На денешен ден!

1074.Папата Гргур Семди нареди сите женети римокатолички свештеници да бидат исфрлени од Црквата.
1454 Во Фиренца е роден Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанско знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил "нов свет", што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Умре во Севиља, на 22 февруари 1512 година.
1661 Умре Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло, кој по смртта на кардинал Ришелје стана министер за време на регентството на кралицата Ана. Како еден од највештите дипломати на своето време, тој ги постави темелите врз кои Луј Четиринаесетти ја градеше хегемонистичката политика на Франција кон Европа. Роден е во 1602 година.
1749 Роден е Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. Како најдобар говорник за време на Француската револуција придонесе за победата на Уставотворното собрание над кралот. Убиен е на 2 април 1791 година.
1814 Во Моринци, Кивска Губернија, е роден Тарас Шевченко, најголемиот украински поет, основоположник на новата украинска литература. Поради патриотизмот беше протеран во Сибир, каде што мина повеќе години. Голем број негови дела се најдоа на удар на царската цензура. Најпознати дела му се поемата „Јахдамаки“, збирката поеми и песни „Кобзар“ и романите „Кнегиња“, „Музикант“ и „Уметник“. Умре во Санкт Петербург, на 10 март 1861 година.
1831 Кралот Луј Филип ја основа француската легија на странци, со седиште во Алжир.
1851 Умре Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар, пронаоѓач на магнетниот ефект на електричната енергија и основач на науката и електромагнетизмот. Роден е во 1777 година.
1885 Родена е руската балерина Тамара Платоновна Карсавин, една од најголемите уметнички на класичниот балет во првата половина на 20. век. Заедно со Ана Павловна и Валцав Нижински беше меѓу главните ѕвезди на Рускиот балет Сергеј Ѓагиљев, во Императорскиот балет во Петроград, настапувајќи како примабалерина, а гостуваше и на сцените во Париз и во Лондон, каде во 1928 година основа балетска школа. Запаметена е како незаменлива партнерка на Нижински во балетот „Сонот за ружите“, и по сјајните рољи во балетите „Шехерезада“, „Фантастичен дуќан“.
1888 Умре германскиот цар Вилхелм Први Фридрих Лудвиг, кој му помагаше на канцеларот Ото фон Бизмарк „со крв и железо“ да ја обедини Германија. Беше руски крал од 1861, а во 1871 година стана прв цар на новосоздаденото Германско царство.
1890 Роден е советскиот државник Вјачеслав Михајлович Скрјабин, познат како Вјачеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година. Тој беше еден од основачите на весникот „Правда“. Во 1957 година беше тргнат од власта заради искажаниот „антипартиски став“, беше исклучен од Централниот комитет на Комунистичката партија и сменет од сите функции.
1893 Умре францускиот теоретичар на уметноста, историчар и филозоф Иполит Тен, кој настојуваше да внесе позитивни методи и изучување во литературата, уметноста и опшстеството. Дела: „Историја на англиската книжевност“, „Филозофија на уметноста“, „За интелигенцијата“, „Создавањето на современа Франција“.
1916 Германија во Првата светска војна и објави војна на Португалија.
1918 Умре германскиот писател Франк Ведекинд. Дела: драмите „Пролетно будење“, „Маркиз фон Кајт“, „Пандорината кутија“, „Музика“, „Цензура“, песните „Четирите годишни времиња.
1919 Британците го депортираа на Малта водачот на египетскиот пакт за независност Саад Заглул.
1924 Италија ја анектира Риека.
1934 Роден е Јуриј Гагарин, советски космонаут. Тој е првиот човек кој изврши космички лет во вселената (12 арпил 1961 година), по што, по 108 минути престој, успешно се спушти на Земјата по поминати 41.000 км. Загина во авионска несреќа, на 27 март 1968 година.
1942 Јапонските инвазиски сили во Втората светска војна го зазедоа централниот индонезиски остров Јава. Индонезија тогаш беше холандска колонија, како Холандска Источна Индија.
1942 Роден е американскиот велемајстор Роберт „Боби“ Џејмс Фишер, 11-тиот првак на светот во шах, прв Американец кој ја освои оваа титула.
1945 Американските сили во Вторта светска војна го зазедоа Бон.
1956 Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966 Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987 Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во иранско-ирачката војна.
1989 Властите во Варшава официјално ги обвинија советските служби за безбедност за ликвидирање на повеќе од 4.200 полски офицери во Катинската шума во пролета 1940 година.
1992 Умре поранешниот премиер на Израел Менах Бегин, прв израелски државник кој потпиша договор со некоја од арапските земји. По разговорите во Кемп Дејвид со египетскиот претседател Анвар ел Садат и со претседателот на САД Џими Картер, во 1977 година во Вашингтон е потпишан мировниот договор со Египет. Заедно со Садат во 1978 година ја поделија Нобеловата награда за мир.
1994 Терористите на Ирската републиканска армија го изведоа првиот од серијата минофрлачки напади на лондонскиот аеродром „Хитроу“.
1995 Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999 Претседателот на Иран Мохамед Катами допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.
2000 НАТО ги отфрли извештаите дека шпион внатре во воениот сојуз ги снабдувал Србите со тајните детали во текот на агерсијата на НАТО на Југославија во пролетта 1999 година.
2003 Европската унија отвори дипломатско претставништво во кубанската престолнина Хавана.
 
1544.Во Соренто е роден Торквато Тасо, италијански поет. Се смета за најголем италијански поет во периодот меѓу Петрарка и Леонардо. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус настојуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и доблестите. Најпознати негови дела се „Ослободениот Ерусалим“, „Аминта“ и „Реторисмондо“. Умре во Рим, на 25 април 1595 година.
1820 Умре американскиот сликар Бенџамин Вест. Последните години од животот ги помина во Лондон, каде што го портретираше британскиот крал Џорџ Трети.
1857 Умре шпанскиот писател Мануел Хосе Кинтана, следбеник на класиката. Беше секретар на бунтовничкото движење за независност во времето на Наполеон Први кога владееше со Шпанија од 1808 до 1814 година. Дела: „Ода за Шпанија“, „Ода за печатот“, драмите „Пејало“, „Војводата од Висеа“, историското дело „Животите на славните Шпанци“, критиката „Правила на дармата“.
1885 Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Малколм Кемпбел, кој меѓу 1924 и 1935 година деветпати го собори светскиот брзински рекорд во возење автомобил, а меѓу 1937 и 1939 година трипати во возење чамци. Во 1935 година стана првиот човек кој со автомобил возеше побрзо од 300 милји на час (483 километри). Неговите рекорди ги собори синот Доналд, кој во 1967 година загина со чамецот „Сина птица“, при поставувањето на новиот светски рекорд на вода од 527,9 километри на час.
1892 Роден е американскиот филмски режисер Раул Волш. Филмови: „Багдатски крадец“, „Цена на славата“, „Умреа во чизми“, „Џентлменот Џим“, „Сребрена река“, „Светот во негови раце“, „Голи и мртви“.
1908 Умре Едмондо Амичис, италијански писател и патописец. Неговите дела, романот за деца "Срце" и патописот "Холандија" се преведени на сите јазици во светот. Роден е во 1846 година.
1913 Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1915 Во Чикаго на првиот народен собир 468 делагати од САД и Канада го поддржаа обединувањето на Србите со другите јужни Словени. Иселениците во резолуција истакнаа дека „единствен спас е прекинот на сите врски со Австро-Унгарија“ и формирање на единствена држава.
1915 Велика Британија ја почна блокадата на Германија во Првата светска војна.
1916 Роден е англискиот државник и публицист Џејмс Харолд Вилсон, водач на Лабуристичката партија и премиер на Велика Британија од 1964 до 1970 и од 1974 до 1976 година. Дело: „Војна против сиромаштијата во светот“.
1917 Избувна Февруарската буржоаска револуција во Русија (според стариот каледнар - на 26 февруари).
1917 Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1918 Советската влада на чело со Владимир Илич Ленин и ЦК на РКП мина од Петроград во Москва. Тогаш Москва стана престолнина на првата социјалистичка земја во светот.
1931 Во Скопје е роден Драган Ѓаконовски - Шпато, македонски композитор, диригент и музички аранжер. Неговото име ќе остане трајно врежано во историјата на македонската забавна музика. Како автор на многубројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и џез музика, на македонската сцена се појави уште во првите години по војната. Како надарен музички инструменталист формира повеќе оркестри и групи. Умре во Скопје, на 3 јануари 1987 година.
1931 Во Куманово е роден Драгутин Аврамовски - Гуте, македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстрактни сликари и има особен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и илустрација. Умре во Скопје, на 12 септември 1986 година.
1938 Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1941 Американскиот Конгрес, на иницијатива на претседателот Френклин Рузвелт, го усвои „Законот за заем и наем“, со кој беше овозможено државата да може сите воени материјали да ги продаде, пренесе, замени, позајми, да ги даде под закуп. Со овој закон Велика Британија доби значителна помош во оружје во Втората светска војна, а САД официјално останаа надвор од војната.
1943 Бугарскиот окупатор изврши општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеа обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите беа конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи (од Скопје, од Битола, Велес, Штип и од други места) беа собрани во Монополот во Скопје, на 22 март беа транспортирани во логорот на смртта „Треблинка“ во Полска, во кој, по извесно време, германските фашисти ликвидираа над 7.000 Евреи.
1945 Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1955 Умре Александар Флеминг, шкотски микробиолог. Во 1928 година откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие Флеминг го нарече пеницилин, чија масовна примена започна во 1942 година. За ова откритие, заедно со Флореј и Чаин, во 1945 година ја доби Нобеловата награда за медицина. Роден е во Лохвилд, на 6 август 1881 година.
1975 Во Лисабон згасна буната на падобранските единици против левичарската воена влада, а поранешниот претседател генералот Антонио Рибеиро де Спинола побегна со група офицери во Шпанија. Следниот ден е основан т.н. Револуционерен совет за продолжување на револуционерниот процес започнат на 25 април 1974 година со соборувањето на режимот кој во наследство го остви Антонио де Оливеира Салазар.
1976 Поранешниот претседател на САД Ричард Никсон призна дека во 1970 година и наредил на Централната разузнавачка агенција да спречи Салвадор Аљенде да стане претседател на Чиле. ЦИА при соборувањето на Аљенде во 1973 година во многу го помогна воениот заговор на генералот Аугусто Пиноче.
1985 Ден по смртта на Константин Черњенко, за генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Советскиот сојуз беше избран Михаил Горбачов.
1990 Литванското собрание ја објави независноста од Москва. Литванија е првата советска република која излезе од Советскиот Сојуз.
1990 Чилеанскиот диктатор генералот Аугусто Пиноче по 16 години му ја предаде функцијата на Патрисио Ајлвин, но ја задржа командата врз оружените сили.
1996 Република Македонија е примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996 Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.
1998 Претседателот на Индонезија Сухарто, и покрај силните студентски протести, го започна седмиот петгодишен мандат, но набрзо беше принуден да поднесе оставка на функцијата шеф на државата.
2000 Во експлозија на гас во рудникот за јаглен Бараково во источна Украина загинаа 81 рудар.
2002 Во Скопје умре Илија Милчин, македонски артист и преведувач, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Роден е во Прилеп, на 19 јуни 1918 година.
2003 Во Хаг е инаугуриран Меѓународен кривичен суд. Пред овој суд, кој има мандат да суди само за дела сторени по 1 јули 2002 година, можат да се поднесат тужби за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
2004 Во терористички напад на Ал Каеда на возови во Аточа, главниот железнички јаз во Мадрид, загинаа 191, а повредени беа околу 1.500 луѓе.
2006 Умре Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија. Милошевиќ беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген, во кој се наоѓаше од јуни 2001 година.
2007 Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад убиени се најмалку 31, а ранети 30 луѓе. Камионот е „дигнат во воздух“ во близина на багдадскиот колеџ Ал Мустансирија во претежно шиитската населена област Ал Карада.
 
641. Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за тибетскиот владетел, врз основа на што подоцна Кина имаше право на суверенитет на оваа територија.
1365 Отворен е Универзитетот во Виена, една од најстарите установи од овој вид во светот. Првиот универзитет во Европа е основан во Болоња, во 1119 година, вториот во Париз, Франција, во 1150 година, третиот од Оксфорд, Англија, во 1214 година, четвртиот во Кембриџ, Англија, во 1229 година, петтиот во Прага, Чешка, во 1348 година, шестиот во Краков, Полска, во 1364 година итн.
1507 Загина италијанскиот генерал Чезаре Борџи, вонбрачен син на папата Александро Шестти. Кога во 1492 година Александро Шестти беше избран за поглавар на Римокатоличката црква, за надбискуп на Венција, а потоа и кардинал го назначи синот Чезаре, но тој го напушти високиот свештенички чин женејќи се за сестрата на кралот од Наваро. Со помош на француските трупи и поддршката од неговиот татко, по трите воени походи од 1499 до 1502 година, го скрши отпорот на федуалната династија на италијанската покраина Ромање. Во делото „Вледетел“ Николо Макијавели го величеше, тврдејки дека само владетел со таква безобразност може да ја обедини Италија. По смртта на Александро Шестти во 1502 година, Чезаре мораше да јанапушти Ромање, кој иако беше уапсен, успеа да побегне и да најде прибежипте кај кралот од Навара.
1832 Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг Бојкот. Во 1880 година додека управуваше со дел во Ирска, беше предизвикан ненасилен отпор за одбивање соработка. Таквиот вид на ненасилен протест е наречен според неговото презиме - бојкот.
1848 Во Виена избија големи студентски демонстрации против полицискиот режим на канцеларот Клеменс Метерних.
1854 Велика Британија и Франција влегоа во Кримската војна пружајќи му помош на Османлиското царство, склучувајќи сојуз против Русија.
1861 Роден е италијанскиот писател и политичар Габриел Данунцио, изразит стилист. Најдлабока трга во литературата остави со збирката песни „Рајска поема“ и „Алкиона“. Во политиката беше исклучителен претставник на италијанскиот национализам, па дури и фашизам. Дела: романите „Оган“, „Сласт“, драмите „Мртов град“, „Франческа да Римини“, „Ѓоконда“.
1881 Француската влада му нареди на експедициониот корпус да го окупира Тунис, земја која беше значајна во борбата за превласт на Средоземјето.
1881 Во Солун е роден турскиот државник Мустафа Кемал, познат како Кемал Ататурк, татко на модерна Турција. Под негово водство во 1922 година исфрлен е последниот султан Мухамед Шести, а во 1923 година Турција е прогласена за република. Тој е еден од творците на Балканскиот сојуз во 1934 година.
1890 Роден е рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, еден од најголемите балетани во историјата на балетот, чија кариера како балетан траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболе од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаените скокови и убавини, влегоа во легендата како недостигнат идеал.
1907 Во експлозија на воениот брод „Јена“ во француското пристаниште Тулон загинаа најмалку 119 луѓе.
1912 Американскиот капетан Алберт Бери го изведе првиот скок со падобран од авион.
1913 Канбера стана престолнина на Австралија.
1913 Во Скопје е роден Петре Богданов - Кочко, македонски композитор и пејач (тенор), учесник во НОВ на Македонија. По ослободувањето на Македонија беше еден од првите организатори на музичкиот живот. Неговото име се врзува со основањето на Здружението на музичките уметници на Македонија (беше прв претседател) и на Скопската опера и балет. Беше диригент на Музичката школа (1946-1947), солист на Операта (1947-1953), главен музички уредник на Радио Скопје, директор на Операта и друго. Умре во Скопје, на 22 февруари 1988 година.
1914 Умре американскиот инженер Џорџ Вестингхаус, пронаоѓач на воздушните сопирачки за локомотиви и трамваи. Во 1886 ја основа компанијата „Вестингхаус електрик корпорејшн“.
1922 Роден е американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак. Дела: романите „На пат“, „Д-р Сакс“, „Маги Касиди“, „Богот Сар“, „Сатира во Париз“, книгата со песни „Мексико Сити блуз“, „Химна - Боже моли се за мене“, „Расфрлени песни“, патописот „Осамен патник“.
1925 Во Пекинг умре Сун Јат Сен, кинески револуционер и државник. Во 1905 година ја основа Кинеската револуционерна лига, а во 1912 година ја основа партијата Куоминтанг. Во 1917 година е избран за претседател на Јужна Кина. По победата на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија работеше на обединувањето на земјата и ја објави револуционерната програма на Куоминтанг, во која ја вклучи и Комунистичката партија на Кина. Роден е на 12 ноември 1866 година.
1930 Водачот во борбата за независност на Индија Махатма Ганди започна камања за граѓанска непослушност против британската колонијална управа и нејзините намери да воспостави монопол во производство на сол.
1935 Во Њујорк умре Михаило Пупин, физичар со светски углед. Беше професор по физика и математика на Универзитетот Колумбија во САД, го пронајде системот на повеќекратна фотографија и ги откри секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжи со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За својата научна дејност посмртно ја доби Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење. Роден е во селото Идвор, Банат, на 4 октомври 1858 година.
1935 Персија го доби новото официјално име на земјата - Иран.
1938 Германските трупи влегоа во Австрија, а Адолф Хитлер два дена подоцна објави дека Австрија стана дел од Третиот Рајх, на што западните сили реагираа со „скрстени раце“ настојувајќи на секој начин да избегнат војна со нацистите.
1940 По поразот во „зимската војна“ започната со советската инвазија кон крајот на 1939 година, Финска потпиша мировен договор со кој се откажа од Карелијската долина и градот Виброк на исток од земјата.
1945 Петнаесетгодишната Ана Франк е убиена во германскиот нацистички логор Берген-Белзен. Нејзиниот дневник стана симбол на страдањата на Евреите во Втората светска војна, во која Германците систематски и плански го истребуваа овој народ во Германија и во сите окупирани земји во Европа. Нејзиното семејство по доаѓањето на нацистите на власт во Германија во 1933 година пребега во Амстердам, каде од 1942 до 1944 година живееше во тајно скривалиште кое Гестапо успеа да го открие. Од нејзиното семејство војната ја преживеа единствено нејзиниот татко. По Втората светска војна нејзиниот дневник е пронајден, а во 1947 година и објавен. Дневникот е пишуван во време на двете години поминати во скривалиштето.
1946 Родена е американската глумуца и пејачка Лајза Минели. Кариерата за почна пеејќи во ноќните клубови и глумејќи во њујоршките театри во Бродвеј. Филмови: „Кабаре“, (Оскар), „Кажи дека ме сакаш“, „Среќната Леди“, „Тишина, се смееме“, „Њујорк, Њујорк“, „Артур“.
1947 Претседателот на САД Хари Труман во Конгресот ја прокламираше доктрината за помош на земјите загрозени од комунизмот („Труманова доктрина“). Првите средства им беа дадени на Грција и на Турција.
1950 Во Санта Моника, Калифорнија, САД, умре Хајнрих Ман, германски писател (брат на Томас Ман), генијален критичар на своето време и на граѓанското општество. Негови познати дела се „Царство“, „Седум години“, „Силата на човекот“, „Човекот од слама“ и „Професорот Урнат“. Роден е во 1871 година.
1952 Во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата “Ѓаволштините на Скапен” од Молиер и го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер. Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
1966 Собранието го лиши Ахмед Сукарно од сите звања, вклучувајќи ја и титулата претседател на Индонезија, а генералот Сухарто стана вршител на должноста шеф на државата.
1968 Островот Маурициус во Индискиот Океан, британска колонија од 1810 година, стана независна членка на Британскиот комонвелт. Истиот ден во 1992 година Маурициус е прогласен за република, прекинувајќи ги така и симболичните врски со британската круна.
1971 Премиерот Хафез ел Асад на референдум е избран за претседател на Сирија.
1978 Левите партии за првпат во историјата на Франција добија апсолутно мнозинство во првиот круг од парламентарните избори.
1984 Во Велика Британија почна генерален штрајк на рударите.
1987 Во Советскиот Сојуз е извршена првата успешна трансплантација на срце.
1988 Владата на Јужна Африка ја забрани опосициската група која ја предводеше англиканскиот надбискуп Дезмонд Туту, со тврдење дека таа е „закана за јавната безбеност“.
1992 Во индискиот град Бомбај во серија експлозии кои ги подметнаа исламски терористи загинаа повеќе од 300 луѓе. Индија за овие експлозии го обвини исламскиот сосед Пакистан, но Исламабад го отфрли ова тврдење.
1993 На годишнината од масакрот, исламските терористи во Бомбај предизвикаа нова серија на екесплозии во кои загинаа најмалку 200 луѓе.
1994 Англиската англиканска црква ракоположи 32 жени за свештеници, прекинувајќи ја 460-годишата доминација на мажите.
1999 Полска, Чешка и Унгарија, како први членки на поранешниот Варшавски пакт, влегоа во НАТО.
1999 Умре американскиот виолинист од еврејско потекло Јехуди Мењухин, еден од најголемите виолинисти во 20. век. Почна да свири на петгодишна возраст, а светската кариера ја направи како „чудо од дете“ со неговата интерпретација „Виолински концерт“ на Феликс Менделсон со кој на седум години се претстави пред публиката на концертот во Сан Франциско. Музичката критика овој настан го оцени како сензационален. Во 1963 година ја основа „Школата Јехуди Мењухин“ за музички надарените деца.
2000 Папата Јован Павле Втори побара прошка за вината на Римокатоличката црква поради постапките према Евреите, еретиците и жените.
2003 Пред влезот на зградата на Владата на Србија е убиен српскиот премиер Зоран Ѓингиќ. На предлог на владата, вршителот на должноста претседател на Србија, Наташа Миќиќ прогласи вонредна состојба.
 
