Борсалино“, „Страв над градот“, „Мисисипи“ и други.
1940 Германија во Втората светска војна ги нападна Норвешка и Данска.
1941- Битола е окупирана од германската фашистичка војска.
1959 Умре американскиот архитект Френк Лојд Рајт, еден од творците на модерната функционална архитектура. Прв во САД употреби армиран бетон и индустриски градежен материјал и силно влијаеше на современата архитектура. Конструираше неколку градби вклучувајќи го Гугенхајмовиот музеј во Њујорк и хотелот „Империјал“ во Токио.
1983 Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.
1988 Ли Пенг е именуван за премиер на Кина.
1991 Грузискиот парламент едногласно ја усвои Декларацијата за независност од Советскиот Сојуз, по референдумот на кој 97 отсто од граѓаните зе изјаснија за нејзина независност.
1997 Во Скопје умре Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист. Роден е во Кочани, во 1924 година.
2001 Во Луксембург е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Македонија и Европската унија. Собранието на Република Македонија ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација на 12 април 2001 година.
2005 Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс се венчаа во Виндзор. Венчавката, прв пат во историјата на монархијата во Обединетото кралство, е спроведена според граѓанска процедура во локалната општина. Првата сопруга на Чарлс, принцезата Дајана, загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
 
1585.Умре папата со италијанско потекло Гргур Тринаесетти, кој во текот на 13 години како црковен поглавар ги поттикна француските римокатолици на злосторства. Тој го поддржуваше шпанскиот крал Фелипе Втори, приврзаник на инквизицијата, во борбата против Англија. Според советот на астрономите во 1582 година го реформира календарот, наречен Грегоријански.
1583 Роден е холандскиот правник, писател и хуманист Хиг де Грот, познат како Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Припаѓаше на „школото за природно право“ и ја докажа еднаквоста меѓу луѓето и пред законот. Дела: правни и религиозни - „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christus patiens“...
1778 Роден е англискиот писател Вилијам Хезлит, еден од најзначајните литературни критичари во 19. век. Напиша голема биографија за Наполеон Први и повеќе книги за уметноста. Останати дела: „Англиски комични писатели“, „Духот на времето или современи портрети“.
1813 Умре францускиот математичар, механичар и астроном од италијанско потекло Луј Лагранц, кој на 19 години стана професор по математика во Артилериското школо во родното Торино. Дела: „Аналитичка механика“, „Теорија за аналитичките функции I-II“; „За теоријата на Јупитеровите сателити“.
1814 Британските и шпанските сили во битката кај Тулуз ги поразија трупите на францускиот цар Наполеон Први, кој утредента абдицираше и е прогонет на островот Елба во Средоземното Море.
1847 Во Мако, Унгарија, роден е Џозеф Пулицер, Унгарец по потекло, значајно име во американското новинарство. Се смета за зачетник на "жолтиот печат", односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена "Пулицеровата награда" за новинарство, култура и литература. Учествуваше во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна стана сопственик на издавачки куќи и беше избран во Конгресот. Умре во Шарлотсвил, Јужна Каролина, во САД, на 29 октомври 1911 година.
1867 Умре рускиот шахист Александар Дмитријевич Петров, прв руски шаховски мајстор и шаховски теоретичар. Тој беше втемелувач на руската шаховска школа и најсилен шахист во првата половина на 19. век. Иако го сметаа за непобедлив, тој сепак никогаш не играше надвор од Русија. Во 1824 година издаде учебник за шахот. Една од шаховските варијанти е наречена според него - Петрова одбрана.
1916 Почна масовната германска офанзива на Верден, која во историјата на Првата светска војна е позната како "Верденска кланица", а во која требаше да се уништат француските сили. Но, во жестоките борби двете страни загубија по половина милион луѓе па крвавиот судир заврши без победник.
1919 Убиен е Емилијано Запата, водач на Движењето на мексиканските селани за аграрна реформа. Тој со многубројните акции и битки ја создаде бурната историја на мексиканската револуција. Роден е во 1877 година.
1921 Сун Јат Сен е избран за претседател на Кина.
1929 Роден е шведскиот театарски и филмски глумец Карл Адолф фон Сидов, познат како Макс фон Сидов. Филмови: „Госпоѓица Јулија“, „Лице“, „Зимско светло“, „Емигранти“, „Страст“, „Смарагд“, „Победа“, „Хана и нејзините сестри“, „Втора победа“.
1932 Роден е египетскиот филмски глумец Мајкл Шалхуб, познат како Омар Шариф, кој најчесто играше во улоги на романтичен љубовник и херој. Филмови: „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“, „Смешна девојка“.
1948 Започна изградбата на хидроцентралите "Маврово".
1953 Избран е вториот генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. Таа функција ја зазеде Даг Хамаршелд од Шведска. Роден е во 1905 година, а загина во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.
1954 Умре францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимиер кој со неговиот брат Луј ја направи првата филмска камера и во Лион отвори фабрика за изработка на фотографски материјал. Браќата пронајдоа постапка за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредија првата филмска претстава во светот („Влегување на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“).
1963 Во северниот Атлантик во експлозија на американската нуклеарна подморница „Трешер“ загинаа 129 лица. После долга истрага не е соопштена причината за најтешката подморска несреќа во историјата на САД.
1964 Во Скопје умре Лазар Личеноски, македонски сликар. Се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година.
1972 Во земјотрес во јужниот дел на Иран загинаа повеќе од 5.000 луѓе.
1972 Повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД и СССР, ја потпишаа Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје.
1986 САД извршија нуклеарна проба во Невада, наспроти протестот на мировните групи и советската кампања за забрана на проби.
1995 Израел и Јордан разменија амбасадори врз основа на мировниот договор меѓу двете земји од октомври 1994 година.
2001 Горниот Дом на холандскиот Парламент со мнозинство гласови гласаше за законот за еутаназија, не земајќи ги предвид уличните демонстрации на противниците на тој закон, со што Холандија стана прва земја во светот во која е озаконето убиството од милосрдие.
2006 Умре шведскиот режисер и писател Вилгот Сјоман. Филмови: „Љубовница“, „Љубопитен сум на жолто“ и „Љубопитен сум на плаво“, „Алфред“. Напишал и повеќе од 20 книги.
 
На денешен ден 1984 родена е Менди Мур, американска пејачка и актерка.
mandy-moore_g.jpg

:)
 
1514.Умре италијанскиот архитект Донато Браманте. Проектираше многу згради и ја реконструираше црквата "Свети Петар" во Ватикан.
1689 Англискиот кралски пар Вилијам Трети Орански и Мери Втора беше крунисан, по соборувањето од престолот на последниот крал од династијата Стјуарт Џејмс Вотори во „Славната револуција“ во 1688 година. Мери Втора е ќерка на Џејмс Втори, која ја отфрли непополураната таткова римокатоличка политика и силно ја поддржа Англиканската црква. Во текот на нивното владеење во Англија е зацврстен парламентаризмот.
1713 Потпишан е Утрехтскиот мир меѓу Британија, Португалија, Прусија, Сардинското кралство, Франција, Холандија и Шпанија, со кој заврши Војната за шпанското наследство. На престолот во Шпанија беше донесено новото владетелско семејство Бурбон (од француско потекло), кое во шпанското кралство владее и денес.
1755 Роден е англискиот хирург и палеонтолог Џејмс Паркинсон, кој ја откри и опиша нервната болест на екстрапирамидалниот систем наречена според него - Паркинсонова болест. Прв го опиша apendicitis (воспалението на слепото црево) и објави повеќе дела.
1772 Роден е шпанскиот писател Мануел Хосе Кинтан, вљубеник во класиката и пишувач на поезија со пролиберална ориентација. Дела: „Ода на Шпанија“, драмите „Пелајо“, „Војводата од Висеа“, историското дело „Животите на славните Шпанци“, критиката „Правила во драмата“.
1814 По поразот во Русија, по загубената битка кај Лајпциг и по падот на Париз, францускиот цар Наполеон Бонапарта беше принуден да абдицира. Сојузничката коалиција му го додели островот Елба, како имот, од каде што идната година се обиде повторно да ја освои власта. Со поразот кај Ватерло, конечно беше запечатена неговата судбина.
1854 Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажа и детално ја опиша болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден е во 1788 година.
1884 Умре англискиот писател Чарлс Рид, чиј огромен историски роман „Манастир и огниште“ е преполн со списи за животот на холандскиот хуманист Еразмо Ротердамски. Дела: „Никогаш не е предоцна“, „Грифит Гонт“.
1894 Уганда стана британски протекторат.
1919 На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународна организација на трудот.
1941- Германските трупи ги зазедоа Дебар, Охрид и Струга и се споија со италијанските единици.
1943 На пат за Солун, надвор од селото Имера, Кожанско, Егејска македонија, паѓајќи во заседа на националисти од колаборационистичката организација ЕКА (национална и социјална преродба), загина Лазо Трповски, еден од најистакнатите револуционери и организатори на борбата на македонскиот народ за национална слобода и социјална правда меѓу двете светски војни и за времето на фашистичката окупација. Роден е во селото Д'мбени, Костурско, Егејска Македонија во 1901 година.
1945 Американските војници во Втората светска војна го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1961 Пред Судот во Ерусалим почна судењето на австрискиот нацист Адолф Ајхман, шеф на Одделението во Гестапо за уништување на Евреите и за германските логори во Втората светска војна.
1961 Нигерија воведе трговско ембарго спрема Јужна Африка поради политиката на апартхејд во таа земја.
1977 Умре францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Неговата поезија ја крактеризира револт, младински цинизам и исмејување авторитети. Напиша повеќе сценарија во француската кинематографија. Негови најпознати дела се збирките песни „Голем пролетен бал, „Дождот и убавото време“, „Зборови“ и други.
1985 Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден е во Ѓирокастро, на 16 октомври 1908 година.
1990 Владата на Ангола се согласи во Португалија да започне мировни преговори со припадниците на бунтовничкото движење Унита.
1991 Советот за безбедност на Обединетите нации го соопшти формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и оти ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992 Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).
1994 Во Скопје е промовирана првата еколошка публикација од популарен вид во Македонија, "Екологија". Главен уредник беше Свето Стефановски.
1995 Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.
2005 Умре американскиот микробиолог Морис Хилеман. Во текот на повеќедецениската работа, Хилеман даде придонес во борбата против болестите, како што се сипаници, менингитис, воспаление на белите дробови и хепатитис.
2007 Најмалку 33 лица загинаа, а 220 беа повредени во две силни експлозии во алжирската престолнина. Едната бомба експлодира пред зградата на владата, а другата во Баб Езуар, источната периферија на градот. Одговорноста ја презеде Северноафриканскиот огранок на терористичката мрежа Ал Каида, познат под името „Салафистичка група за проповед и борба“.
2007 Умре американскиот писател Курт Вонегат. Се прослави со романот „Кланицата Пет“, а пишувал и театарски парчиња, есеи и новели. Неговите романи во 60 и 70-тите години на 20 век биле некој вид патоказ на американската контракултура.
 
На денешен ден 1987 г. родена е Joss Stone, бритасна пеачка.

joss_stone-199x300.jpg
 
1204.Крстоносците во Четвртата крстоносна војна го зазедоа Константинопол, претворајќи го во центар на Латинското царство - државите кои ги основаа на просторите на географска Тракија и Мала Азија. Латинското царство престана да постои кога во 1261 година византискиот цар Михајло Осми Палеолог ги протера крстоносците од Константинопол.
1654 Ирска и Шкотска се обединија со Англија.
1823 Роден е рускиот писател Александар Николајевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар. Дела: драмите „Шума“, „Бура“, „Без вина виновни“, „Девојката без мираз“, „Сиромаштијата не е порок“, „Свои сме, ќе се договориме“, „Волци и овци“.
1850 Франција на повик на папата Пио Деветти - кој 20 години подоцна воспостави догма за непогрешливост на римокатоличкиот поглавар - го окупираше Рим, разбивајќи ја републиканската војска која се бореше за обединување на Италија.
1861 Силите на Конфедерацијата го задоа Форд Самтер, кај Чарлстон, во Јужна Каролина, со што почна Американската граѓанска војна, во која силите на Северот ги победија трупите на јужните соседи. Војната траеше до 1865 година, по што Соединетите Американски Држави толку индустриски напреднаа што за 20 години ја надминаа најразвиената индустриска земја во светот - Велика Британија.
1903 Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
1938 Во Париз умре Фјодор Иванович Шалјапин, голем руски оперски пејач, со исклучителен бас-баритон глас, еден од најголемите оперски уметници на сите времиња. Се прослави со улогите на Борис Гудунов, Мемфисто, Иван Грозни и Дон Кихот во истоимените опери. Роден е во Казан на Волга на 13 февруари 1873 година.
1945 Единиците на НОВЈ го пробија Сремскиот фронт против германските фашистички единици. Во пробивот на фронтот учествуваше и Петнаесеттиот македонски ударен корпус, кој даде многу жртви за конечното ослободување од фашистичкиот окупатор.
1945 Во Ворм Спринс, Џорџија, умре Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика, со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната, целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Роден е во Хајд Парк, Њујорк на 30 јануари 1882 година.
1961 Советскиот сојуз го лансира во орбитата околу Земјата вселенскиот брод "Восток -1", во кој се наоѓаше 27-годишниот астронаут Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек кој летна во вселената. По летот, кој траеше 103 минути, тој се спушти кај селото Смеловк, јужно од Саратов. Гагарин загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.
1962 Умре францускиот вајар и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите во движењето на руските конструктивисти.
1966 Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981 Умре американскиот боксер од африканско потекло Џо Луис, апсолутен светски првак во тешка категорија од 1937 до 1949 година. Титулата ја презеде од неговиот сонародник Џејмс Брадок и ја одбранил 25 пати, што претставува рекорд, кој не е надминат ниту по должината на држењето на титулата. Се повлече непоразен во 1949 година, но на рингот се врати во 1950 и 1951 година поради финансиски тешкотии, но не успеа да ја поврати титулата.
1987 Двајца руски астронаути „шетајќи“ во вселената успешно го поврзаа вселенскиот модул со орбиталната станица „Мир“.
1993 Во Њујорк, меѓу Република Македонија и Република Грција започнаа преговорите за надминување на несогласувањата околу името на Република Македонија и за тоа кое знаме ќе може да биде истакнато пред седиштето на ООН.
2000 Најмалку 138 лица се удавија кога преполн дрвен товарен брод кој се упати кон Малезија, потона во близина на јужниот филипински остров Џоло.
2002 Во Венецуела во државен удар со поддршка на Вашингтон е симнат од власт демократски избраниот претседател Хуго Чавез. За шеф на државата е прогласен проамериканскиот работодавач Педро Кармона, но Чавез само два дена подоцна се врати на власт.
 
1519.Родена е француската кралица со италијанско потекло Катарина де Медичи, ќерка на господарот на Фиренца, Лоренцо Втори Медичи. Таа после смртта на нејзиниот сопруг Анри Втори од 1560 година владееше со Франција. Со поддршка на папата Гргур Тринаесетти во 1572 година го организираше уништувањето на хугенотите, познато како Вартоломејска ноќ.
1605 Умре рускиот цар Борис Фјодорович Годунов, кој го презеде престолот во 1598 година, по смртта на Фјодор Први.
1695 Во Париз умре Жан де Лафонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Негови познати дела се песните „Адонис“, „Филемон и Баукида“, романот „Љубов на Психата и Купидон“ и други. Роден е во Шато Тиери, на 8 јули 1621 година.
1743 Роден е американскиот државник Томас Џеферсон, основач на Демократската партија, претседател на САД од 1801 до 1809 година. Беше гувернер на Вирџинија од 1779 до 1781 година и секретар на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон од 1790 до 1793 година. Ги искористи финансиските проблеми на францускиот цар Наполеон Први во 1803 година за да ја купи од него Лузијана.
1848 Сицилија прогласи независност од Неаполското кралство.
1885 Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век. Умре во Будимпешта, на 4 јуни 1971 година.
1898 Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1904 Во Порт Артур, САД, умре Василиј Василевич Верешчагин, руски сликар. Стана познат по воените мотиви и сликите на кои ги прикажуваше актуелните настани и егзотични амбиенти. Сите негови историски и воени композиции претставуваат општа осуда на војната. Роден е во Љубец, на 26 октомври 1842 година.
1906 Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напиша драмата "Печалбари", која првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 година. Тој напиша повеќе прозни и сценски текстови. Умре во Скопје, на 28 август 1968 година.
1906 Во Даблин е роден Самјуел Бекет, ирски писател. Познати се неговите романи се "Марфи", трилогијата "Молоа", драмите "Чекајќи го Годо" и "Среќни денови". Во 1969 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 22 декември 1989 година.
1913 Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот "Градинарот Лаврициус".
1919 Британските трупи во Амрицар масакрираа најмалку 379 Хиндуси, приврзаници на водачот на Движењето за независност на Индија, Махатма Ганди.
1922 Роден е англискиот писател Џон Брејн. Дела: роматите: „Пат во високото друштво“, „Место во виското друштво“, „Љубоморниот Бог“, „Игра на плачење“, Остани со мене до утрото“, студијата „Пишување роман“.
1945 Трупите на советскиот маршал Фјодор Толбухин во Втората светска војна го скршија германскиот отпор во Виена. Падот на „втората престолнина“ на Третиот рајх го овозможи опколувањето на германските сили во Берлин, кој падна три недели подоцна.
1961 Генералното собрание на Обединетите нации ја осуди политиката на апартхејдот во Јужна Африка.
1963 Роден е рускиот велемајстор од еврејско потекло Хари Вајнштајн, познат како Гари Каспаров, кој во 1985 година, на 23-годишна возраст стана светски првак, најмлад во историјата на шахот.
1964 Американскиот глумец од афроамериканско потекло Сидни Поатје го доби Оскарот за главната улога во филмот „Полско цвеќе“, како прв црнец кој ја освоил оваа награда.
1966 Претседателот на Ирак, Абдул Салам Ариф загина во хеликоптерска несреќа.
1976 Во експлозија во фабрика за муниција во Финска загинаа 45 лица.
1987 Во Крушево умре д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ, прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Крушево, на 7 јануари 1902 година.
 
- Денка е Светски ден на правата на потрошувачите
1452 Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден Леонардо да Винчи, познат италијански сликар, скулптор, архитект, пронаоѓач, научник и мислител. Тој е еден од најзначајните умови на ренесансата, соединувајќи го средновековното енциклопедиско знаење со егзактниот модерен метод на забележување. Тој наслика релативно мал број слики од кои најпознати се "Богородица во пештера", "Света Ана", "Тајната вечера" и "Мона Лиза", слика поради која стана медиумски јунак на модерното време. Да Винчи многу се интересираше за природните науки - физиката, астрономијата и хемијата. Умре во дворецот Кло кај Амбус, во Франција, на 2 мај 1519 година.
1764 Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од Пампадур, исклучително влијателна љубовница на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Од 1754 година силно влијаеше на државната политика. Таа го натера францускиот крал да влезе во Седумгодишна војна во која Франција го изгуби колонијалното царство, но придонесе во развојот на француската култура, помагајќи им на енциклопедистите, филозофите и уметниците.
1765 Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич Ломносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист од светска класа. Значајни се неговите откритија од областа на физиката и хемијата. Тој го формулира законот за неуништивоста на материјата, ја објасни појавата на согорување и создаде научна теорија за светлината. Се занимаваше и со лингвистика и е создавач на првата руска граматика. Пишуваше драми ("Тамара и Селим", "Демофонт"), оди и беседи. Роден е во селото Мишанинско, на 19 ноември 1711 година.
1843 Роден е американскиот писател Хенри Џемјс. Пред крајот на животот, во 1915 година стана британски државјанин. Дела: романите “Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, „Гулабови крилја“, „Амбасадори“.
1865 Умре американскиот државник Абрахам Линколн, ден после атентатот во вашингтонскиот театар „Ford Theatre“, каде што на него пукаше еден актер кој го потплатиле богати луѓе од јужниот дел на САД, приврзаници на поразените држави на Конфедерацијата во туку што завршената Американска граѓанска војна. Пред изборот за претседател на САД во 1860 година, Линколн беше земјоделец, дрвосечач, управник на пошта, адвокат и конгресмен.
1888 Умре англискиот писател и литературен критичар Метју Арнолд, значаен естетичар, професор на Оксфорд. Дела: збирка песни „Песни“, „Нови песни“, есеите „Клутура и анархија“, „Критички есеи“.
1912 На првото патување од Велика Британија во САД, најголемиот и најлуксузниот патнички брод „Титаник“ со голема брзина налета на леден брег во Атлантикот. Бродот потона за само два часа и 20 минути. Од 2.224 патници и членови на екипажот загинаа 1.523.
1923 Инсулинот, кој го откри канадскиот лекар фредерик Бантинг, им стана достапен на пациентите заболени од дотогаш неизлечливата шеќерна болест.
1931 Во Ќустендил умре Андон Тошев Стојанов, познат како Дончо Штипјанчето, македонски револуционер, курир на Гоце Делчев и приврзаник на Македонската револуционерна организација. Роден во во селото Ерџелија, Штипско, во 1867 година.
1945 Британските трупи во Втората светска војна го ослободија германскиот концентрационен логор Берген-Белзен.
1952 Њујоршката „Френклин банка“ стана прва банка која издаде кредитна картичка.
1968 Двата советски сателити „Космос 212“ и „Космос 213“, без човечки екипаж, се споија во орбитата околу Земјата.
1980 Умре францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр, еден од творците на филозофијата на егзистенцијализмот, кој во 1964 година ја одби Нобеловата награда за литература. Дела: филозофските списи: „Имагинарно“, „Егзистенцијализмот е хуманизам“, „Критика на дијалектичкиот ум“, романите „Мачнина“, „Патишта на слободите“, драмите „Нечисти раце“, „Зад затворени врати“.
1980 Во Охрид умре Ванчо Николески, македонски писател. Од 1950 година беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка "Македонче", објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Прва радост" и "Чудотворен кавал". Роден е во селото Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година.
1989 При уривање на трибина на фудбалскиот стадион „Хилсбороу“ во англискиот град Шефилд загинаа 108 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Несреќата се случи бидејќи на веќе преполн стадион беа пуштени нови илјада навивачи.
1990 Во Њујорк умре Грета Гарбо (Грета Луиза Густафон), шведска актерка, една од најголемите легенди на Холивуд. Таа глумеше во филмовите „Бакнеж“, „Мата Хари“, „Ана Кристи“, „Кралицата Кристина“, „Дамата со камелии“, „Марија Валевска“ и други. Родена е во 1905 година.
1992 Во Скопје умре Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. Роден е во Крушево, на 30 мај 1922 година.
1992 Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1997 Во Скопје умре д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. Роден е во 1916 година.
2005 Во пожар кој изби во центарот на Париз во еден хотел за имигранти, животот го изгубија 24 лица меѓу кои десет деца, а беа повредени околу 50.
 
- Денка е Светски ден на културното наследство
1828 Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Неговата слика "Стрелањето на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку циклуси графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Роден е во Фуентетодос, Арагонија, на 30 март 1746 година.
1844 Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се "Современа историја", "Злосторството на Силвестер Бонар", "Бунтот на ангелот", "Боговите се жедни" и други. Во 1921 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12 октомври 1924 година.
1859 Умре францускиот историчар и политичар Алексис Клерел де Токвил, противник на револуционерните општествени промени, а битно влијаеше врз граѓанските историчари во 19 и 20 век. Дела: „Демократијата во Америка“, „Стариот режим и револуцијата“.
1862 Францускиот цар Наполеон Трети му објави војна на мексиканскиот претседател Бенито Хуарес. По повлекувањето на француските трупи во 1867 година, царот-узурпатор беше стрелан, а Хуарес повторно беше избран за претседател.
1867 Роден е американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година со неговиот брат Орвил со авион што го направија, го изведоа првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година, ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на САД им го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс“.
1871 Револуционерната власт на Париската комуна донесе "Декрет за напуштените претпријатија", според кој, целото стопанство, чии сопственици избегале од Париз, е предадено на работниците. Со тоа пролетеријатот првпат во историјата ги презеде во свои раце фабриките и другите претпријатија и се здоби со право да управува со нив.
1889 Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски сртист, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Има снимено 75 кусометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се "Кучешки живот", "Потрага по злато", "Циркус", "Светлините на велеградот" и "Господин Ведру". Умре во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25 декември 1977 година.
1921 Роден е британскиот глумец, режисер и писател од руско-француско потекло Питер Александер Јустинов, амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и УНЕСКО. Пред Втората светска војна во театар најповеќе играше во своите комедии: „Љубовта на четворицата полковници“, „Романов и Џулиета“, „Фото-финиш“, „Десета симфонија“. Ја напиша и автобиографијата „Dear me“. Филмови: „Quo vadis“, „Спартак“, „Топкапи“, „Виолетово такси“.
1945 Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓу другото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти, со кој е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.
1945 Американските трупи во Втората светска војна влегоа во германскиот град Нирнберг.
1947 Во градот Тексас во истоимената држава загинаа повеќе под 500 луѓе во експлозија на француски камион наполнет со нитрит.
1951 Британската подморница „Афреј“ потона во каналот Ламанш при што загинаа 75 луѓе.
1970 Снежна лавина, која го затрупа детскиот санаториум во местото Саланш во француските Алпи, усмрти 72 луѓе.
1991 Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7 јуни 1991 година.
1991 Умре англискиот филмски режисер Дејвид Лин. Филови: „Кратка средба“, „Големо исчекување“, „Оливер Твист“, „Мадлена“, „Хобсонов избор“, „Мост на реката Квај“ (Оскар), „Лоренс од Арабија“ (Оскар), „Доктор Живаго“ (Оскар), „Рајановата ќерка“. „Патот во Индија“.
1994 Умре американскиот писател од афроамериканско потекло Ралф Валдо Елисон, чиј роман „Невидливиот човек“ е еден од најимпресивните во американската литертура по Втората светска војна. Ја напиша книгата есеи „Сенка и чин“.
1996 Поранешниот премиер на Италија, Бетино Кракси, италијанскиот Суд на основа на обвинение кое го терети за корупција, го осуди на осум години и три месеци затвор.
2003 Лидерите на 10 европски земји на Самитот на Европската унија во Атина потпишаа договори за приклучување во Европската унија на 1 мај 2004 година. Договорите ги потпишаа лидерите на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom