Денес е Ден на Европа
1502 Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргна на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се врати во ноември 1504 година, а умре две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминаа ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаеше дека ја открил Америка. Беше уверен дека стигнал до источните брегови на Азија.
1800 Роден е Џон Браун, американски фармер, борец за рамноправност на Црнците. На 2 декември 1859 година федералната американска војска го фати тешко ранетиот Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД.
1805 Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите "Интрига и љубов", "Разбојници", "Дон Карлос" и "Јованка Орлеанка". Роден е на 10 ноември 1759 година.
1873 Роден е англискиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон.
1901 Во Мелбурн е отворен првиот Парламент на Австралија.
1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1927 Канбера стана главен град на Австралија наместо Мелбурн.
1944 Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинаа Кире Гавриловски - Јане и Круме Волнароски - Коља, народни херои на Југославија од Македонија. Кире Гавриловски е роден во Прилеп, во 1918 година. Круме Волнароски е роден во Прилеп, во 1909 година.
1945 Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7 мај 1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1946 Кралот Виторио Емануел Трети абдицира и Италија стана Република.
1947 Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта "Кавалерија рустикана" (или "Селска чест" како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент беше Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов - Кочко.
1959 Во Скопје умре Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите "Дадовме збор", "Дедо Мраз и кај нас", "Милка", на книгите раскази "Палавото зајаче", "Првите цутови", како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден е во Охрид, на 23 февруари 1915 година.
1978 Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.
1998 Во Бирмингем, Велика Британија, се одржа 43 Фестивал на забавна музика во Европа - Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија. Неа ја претставуваше Владо Јаневски со песната "Не зори, зоро" на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место.
2001 Во најтрагична несреќа во историјата на африканскиот фудбал, на најголемиот стадион во Акра, главниот град на Гана, загинаа 126 луѓе во стампедо што го предизвика полицијата која употреби солзавец.
2002 Американскиот Конгрес им забрани влегување во САД на граѓаните на седум земји кои го поддржуваат и толерираат тероризмот - Ирак, Иран, Куба, Либија, Северна Кореја, Сирија и Судан.
2004 Претседателот на Чеченија, Ахмад Кадиров загина во експлозија на бомба, што ја поставија чеченските исламски терористи на стадионот во градот Грозни.