1325.Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата Астека.
1572 Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ, автор на делото „Рибарење и рибарско приговарање“, едно од најоригиналните дела на ренесансната книжевност. Го преведе и делото „Ремедиа аморис“ на римскиот поет Овидио.
1733 Роден е Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Умре на 6 февруари 1804 година.
1741 Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син на царицата Марија Терезија и нејзин салвадор од 1765 до 1780 година.
1781 Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел (1738-1822) неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1848 Ден по масовните демонстрации во Виена, падна полициско-апсолутистичкиот режим на канцеларот Клеменс Метерних. Канцеларот побегна во Велика Британија, а на илјадниците гневни виенчани кои се собраа во дворот на царот, Фердинанд Први им вети нов устав.
1860 Во Словенградец е роден Хуго Волф, австриски композитор, претставник на доцниот романтичарски правец. Најголемиот број клавирски композиции ги пишуваше на стихови од познати поети, првенствено од Хајнрих Хајне. Умре во Виена, на 22 февруари 1903 година.
1881 Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убија рускиот цар Александар Втори Николаевич Романов. Во текот на владеењето, во 1861 година Александар Втори ги ослободи селаните од феудалните обврски, спроведе реформи, го реорганизираше судството, управата и војската, и ја прошири државата со освојување на денешните Киргизија, Трукменија, Узбекистан и делови од Кавказ. Го наследи синот Александар Трети, кој владееше со слични методи.
1890 Во Пловдив умре Иван Генадиев, македонски писател, композитор и општественик. Тој е син на преродбеникот општественик Генадиј, митрополит велешки. Основно училиште заврши во Охрид, а средно училиште во Битола и во Цариград. Потоа студираше филологија на Атинскиот универзитет. Како студент пишуваше поезија и литургиски творби. Во 1859 година објави комедија во стихови, а потоа, во соработка со Григор Прличев и збирката гатанки и песни “Свингс“. Роден е во Охрид, во 1829 година.
1895 Во Њујорк изгоре лабораторијата на пронаоѓачот Никола Тесла со што изчезна огромната научна документација која тој со години ја собираше.
1907 Во Велес е роден Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Беше припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат творечки живот го вгради во драмското творештво. До крајот на животот живееше од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Умре во Скопје, на 16 ноември 1995 година.
1928 Пукна браната „Ст. Френсис“ на околу 60 километри северно од Лос Анѓелес при што најмалку 450 луѓе се удавија.
1938 Во Франција социјалистот Леон Блум ја формира владата на Народниот фронт.
1969 Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1972 Велика Британија и Кина се согласија да разменат амбасадори.
1974 Во Загреб умре Мато Ловрак, хрватски писател - раскажувач и романсиер. Автор е на голем број дела, главно за деца, кои се одликуваат со едноставност на раскажувањето и со интересна фабула. Меѓу најзначајните негови дела се „Дружината на Перо Џумката“, „Возот в снег“, „Златниот остров“ и „Пријатели“. Роден е во Велики Крѓевац, кај Бјеловар, на 8 март 1899 година.
1975 Во Белград умре Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешна Југославија. Освен песни во проза ги напиша и прочуените романи "Мостот на Дрина", "Травничка хроника", "Госпоѓица". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Роден е во селото Долац, кај Травник, на 10 октомври 1892 година.
1986 Космонаутите Владимир Соловјов и Леонид Кизим станаа први членови на екипажот на советската вселенска станица „Мир“.
1990 Советското собрание го изгласа престанокот на 72-годишниот монопол на власт на Комунистичката партија.
1992 Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
1993 Во Скопје умре Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20. век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија. Беше професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата „Мугри“. Меѓу најзначајните дела се „Манастирски пејзаж“, „Презреано жито“, „Црвена арабеска“, „Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден е во Кавадарци, во 1927 година.
1996 Во градчето Данблејн, околу 40 километри северно од Глазгов, убиец во гимнастичката сала на основно школо усмрти 16 ученици во прво одделение, на возраст од пет и шест години заедно со нивната учителка и рани уште 13 ученици, а потоа изврши самоубиство.
1997 Јордански војник уби седум израелски ученици кои во текот на експлозијата ја разгледуваа областа наречена „Остров на мирот“ на израелско-јорданската граница.
1997 Во Белград умре Душан Геренчовски, македонски писател. Автор е на теливизиската драма „Белиот ѕид“ и на радиодрамите „Самоубијци“, „Црниот круг“. Роден е во Неготино, на 28 април 1933 година.
1998 Во Скопје умре Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија „Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија), објавена во 1998 година. Роден е во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.
2001 Владејачкото авганистанско екстремно исламистичко талибанско движење заврши со уништувањето на две древни статуи со непроценлива уметничка и историска вредност на Буда во Бамијан.
2006 Во Скопје умре Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли стана првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) стана и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“. Османли беше прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор по предметите Актерска игра и Интермедијално творештво со историја на филмот. Се занимаваше и со пишување на филмски и телевизиски сценарија, адаптации и драматизации на македонски литературни дела. Општо земено, неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа има добиено многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден е во Битола на 29 мај 1927 година.
2007 Најмалку 42 лица, од кои повеќето деца, од епидемија на колера умреа за време од 24 часа во јужна Сомалија. Колерата чии симптоми се диареја и повраќање, може да доведе до смрт во рок од пет часа доколку не се лечи.
2007 Најмалку 48 лица настрадаа од студ или од последиците на обилниот дожд проследен со луњи и громови во северна Индија.
 
Денеска е Светски ден за заштита на потрошувачите
44г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убија Гај Јулиј Цезар, римски восководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означи почетокот на граѓанската војна, во која загинаа сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграби итриот Октавијан, кој воведе монархија против која се бореа заговорниците. Цезар е роден на 12 јули 100 година пред нашата ера.
1493 Славниот италијански морепловец Христофер Колумбо се врати од Мајорка, во Шпанија, од своето прво патување, кога и ја откри Америка.
1776 Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1848 Во Пешта, со востанието на граѓанските и пролетерските маси и студенти против националното и феудалното угнетување од апсолутистичка Австрија и од високото унгарско племство, избувна Унгарската буржоаско-демократска револуција.
1867 Виенскиот двор, поради постојаната криза која ја потресе Австрија од револуционерната 1848 година, се откажа од унитарната држава и од тогаш Австриското царство се претвори во Австро-Унагарија. На централно ниво останаа само војската, надворешните работи и заедничкиот сегмент на финансиите. Во се друго Австрија и Унгарија имаа самостојност, но се наоѓаа во персонална унија.
1883 Роден е рускиот револуционер Сергеј Миронович Костриков, познат како Сергеј Миронович Киров, чие убиство во Ленинград во 1934 година советскиот диктатпр Сталин го искористи како повод да почне со масовната чистка. До 1938 година Сталин успеа физички да ги ликвидира повеќето од старите револуционери, учесници и водачи во Октомвриската револуција.
1898 Умре англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронајде постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која ја подигна во 1859 година во Шефилд и сега произведува челик.
1907 Во Финска во собранието првпат беа избрани жени.
1916 Претседателот на САД Вудро Вилсон, под команда на генералот Џон Першинг, во Мексико испрати 12.000 војници за да го фатат мексиканскиот револуционер Панчо Вија, но експедицијата заврши неуспешно.
1917 Револуционерите го принудија на абдицирање рускиот цар Николај Втори кој престолот му го понуди на својот брат, големиот војвода Михаил, но тој следниот ден, под притисок, се откажа од круната, со што после три века заврши владеењето на Романовата династија.
1922 Египетскиот султан ја зеде титулата крал како Фахд Први.
1937 Првата централна банка за чување крв со замрзнување заради трансфузија е основана во чикашката болница „Кук Кантри“.
1939 Германските трупи влегоа во Прага и ја окупираа Чешка, а следниот ден и Словачка, со што беше остварен планот за уништување на Чехословачка. Под закана од големи напади и уништување на Прага, претседателот Емил Хах во Берлин го потпиша актот за предавање на земјата на Третиот рајх. По влегувањето на Германците во Прага, Хитлер изјави дека „Чехословачка веќе не постои“. Франција и Велика Британија не сторија ништо за да ја спасат независноста на Чехословачка за која претходните неколку месеци и гарантираа во Минхен.
1948 Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1957 Умре српскиот политичар од еврејско потело Моша Пијаде, претседател на Собранието на ФНРЈ, сикар и новинар. Поради печатењето на весникот „Комунист“, илегалниот орган на Централниот комитет на КПЈ во 1925 година беше осуден на 20 години затвор. Во времето кое го минуваше во затвор ги преведе „Капиталот“, „Бедата на филозофијата“ и „Манифестот на комунистичката партија“ од Карл Маркс. На второто заседание на АВНОЈ кон крајот на 1943 година во Јајце беше потпретседател на Претседателството. Во Јаце на 5 ноември 1943 година ја основа Националната новинска агенција на Србија - Танјуг.
1974 Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет "Македонска повест". Роден е во селото Будинарци, беровско, на 8 мај 1914 година.
1981 Умре Рене Клер, француски филмски режисер и писател на книги за филмот. Во повеќето дела го прикажува животот на родниот Париз. Негови најпознати филмови се „Под покривите на Париз“, „14 Јули“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големите маневри“ и други. Роден е во 1898 година.
1983 Умре англиската писателка Ребека Вест, која по престојот во Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патописно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: роамните „Враќањето на војникот“, „Судија“, „Хариет Хјум“.
1990 Михаил Горбачов е избран за прв и последен претседател на Советскиот Сојуз. Како единствен кандидат за оваа функција доби 59,2 отсто од гласовите во Конгресот на депутатите.
1990 Во Ирак е обесен дописникот на британскиот весник „Обзервер“ Гарзд Фазофт заради наводно шпионски активности и покрај апелите од целиот свет испратени до режимот во Багдад да не му се одзема животот.
1993 Израелскиот претседател на владата Јицак Рабин по состанокот со претседателот на САД Бил Клинтон изрази подготвеност за компромис со Сирија на начин што во замена за мировниот договор, ќе и отстапи дел од Голанската висорамнина.
1993 ПТТ "Македонија", вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1996 Германските власти издадоа налог за апсење на иранскиот разузнавачки министер Алија Фалајхин поради вмешаност во убиството на курдски водач во Берлин, во 1992 година.
1997 Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2000 Во Скопје умре Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијта. Роден е во селото Градско, Велешко, на 1 август 1940 година.
2003 Ширум светот, од Токио и Бејрут, до Париз и Вашингтон, стотици илјади луѓе протестираа на улиците обидувајќи се да го спречат американскиот воен напад врз Ирак.
2007 Најмалку 49 индиски полицајци се убиени, а 12 ранети во нападот на комунистичките бунтовници маоисти на гарнизот Рани Бодли кој се наоѓа во џунгла, во државата Чатишгар, околу 1.500 километри југоисточно од Њу Делхи.
2007 Четворица американски војници загинаа во источниот дел на Багдад кога покрај нивното возило експлодира бомба поставена покрај патот. По овој инцидент, бројот на американските војници загинати во Ирак од почетокот на инвазијата ја надмина бројката од 3.200.
 
37.Умре римскиот цар Тиберие (Клаудиј Нерон Цезар Август) посинок на Октавијан Август, кој во текот на владеењето ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања, но ги подобри финансиите и администрацијата, посебно во провинциите. Претходно се прослави во воеите походи во Германија, Панонија и во Далмација.
1480 Во Саброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го доби неговото име, на 16 март 1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загина во борба со домородците на островот Макатан, на 27 април 1521 година.
1534 Англија ги прекина сите врски со Римокатоличката црква. 1736.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дело: операта „Служавка господарка“.
1751 Роден е американскиот државник Џемјс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година. Со Алекасандер Хамилтон и Џон Џејм ја нашпишаа „Федералистички акти“ заради придобивање поддршка за ратификација на уставот со кој наместо конфедерација, се воведува поцврстата унија на федерални држави на САД.
1787 Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го откри односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен Омов закон. Тој даде значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. "Ом" е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умре во 1854 година.
1851 Шпанија склучи конкордат со Ватикан според кој римокатоличката вера стана единствена религија во земајта.
1859 Роден е рускиот физичар и електроинженер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радиоприемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљемо Маркони.
1917 Ден после абдицирањето на рускиот цар Николај Втори, неговиот брат големиот војвода Михајло, под притисок, се одрече од круната со што после три века заврши владеењето на Романовата динасија.
1925 Во Берлин умре Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го воведе методот за преглед на крвта. Роден е во 1866 година.
1930 Умре шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, профашистички диктатор на Шпанија од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија под мотото „една земја, една вера, една монархија“, но не успеа да создаде прифатлив политички систем. Поднесе оставка под притисок на војската од која не ја доби поддршката.
1934 Во Рим е потпишан италијанско-унгарско-австрискиот „Дунавски блок“, со кој беше поддржана експанзионистичката политика на Италија кон „Малата антанта“ - Југославија, Чехословачка и Романија.
1935 Германија потполно ја отфрли клаузулата за разоружување предвидена со Версајскиот договор со кој заврши Првата светска војна.
1939 Словачка, еден ден откако германаските трупи ја окупираа Чешка, по директива на Адолф Хитлер, е прогласена за „независна држава“, со што Чехословачка беше уништена.
1940 Роден е италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи. Филмови: „Пред револуцијата“, „Партнер“, „Конформист“, „Последно танго во Париз“, „Дваесетти век“, „Месечина“, „Смешен човек“, „1900“, „Последниот кинески цар“.
1956 Во Париз умре Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио - Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добија Нобеловата награда за хемија. Родена е во Париз, на 12 септември 1897 година.
1962 Лансиаран е првиот советски сателит од серијата „Космос“. 1968.- Американските трупи во Виетнамската војна масакрираа најмалку 500 виетнамски цивили во селото Ми Лај, вклучувајќи деца и жени, меѓу кои и многу бремени жени. За ова злосторство иако целиот свет беше згрозен никој од сторителите не беше казнет.
1978 Терористичката организација „Црвени бригади“ во Рим го киднапира поранешниот италијански премиер Алдо Моро. Терористите го држеа во заложништво до мај 1978 година, кога и го убија.
1987 Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
1993 Во подметната експлозија во индискиот град Калкута загинаа 69 луѓе. 1999.- Европската комисија поднесе колективна оставка, првпат од основањето на ова извршно тело на Европската унија.
2005 Израелската армија го предаде градот Јерихон под палестинска управа.
2007 Тројца бомбаши-самоубијци со камиони наполнети со хлор во одвоени инциденти погодија цели околу градот Фалуџе, усмртувајќи најмалку осум лица, ранувајќи десттина лица и принудувајќи 350 Ирачани и повеќе американски војници да побараат медицинска помош поради изложеност на штетните материи.
 
1519.Роден е францускиот крал Анри Втори, татко на трите крала - Франсое Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на владеењето од 1547 до смртта во 1559 година, со поддршка на сопругата Катерина од Медичи, започна со ситематското прoгонување на хугенотите (француски протестанти) со што во 1562 година ја предизвика верската војна која Франција ја протресуваше цели 36 години.
1563 Со мировен договор во Амбоаза заврши верската војна во Франција со што хугенотите (француските протестанти) се здобија со ограничена слобода за религиска исповед.
1628 Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1629 Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики, кој во текот на владеењето од 1645 до 1676 годна, го задуши бунтот на кметовите и градското население.
1812 Шпанското собрание (кортес) во Каса усвои либерален устав. По враќањето на престолот во 1813 година кралот Фердинанд Седми го укина уставот и го обнови стариот поредок, но по избувнувањето на востанието во 1820 година, под притисок на востаниците го врати на сила.
1813 Роден е Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент. Ги откри Викторините водопади, езерото Њаса и многу други езера. Повеќе од 30 години престојуваше во Африка. Умре во 1873 година и како најголем британски истражувач на Африка, погребан е во Вестминистерската катедрала во Лондон.
1817 Во Братислава е роден Јосиф Милослав Хурбан, словачки писател, критичар и историчар. Најпознати негови дела се „Словачка и нејзиниот културен живот“, „Биографија на Људевит Штур“ и други. Умре во 1888 година.
1821 Роден е англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европеец кој предводејќи ја експедицијата со Џон Ханинг Спик во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Работел во британската војска во Индија, а бил и конзул во Бразил, Сирија и во Италија. Како исклучителен полиглот многу преведувал, вклучувајќи ги прекрасните преводи на арапските приказни „Илјада и една ноќ“ во 16 тома, „Миризливата градина на шеикот Нефзау“. Напишал повеќе од 50 патописни книги од различни делови на светот, повеќето егзотични. Дела: „Првите чекори во Источна Африка“...
1873 Роден е Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. Умре на 11 мај 1916 година.
1849 Роден е германскиот адмирал Алфред фон Тирпиц, кој како министер на морнарицата од 1897 до 1916 година значително придонесе за усовршување на моќната германска воена флота. Ги напиша мемоарите „Сеќавања“.
1872 Роден е рускиот балетски кореограф Сергеј Павлович Ѓагиљев, еден од најголемите во историјата на балетот, основач на прочуената група „Руски балет“, која со исклучителен успех настапуваше од 1909 до 1920 година.
1900 Роден е францускиот нуклеарен физичар и хемичар Жан Фредерик Жолио, познат како Жан Фредерик Жолио Кири, кој заедно со сопругата Ирена, ќерка на нобеловците Пјер и Марија Кири, во 1935 година ја поделија Нобеловата награда за хемија. Први ги создадоа вештачките радиоактивни супстанции: никлид фосфор, азот, силициум. Од 1946 година раководеше со Комесаријатот за атомска енергија и под негово раководство во 1948 година констуиран беше првиот француски атомски реактор.
1903 Идеологот на ТМРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, Серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1906 Роден е германскиот воен злосторник Адолф Ајхман, главниот извршител на замислата на Адолф Хитлер за „конечното решавање“ на еврејското прашање во време на Втората светска војна. На судскиот процес во Израел беше утврдено дека тој во Европа раководел со злосторничката машинерија која во смрт испрати шест милиони луѓе, повеќето Евреи, за што му беше изречена смртна пресуда и во 1962 година беше обесен.
1917 Силите на Антантата во Првата светска војна спроведоа поморска блокада на Грција со што го покренаа процесот на политички борби и ја доведоа во нивниот воен сојуз, поради што прогерманскиот ориентиран крал Константин Први во 1917 година абдицираше во корист на синот Александар.
1920 САД одбија да го потпишат Версајскиот договор по Првата светска војна и да му се придружат на Друштвото на народите, поради страв од вовлеквуање во војна во случај на напад врз некоја од членките на Друштвото.
1925 Во Прилеп е роден Јордан Грабулоски, македонски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Од своите дела, со својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено отворен на 2 август 1974 година. Умре во Скопје, на 26 мај 1986 година.
1930 Умре англискиот државник Артур Џејмс Балфур, премиер на Велика Британија од 1902 до 1906 година. Како државен секретар за Ирска од 1887 до 1892 година се стекна со прекарот „Крвавиот Балфур“, поради начинот на кој го задушуваше ирското движење за независност, а како шеф на дипломатијата во 1917 година го објави планот (Балфурова декларација) за создавање на нациоална држава на Евриете во Палестина. Првиот странски шеф на држава кој ја поддржа Балфуровата декларација беше кралот на Србија, Петар Први Караѓорѓевиќ.
1933 Роден е американскиот писател Филип Рот. Дела: романите „Гради“, „Наша банда“, „Голем американски роман“, „Професор за желби“, „Кога беше добра“, „Ослободениот Цукерман“, збирката раскази „Збогум Колумбус“, есејот „Читајќи се себе и другите“.
1943 Во Тетово е формиран Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија.
1945 Владата на Велика Британија ја призна владата на Демократска Федеративна Република Југославија на чело со Тито.
1950 Умре американскиот писател Едгар Рајс Бароуз, познат по серијата пупуларни романи за Тарзан.
1970 Прв пат од создавањето на Западна и Источна Германија, во Ерфурт се сретнаа шефовите на влади на двете земји, Вили Брант и Вили Штоф.
1971 Најмалку 160 луѓе загинаа при ненадејното лизгање на земјата северно од бразилскиот град Сао Паоло.
1976 Во Загреб умре Иво Тијардовиќ, хрватски компиозитор, диригент и сценограф, еден од најистакнатите во поранешна Југославија. Роден е во Сплит, на 18 септември 1895 година.
1977 Во претседателската резиденција во Бразавил (поранешниот Француски Конго) беше убиен претседателот на Конго Маријен Нгуаби, за што обвинет и потоа погубен беше поранештниот шеф на државата Алфонс Масамба Деба. Власта ја презеде воената хунта, а за претседател во април 1977 година беше прогласен полковникот Јоаким Јомби Опанго.
1978 Во настојувањата да ги спречи упадите на арапските терористи, израелската армија окупира поголем дел на југот од Либан.
1982 Во Скопје умре Адем Гајтани, писател и преведувач од албанска националност во Македонија. Автор е на книгите „Светлина на срцето“, „Морска ѕвезда“, „Лебедова песна“ и други. Роден е во селото Подуево, Косово, на 21 јули 1939 година.
1994 Во експлозија на бомба подметната во подземната железница во главниот град на Азербејџан, Баку, загинаа 12 луѓе.
1994 Трупите на владата на Пном Пен го зазедоа градот Паилин на осток во Камбоџа, главното упориште на маоистичкото герилско движење „Црвени кмери“.
1996 Во главниот град на Филипините, Манила, во пожар во една дискотека загинаа најмалку 150 луѓе.
1997 Умре американскиот сликар од холандско потеко Вилем де Кунинг, втемелувач на апстрактниот експресионизам.
1999 Во експлозија на бомба која ја активираа исламски чеченски терористи на пазар во јужниот руски град Владикавказ, згинаа повеќе од 150 луѓе.
1999 По гаранцијата на саудискиот крал Фахад и јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела за чесното судење, Либија се согласи шкотското правосудство до 6 април 1999 година да ги предаде двајцата Либијци кои беа осомничени за подметнување на експлозија во американскиот патнички авион „Боинг 747“ во декември 1988 година врз Локерби во Шкотска во која загинаа 270 луѓе.
2000 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократски сојуз. За претседател е избран Павле Трајанов.
2001 Изборите за градоначалник на Париз ги доби социјалистот Бертран Деланое, со што левицата ја презеде власта во главниот град на Франција, првпат за 130 години од времето на Париската комуна.
2002 Комонвелтот одлучи на една година да го суспендира Зимбабве од членството бидејќи еден дел од челниците сметаше дека претседателските избори во оваа земја не биле слободни и демократски.
2004 Тајванскиот претседател Чен Шуи Биан беше ранет со куршум во стомакот во градот Таинан во текот на претседателската изборна кампања.
2006 Умре прочуениот американски моден креатор Олег Касини. Го облекуваше Џеки Кенеди и многу ѕвезди од Холивуд. Роден е во 1913 година во Париз, од мајка италијанска грофица и татко руски гроф и дипломат. Пораснал во Италија, каде го отвори својот прв моден салон, за потоа во 1936 година да емигрира во САД и истата година да почне да дизајнира костими за филмските студија. Ги облекуваше многу познатите ѕвезди како што се Натали Вуд, Грејс Кели, Менри Монро и Џин Тирни која во 1941 година стана и негова сопруга. Во 1960 година Касини стана официјален моден креатор на тогашната прва дама на Америка Жаклина Кенеди, која благодарејќи на неговите креации стана една од најелегантните жени во Вашингтон.
2007 Во експлозија во рудникот „Уљановскаја“ во Кемеровската област во Русија, загинаа 102 од вкупно 203 рудари кои се наоѓаа во рудникот во моментот на експлозијата. Рудникот за јаглен „Уљановскаја“ е еден од најмодерните во Кузбашкиот регион.
 
43 п.н.е.- Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветуваше на љубовта. Неговите дела се одликуваат со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хомор. Умре во 17-та година на новата ера.
1413 Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дојде во 1399 година симнувајќи го својот братучед, кој во 1400 година под мистериозни околности умре во заробеништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето ги задуши бунтовите на Велшаните и Ричардовите поддржувачи, но цената на тие војни беше големото оданочување на поданиците и исцрпувачката борба со парламентот за контрола на кралската каса. Последната година од неговото владеење го одбележа неговата тешка болест и острите фракциски борби во врвот на власта.
1727 Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25 декември 1642 година.
1815 Францускиот цар Наполеон Први триумфално се врати во Париз од прогонство на средоземниот остров Елба. По „100-те дена владеење“ во битката кај Ватерло во јуни 1815 година беше поразен од силите на антифранцуската коалиција и доживотно беше протеран на островот Света Елена во Атлантскиот Океан.
1828 Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Непријател на народот" и други. Умре во Осло, на 23 мај 1906 година.
1875 Роден е корејскиот државник Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја, кој по поделбата на Корејскиот Полуостров, како водач на Либералната партија во 1949 година стана шеф на државата. Од власта се повлече во 1960 година.
1890 Роден е италијанскиот пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите оперски тенори во 20. век. Повеќе од 40 години импресивно толкуваше 60-ина улоги, посебно во оперите на италијанските и француските композитори. Исто така, играше и во низа филмови.
1894 Умре унграскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, еден од најголемите противници на режимот на Хабзбуршката монархија. По упадот на хрватските сили предводени од банот Јосип Јелаичиќ во Унгарија во септември 1848 година, го организираше Комитетот за одбрана на татковината. Ги победи Хрватите и тргна кон Виена за да се пресмета со Хабзбурците, но унгарските реакционерни офицери го осуетија планот. Народното собрание во април 1849 година прогласи независност и ја симна монархијата, а во мај го избра за прв претседател на владата на слободна Унгарија. Републиката набрзо подлегна на надворешните воени напади. Емигрираше во август во 1849 година во Италија, а во Торино остана се до неговата смрт.
1898 Во селото Ѓувљанци, Кукушко, каде што беа откриени осум души од Кукушката чета, во тричасовна борба против турската војска загина еден четник, како и неколкумина војници. Тоа беше единствен судир со турската војска што се случи две години од појавувањето на првите агитационо-организаторски чети во Македонија.
1908 Роден е англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунингова верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Јуришот на лесната коњаница“, „Демони“.
1915 Роден е рускиот клавирист од германско потекло Свјатослав Теофилович Рихтер, најзначајниот пијанист во 20. век. Според одредени музички критичари, најголем пијанист во историјата на музиката. Оригинално ги толкуваше композициите од различни епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника со што ја воодушевуваше концертната публика ширум светот.
1929 Умре францускиот маршал Гердинанд Фош, кој во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт.
1933 Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1934 Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водеше борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден е во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година.
1945 Во Втората светска војна почнаа завршните операции за ослободување на Југославија, за што клучна улога имаше пробивот на Сремскиот фронт три недели подоцна.
1956 Франција ја призна независноста на Тунис.
1972 Во лавина на планината Фуџи во Јапонија загинаа 19 алпинисти.
1980 Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. По Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат "Поема за злото", "Пролетни желби", "Виорно време", "Седумдесет цветови" и други. Роден е во Прилеп, на 31 јануари 1916 година.
1986 Во Њујорк умре Бернард Маламуд, американски писател. Добитник е на Пулицеровата награда за романот „Поправувач“ (1971). Во 1979 година беше претседател на Американскиот ПЕН-клуб. Роден е во 1914 година.
1991 По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1991 Каледа Зија е избрана за премиер на Бангладеш.
1992 Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.
1994 Тунис го доби првото повеќепартиско собрание.
1995 Во Ирак упаднаа 35.000 турски војници во операцијата против курдските бунтовници.
1995 Во напад со нервен гас на јапонската верска секта АУМ Шинркјо во токиската подземна железница беа задушени 12 луѓе, а повеќе од 5.500 повредени.
1996 Еден од клучните ирачки генерали во Заливската војна Назар Хазраџи пребегна во Јордан.
1996 Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996 Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излезе првиот број на дневниот весник „Дневник“.
2001 Најголемата нафтена платформа во светот за само неколку минути потона спроти бразилскиот брег, пет дена по силната експлозија во која загинаа 11 луѓе.
2003 Американските и британските сили ја почнаа инвазијата на Ирак, и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го постави претседателот Џорџ Буш на Хадам Хусеин со синовите и соработниците да ја напушти земјата.
2005 САД ја усвоија стратегијата за превентивни удари против државите кои претставуваат закана.
2007 Најмалку 63 лица настрадаа во пожарот кој изби во дом за стари лица во местото Камишевачка, на Кавказ, во југозападна Русија, а беа повредени уште 30-ина.
2007 Најмалку 29 луѓе загинаа, а 30 беа повредени кога автобус се преврти и запали на автопат во Тајланд.
2007 Светската здравствена организација објави дека во супсахарска Африка во последните два месеци од менингитис умреле 1.670 лица, а уште 16.000 биле заразени со оваа болест.
 
1556.Кентерберијскиот надбискуп Томас Кренмер беше спален како еретик за време на римокатоличката реакција на кралицата Мери Прва. Како главен застапник на верската реформа во Англија воведе литургија на англискиот јазик и го состави „Општиот молитвеник“ на англиски.
1685 Во Ајзенах е роден Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката. Беше познат како виртуоз на оргули. Тој го доведе до совршенство барокот, усовршувајќи ги и продлабочувајќи ги дотогашните средства на музичкиот израз. Се смета дека неговите "Голдберг-варијации" за инструменти со калвиши и жици претставуваат ремек-дело. Умре во Лајпциг, на 28 јули 1750 година.
1804 Стапи на сила Наполеоновиот кодекс, француски кривичен и граѓански закон, со кој царот Наполеон Први, тогаш „доживотен конзул“, го реформираше правосудството.
1806 Роден е мексиканскиот државник Бенито Пабло Хуарес, по потекло од селско индијанско семејство, кој како претседател од 1858 до 1865 и од 1867 до 1872 година го донесе законот за одвојување на црквата од државата и спроведе низа мерки значајни за социјалниот и економскиот развој на земјата. Од 1858 година во тригодишната граѓанска војна ја предводеше борбата против реакционерните кругови кои ја соборија законската влада. Во текот на француската интервенција од 1861 до 1867 година ја предводеше борбата за независност на земјата, која заврши со пораз на интервенционистите и со стрелање на неговиот експонент царот Максимилијан Хабзбург.
1829 Во земјотресот, што ја зафати Шпанија, загинаа 6.000 луѓе.
1831 Австриската војска влезе во Италија за да му помогне на реакционерниот режим на италијанските државници во згаснување на народното востание.
1839 Во селото Крево, Псковско, е роден Модест Петрович Мусоргски, руски композитор, претставник на руската национална школа, застапник на реалистичкиот правец, член и најславен творец на композиторската „Група на петмина“. Поважни дела му се оперите „Борис Годунов“, „Хованшчина“, „Сорочински саем“, клавирската композиција „Слики од изложбата“ и други. Умре во Санкт Петербург, на 28 март 1881 година.
1871 Канцеларот Ото фон Бизмарк ја отвори првата седница на Рахјштагот (собранието) на новосоздаденото Германско царство.
1884 Во Франција се легализирани синдикатите.
1898 Во Блато, во Словенија, е роден Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. За време на Втората светска војна своите литературни и политички сили ги посвети на НОВ на народите на Југославија. Умре во Милфорд, во САД, на 14 ноември 1951 година.
1917 Бољшевиците откако го уапсија рускиот цар Никола Втори го принудија да абдицира. Царот, сите членови на неговото семејство и послугата, по наредба на Ленин водачот на Октомвриската револуција, беа ликвидирани, а потоа и искасапени во Екатеринбург (подоцна Свердловск) во јуни 1918 година.
1918 Со последната германска офанзива во Првата светска војна почна втората битка на Сома.
1919 Прогласена е Советската Унгарска Република, создадена без крвопролевање. Претседател на владата стана социјалистот Шандор Гарбаи, а комесар за надворешни работи водачот на комунистите Бела Кун. Владата ги национализираше индустриските и сообраќајните претпријатија, како и рудниците, банките и трговијата, воведе осумчасовно работно време и презеде дуги социјални мерки. Републиката падна на 1 август 1919 година, а главната улога во нападот ја имаа чехословачките и романските војници.
1945 Британски авиони во Втората светска војна го бомбардираа седиштето на Гестапо во Копенхаген при што загинаа повеќе од 70 германски нацисти, а по грешка погодија и француско училиште, усмртувајќи 86 деца и 10 калуѓерки.
1952 Кваме Нкрумах стана шеф на владата на Златниот Брег (подоцна Гана), како прв Африканец јужно од Сахара на функцијата претседател на влада.
1960 Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1960 Во Сао Паоло е роден Аиритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Загина за време на трката во Имола, Италија, на 1 мај 1994 година.
1963 Затворен е злогласниот затвор „Алкатраз“ во заливот Сан Франциско.
1973 На вонредното заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации во Панама, САД и ставија вето на резолуцијата со која се бараше на Панама Вашингтон да и го врати назад суверенитот врз зоната Панамски канал.
1975 Комунистичката влада на водачот на пучистите во Етиопија потполковникот Менгисто Хаиле Маријамо соопшти дека е укинато 3.000 години старото царство. Последниот негус (цар) Хаиле Селаси, иако беше симбол на борбата за слобода, беше најбрутално убиен, а на јавноста и беше соопштено дека умрел од природна смрт.
1977 Премиерот на Индија, Индира Ганди поднесе оставка.
1985 Умре англискиот театарски и филмски глумец Мајкл Редгрејв, еден од најголемите актери во британското глумиште во 20. век. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунинговата верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осамениот тркач на долги патеки“, „Јуриш на лесната коњаница“. „Демони“.
1990 Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност.
1990 Во етнички судар меѓу Романци и Унгарци во романскиот град Тирг Муреш загинаа шест лица.
1991 Падот на саудискиот транспортен авион во Кувајт не го преживеа никој од 92 сенегалски војници и шест саудиски членови на екипажот.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1997 Претседателите на Русија и САД, Борис Елцин и Бил Клинтон, на самиотот во Хелсинки дадоа согласнсот за намалување на нуклеарните арсенали на двете земји.
1998 Умре руската балерина Галина Сергеевна Уланова, водечка балерина во „Бљшој театарот“ по Втората светска војна. Дебитираше во 1928 година во „Киров театар“, веднаш покажувајќи го раскошниот талент, по што набрзо стана прва балерина на „Бољшој театарот“. Пекрасно ги толкуваше водечките рољи во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“, „Жизел“, „Пеперутка“, „Ромое и Јулија“. На крајот на играчката кариера стана балетски педагог во кореографското школо на „Бљшој театарот“.
1998 Во Скопје е одржано Основачкото собрание на политичката партија Демократска алтернатива. За претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1999 Албански терористи во напад на полициска патрола во центарот на Приштина убија четворица полицајци.
2000 Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори допатува во прва официјална посета на Израел.
2000 Тајванското собрание ја изгласа одлуката за укинување на забраната за директна трговија, сообраќај и поштенски врски со Кина, која важеше 50 години.
2002 Експлозијата пред американската амбасада во Лима, во која беа убиени девет лица, не го спречи претседателот на САД Џорџ Буш да го посети Перу.
2003 При пад на хеликоптер на ирачката граница, загинаа осум британски и четворица американски војници, кои се првите познати жртви меѓу напаѓачите на Ирак.
2004 Во судирот на непалските трупи со маоистичките бунтовници загинаа најмалку 500 бунтовници и 18 војници и полицајци.
2004 Авганистанскиот министер за цивилно воздухопловство Мирваис Садик, син на моќниот гувернер на провинцијата Херат, е убиен во напад од заседа во градот Херат, на запад во Авганистан.
2007 Најмалку 31 лице го загубија животот во одроните на земјиштето предизвикано од обилните дождови во пакистанскиот дел на Кашмир.
 
1616.Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња. Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни дела, од кои најпознати се "Хамлет", "Крал Лир", "Ромео и Јулија", "Сонот на летната ноќ", "Отело" и "Магбет". Роден е во Стратфорд на Ејвон, на 26 април 1564 година.
1801 Незадоволните дворски офицери го убија рускиот цар Павле Први Петрович Романов, кого на престолот го наследи синот Александар Први.
1842 Во Париз умре Шари Анри Бејл, познат по псевдонимот Стендал, француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Тој се здоби со големо животно искуство како офицер, чиновник, дипломат и писател за време на реставрацијата во Франција. Негово најпознато дело е романот "Црвено и црно", во кое се дава хроника и критика на француското општество за време на реставрацијата. Други негови познати дела се "Животот на Хајдн", "Историјата на сликарството на Италија", "Рим" и "Арманса". Роден е во Гренобл, на 23 јануари 1783 година.
1861 Грофот Камило Бенсо ди Квур, борец за обединување на Италија, стана првиот италијански премиер.
1862 Умре рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселроде, министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Тој беше одговорен за влегувањето на Русија во Кримската војна во 1853 година против Османлиското царство, на која потоа и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија. По поразот на Русија во 1856 година поднесе оставка.
1881 Роден е францускиот писател Роже Мартен ди Гар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1937 година. Дела: романите „Жан Бороа“, „Семејството Тибо“.
1887 Роден е францускиот сликар од шпанско потекло Хосе Викторијано Гонсалес, познат како Хуан Грис, пионер во стилот на познатиот синтетички кубизам.
1900 Роден е германскиот филозоф Ерих Фром. Дела: „Бегство од слободата“, „Човек за себе“, „Здраво друштво“, „Анатомија на човечката деструктивност“, „Мисијата на Зигмунд Фројд“, „Макрсовата концепција на човекот“, „Човеково срце“, „Ќе бидете како богови“.
1908 Родена е Џоана Крафорд, американска актерка, една од најславните актерки на Холивуд. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс" во 1945 година ја доби наградата Оскар. Престана да снима филмови во 1965 година, по што ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Умре на 10 мај 1977 година.
1910 Роден е јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Тој е единствен режисер добитник на два Оскари за најдобар странски филм. Критичарите го нарекоа „тено (цар) на јапонската кинематографија“. Филови: „Рашомон“, „Седум самураи“, „Крвав престол“, „Идиот“, „Да се живее“, „На дното“, „Додескаден“, „Кагемуша“, „Ран“, „Мададајо“.
1912 Роден е германскиот инженер Вернер фон Браун, конструктор на нацистичките ракетни проекти „Фау-1“ и „Фау-2“, со кои во Втората светска војна беше бомбардирана Велика Британија. По војната емигрираше во САД, каде раководеше со производството на ракетните проекти „Редстоун“ и „Јупитер Ц“, со кои во 1958 година беше лансиран првиот американски вселенски сателит „Експлорер-1“.
1918 Со гиганскиот германски топ „Голема Берта“ во Првата светска војна Париз беше бомбардиран од повеќе од 100 километри оддалеченост.
1919 Бенито Мусолини во Милано ја основа Фашистичката партија (Fesci di Combattimento).
1921 Роден е англискиот возач на брзи автомобили и чамци Доналд Малколм Кембел, кој во 1964 година постави светски рекрод во возење автомобил од 648,7 километри на час. Загина во 1967 година возејќи го чамецот „Сина птица“ со млазен мотор на езерото Конистон во Велика Британија, во обид уште еднаш да ја промени границата на брзината. Чамецот ја достигна брзината за нов светски рекорд на вода од 527,9 килметри на час, но Кембел загина.
1940 Во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Својата љубов кон театарската уметност почна да ја манифестира уште во училишните клупи во Струмица. Академија за театар заврши во Белград, во 1963 година. Постојан член на Македонскиот народен театар стана во 1964 година. Во децениското живеење на оваа сцена, тој оствари многу ликови. Освен на театарската сцена играше речиси и во дваесеттина македонски играни филмови („Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и во други филмови). Во ссеќавањето на широкиот телевизиски аудиториум секако ќе остане во сеќавање ликот на ГОце Делчев. Умре во Скопје, на 17 јуни 1986 година.
1945 Американските и британските трупи во Втората светска војна ја преминаа реката Рајна и продолжија со навлегување во внатрешноста на Германија.
1948 Умре рускиот филозоф Николај Александрович Берѓаев, едан од наинтересните интелектуални појави на 20 век. Стана најпознатиот руски филозоф на Запад. Дела: „Христијанството и класната борба“, „Смисла на историјата“, „Филозофија на слободата“. „Човек и машина“.
1956 Пакистан со новиот устав стана исламска република.
1961 Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994 Министерството за односи со странство на Република Македонија преку амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1994 Во Скопје е одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар меѓу фудбалската репрезентација на Република Македонија и фудбалската репрезентација на Република Словенија. Резултатот беше 2:0.
1966 Кантерберијскиот надбискуп во Рим се сретна со папата. Тоа беше прва средба по четири века на поглавар на Англиканската и Римокатоличката црква.
1980 Во Западна Германија е основано политичкото „Зелено движење“, уште една потрда на светскиот феномен за поголема грижа и борба за заштита на човековата средина.
1983 Умре д-р Барни Кларк, првиот човек кој живееше 112 дена со вештачко срце.
1983 Претседателот на САД Роналд Реган го соопшти планот за изградба на нов систем на одбраната заснован на вселенска технолгоија, подоцна познат како „ѕвездена војна“. Многу подоцна се согледа дека целата оваа приказна беше елемент на психолошка војна без никакви реални основи.
1994 Претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија на Мексико Луис Доналдо Колосио, беше убиен на предизборен митинг во Тихуана. Една година подоцна, под обвинение дека е вмешан во атентатот, беше уапсен Раул Салинас, брат на мексиканскиот претседател Карлос Салинас.
1994 Во Сибир се урна руски патнички авион „Ербас А-310“ кој леташе за Хонконг. Несреќата не ја преживеа никој од 75 патници и членови на екипажот.
1995 За прв претседател на Генералниот директорат на Светската трговска организација беше избран Италијанецот Ренато Руѓеро.
1996 Во Скопје, САД официјално го промовираа првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
1996 Ли Тенг Хуи ја презеде должноста претседател на Тајван, како прв демократски избран лидер на овој кинсески остров.
1998 Рускиот претседател Борис Елцин го смени претседателот на владата Виктор Черномирдин.
1999 Рускиот премиер Евгениј Примаков ја суспендира посетата на САД заради заканата од воени удари на НАТО врз Југославија, наредувајќи му на екипжот на авионот, над Атлантскиот океан летајќи кон Вашингтон, да се врати во Москва.
1999 Во главнот град на Парагвај беше убиен потпретседателот на земјата Луис Марија Арган.
2001 Во Скопје, во издание на „НИК ПРЕС“ ДОО, е промовиран првиот број на неделниот магазин „Актуел.“.
2001 Остатоците од руската вселенска станица „Мир“ паднаа во Тихиот Океан, со што по 15 години заврши мисијата на оваа вселенска лабораторија.
2004 Швеѓанецот од српско потекло Михаило Мијаиловиќ, убиец на шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд, беше осуден на доживотен затвор.
2007 Во борбите меѓу војската и припадниците на Тамилските тигри, на северозапад во Шри Ланка, загинаа најмалку 23 лица.
2007 Официјални претставници на Мадгаскар соопштија дека најмалку 69 луѓе загинаа, а повеќе од десет илјади останаа без покрив над главата, по циклонот кој претходните дена беснееше во Мадагаскар. Во луњата беа срушени 3.619 куќи, повеќе владини установи, училишта и мостови.
2007 Иранските власти заробија 15 британски маринци, под обвинение дека се наоѓале во иранските територијални води. Британската морнарица објави дека војниците се наоѓале три километри длабоко во ирачките води во канлаот Шат-ел-Араб.
 
Светски ден на борба против туберкулозата
1603 Во Лондон умре англиската кралица Елизабета, а на престолот дојде шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создадоа персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеа голем напредок во целокупниот развој. Родена е во 1533 година.
1783 Шпанија ја призна независноста на САД.
1882 Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1845 Во селото Лешок, Тетовско, умре Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започна во манастирската школа во црквата Света Пречиста Кичевска, а го продолжи во манастирот Света Гора. Од Света Гора се врати во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почна да пишува. Подоцна се премести во манастирот Лешок и таму остана до крајот на жвотот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишуваше и печатеше дела на народен македонски јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден е во селото Тераце, Тетовско, околу 1771 година.
1894 Во Солзбери (денес Хараре), во Зимбабве, умре Верни Ловет Камерон, англиски истражувач, кој прв ја помина Африка од исток до запад и ја откри Лукуга, голема река што истекува од езерото Тангањика. Го напиша значајното дело „Низ Африка“, а заедно со другиот англиски истражувач Ричард Франсис Бартон делото „Кон златниот брег на злато“. Роден е во 1844 година.
1905 Во Амиен умре Жил Верн, француски писател. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината" и "Патување во центарот на Земјата". Роден е во Париз, на 8 февруари 1828 година.
1949 Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2 јуни 1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија "Танец".
1972 Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1990 Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993 Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1994 Во Чикаго, САД, умре Збигњев Голомб, истакнат полски лингвист, македонист и балканист, член на Македонската академија на науките и уметностите и на Полската академија на уметностите. Роден е во Нов Тарг, Полска, во 1923 година.
1997 Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1997 Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година - "Спасител '97".
1999 Почна бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата Хавиер Солана. Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.
 
Денеска е Светски ден на бабите, празник воспоставен во 1987 година во Франција.
1472 Роден е италијанскиот сликар Бартоломео ди Паголо де Фаторино, познат како Фра Бартоломео, еден од последните фиорентински ренесансни мајстори. Тој најмногу сликаше религиозни теми. Привремено го напушти сликарството и во 1500 година отиде во доминикански манастир, но четири години подоцна Рафаел го убеди да продолжи да слика.
1749 Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас, француски астроном, физичар и математичар. Работеше на подрачјето на небесната механика, се занимаваше со теоријата на електрицитетот, со кампиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапластова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапластови дела се вбројуваат "Небесна механика", "Преглед на историјата на астрономијата". Умре во Париз, на 5 март 1827 година.
1776 Во Москва е основан Болшој театарот - големиот театар на операта и балетот, по угледот на Санкт Петербург, во кој од 40 години на 18 век се изведувани оперски претстави.
1800 Ирскиот Парламент усвои закон за обединување на Ирска со Англија.
1854 Велика Британија, ден после Франција, и објави војна на Русија и застана на страната на Отоманското царство во Кримската војна која почна кон крајот на 1853 година.
1862 Роден е францускиот државник Аристид Бријан. Тој 11 пати беше премиер. Во 1926 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во Првата светска војна се залагаше за формирање на Солунски фронт, а после војната за создавање на „Соединети Држави на Европа“ и Друштво на народите.
1868 Во Нижни Новгород е роден Алексеј Максимович Пешков - Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите "На дното", "Малограѓани", автобиографските дела "Детството", "Меѓу луѓето", како и романите "Животот на Клим Самгин", "Мајка" и други. Умре во местото Горки, кај Москва, на 18 јуни 1936 година.
1881 Умре рускиот композитор Модест Петрович Мусоргски, член на композиторската група „Голема петорка“, претставник на руската национална музичка школа. Дела: оперите „Борис Годунов“, „Сороцински саем“, цисклус соло песни „Детска соба“, клавирска композиција „Слики за изложба“, оркестарска композиција „Ноќ на голиот брод“.
1891 Роден е унгарскиот писател Лајош Зилахи. Живееше во емиграција после 1948 година, најмногу во САД. Негови најпознати дела се „Смртна пролет“, „Арарат“, „Водата нешто носи“, „Сонцето сјае“, „Сибир“, „Генерал“, „Разбеснети ангели“, „Пурпурен век“ и „Заробеници“. Умре во 1974 година во Сремска Каменица кај Нови Сад.
1930 Најголемите турски градови Константинопол и Ангора се преименувани во Истанбул и Анкара.
1939 Франкистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна.
1939 Адолф Хитлер го поништи Пактот за ненапаѓање, кој Германија во 1934 година го склучи со Полска. Во сепемтевмри истата година Германија ја нападна Полска, со што започна Втората светска војна.
1941 Згрозена од војната, англиската писателка Вирџинија ВУлф се самоуби. Дела: романи: „Излет на светилник“, „Госпоѓа Деловеј“, „Години“, „Бранови“, „Орландо“, есеите „Сопствена соба“, „Обичен читател“ и други.
1941 Италијанската морнарица претрпи голем пораз од британската морнарица кај `ртот Матапан, во Втората светска војна. Беа потопени повеќе италијански крстосувачи, а воениот брод „Виторио Венето“ беше тешко оштетен. По оваа битка, италијанската флота не излегуваше на површина дури ни кога имаше исклучително поволни услови за успех.
1941 Италијанскиот диктатор Бенито Мусолини го извести Адолф Хитлер дека неговите сили се спремни да учествуваат во нападот на Југославија, по што почнаа забрзани подготовки за агресија која Германците ја почнаа на 6 април 1941 година со бомбардирањето на Белград.
1942 Во поморската база Сен Назар во Франција, скривалиште на германските воени бродови и подморници со кои ги напаѓаа сојузничките конвои на Атлантикот, беше изведена една од најуспешните сојузнички диверзантски акции во Втората светска војна. По овој напад, пристаништето во Сен Назар остана неупотребливо за воени цели до крајот на војната.
1943 Во Беверли Хилс, во Калифорнија, САД, умре Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент. Најпознати му се делата што ги компонираше под влијание на Франц Лист и Фредерик Шопен. Роден е во Онег, Новогордоска губернија, на 1 април 1873 година.
1945 Девет дена по Велика Британија и еден ден пред Советскиот Сојуз, САД ја признаа владата на Демократска Федеративна Југославија.
1969 Умре американскиот генерал и државник Двајт Дејвид Ајзенхауер, врховен командант на сојузничките сили во Втората светска војна во Европа, претседател на САД од 1953 до 1961 година. Командант на НАТО беше од 1950 до 1952 година, кога поднесе опставка поради претседателските избори, кои ги доби како кандидат на Републиканската партија.
1970 Во земјотрес кој го разори турскиот град Гедиз во западна Анадолија загинаа најмалку 1.100 луѓе.
1973 Американскиот глумец Марлон Брандо одби да го прими Оскарот за главната улога во филмот „Кум“, испраќајќи ја на церемонијата на доделувањето на наградата индијанската глумица Сацин Лифлфедер - Сачин „Мало перо“ - за да го опише патењето на американските Индијанци.
1979 Во нуклеарен инцидент во САД, во електричната централа „Островот три милји“ кај Херисбург во Пенсилванија, после делумно топење на еден реактор, радиоактивен гас истече во атмосферата и жителите на Херисбург се евакуирани.
1885 Умре рускиот сликар Марк Шагал, исклучителен колорист и цртач, еден од најоригиналните сликари во 20. век. Дела: „Мртви души“, „Илјада и една ноќ“ . Исто така ги има сликано париската Опера, синагога во Ерусалим, зградата на ОН и др.
1991 Десетици илјади московјани, наспроти забраната за јавно собирање, демонстрираа на улиците во знак на поддршка на Борис Елцин, најголемиот ривал на советскиот претседател Михаил Горбачов.
1994 Умер францускиот писател од романско потекло Ежен Јонеско, член на Француската академија. Дела: „Ќелавата пејачка“, „Жак или покорност“, „Лекција“, „Столици“, „Жртви на должноста“, „Макбет“, „Нов станар“, „Носорог“, „Убиец без плата“, „Кралот умира“, „Летечки пешак“, „Ноќница“, „Жед и глад“, „Куга“, „Човек со куфери“, „Црно и бело“.
1994 Русија потпиша Договор со Казахстан за користење на космодромот во Бајконур.
1996 Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.
1996 Република Македонија и Република Никарагва воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2002 Умре американскиот филмски сценарист, продуцент и режисер од австриско потекло Били Вајдер, првиот филмаџија кој во една година доби три Оскали. Беше наградуван и на фестивалите во Кан и во Венција и освоил шест Оскари. Филмови: „Пропаднат излет“, „Булевар на самракот“, „Сабрина“, „Духот на Сент Луис“, „Некои тоа го сакаат жешко“, „Еден, два, три“, „Слатка Ирма“, „Приватниот живот на Шерлок Холмс“.
2004 Умре британскиот глумец, режисер и писател од руско-француско потекло Питер Александер Јустинов, амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и УНЕСКО. Филови: "Quo vadis"; „Спартак“ (Оскар), „Топкапи“ (Оскар), „Виолетово такси“.
2005 Во земјотрес со интензитет од 8,7 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди северниот дел на Суматра, загинаа околу 1.000 луѓе.
2006 Почина полскиот писател Станислав Лем, најпознат полски автор на научна фантастика. Најпознати негови дела се „Соларис“, „Непобедлив“ и „Човекот од Марс“. Освен научна фантастика, тој пишуваше бајки, песни, есеи и филозофски расправи. Делата на Лем се преведени на многу јазици. Во светот се продадени повеќе од осум милиони негови книги. Роден е во 1921 година во Лемберг, кој денеска се наоѓа во Украина.
 
1492.Кралот Фернандо Петти Католички им даде на Евреите рок од три месеци да поминат во римокатоличка вера или да ја напуштат Шпанија.
1547 Умре францускиот крал Франсоа Први, кој со Болоњскиот конкордат во 1516 година обезбеди превласт на круната над римокатоличката црква во Франција. Од доаѓањето на престолот во 1515 година, тој се обиде да стане римско-германски цар, што во 1519 година му успеа на неговиот ривал Карло Петти, против кого потоа водеше четири војни. Беше заробен во битката кај Павија во 1525 година, но успеа да се спаси и во 1536 година воспостави сојуз со Отоманското царство против Хабзбурговците. Заслужен е за развој на француската уметност и наука.
1596 Во Хаг е роден Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговото учење претставува основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката. Напиша повеќе дела од кои најпознати се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“, „Медитации“, „Расправа за страстите на душата“ и „Правила за раководење со умот“. Како физичар се истакна со трудовите од механиката и од оптиката, а неговото дело "Геометрија" отвори нова ера во математиката. Умре во Стокхолм, на 11 февруари 1650 година.
1631 Умре англискиот писател Џон Дон. Тој е верјатно еден од најголемите пистели кој на ангилски јазик напишал љубовни песни. Дела: елегии, сатири, епиграми, религиозни песни.
1727 Умре англискиот физичар, математичар, механичар и астроном Сер Исак Њутн, универзитетски професор во Кембриџ. Во негова чест со знакон N се обележува сила.
1732 Роден е Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор, кој го откри дотогаш неистраженото поле на народната музика, инспирирајќи се од германскиот, австрискиот, унгарскиот, францускиот и рускиот фолклор. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Умре во Виена, на 31 мај 1809 година.
1809 Во Сорочинци, Полтава, е роден Николај Василевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар. Негови најпознати дела се "Миргород", "Тарас Буљба", "Мртви души" и "Ревизор". Умре во Москва, на 4 март 1852 година.
1823 Во Москва е роден Александар Николаевич Островски, руски драмски писател, автор на педесеттина драмски дела што ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Меѓу најпознатите негови дела се „Бура“, „Мома без мираз“, „Шума“, „Свои сме, ќе се разбереме“, „Волци и овци“ и други дела. Умре во Шчеликово, на 2 јуни 1886 година.
1837 Умре англискиот сликар Џон Канстебл, еден од творците на модерниот пејзаж во европското сликарство. Неговите платна се одликуваат со едноставни мотиви, слободни потези и прозрачност на афмосферата, со што значително влијаеше на француските импресионисти.
1854 Јапонија и САД го потпиша првиот Договор за отворање на пристаништето Шимод и Хакодате за американските трговци, со што заврши изолацијата на таа земја.
1855 Умре англиската писателка со ирско потекло Шарлота Бронте, која се прослави веќе со првиот роман „Џејн Ејр“. Со помладите сестри Емили и Ана напиша збирка песни. Нејзини познати дела се и „Вилета“ и „Професорот и Ема“.
1875 Во Врање е роден Борисав - Бора Станковиќ, еден од најголемите српски прозаисти, романописец и драмски писател. Најпознати негови дела се романот „Нечиста крв“, драмите „Ташина“ и „Коштана“ и расказите „Стари денови“. Умре во Белград, на 22 октомври 1927 година.
1889 Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри. Кулата изградена по повод Светската изложба ја конструира францускиот инжинер Александар Густав Ајфел.
1917 САД и Данска ги презедоа Западноиндиските острови во Карипското Море, источно од Порторико и ги нарекоа Девствени остови, кои по отворањето на Панамскиот канал во 1914 година, станаа стратешки важни. Договорот за купување на овие острови за 25 милиони долари е склучен во август 1916 година. Под Велика Британија беа шест поголеми и 25 мали острови во архипелагот, а под Данска три поголеми и 50 помали.
1945 Президиумот на АСНОМ донесе Повелба за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија.
1948 На планината Грамос, во месноста Клепчево, како политички комесар на баталјон на ДАГ, во борба против грчката владина војска, загина Михаил Апостолов - Гранати, голем македонски револуционер и борец за слобода на Македонија, активист и организатор на НОФ за Егејска Македонија. Роден е во селото Крчишта, Костурско, на 25 ноември 1923 година.
1948 Американскиот конгрес во усвои Маршаловиот план за четиригодишна помош на европските земји по Втората светска војна, наречен според творецот на планот, државниот секретар генералот Џорџ Маршал. Владата на САД во рамките на овој план на западноевропските земји им додели 15 милијарди долари.
1948 Умре чешкиот писател и новинар од еврејско потекло Егон Ервин Киш, татко на модерното новинарство. Беше мајстор за репортажи, познат по прекарот „Летечки репортер“, а така гласаше и насловот на една негова книга. Дела: „Цареви, попови, бољшевици“, „Откритија во Мексико“, „Тајна Кина“, „Летечки репортер“.
1949 Њуфаундленд и се приклучи на Канада како десетта провинција.
1980 Умре американскиот атлетичар со африканско потекло Џеси Овенс, еден од најголемите спортисти на 20 век, кој освои четири златни медали на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Со победите на 100 и 200 метри, со штафетата 4х100 метри и со скокот во далечина го избезуми нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој не можеше да ги поднесе таквите успеси на еден Црнец над припадниците на „повисоката раса“ и ја напушти почесната ложа за да избегне да се поздрави со него.
1986 Мексиканскиот авион „Боинг 727“, кој леташе на линија Сиудад Мексико - Лос Анџелес, се урна во планините во централно Мексико и несреќата не ја преживеа никој од 166 патници во леталото.
1987 Во Скопје умре прота Антим Поповски. Во НОВ на Македонија како свештеник извршуваше многу одговорни задачи, а во септември 1943 година стана и член на поширокиот состав на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во 1943 година беше избран за прв архиерејски намесник на слободната територија, а директно учествуваше и во донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква. Роден е во селото Слатино, Охридско, во 1900 година.
1991 Првите повеќепартиски избори во Албинија ги добија комунистите, но опозицијата победи во Тирана и во останатите поголеми градови.
1994 Израел и Палестинската ослободителна организација потпишаа Договор за меѓународни набљудувачи во градот Хеброн на Западниот Брег, со што Израел прв пат се согласи на меѓународно присуство во окупираните територии откако ги зазеде во војната во 1967 година.
2001 Во Холандија се венчаа четири двојки хомосексуалци на основа на новиот холандски закон со кој тоа е дозволено.
2005 Принцот Алберт од Монако, како регент, ја презеде должноста на својот тешко заболен татко, принцот Рение Трети.
2006 Најмалку 70 лица загинаа, а речиси 1.200 беа повредени во три силни земјотреси што го погодија западниот дел на Иран.
2008 Умре американскиот филмски режисер Жил Дасен. Создаваше филмови со криминалистички жанр. Во почетокот на 20-ите години од 20. век, во време на макартистичката антикомунистичка кампања, беше обвинет за антиамериканско дејствување, со што му беше оневозможено да работи во САД поради што се пресели во Европа и снимаше во Франција и Грција. Филмови: „Наци агент“, „Брутална сила“, „Голиот град“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умре“, „Закон“, „Никогаш во недела“, „Федра“, „Топкапи“.
 
1572.Холанѓаните почнаа војна за независност од Шпанија.
1697 Роден е францускиот писател Опат Прево, познат по романот „Мано Леско“, според кој Жил Масне и Ѓакомо Пучини напишаа опери.
1791 Убиен е францускиот политичар и писател Оноре Габриел Виктор Рикети Миработ. Дела: „Есеј за депостизмот“, „За пруската монархија под Фридрих Велики“.
1809 Роден е рускиот писател Николај Васиљевич Гогољ, татко на руската реалистична проза. Дела: „Миргород“, „Петроградски приказни“, „Арабеска“, „Мртви души“, „Ревизор“, „Женидба“.
1815 Роден е германскиот државник Ото фон Бизмарк, наречен „железен канцелар“, кој ја обедини германската држава.
1868 Во Марсеј е роден Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател. Создаде дела со голема виртуозност и раскошен дух. Негово главно дело е комедијата во пет чина "Сирано де Бержерак". Други негови познати дела се "Романтични души" и "Далечната принцеза". Умре во Париз, на 2 декември 1918 година.
1873 Роден е рускиот композитор, диригент и пијанист Сергеј Васиљевич Рахмањинов, чии дела се синтеза на европскиот дух и руската народна чувствителност. Компонираше опери, симфониски композиции и други дела, но најоригилано се изразуваше во клавирските композиции, како што е „Рапсодија на Паганиниеватата тема“ за клавир и оркестар и четири клавирски концерти, и во соло песните. Од Русија емигрираше во 1918 година и до смртта во 1943 година живееше во САД.
1918 Во Велика Британија е формирано Кралското воздухопловство.
1920 Роден е јапонскиот глумец Тоширо Мифуне, кој со светската слава се стекна играјќи улоги на самурај, особено во филмовите на режисерот Акира Куросава. Филмови: „Рашомон“, „Седум самураи“, „Легенда за Мусашију“, „Крвавиот престол“, „Скриена тврдина“, „Побуна“, „Адмирал Јамамото“, „Црвено сонце“, „Битка за Мидвеј“, „Шогун“.
1920 Во Крушево е роден Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија. Умре во Скопје, на 28 септември 1960 година.
1924 Адолф Хитлер поради велепредавство е осуден на пет години затвор после неуспешниот преврат во 1923 година, но е ослободен во декември 1924 година.
1933 Нацистите почнаа прогон на Евреите во Германија со блокирање на сметките во банките и со наредба за бојкот на нивната работа.
1939 Генерал Франциско Франко објави дека граѓанската војна во Шпанија е завршена и оти САД ја признаа неговата влада. Во војната загинаа повеќе од милион луѓе, а Франко потоа диктаторски владееше 36 години.
1945 Американските трупи во Втората светска војна почнаа напад на јапонскиот остров Окинава, кој го бранеа 140.000 Јапонци. Во нападот учествуваа повеќе од 450.000 Американци, 1.321 воен брод и 1.721 авион. Во борбите загинаа 110.000 Јапонци и 12.000 Американци, сојузниците изгубија 36 бродови и 763 авиони, Јапонците - 16 бродови и 7.830 авиони. Окинава е заземена после три месеци отпор.
1951 Формиран е Архивот на Македонија - Ден на архивистите на Македонија.
1952 Умре унгарскиот писател Ференц Молнар, творец на публицистичкиот стил во унгарската литература, кој со романот „Јунаците од Павловата улица“ го создаде класичното дело во младинската литература. Други негови познати дела се „Волк“, „Гардист“, „Лебед“, „Олимпија“ и „Игра во дворецот“.
1968 Умре рускиот физичар Лав Давидович Ланда, еден од најголемите физичари во 20. век, татко на советската школа за теориска физика. Беше добитник на Нобеловата награда за физика во 1962 година. Со рускиот физичар Иљо Лифшиц го напишаа капиталното дело „Курс за теориска физика“. Останати дела: „Електропроводливост на металите“, „Квантна механика“, „Статистичка физика“.
1976 Умре германскиот сликар и вајар Макс Ернст, основач на дадаистичкото движење и еден од најзначаните надреалисти. Тој ја откри техниката „фротаж“, сродна на аутоматизмот во надреалистичката поезија, ја воведе колаж-фотографијата, а во скулптурите често ги соединуваше антропоморфните и анималните елементи. Пишуваше памфлети и манифести, а се занимаваше и со сценографија.
1995 Четири месеци по влегувањето во Чеченија, руските трупи од сите поголеми места ги истераа чеченските исламски сепаратисти.
1996 Во Јапонија е создадена најголемата светска банка со завршувањето на обединувањето на „Мицубиши банката“ и „Банката на Токио“.
1999 Во првата измена на внатрешните граници во Канада за 50 години, во северниот дел на земјата е создадена нова пространа провинција наречена Нунавут.
2001 Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ е уапсен во Белград.
2002 Холандија стана прва земја во која е легализирана еутаназијата - убиство од милосрдие.
2004 Стапи во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација по ратификувањето од страна на сите земји-членки на Европската унија.
 
1367.- Роден е англискиот крал Хенри Болингброк, познат како Хенри Четврти, основач на Ланкастерската династија. На престолот дојде во 1399 година, исфрлајќи го Ричард Втори, кој во 1400 година под мистериозни околности умре во заложништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето до смртта во 1413 година, Хенри Четврти ги задуши силните бунтови на Велшаните и приврзаниците на Ричард Втори.

1512.- Турскиот султан Бајазит Втори абдицира во корист на синот Селим Први.

1682.- Умре шпанскиот сликар Бартоломео Естебан Муриљо, кој најмногу сликаше религиозни композиции во барок стилот. Дела: „Малиот питач“, „Деца јадат диња“.

1789.- Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на Северноамериканскиот континент.

1849.- Умре полскиот писател Јулиус Словацки, творец на полскиот романтичарски театар, мајстор на јазикот и формата. Дела: збирка песни „Поезија“, поемите „Ангели“, „Во Швајцарија“, „Бењовски“, „Крал - Дух“, драмите „Кордијан“, „Фантази“, „Мазепа“, „Миндова“, „Марија Стјуарт“, „Хорштињски“, трагедиите „Баладина“, „Лила Венеда“.

1893.- Роден е англискиот театарски и филмски актер и режисер Лесли Хауард, познат по исклучиво суптилните рољи. Во Втората светска војна, во 1943 година загина како двојник на британскиот премиер Винстон Черчил, кога Германците врз Бискајскиот Залив го соборија авионот во кој беше тој, верувајќи дека премиерот е во авионот. Филмови: „Ромео и Јулија“, „Пигмалион“, „Однесено со виорот“, „Интермецо“.

1897.- Во Виена умре Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент, еден од најголемите композитори во светот. Компонираше симфонии, клавирски концерти, камерна музика, а особено се истакна со компонирање на соло песни. Роден е во Хамбург, на 7 мај 1833 година.

1922.- Новиот Централен комитет за генерален секретар на Комунистичката партија на Русија го назначи Сталин.

1924.- Роден е американскиот актер Марлон Брандо, кој кариерата ја почна во театрите на Бродвеј, но светската слава му ја донесоа филмските улоги на „младите гневни луѓе“ во 50-те години на 20 век. Награден е со Оскар за главната улога во филмот „На пристаништата на Њујорк“. Во 1973 година тој одби да го прими Оскарот за главната улога филмот „Кум“, протестирајќи против политиката на Владата на САД кон Индијанците. Играше во филмовите „Трамвајот наречен желба“, „Јулиј Цезар“, „Млади лавови“, „Едноокиот Џек“, „Бунтот на бродот Баунти“, „Грофицата од Хонгконг“, „Последното танго во Париз“, „Апокалипса сега“ и други.

1930.- Рас Тафари стана цар (негус) на Абисинија (Етиопија), под името Хаиле Селасие Први.

1930.- Роден е германскиот државник Хелмут Кол, канцелар на Западна Германија од 1982 година и канцелар на Германија после обединувањето на Западна и Источна Германија во 1990 година.

1936.- Погубен е Бруно Хауптман, киднапер и убиец на синот на американскиот пилот Чарлс Линдберг, првиот човек кој сам го прелета Атлантскиот Океан. Киднапирањето и убиството во јавноста во САД предизвикаа голема огорченост, поради што беше донесен посебен закон за киднапирање со кој за вакво злосторство беше воведена смртната казна. И денес има мислење дека Хауптман бил невин.

1945.- Едуард Бенеш ја формираше владата на Народниот фронт на Чехословачка, прва по ослободувањето на земјата од германската окупација во Втората светска војна. Кога се увери дека земјата несопирливо се лизга во комунистичкиот тоталитаризам, а без никаква можност да го спречи таквиот развој на случувањата, во 1948 година поднесе оставка и набрзо умре.

1945.- Во Скопје, со изведувањето на претставата "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.

1948.- Претседателот на САД, Хари Труман го потпиша „Маршаловиот план“, одобрувајќи финансиска помош во висина од шест милијарди долари на некои европски земји уништени во Втората светска војна.

1975.- Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов стана 12-те светски првак во шах, откако дотогашниот првак, американскиот велемајстор Боби Фишер демонстративно ги одби условите на Меѓународната шаховска организација за средба за светската титула. Фишер потоа ја напушти шаховската сцена и привремено се врати дури во 1992 година.

1982.- Аргентинските трупи се истоварија на Фокландските Острови, а претседателката на британската влада, Маргарет Тачер издаде наредба за поаѓање на англиските воени бродови кон Фокландските Острови. Судирот заврши на 14 јуни 1982 година, со предавање на аргентинските трупи во Порт Стенли.

1990.- Бугарија премина на претседателски систем на владеење и за прв претседател на Парламентот го избра Петар Младенов.

1991.- Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа Резолуција за прекин на огнот во Заливската војна, наложи распоредување на мировни сили во регионот и побара од Ирак да го уништи оружјето за масовно уништување.

1991.- Умре англискиот писател Греам Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Суштината на работите“, „Кралот на љубовта“, „Комедијанти“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Министерство за страв“, „Третиот човек“, мемоарите „Некој вид живот“, „Начини на бегства“, драми, есеи, патописи.

1995.- Најмалку 150 припадници на племето Хуту, главно жени и деца, се масакрирани во едно село во североисточниот дел на Бурунди.

1996.- Во авионска несреќа што се случи на еден рид кај Цавтат загина министерот за трговија на САД, Роналд Браун. Урнувањето на авионот „Боинг-737“, кој леташе на линија Тузла-Дубровник не го преживеа никој од 35-те членови на екипажот и патниците меѓу кои беа 12 службеници на американската Влада, 12 американски бизнисмени, функционер на Европската банка за развој, уредник на „Њујорк тајмс“, хрватски преведувач и фоторепортер.

2007.- Владините трупи убија 23 тамилски бунтовници во текот на острите борби на исток во Шри Ланка во селото Уничачаи, во источниот дистрикт Батиколо, во областа во која побунетите Тамилски тигри имаат силни упоришта.

2008.- Кипарските Грци и Турци ги отстранија барикадите и ја отворија улицата „Ледра“ во Никозија, која со децении ги одвојуваше етничките заедници и беше симбол на повеќегодишната подвоеност на Кипар. На церемонијата на отворањето на 80 метри долгата улица присуствуваа претставници на Обединетите нации во Кипар, како и лидерите на кипарските Грци и Турци. Кипар беше поделен во 1974 година, по инвазијата на турската војска на север од островот, со цел да спречи припојување на Кипар кон Грција.

2008.- Хашкиот трибунал го ослободи од обвинението за злосторство против човештвото и кршење на законите во војна Рамуш Харадинај, еден од командантите на ОВК. Судскиот совет оцени дека Харадинај не е виновен по ниедена точка на обвинението.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom