На денешен ден!

1575.Роден е Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на Болоњската школа. Умре во Болоња, на 18.08.1642 година.
1840 Роден е Огист Роден, француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Неговата најголема заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и последното третирање на скулпторската материја и на фигурата. Светлината е значаен фактор во неговата скулптура. Најпознати му се делата: "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале" и "Балзак". Умре на 17.11.1917 година.
1814 Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.
1893 Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батонџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански Никола Карев и многу други револуционери.
1944 Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
 
1969.- САД го лансираа првиот вселенски брод "Маринер-3" во правец кон Марс. Поради технички грешки мисијата претрпе неуспех.

1982.- Умре францускиот филмски режисер и глумец од руско потекло Жак Тати, сатиричар, комедиограф. Филмови (режија и глума): „Празничен ден“, „Одмор на господинот Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.

1982.- На реката Парана на бразилско-парагвајската граница почна со работа Итаипа, најголемата хидроелектрана во светот.

1898.- Умре американскиот пијанист Владимир Хоровиц, еден од најголемите мајстори на клавир во историјата. Советскиот Сојуз го напушти во 1925 година, а кога првпат се врати во 1986 година одржа триумфални концерти во Москва и во Санкт Петербург.

1990.- Во Њујорк е убиен еврејскиот рабин Меир Кахан, кој се залагаше за отфрлање на сите Арапи од Израел.

1991.- Британскиот медијски магнат од чешко потекло Јан Роберт Максвел е пронајден мртов во водите кај Канарските Острови каде беше на крстарење со јахта.

1996.- Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победи на претседателските избори дури во 40 држави на САД.

1996.- Пакистанскиот претседател ја смени премиерката Беназир Буто обвинувајќи дека нејзината влада е вмешана во корупција и непотизам и дека не е способна да управува со државата.

2003.- Европската комисија ја донесе дефинитивната одлука за влез во Европската унија, на 1 мај 2004 година, на 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

2005.- Умре британскиот писател Џон Фаус, автор на романот „Магионичар“, „Жената на францускиот поручник“, „Колекционер“, „Мушичка“, „Даниел Мартин“.

2006.- Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин е осуден на смрт со бесење за извршени злосторствата против човештвото. Садам заедно со седуммина поранешни ирачки функционери беше обвинет за убиство на 148 муслимански шиити во местото Дуџаил, по обидот за атентат врз него, во 1982 година.

2006.- Умре поранешниот турски премиер Булент Еџевит, познат како лево ориентиран националист чија политичка кариера траеше половина век. Како премиер на Турција, Еџевит ќе остане запаметен по тоа што испрати трупи во поделениот Кипар во 1974 година, како и по тоа што на својата земја и обезбеди статус на кандидат за прием во Европската унија во 1999 година.
 
1787 Во селото Тршиќ е роден Вук Стефановиќ Караџиќ, голем деец во областа на културата - лингвист, етнограф, историчар, собирач на народни умотворби и реформатор на српскиот литературен јазик. Умре во Виена, на 7.02.1864 година.
1893 Во Петроград умре Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. Значаен придонес даде и во развојот на рускиот балет. Неговиот музички придонес е мошне богат. Тој е композитор на шест симфонии, на три клавирски концерти на оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова Дама", на балетот "Лебедово езеро" и на увертирата "Ромео и Јулија", кои спаѓаат меѓу најпознатите дела на руската и на светската класика. Роден е во Камско Боткинск, на 7.05.1840 година.
1909 Во Куманово е роден Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Белград, на 21.01.1979 година.
1942 Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија "Гоце Делчев".
1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1944 Во Битола е формиран хорот "Стив Наумов", кој подоцна прерасна во КУД "Стив Наумов".
1984 Роналд Реган повторно е избран за претседател на Соединетите Американски Држави.
 
Меѓуроден ден за урбани средини.

1520 Данскиот крал Кристијан II нареди погубување на повеќе од 80 шведски свештеници. Овој чин е познат како „стокхолмско крвопролевање“. На настанот му претходеше востанието на Швеѓаните за ослободување од Данска.
1576 Според договорот склучен во Гана, сите 17 холандски провинции се обединија во борбата против Шпанија за ослободување на земјата. Бидејќи Холанѓаните повеќето се протестанти отпорот на шпанските власти имал и верски причини.
1656 Роден е англискиот астроном и геофизичар Едмунд Халеј. Беше директор на Гриничката опсерваторија и кралевски астроном. Го изработил првиот каталог на ѕвездите на јужното небо и утврдил дека кометите се воочени во 1682, 1601 и во 1551 година, односно истата комета се јавува периодично. Предвидел дека истата ќе се појави кон крајот на 1758 година, што и се случило со мало задоцнување. Во негова чест истото всленско тело е наречено Халејева комета. Прв откри дека ѕвездите се движат, исто како и Сонцето и ја направил првата метеоролошка карта. Дела: „Каталог на јужните ѕвезди“, „Астрономски преглед на кометите“, „Теорија на магнетниот компас“.
1674 Умре англискиот писател Џон Милтон, еден од најголемите поети во светската литература, исклучително образован, силна личност со висок морал и значаен мислител. Дела: „Изгубениот рај“, „L'Allegro“, „II Penseroso“, „Komus“, „Lisidas“ и други.
1793 На гилотина е погубена Жан Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која за време на Француската револуција во својот салон во Приз ги собирала пистелите и останатите уметници и политичари. Нејзиниот сопруг Жан Мари Ролан де ла Платијер во 1792 година беше министер за внатрешни работи на Франција. Беше погубена во текот на јакобинската тиранија, по што нејзиниот сопруг се самоуби.
1793 Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.
1878 Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.
1878 Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.
1890 Умре Сесар Франк, француски композитор, од белгиска националност, оргуљаш и музички педагог, генијално надарен за импровизација. Како композитор, се смета за еден од најпознатите твроци во француската музика во 19 век. Роден е на 10 декември 1822 година.
1895 Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген ги откри рентгенските зраци, кои сам ги нарече икс-зраци.
1906 Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7 август 1987 година.
1917 Како нова влада на Русија беше востановен Советот на народните комесари и тоа Ленин како претседател, Троцки како комесар за надворени работи и Сталин како комесар за народностите.
1922 Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.
1923 Во Минхен е спречен обидот за пуч на Адолф Хитлер, а водачот на нацистите беше уапсен четири дена подоцна.
1932 За претседател на САД е избран кандидатот на Демократската партија Френклин Рузвелт. Тој беше биран уште трипати за шеф на државата, што е единствен случај во американската историја и спротивно на уставот на САД. На власт остана до смртта, во 1945 година.
1942Сојузничките сили со прва поголема сојузничка комбинирана операција навлегоа во северна Африка, во Втората светска војна. Во поморскиот десант „Бакља“ под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегоа кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Борбите против германско-италијанските групи завршија на 13 мај 1943 година, со пораз на силите на Оската и француските трупи на маршалот Петен, со што заврши војната во Африка.
1944 Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.
1959 Обединетата Арапска Република (Египет, Сирија и Либија) и Судан потпишаа договор за поделба на водата на Нила по изградбата на Асуанската брана.
1960 Кандидатот на Демократската партија Џон Кенеди на 43-годишна возраст е избран за претседател на САД, најмлад шеф на државата во американската историја.
1972 Западна и Источна Германија по 23 години ја завршија студената ангатонистичка војна иницирана со договорот за добрососедство и обострано почитување на постоењето на двете суверени германски држави.
1986 Умре рускиот политичар Вјацеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година.
1988 Републиканецот Џорџ Буш е избран за претседател на САД по победата над демократот Мајкл Дукакис. Тоа беше трета една по друга победа на републиканците. Буш, кој инаку беше потпретседател, ја презеде власта по двата мандати на Роналд Реган.
1989 Афроамериканецот Даглас Вајлдер е избран за гувернер на Вирџинија, како прв црнец во историјата на САД кој станал гувернер на некоја сојузна држава. Истиот ден црнецот Дејвид Динкинс беше избран за градоначалник на Њујорк.
1990 Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати...
1991 Европската заедница (сега Европска унија) зазеде санкции против Југославија, со кои беше прекинат договорот за трговија и соработка.
1994 На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“.
1995 Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1997 Во Кина почна изградбата на хидроелектраната „Три клисури“, најголема електрична централа на планетата.
1997 Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.
1997 Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.
1998 Судот во Бангладеш на смрт осуди 15 бивши офицери, обвинети за убиство на бангладешкиот претседател шеикот Мудибур Рахман во воениот удар во август 1975 година.
2001 Горниот дом на француското собрание го изгласа законот со кој на медитеранскиот остров Корзика му е дадена ограничена автономија.
2004 Кубанските власти го „тргнаа“ американскиот долар од кубанскиот пазар, а американската валута, по курс еден спрема еден, ја заменија со „конвертибилен пезос“, порано со фиктивна сметководствена единица, а сега и формално печатење на монети во исти апоени, дури и со иста зелена боја како и доларот. „Кубанскиот долар“, наместо американскиот претседател, ги носи ликовите на Кастровите револуционери, почнувајќи од легандерниот Ернес Че Гевара.
2005 Францускиот претседател Жак Ширак прогласи вонредна состојба, со цел да се спроведе полициски час во градовите во кои избија нереди. Повод за нередите беше смртта на две момчиња од африканско потекло, кои 10 дена порано настрадале од електричен удар во трафостаница, каде се сокриле верувајќи дека за нив има распишано полициска потера.
2006 Најмалку 42 пакистански војници беа убиени и околу 40 ранети во самоубиствениот напад врз воената база во местото Даргаи, во северозападен Пакистан, каде се наоѓа главниот американски центар за обука на трупите за борба против тероризам во тој регион. Самоубиецот втрчал во базата и го активирал експлозивот во моментот додека војниците се собирале за утрински тренинг.
2006 Најмалку 60 луѓе беа убиени, а 150 повредени на истокот од Шри Ланка, во побунетото место Китиравели, кога војската со артилерија го нападна кампот за интерно раселени лица. Војската на Шри Ланка соопшти дека нападот врз позициите на бунтовниците бил извршен откако тие први отвориле оган. Во судирите во кои учествуваа Тамилските тигри во 2006 година настрадаа околу 2.000 луѓе, војници и бунтовници. Тамилските тигри се борат за својата независна држава уште од 1983 година.
 
- Меѓународен ден за урбани средини.

1519.- Шпанскиот конквистадор Фернарндо Кортес влезе во Сиудад Мексико.

1520.- Данскиот крал Кристијан II нареди погубување на повеќе од 80 шведски свештеници. Овој чин е познат како „стокхолмско крвопролевање“. На настанот му претходеше востанието на Швеѓаните за ослободување од Данска.

1576.- Според договорот склучен во Гана, сите 17 холандски провинции се обединија во борбата против Шпанија за ослободување на земјата. Бидејќи Холанѓаните повеќето се протестанти отпорот на шпанските власти имал и верски причини.

1608.- Роден е Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература и голем мислител. Од делата познати му се „Химна во утрото на Христовото раѓање“, „Изгубениот сјај“ и „Вратениот рај“. Умре во 1674 година.

1656.- Роден е англискиот астроном и геофизичар Едмунд Халеј. Беше директор на Гриничката опсерваторија и кралевски астроном. Го изработи првиот каталог на ѕвездите на јужното небо и утврди дека кометите се воочени во 1682, 1601 и во 1551 година, односно истата комета се јавува периодично. Предвиде дека истата ќе се појави кон крајот на 1758 година, што и се случи со мало задоцнување. Во негова чест истото всленско тело е наречено Халејева комета. Прв откри дека ѕвездите се движат, исто како и Сонцето и ја направи првата метеоролошка карта. Дела: „Каталог на јужните ѕвезди“, „Астрономски преглед на кометите“, „Теорија на магнетниот компас“.

1674.- Умре англискиот писател Џон Милтон, еден од најголемите поети во светската литература, исклучително образован, силна личност со висок морал и значаен мислител. Дела: „Изгубениот рај“, „L'Allegro“, „II Penseroso“, „Komus“, „Lisidas“ и други.

1793.- На гилотина е погубена Жан Мари „Манон Флипон“ Ролан, позната како Мадам Ролан, која за време на Француската револуција во својот салон во Приз ги собираше пистелите и останатите уметници и политичари. Нејзиниот сопруг Жан Мари Ролан де ла Платијер во 1792 година беше министер за внатрешни работи на Франција. Беше погубена во текот на јакобинската тиранија, по што нејзиниот сопруг се самоуби.

1793.- Парискиот музеј Лувр првпат беше отворен за публиката. Пред тоа Лувр беше кралски дворец.

1878.- Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Санкт Петербург, на 29 октомври 1940 година.

1878.- Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7 април 1953 година.

1890.- Умре Сесар Франк, француски композитор, од белгиска националност, оргуљаш и музички педагог, генијално надарен за импровизација. Како композитор, се смета за еден од најпознатите твроци во француската музика во 19 век. Роден е на 10 декември 1822 година.

1895.- Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген ги откри рентгенските зраци, кои сам ги нарече икс-зраци.

1909.- Родена е Кетрин Хенберн, американска филмска и театарска актерка. Најчесто толкуваше ликови на жени со растреперен сензибилитет. Играше во филмовите „Празник во Рим“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Појадок кај Тифани“ и во многу други. Умре во 2003 година.

1906.- Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7 август 1987 година.

1917.- Како нова влада на Русија беше востановен Советот на народните комесари. За претседател беше назначен Ленин, Троцки за комесар за надворени работи и Сталин за комесар за народностите.

1922.- Роден е јужноафриканскиот хирург Кристијан Барнард, кој во 1967 година го изврши првото пресадување на човечко срце.

1923.- Во Минхен е спречен обидот за пуч на Адолф Хитлер, а водачот на нацистите беше уапсен четири дена подоцна.

1932.- За претседател на САД е избран кандидатот на Демократската партија Френклин Рузвелт. Тој беше биран уште трипати за шеф на државата, што е единствен случај во американската историја и спротивно на уставот на САД. На власт остана до смртта, во 1945 година.

1942. Сојузничките сили со прва поголема сојузничка комбинирана операција навлегоа во северна Африка, во Втората светска војна. Во поморскиот десант „Факел“ под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегоа кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Борбите против германско-италијанските групи завршија на 13 мај 1943 година, со пораз на силите на Оската и француските трупи на маршалот Петен, со што заврши војната во Африка.

1942.- Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Северна Африка.

1944.- Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.

1959.- Обединетата Арапска Република (Египет, Сирија и Либија) и Судан потпишаа договор за поделба на водата на Нила по изградбата на Асуанската брана.

1960.- Кандидатот на Демократската партија Џон Кенеди на 43-годишна возраст е избран за претседател на САД, најмлад шеф на државата во американската историја.

1972.- Западна и Источна Германија по 23 години ја завршија студената ангатонистичка војна иницирана со договорот за добрососедство и взаемно почитување на постоењето на двете суверени германски држави.

1986.- Умре рускиот политичар Вјацеслав Михајлович Молотов, шеф на советската дипломатија од 1939 до 1949 и од 1953 до 1956 година.

1988.- Републиканецот Џорџ Буш е избран за претседател на САД по победата над демократот Мајкл Дукакис. Тоа беше трета една по друга победа на републиканците. Буш, кој инаку беше потпретседател, ја презеде власта по двата мандати на Роналд Реган.

1989.- Афроамериканецот Даглас Вајлдер е избран за гувернер на Вирџинија, како прв црнец во историјата на САД кој станал гувернер на некоја сојузна држава. Истиот ден црнецот Дејвид Динкинс беше избран за градоначалник на Њујорк.

1990.- Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под претседателство на Вулнет Старова, ја одржа последната официјална седница на стариот делегатски состав, пред претстојните повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година). Оттогаш, до конституирањето на првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија (на 8 јануари 1991 година), заседаваше уште неколкупати...

1991.- Европската заедница (сега Европска унија) воведе санкции против Југославија, со кои беше прекинат договорот за трговија и соработка.

1994.- На м-р Марија Пандевска, асистент во Институтот за ноционална историја на Македонија, и е доделена првата (првпат) награда за најдобар труд од историските науки, што ја доделува Фондацијата „Михаило и Цвета Апостолски“.

1995.- Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.

1997.- Во Кина почна изградбата на хидроелектраната „Три клисури“, најголема електрична централа на планетата.

1997.- Умре Миле Брзанов, македонски музички деец.

1997.- Умре Благој Кондарко, македонски просветен деец. Роден е во 1918 година.

1998.- Судот во Бангладеш на смрт осуди 15 бивши офицери, обвинети за убиство на бангладешкиот претседател шеикот Мудибур Рахман во воениот удар во август 1975 година.

2004.- Кубанските власти го „тргнаа“ американскиот долар од кубанскиот пазар, а американската валута, по курс еден спрема еден, ја заменија со „конвертибилен пезос“, порано со фиктивна сметководствена единица, а сега и формално печатење на монети во исти апоени, дури и со иста зелена боја како и доларот. „Кубанскиот долар“, наместо американскиот претседател, ги носи ликовите на Кастровите револуционери, почнувајќи од легандерниот Ернес Че Гевара.

2005.- Францускиот претседател Жак Ширак прогласи вонредна состојба, со цел да се спроведе полициски час во градовите во кои избија нереди. Повод за нередите беше смртта на две момчиња од африканско потекло, кои 10 дена порано настрадале од електричен удар во трафостаница, каде се сокриле верувајќи дека за нив има распишано полициска потера.

2006.- Најмалку 42 пакистански војници беа убиени и околу 40 ранети во самоубиствениот напад врз воената база во местото Даргаи, во северозападен Пакистан, каде се наоѓа главниот американски центар за обука на трупите за борба против тероризам во тој регион. Самоубиецот втрчал во базата и го активирал експлозивот во моментот додека војниците се собирале за утрински тренинг.

2006.- Најмалку 60 луѓе беа убиени, а 150 повредени на истокот од Шри Ланка, во побунетото место Китиравели, кога војската со артилерија го нападна кампот за интерно раселени лица. Војската на Шри Ланка соопшти дека нападот врз позициите на бунтовниците бил извршен откако тие први отвориле оган. Во судирите во кои учествуваа Тамилските тигри во 2006 година настрадаа околу 2.000 луѓе, војници и бунтовници. Тамилските тигри се борат за својата независна држава уште од 1983 година.

2006.- Во две големи акциии на силите за безбеност во Неапол се уапсени 32 припадници на мафијата, во рамките на напорот да се сопре бранот на насилство кој го зафати градот на југот на Италија. По овој повод е формирана специјална единица на полицијата од околу 1.000 припадници, бидејќи Неапол е трет по големина град во Италија и е седиште на огранокот на сицилијанската мафија позната како Камора.гв/нс/00:00
 
1878.Во селото Папрадиште, Велешко, роден е Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската национална мисла, политичар, дипломат, научник, историчар и филолог. Беше прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво основано во Петроград, во 1902 година. Умре во Ленинград, на 29.10.1940 година.
1878 Во Кукуш, Егејска Македонија, роден е Димитар Влахов, истакнат македонски револуционер, политичар и публицист, повеќе децении присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Умре во Белград, на 7.04.1953 година.
1906 Во Штип е роден Михаило Апостолски, македонски академик, народен херој и генерал-полковник. Работеше на организирањето на одбраната на земјата во времето на НОВ и стана командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, со кој успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Умре во Дојран, на 7.08.1987 година.
1944 Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.
1995 Француската десничарска Влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995 Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
 
1689.- Во Призрен умре Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден е во 1650 година.

1799.- Наполеон Бонапарта го отфрли Директориумот и како прв конзул стана вистински владетел во Франција.

1818.- Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се "Благородничко гнездо", "Татковци и деца", "Спроти новите дни" и други. Умре во Боуговил, на 22 август 1883 година.

1885.- Во Астрахиската стена, во Русија, е роден Велимир (вистинското име му е Виктор) Владимирович Хлебников, руски писател, еден од организаторите на руското футуристичко движење и негов најоригинален претставник. Од делата познати му се „Шаман и Венера“, „Ноќ спроти советите“, „Сегашност“, „Ладомир“ и други. Умре на 28 јуни 1922 година.

1918.- Во Берлин, по генералниот штрајк, почна револуцијата против царската власт. Истиот ден е урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегна во Холандија. Тоа беше крај на германското царство. Власта ја презеде водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд.

1918.- Во Париз умре Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот беше симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна стана претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден е во Рим, на 26 август 1880 година.

1937.- Умре бритнаскиот државник Џејмс Ремзи Мекдоналд, еден од основачите на Лабуристичката партија. Како прв лабурист, во 1924 година стана премиер на Велика Британија, а владата повторно ја предводше и од 1929 до 1935 година.

1937.- Јапонските трупи во Јапонско-кинеската војна го зазедоа Шангај.

1938.- На заповед од највисокиот врв, нацистите го почнаа прогонот на Евреите во Третиот рајх.

1940.- Умре Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Према агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и во Втората светска војна. Умре на 18 март 1869 година.

1944.- Ослободен е Велес.

1952.- Умре израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Беше директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет од 1916 до 1919, престседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1963.- Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинаа 452 рудари, а истиот ден загинаа и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио.

1970.- Во местото Коломбеј умре Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Роден е во Лил, на 22 ноември 1890 година.

1971.- Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите нации.

1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.

1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница према Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.

1991.- Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем", "Го сакате ли Брамс" и други. Роден е во Италија, на 13 октомври 1921 година.

1992.- Во прашката болница на Хомолце умре Александар Дубчек, кој беше претседател на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на „Прашката пролет“ во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.

1993.- Со топовски гранати од страна на Хрватите беше урнат Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година.

1993.- На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.

1995.- Претседателот на Русија Борис Елцин стави вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој беше изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума.

1995.- Претседателот на Палестинската ослободувачка организација Јасер Арафат првпат го посети Израел. Тој отиде во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изрази сочуство на вдовицата.

1995.- Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.

1997.- Во Венеција умре Хеленио Херера, аргентински фудбалски тренер, креатор на големите успеси на Интер од Милано во текот на 60-ите години на 20. век и „изумител“ на дефанзивната тактика во италијанскиот фудбал - катанаџо. Роден е во 1916 година.

2000.- Политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, е примена како полноправна членка.

2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“.

2002.- Израелските сили во градот Џенин во Западниот Брег го ликвидираа водачот на военото крило на терористичкиот „Исламски џихад“ Ијад Савалах.

2005.- Умре поранешниот индијски претседател Коцерил Раман Нарајанан, прв припадник на кастата „недопирливи“, најнискиот слој на индискиот кастински општествен систем, кој стаса до функцијата шеф на државата.

2005.- Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелите „Хајат“, „Радисон“ и „Џејс ин“ во Аман, главниот град на Јордан, загинаа најмалку 57, а ранети беа околу сто луѓе. Најмногу жртви имаше во хотелот „Радисон“ кога бомбашот упаднал меѓу сватовите. За овој напад во Ирак одговорноста ја презеде Ал Каида.

2005.- Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.

2006.- Во воздушниот напад на силите на НАТО врз провинцијата Кандахар, на југот од Авганистан, загинаа 28 талибански екстремисти.

2006.- Умре Маркус Волф, долгогодишен шеф на тајната служба на Министерството за државна безбедност на некогашната Источна Германија.

2006.- Војската на Шри Ланка недалеку од северниот брег на земјата во Индискиот Океан потопи 22 брода со побунетите Тамилски тигри. Војската ги обвини бунтовниците за обид за потоп на цивилен брод со 300 патници. Тамилските тигри од 1983 година се борат за автономија на исток и север од Шри Ланка, каде живее тамилска етничка група. Во судирите меѓу бунтовниците и силите на владата во Коломбо досега загинале повеќе од 60.000 луѓе, а примирјето кое беше склучено во 2002 година одамна не се почитува.
 
1689.- Во Призрен умре Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден е во 1650 година.

1799.- Наполеон Бонапарта го отфрли Директориумот и како прв конзул стана вистински владетел во Франција.

1818.- Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се "Благородничко гнездо", "Татковци и деца", "Спроти новите дни" и други. Умре во Боуговил, на 22 август 1883 година.

1885.- Во Астрахиската стена, во Русија, е роден Велимир (вистинското име му е Виктор) Владимирович Хлебников, руски писател, еден од организаторите на руското футуристичко движење и негов најоригинален претставник. Од делата познати му се „Шаман и Венера“, „Ноќ спроти советите“, „Сегашност“, „Ладомир“ и други. Умре на 28 јуни 1922 година.

1918.- Во Берлин, по генералниот штрајк, почна револуцијата против царската власт. Истиот ден е урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегна во Холандија. Тоа беше крај на германското царство. Власта ја презеде водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд.

1918.- Во Париз умре Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот беше симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна стана претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден е во Рим, на 26 август 1880 година.

1937.- Умре бритнаскиот државник Џејмс Ремзи Мекдоналд, еден од основачите на Лабуристичката партија. Како прв лабурист, во 1924 година стана премиер на Велика Британија, а владата повторно ја предводше и од 1929 до 1935 година.

1937.- Јапонските трупи во Јапонско-кинеската војна го зазедоа Шангај.

1938.- На заповед од највисокиот врв, нацистите го почнаа прогонот на Евреите во Третиот рајх.

1940.- Умре Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Према агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и во Втората светска војна. Умре на 18 март 1869 година.

1944.- Ослободен е Велес.

1952.- Умре израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Беше директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет од 1916 до 1919, престседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1963.- Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинаа 452 рудари, а истиот ден загинаа и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио.

1970.- Во местото Коломбеј умре Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Роден е во Лил, на 22 ноември 1890 година.

1971.- Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите нации.

1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.

1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница према Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.

1991.- Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем", "Го сакате ли Брамс" и други. Роден е во Италија, на 13 октомври 1921 година.

1992.- Во прашката болница на Хомолце умре Александар Дубчек, кој беше претседател на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на „Прашката пролет“ во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.

1993.- Со топовски гранати од страна на Хрватите беше урнат Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година.

1993.- На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.

1995.- Претседателот на Русија Борис Елцин стави вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој беше изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума.

1995.- Претседателот на Палестинската ослободувачка организација Јасер Арафат првпат го посети Израел. Тој отиде во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изрази сочуство на вдовицата.

1995.- Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.

1997.- Во Венеција умре Хеленио Херера, аргентински фудбалски тренер, креатор на големите успеси на Интер од Милано во текот на 60-ите години на 20. век и „изумител“ на дефанзивната тактика во италијанскиот фудбал - катанаџо. Роден е во 1916 година.

2000.- Политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, е примена како полноправна членка.

2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“.

2002.- Израелските сили во градот Џенин во Западниот Брег го ликвидираа водачот на военото крило на терористичкиот „Исламски џихад“ Ијад Савалах.

2005.- Умре поранешниот индијски претседател Коцерил Раман Нарајанан, прв припадник на кастата „недопирливи“, најнискиот слој на индискиот кастински општествен систем, кој стаса до функцијата шеф на државата.

2005.- Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелите „Хајат“, „Радисон“ и „Џејс ин“ во Аман, главниот град на Јордан, загинаа најмалку 57, а ранети беа околу сто луѓе. Најмногу жртви имаше во хотелот „Радисон“ кога бомбашот упаднал меѓу сватовите. За овој напад во Ирак одговорноста ја презеде Ал Каида.

2005.- Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.

2006.- Во воздушниот напад на силите на НАТО врз провинцијата Кандахар, на југот од Авганистан, загинаа 28 талибански екстремисти.

2006.- Умре Маркус Волф, долгогодишен шеф на тајната служба на Министерството за државна безбедност на некогашната Источна Германија.

2006.- Војската на Шри Ланка недалеку од северниот брег на земјата во Индискиот Океан потопи 22 брода со побунетите Тамилски тигри. Војската ги обвини бунтовниците за обид за потоп на цивилен брод со 300 патници. Тамилските тигри од 1983 година се борат за автономија на исток и север од Шри Ланка, каде живее тамилска етничка група. Во судирите меѓу бунтовниците и силите на владата во Коломбо досега загинале повеќе од 60.000 луѓе, а примирјето кое беше склучено во 2002 година одамна не се почитува.
 
1483 Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18.02.1546 година.
1931 Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери "Пајажина", "Малиот принц" и "Аретеј". Умре во Загреб, на 12.09.1996 година.
1938 Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година.
1968 Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се "Растрел", "Багалци", "Блокада", "Луѓе и птици" и "Солунските атентатори". Автор е на сценаријата на филмовите "Солунските атентатори", "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо" и "Републиката во пламен". Роден е во Скопје, на 25.12.1920 година.
1991 Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем" и "Го сакате ли Брамс". Роден е во Италија, на 13. 10.1921 година.
1994 Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.
- Деска е Светски младински ден.
 
1943 Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон "Мирче Ацев", Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", "Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.
1944 Ослободено е Куманово.
1963 Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".
1973 На 101 километар на патот Каиро-Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во "октомвриската војна", на Блискиот Исток.
1990 Во Атина умре Јанис Рицос, поет на грчката левица. Освен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата (1985) има добиено уште 23 други меѓународни признанија. Има издадено 117 книги поезија, преведени на 21 јазик. Поради неговите изразито левичарски убедувања повеќепати е апсен. Роден е во Монамвасија, на Пелопонез, на 1.05.1909 година.
1990 Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
1995 Во Брисел, шеснаесетте земји членки на Алијансата му дадоа "зелено светло" на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата "Партнерство за мир".
 
1812.Околу 25.000 војници на разбиената армија на францускиот цар Наполен I, која се повлекуваше од Москва, од руските топовски истрели и јуриши на козаците загинаа на замрзнатата река Березин. По дебаклот на реката, Наполеон побегна со мала придружба во Париз со ветување дека ќе подигне нова армија од 300.000 луѓе, но поразот во Русија беше почеток на крајот на неговата империја.
1833 Во Санкт Петербург е роден Александар Порфириевич Бородин, руски композитор, припадник на руската музичка „Група на петмина“. Под влијание на рускиот музички фолклор компонира симфонии, гудачки кватети и опери. Неговата најпозната опера е „Кнез Игор“, на која работеше 20 години, а ја довршија Римски - Корсаков и Глазунов. Умре во Санкт Петербург, на 28 февруари 1887 година.
1840 Роден е францускиот вајар Огист Роден, еден од најголемите уметници на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Скулптури: „Мислител“, „Бакнеж“, „Балзак“, „Граѓани на Кале“, „Вратата не пеколот“, „Вечен идол“, „Пролет“, „Човек со скршен нос“, бисти, актови.
1866 Роден е Сун Јат Сен, кинески револуционер и државник. Во 1905 година ја основа Кинеската револуционерна лига, а во 1912 година ја основа партијата Куоминтанг. Во 1917 година е избран за претседател на Јужна Кина. По победата на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, работеше на обединувањето на земјата и ја објави револуционерната програма на Коуминтанг, во која ја вклучи и Комунистичката партија на Кина. Умре во Пекинг, на 12 март 1925 година.
1912 Шпанскиот претседател на влада Хозе Каналехас беше убиен од анархистот Мануел Пардинас, кој потоа изврши самоубиство.
1912 Спасувачка екипа ги пронајде посмртните останки на англискиот поларен истражувач и капетан Роберт Скот, како и на неговите придружници. Се претпоставува дека Скот и неговите членови на експедицијата умреле во март 1912 година, при враќањето од Јужниот Пол.
1918 Прогласена е првата австриска република, ден по капитулацијата на Германија во Првата светска војна и абдицирањето на царот Карл I, кој беше последен владетел од Хабзбурговата куќа.
1919 Рос и Кејт Смит, англиски пилоти, први полетаа од Лондон за Австралија. Слетаа во австралискиот град Дарвин на 13 декември 1919 година.
1927 Лав Троцки, по обвинението дека се бори за власт по смртта на Ленин, беше исклучен од владејачката болшевичка партија, а Сталин стана неприкосновен лидер на Советските држави. Лав Троцки од земјата беше протеран во 1929, а во 1940 година беше убиен во Мексико.
1929 Во Филаделфија, САД, е родена Грејс Патриција Кели, американска филмска актерка, толкувач на драмски ликови и позната по учеството во филмовите на Алфред Хичкок. Главни филмови: „Точно напладне“, „Провинцијалка“, „Повикај М за убиство’, „Прозорец во дворот“, „Високо друштво“. Го напушти филмот кога се омажи за принцот Рение Трети од Монако. Умре во Монако, на 13 септември 1982 година.
1933 Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за "големогермански простор".
1937 Јапонците го окупираа кинескиот град Шангај.
1941 Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.
1942 Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери во Втората светска војно повторно го зазеде Тобрук во Либија, заробувајќи најмалку 30.000 германски и италијански војници, и продолжи преку Сахара да го гони разбиениот Африкански корпус на германскиот генерал Ервин Ромел.
1944 Во Тромзо, северна Норешка, во Втората светска војна сојузниците го потонаа „Тирпиц“, последниот голем воен брод на Германија.
1948 Поради извршени воени злосторства во Втората светска војна, на смртна казна беа осудени претседателот на владата генералот Хидеки Тоџо и уште шест јапонски функционери.
1956 Новиот унгарски лидер Јанош Кадар го одби влегувањето на набљудувачите на Обединетите нации во Унгарија.
1961 Родена е романската гимнастичарка Надја Команечи, која за само една вежба на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, прва во историјата на гимнастиката ја доби најголема можна оценка - 10.
1969 Рускиот писател Александар Солжењицин беше исфрлен од Сојузот на советските писатели, со образложение дека неговото однесување е „антидржавно“.
1970 Силен циклон и високи бранови усмртија најмалку 200.000 луѓе во Источен Пакистан (сегашен Бандгладеш).
1973 Во Скопје умре Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Автор е на збирките разкази "Бојана", "Акорди", "Прстен", "Раскази", "Лебедова песна" и други. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со пролог "Плуто". Роден е во Охрид, на 9 јануари 1914 година.
1974 Поради политиката на апартхејдот, Јужна Африка е суспендирана од Генералното собрание на Обединетите нации.
1977 Во затворската ќелија Ингрид Шуберт изврши самоубиство. Таа беше една од основачите на западногерманската левичарска терористичка група „Бадер-Мајнхов“.
1981 Американскиот спејс-шатл „Колумбија“ вторпат полета во орбитата околу Земјата, станувајќи прво вселенско возило кое е употребено повеќе од еден пат.
1982 Јуриј Андропев е избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, ден по смртта на Леонид Брежњев.
1989 Во Мадрид умре Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на Шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. Од 1943 до 1960 година беше генерален секретар на КП на Шпанија, а потоа нејзин претседател до крајот на животот. Родена е во местото Гањарта, во Баскија, на 9 декември 1895 година.
1990 Пине Акихито е крунисан за цар (микадо) на Јапонија.
1991 Стапија на сила економските санкции на Европската заедница спрема Србија и Црна Гора.
1991Индонезиски трупи во Источен Тимор убија десетина демонстранти кои бараа независност. До 1951 година Источен Тимор беше португалска колонија. Источен Тимор стана независна држава во 2002 година.
1992 Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.
1992 Во Скопје, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот Свети, значи „Свети Кирил и Методиј“.
1995 Во Загреб умре Аугустин Тин Уевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки „Лелек на ратајот“, „Медал“, „Песни“, и „Жеден камен на кладенец“. Роден е во Врорац, на 5 јули 1891 година.
1996 Во судар, над Индија, на два патнички авиона од Саудиска Арабија и Казахстан загинаа 349 луѓе.
1999 Во земјотрес во Турција, со епицентар кај градот Душче, 170 километри источно од Истанбул, загинаа најмалку 550 луѓе.
1999 На подрачјето на планината Бајгора, 12 километри североисточно од Косовска Митровица, се сруши авионот „ATR-42“ на Светската програма на Обединетите нации за храна. Во несреќата загинаа сите 21 патник и тројцата членови на екипажот.
2001 Авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од типот „ербас А 300“ со 260 патници и членови на екипажот се урна непосредно по полетувањето врз њујоршкиот кварт Квинс. Во несреќата загинаа сите патници во авионот и членовите на екипажот, како и пет луѓе во разорените куќи.
2003 Во самоубиствен напад на исламски терористи во Насирија, на југот од Ирак, во експлозија на камион пред базата на италијанската воена полиција загинаа 19 Италијанци и девет Ирачани.
 
354.-Роден е Свети Аурелие Августин, епископ во римска северна Африка, најпознат претставник на раните христијански мисли. Неготово најзначајно дело е „За Божјата држава“.
1093 Умре шкотскиот крал Малколм III во текот на петиот безуспешен обид да ја покори Англија. На власт дојде во 1057 година, кога во битка го уби кралот Макбет, осветувајќи се за убиството на својот татко, кралот Данкан I во 1040 година.
1312 Роден е англискиот крал Едвард III. Toj во текот на владеењето од 1327 до 1377 година ја освои Шкотска. Ја предизвика Стогодишната војна со Франција кога во 1340 година се прогласи и за нејзин крал.
1730 Роден е Александар Василевич Суворов, најславен руски војсководец, генерал и еден од најголемите војсководци во 18. век. Познати се неговите победи во руско-турските војни (1768 до 1774 и 1787 до 1791 година), потиснувањето на Французите од Северна Италија, а се прослави и со походот во Швајцарија преку Алпите, во 1799 година. Умре на 18 мај 1800 година.
1782 Роден е шведскиот писател Есајас Тегнер, еден од најистакнатите поети романтичари. Дела: циклус песни: „Сага за Фријоф“, песните „Шведска“, „Птици преселници“ и други.
1831 Роден е шкотскиот физичар Џејмс Клерк Максвел, најголем теориски физичар во 19. век. Во областа на електромагнетизмот ја формулира Максвеловата единица, ја создаде електромагнетската теорија за светлината, даде теориска основа на радио-брановите, ја разви брановата теорија за светлината и електромагнетската теорија за етерот.
1850 Роден е англискиот писател, Роберт Луис Стивенсон. Зазема видно место во англиската книжевност како есеист, раскажувач, романсиер и патописец. Умре во 1894 година.
1868 Умре италијанскиот композитор Џоакино Антонио Росини, автор на 39 опери. Компонирал во романтичарски стил, духовито, спонтано и оригинално. Дела: оперите „Севилски бербер“, „Вилејм Тел“, „Танкреди“, „Отело“ и други, црковна музика „Стабат Матер“.
1882 Во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов. Беше борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО-1903 година, учесник во Илинденското востание-1903 година, учесник на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО-1904 година, на Рилскиот конгрес на ТМОРО-1905 година, член на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство. Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година.
1903 Во Париз умре Камиј Писаро, француски сликар еден од главните претставници на импресионизмот, кој изврши големо влијание врз европското сликарство. Роден е на 10 јули 1830 година.
1912 Роден е францускиот писател од романско потекло Езен Јонеско, член на Француската академија. Дела: „Ќелавата пејачка“, „Лекција“, „Столици“, „Жртви на должноста“, „Макбет“, „Носорог“, „Убиец без плата“, „Црно и бело“ и други.
1913 Грција и Турција потпишаа мировен договор.
1915 Во Бакар, Хрватска, е роден Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитира со ликот на Ескамилио во "Кармен", а последен пат на сцената настапи како Амонасро во "Аида". Умре во Скопје, на 17 јануари 1986 година.
1914 Првиот британски носач на авиони „Арк Ројал“ во Втората светска војна е погоден од герамански торпедо во близина на Гибралтар, кој следниот ден потона.
1942 Кај Гваделканал во Тихиот Океан во Втората светска војна почна тридневната битка меѓу јапонските и американските флоти и авијации. Оваа битка го означи пресвртот во војната на Пацификот. Јапонците претрпеа помали загуби во бродови, но стратешкиот успех им припадна на Американците, кои покрај бродови уништија и речиси комплетна јапонска дивизија.
1944 Четириесет и втората дивизија на НОВ на Македонија, во содејство со Шеснаесеттата македонска бригада на Кумановската дивизија на НОВ на Македонија и со помош на вооруженото население, го слободија Скопје и со брзо дејство го спречија уривањето на мостовите на реката Вардар и на хидроцентралата „Матка“.
1945 Ахмет Сукарно стана претседател на Индонезија.
1945 Францускиот генерал Шарл де Гол со сите 555 гласа од пратениците е избран за претседатл на привремената влада, по што формира коалициски кабинет во кој влегоа и пет комунисти.
1956 Врховниот суд на САД пресуди дека расната сегрегација во јавните автобуси е неуставна.
1970 Со воен удар без пролевање крв, Хафез ел Асад ја презеде власта во Сирија.
1974 Умре Виторио де Сика, познат италијански филмски режисер и артист, еден од основачите на неореалистичкиот правец. Создаде низа успешни артистички и режисерски креации во многу филмови, од кои најпознати се, "Чистач на чевли", "Крадци на велосипеди", "Станицата Термини", "Чочара" и други. Роден е во Рим 1902 година.
1975 Светската здравствена организација објави дека големите сипаници за првпат во историјата во Азија се искоренети.
1977 Во знак на протест поради поддршката на Москва на Етиопија во војната за територии, Сомалија им нареди на советските советници да ја напуштат земјата и му забрани на Совтскиот Сојуз да ги користи поморските бази.
1980 Американскиот вселински брод „Војаџер I“ ги испрати првите снимки на Сатурн направени од близина.
1985 Во ерупција на вулканот Невадо дел Роус во Централна Колумбија разорен е градот Армеро и загинаа повеќе од 25.000 луѓе.
1989 Источногерманското собрание за претседател на владата го избра комунистичкиот реформист Егон Кренц.
1993 Ден на Македонското друштво на ортопеди и травматолози.
1994 На референдум 52,2 отсто од Швеѓаните изгласаа за влез на земјата во Европската унија.
1995 Во бомбашки напад на исламски терористи врз американски воен центар во Ријад во Саудиска Арабија загинаа седум луѓе, вклучувајќи пет Американци.
1995 Израелските трупи по 28 години окупација го напуштија Џенин, првиот град на Западниот Брег предаден на Палестинците согласно мировниот договор меѓу Израел и ПЛО.
1996 Во Битола умре Михајло Џима, македонски новинар. Роден е во Битола, во 1938 година.
1997 Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.
1999 Британскиот боксер Ленокс Луис со победата над американскиот боксер Ивандер Холифилд стана првиот боксер во 20. век, кој е роден во Велика Британија а кој ја освои титулата првак на светот во тешка катеторија.
2000 Обвинет за корупција, филипинскиот претседател Џозеф Естард е сменет.
2001 На патот Прилеп - Велес, кај месноста Каменолом, во сообраќајна несреќа загина Ѓорѓи Котевски, пратеник во Собранието на Република Македонија, новинар и писател. Роден е во селото Логоварди, Битолско, на 24 февруари 1950 година.
2002 Конгресот на владејачката Комунистичка партија во Кина потврди дека Џанг Цемин ја напушта функцијата на генерален секретар, со што беше расчистен патот за новата генерација на предводници на најбројната населена земја во светот.
 
1492. Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1532 Шпанскиот конквистадор Писаро, само со 200 војници, со измама, ја освои Кахемарка и го зароби царот Атахулапа. По ова Перу стана шпанска колонија.
1577- Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.
1630- Во Регенбург умре Јохам Кеплер, германски астроном, математичар и физичар, познат по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Роден е на 27 декември 1571 година.
1708 Роден е англискиот државник Вилијам Пит Постариот, кој беше британски премиер од 1756 до 1761 и од 1766 до 1768 година. Во негово време со агресивна надворешна политика Велика Британија стана најголема светска колонијална сила. Како шеф на дипломатијата и министер за војна спроведе политика на колонијална експанзија и во 1756 година ја покрена Седумгодишната војна, по која Франција во 1763 година мораше да и ја отстапи Канада, како и да се повлече од Индија.
1738 Роден е англискиот астроном од германско потекло Фредерик Вилијам Херсел, кој во 1781 година ја откри Уран, седмата планета во Сончевиот систем. Најпрво бил музичар, но астрономијата многу го фасцинирала, па така почнал и самиот да бруси огледала, но и да конструира телескопи. По откривањето на Уран, бил прво член а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Открил и два Уранови и два Сатурнови сателити.
1787- Во Виена умре Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент. Ја реформира операта, проповедајќи враќање кон грчката уметност и на тој начин го покажа патот кон музичката драма. Негова позната опера е "Орфеј". Роден е во Ербах, Баварија, на 2 јули 1714 година.
1862 Роден е германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1912 година. Неговата лирика е со идеалистички тон, а во драмите преовладува социјална проблематика од животот на сиромашните во неговата родна Шелзи. Напишал многу драми, есеи, афорзми, новели, патописни и автобиографски книги. Дела: „Пред зората“, „Зимска балада“, „Црвен петел“, „Електра“, „Превозникот Хенсел“, „Осамени луѓе“, „Колегата Крамптон“, „Роза Бренд“, „Стаорци“ и други.
1889 Царот Педро II абдицираше. Тој е вториот и последен бразилски монарх во Бразил по што Бразил е прогласена за независна република.
1891 Роден е германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ кој како командат на експедициските сили на Германија во Втората светска војна во 1941 и 1942 година забележа повеќе победи над сојузниците во северна Африка. Во декември 1942 година беше поразен во клучната бика кај Ел Аламејн. Не успеа да го спречи сојузничкото навлегување во Нормандија во јуни 1944 година, а по неуспешниот атентат врз Адолф Хилтер во јули 1944 година, во кој беше вмешан, беше принуден да изврши самоубиство.
1916 Умре полскиот писател Хенрик Сјенкјевич, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1905 година, кој светската слава ја стекна со историски романи. Дела: „Quo vadis“, „Со оган и меч“, „Пан Волдијовски“, „Семејството Поланјецкиеви“, „Низ пустина во прашума“.
1920- Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1923 Галопирачката инфлација во Германија го достигна врвот - четири трилиони марки беа менувани за еден американски долар.
1928 Големиот фашистички совет во Италија стана врховно тело во земјата и ја презеде целата власт.
1935Мануел Кесон стана првиот претседател на Филипини.
1942 Кај Гвадалканал во Тихиот Океан во Втората светска војна заврши тридневната битка меѓу јапонските и американските флоти и авијација, која го означи пресвртот во војната на Пацификот. Јапонците претрпеа помали штети во бродови, но стратешкиот успех им припадна на Американците кои покрај бродовите уништија и речиси комплетна јапонска дивизија.
1944- Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај "Гази Баба" (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1946 Со договорот потпишан во Лингџати Холандија ја призна Индонезија, но само на териториите на Јава, Суматра и Мадура. Холандија спротивно на договорот, во 1947 и во 1948 година се обиде со оружје повторно да ја освои Индонезија, но на конференцијата во Хаг во 1949 година дефинитивно ја призна независноста на Индонезија која беше нејзина колонија од 1816 година под името Холандска Источна Индија.
1954 Умре американскиот филмски и театарски глумец Лајонел Баримор, која како дете се прослави глумејќи го Оливер Твист, а кон крајот на животот како тежок инвалид, седејќи во столче, одигра многу извонредни карактерни улоги. Филмови: „Гранд хотел“, „Островот Ларго“, „Дамата со камелии“, „Распучин и царицата“, ТВ-серијата „Д-р Килдер“.
1971 Кинеска делегација првпат официјално зазеде место во Обединетите нации. До тогаш Кина ја претставуваше Тајван, како националистичка Кина (некомунистичка).
1976- Во Нумји умре Жан Габен (Жан Алексис Монкорже), француски филмски и театарски артист. Играше во над 90 филмови, толкувајќи ликови на решителни, претприемчиви, често цинични и груби личности. Најпознати му се улогите во филмовите "Пеле ле Моко", "Големата илузија", "Брегот во магла", "Човекот-ѕвер", "Клошарот Архимед" и други. Роден е во Париз, на 17 мај 1904 година.
1976 Сиријската армија ја презеде целата контрола врз Бејрут, во обидот да и стави крај на 18-месечната граѓанска војна во Либан.
1978 При падот во Шри Ланка на исландскиот патнички авион "DC-8", кој од Мека превезуваше индонезиски муслимански ходочасници, загинаа сите 175 патници и осум членови на екипажот.
1983 „Турската Република Северен Кипар“, која ја призна единствено Анкара, прогласи „независност“.
1983 Во Скопје умре Таки Хрисик, македонски композитор и музички педатог. Неговиот творечки опус опфаќа голем број дела за хорска изведба, камерна музика, соло песни, дела за орекстар и близу 1.500 мелографски записи на македонски и на влашки песни. Роден е во Крушево, на 27 септември 1920 година.
1988 Палестина е прогласена за независна држава.
1990 Во првиот договор од Втората светска војна кој се однесува на конвеционалното вооружување, Варшавскиот пакт и НАТО принципиелно се договорија драстично да ја сменат количината на оружјето.
1994 Претседателот на Австрија Томас Клестил при обраќањето пред членовите на израелскиот парламент призна дека неговата земја направи пропуст да ја признае сопствената улога во нацистичките злосторства во минатото.
1994 Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995- Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО „Партнерство за мир“.
2000 Во Скопје умре Тодор Димитровски, македонски научен работник, лингвист, книжевен историчар, лексикограф, книжевен преведувач и редактор. Роден е во селото Подлес, Велешко, на 19 февруари 1922 година.
2002 Рускиот генерал Игор Шифрин е убиен во Грозни во заседа од чеченски исламистички терористи.
2003 Пред две синагоги во центарот на Истанбул скоро во истовреме експлодираа два автомобили полни со експлозив, усмртувајќи вкупно 23 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламскиот фронт на борци на Големиот Исток, основан во 1985 година со цел да формира исламска држава во Турција.
 
42.п.е.- Роден е римскиот цар Тиберие, посинок на Октавијан Август, кој за време на владеењето од 14 до 37 година во новата ера ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања. Претходно се прослави со воените походи во Германија, Панонија и Далмација.
1095- На црковниот собир Клермон, во Франција, папата Урбан Втори ги повика соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против "неверниците", Селџуци, кои ја зазедоа "светата земја" во Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа го поттикна верското лудило и крстоносните војни што траеја цели два века.
1272 Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи на престолот само со девет години кога во 1216 година во текот на Првата баронска војна загина неговиот татко Џон Без Земја, но вистински почна да владее во 1234 година.
1532 Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро со измама, со само 200 војници, го зазеде градот Кахемарк и го зароби царот Атахуалп.
1797 Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој во текот на 13-годишното владеење спроведе политика на територијално ширење на земјата.
1828 Франција, Британија и Русија ја признаа независнота на Грција. Иако Османлиското царство одби тоа да го прифати, во 1829 година беше принудено по поразот во војната со Русија, да ја признае независноста на Грција.
1831 Умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век, кој главните идеи за борбена стратегија и тактика ги изложи во делото „За војната“. Поради несогласувањата со политиката на водечките кругови на Прусија спрема француското царство на Наполеон I, против кого се бореше во повеќе битки, од 1812 до 1814 година бил во служба на Русија.
1848 Во Рим со кој автократски владееше папата Пије IX - избувна буна со што беше создадена Римската република во која беа востановени многу институции по урнекот на Француската револуција.
1895 Роден е германскиот композитор Паул Хиндемит. Од 1939 година беше професор на неколку универзитети во САД и во Швајцарија. Дела: оперите „Новости на денот“, „Сликарот Матис“, „Хармонија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориски дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“ и други.
1898 Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година.
1912 Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската бика, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.
1918 По падот на австроунгарската монархија во Првата светска војна, Унгарија е прогласена за независна република.
1923- Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Загина кај Радовиш во сообраќајна несреќа, како командант на Четириесет и осмата македонска девизија, на 29 јуни 1945 година.
1933 Советскиот Сојуз и САД воспоставија дипломатски односи.
1941 Во Втората светска војна почна втората германска офанзива врз Москва која, исто како и првата, започна во септември 1941 година кога Германците дојдоа на 30 километри до Москва, заврши со неуспех.
1945 Во Лондон е потпишана Конвенцијата на Меѓународната организација за просвета, наука и култура (УНЕСКО), специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации, основана со цел преку воспитување, наука и култура, заштита на светските природни уметнички богатства, да спроведува соработка меѓу народите врз база на целосна рамноправност. Конвенцијата стапи во сила на 4 ноември 1946 година. Седиштето на УНЕСКО е во Париз. Република Макеоднија е 175 членка на УНЕСКО од 19 јули 1993 година.
1960 Умре американскиот филмски глумец Клерк Гебл. Играше во повеќе од 70 филмови и со децении беше во врвот на популарноста како симбол на машкоста. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Буна на бродот `Баунти`“, „Кинеско Море“, „Однесено со виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“.
1962- Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
1965 Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Венера III“ кој со стигнувањето на Венера во март 1966 година стигна на друга планета.
1965 Умре ирскиот државник Вилијам Томас Косгрејв. Беше прв претседател на Ирска од 1922 до 1932 година.
1970 Пакситан соопшти дека бројот на мртвите во циклонот и огромните бранови кои ги зафатија бреговите на Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и островите во Бенгалскиот Залив достина 500 илјади.
1972 Генералното собрание на Обединетите нации одлучи Протугалија да ги напушти своите колонијални имоти во Африка и Азија (Ангола, Мозамбик, Порт, Гвинеја, Сао Томе, Кап Верде, Источен Тимор, Макао).
1981 Умре американскиот филмски глумец Вилијам Холден, кој најчесто толкуваше улоги на „идеални“ современи Американци. Филмови: „Булевар на самракот“, „Вчера родена“, „Силата на оружјето“, „Месечината е сина“, „Над 30 ката“, „Излет“, „Мост на реката Квај“, „Светот на Сузи Вонг“.
1993 Во Сардинија умре 69-годишниот мафијашки член Лучијано Лиџио, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот "Кум", на Марио Пузо.
1993 Обединетите нации официјално се откажаа од потрагата по лидерот на најмоќната фракција во Сомалија, Мохамед Фарах Аидид.
1995 Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Те Ву е уапсен пради корупција.
1995- Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.
1997 Умре францускиот политичар и публицист Жорж Марше, генерален секретар на Француската комунистичка партија од 1972 до 1994 година. Дела: „Што е Француска комунистичка партија?“, „Демократски предизвик“, „Политиката на Француската комунистичка партија“, „Зборуваме отворено“, „Одговори“, „Надеж во сегашноста“.
2001 Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.
2006 Унгарски научници успешно клонираа глушец. Глушецот наречен „Клонила“ е производ на тригодишната работа на 20 истражувачи на Земјоделскиот биотехнолошки истражувачки центар во Годол, близу Будимпешта. Според нивните уверувања, клонирањето би требало да биде од голема помош за научниците во лечењето на разни болести.
 
- Денеска е Меѓународен ден на студентската младина.

1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор, ќерка на Хенри VIII. На англискиот престол дојде кралицата Елизабета, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската "непобедлива армада" и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.

1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишува патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработува библиски, антички и историски теми со кои значително влијае на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.

1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владее во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носи од 1795 година, но вистински владее од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследува братот Шарлс X. Нивниот трет (прв) брат кралот Луј XVI е погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција.

1788.- Роден е рускиот глумец Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојуваше да ги објасни тајните на актерството.

1800.- Конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.

1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.

1858.- Умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници се наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“.

1869.- Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи.

1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го сврте текот на војната во Африка.

1889.- Во Камник е роден Фран Албрехт, словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Умре во Љубљана, на 11 февруари 1963 година.

1913. - Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.

1917. - Умре Огис Роден, француски склуптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Најпознати му се делата "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Роден е во 1840 година.

1943.- Американскиот весник „Њујорк тајмс“ првпат објави вест за партизаните и истакна дека „против силите на Оската се борат само југословенските партизани под команда на Јосип Броз Тито“.

1945.- Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот.

1947.- Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац - Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија.

1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер стана шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, со кој во 1972 година беше тргнат кралот Фарук I и монархијата во Египет.

1958.- Суданската војска ја урна цивилната влада која траеше две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада беше назначен генералот Ибрахим Абуд.

1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнаа разговорите за ограничување на стратешкото вооружување.

1971.- Фелдмаршалот Вемид Таном Китикачорн со воен урар, без крвопролевање, ја тргна италијанската влада, го распушти собранието и го суспендира уставот, но суштината на италијанскиот монархистички режим не го доведе во прашање.

1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев - „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. По диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапија Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша - Тофовиќ и Никола Гагов.

1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се врати во земјата по 17 години бегство.

1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години и седумгодишната војна против управата завршија со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис.

1976.- Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.

1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифати поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада.

1984.- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година).

1989.- Бугарското Собрание го смени Тодор Живков од функцијата шеф на државата.

1991.- Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

1993.- Нигерискиот генерал Сани Абача ја тргна цивилната влада на Ернест Шонекан.

1996.- Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.

1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор уби 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа беше дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет.

1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификува „Вај договорот“ со кој е предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.

2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесе ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан во убиството.

2005.- Алберт II свечено е устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди.

2006.- Умре Ференц Пукаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјата.

2006.- Холандската Влада донесе одлука за целосна забрана за носење на бурки и шамии на јавни места со кои муслиманките го прекриваат своето лице.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom