На денешен ден!

На 29 Септенври...

1936 Радио користи за 1-ви пат за претседателската кампања.
1930 Прв канадски фудбалски натпревар одигра под рефлектори
Хамилтон-UBC.
1927 Телефон служба започнува помеѓу САД и Мексико.
1785 Chasidic секта се одлачува Полска во Краков.
1521 Tурски војници окупираат во Белград.
1948 Лоренс Оливие "Хамлет" се отвора во Парк Авенија кино.


Доста се...
 
1902 Во Париз умре Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внесе толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите "Нана", "Жерминал", "Земја", "Плодност" и "Слом". Роден е во Париз, на 2.04.1840 година.
1904 Роден е Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот "Како се калеше челикот" стана класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умре во 1936 година.
1941 Почна Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1991 Во селото Усје, скопско е осветена црквата "Свети Атанасиј".
1993 Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.
 
1814 По победата на Наполеон, големите сили го свикаа Виенскиот конгрес. Одлуките што беа донесени, на Европа и обезбедија мир, но неколку децении не го решија прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864 Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анстезија.
1903 Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почна состанокот меѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како "Марцштеска реформска програма", донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се измени состојбата во Македонија, сепак тие придонесоа за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991 Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993 Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50 илјади војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998 Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција-МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. МИА е новинска агенција формирана со одлука на Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, а активирана со одлука на Владата на Република Македонија на 1 декември 1997 година.
 
1891 Во селото Смоквица е роден Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела "Македонските Словени", "Илинденската епопеја" и "Политичките убиства во Бугарија", смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17.02.1952 година.
1904 Во Киев е роден Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век. Умре во Њујорк, на 6.11.1989 година.
1923 Во Софија, умре Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО.
1943 Околу 4.000 балисти заедно со германските офицери и војници на планината Буковиќ, кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија.
 
1608 Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутон го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1869 Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се бореше за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30.01.1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик.
1935 Расистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944 Задушено е востанието на жителите на Варшава во кое загинаа 250 лица.
1985 Во Лос Анџелес умре Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти.
1991 Сите странски средства за информирање оценуваат дека "Белград почна нова воена офанзива" и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992 Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.
 
1669 Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од напознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата "Ноќна стража", "Час по анатомија" и "Христос во Емауд". Роден е во Ленда, на 15.07.1606 година.
1824 Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.
1941 Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1947 Во Гетинген умре Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Киел, на 23.04.1858 година.
1957 Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит "Спутник 1" со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми.
1993 Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската Влада го повика народот да не се вклучува во немирите.
 
1502 На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.
1582 Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур Дванаесетти изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година.
1880 Во Париз умре Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите "Убавата Елена" и фантастичната опера "Хофмановите приказни". Роден е во Келн, на 20.06.1819 година.
1912 Потписничките на Балканскиот сојуз-Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна.
1994 Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот "Титаник", што потона пред 82 години. Изложбата "Остатоците од Титаник" поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требаше да го симболизира "трумфот на технологијата над природата", се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри.
1997 Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.
 
1014 Во Прилеп умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29.07.1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство во Прилеп. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврило Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година, па до смртта на Гаврило Радомир, во 1018 година.
1600 Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта "Евридика", прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1943 Кај селото Кленоец, кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани.
1943 Балистите запалија повеќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1981 Во Каиро, за време на воената парада е убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат.
1991 Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46 годишниот принц Александар Втори Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната "Божја правда" и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави:"Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја".
1992 Републиканскиот конгресмен Дорнан го обвини демократскиот кандидат Бил Клинтон дека бил поканет во Москва од страна на КГБ, што го подржа него да демонстрира против виетнамската војна, пред повеќе од 20 години.
 
1849 Во Балтимор умре северноамериканскиот поет и раскажувач Едгар Алан По. Роден е во Бостон, на 19.01.1809 година.
1885 Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Познат е и по своите трудови од областа на квантната теорија. Умре во Копенхаген, на 18.11.1962 година.
1904 Умре Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, кочанско, во 1814 година.
1910 Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се "Изгрев", "Епопејата на Ножот", "Последната средба", "Арамиско гнездо" и "Пустина". Умре во Куманово, на 2.08.1963 година.
1985 Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на мекдонскиот народ.
1991 Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.
1993 Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
 
- Денка е Светскиот ден на поштите.
1547 Роден е Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Умре во Мадрид, на 23 арприл 1616 година.
1757 Роден е францускиот крал Шарл X, кој на престолот седна во 1824 година, а во 1830 година беше соборен во Јулската револуција, по обидите да ја обнови апсолутната монархија. Неговиот брат Луј XVI е убиен во 1793 година во Француската револуција.
1806 Прусија и објави војна на Франција, во која е поразена и загуби делови западно од Лабе и од Полска.
1831 Убиен е првиот претседател на Грција, Јоанис Каподистријас, еден од водачите во борбата за независност од Отоманското царство. Во 1809 година стапи на служба во Руското царство и беше претставник на Русија на Виенскиот конгрес и шеф на руската дипломатија од 1815 до 1822 година. По враќањето во Грција, учествуваше во борбите за ослободување. Во 1827 година дојде на власт, а беше убиен во атентат.
1854 Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година.
1857 Во Дубровник е роден Иво Војновиќ, хрватски драмски писател. Пишуваше во духот на традицијата на хрватскиот реализам. Познати се неговите дела „Дубровничка трилогија“, „Еквиноциум“, „Смртта на мајката на Југовиќите“, „Госпоѓата со сончоглед“ и други. Умре во Белград, на 30 август 1929 година.
1876 Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1892 Роден е српскиот писател од хрватско потекло Иво Андриќ, единствен југословенски добитник на Нобеловата награда за книжевност, брилијантен стилист. Дела: „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“, „Омер-паша Латас“ (недовршен) и други.
1894 Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година.
1906 Роден е сенегалскиот државник, филозоф и писател Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија и претседател на Сенегал од 1960 до 1980 година. Дела: „Нова антологија на црнечките и малгашки поезии“, „Слобода I: Царство и хуманизам“, „Слобода II: Нација и африканскиот пат во социјализмот“ и други.
1908 Роден е францускиот фимски режисер и глумец од руско потекло Жак Татишчев, познат како Жак Тати, поетски сатиричар. Филмови, режија и глума: „Празничен ден“, „Одморот на господин Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.
1934 Убиен е југословенскиот крал од српско потекло Александар I Караѓорѓевиќ, наречен „Крал Обединител“, прва жртва на фашизмот. Атентатот во Марсеј, во кој е убиен и шефот на француската дипломатија Жан Луј Барту го организирале усташи и италијански фашисти, а пасошот најден кај убиецот е издаден во Загреб на име Петар Келеман. Стана крал на Србите, Хрватите и Словенците на 6 ноември 1921 година.
1940 Роден е англискиот музичар Џон Ленон, автор на повеќето песни на поп групата „Битлси“.
1958 Умре папата Пие XII, од италијанско потекло, првосвештеник на Римокатоличката црква од 1939 година. Беше поддржувач на италијанските фашисти и германските нацисти.
1962 Африканската држава Уганда стана независна по безмалку 70 години биртанска колонијална управа.
1963 Повеќе од 2.000 луѓе загинаа по пукнувањето на 300 метри високата брана „Вајонт“ кај Белуна, во североисточна Италија.
1967 Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“.
1967 Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.
1968 Во Париз Умре Андре Мороа, француски писател, автор на најголем број романи и романизирани биографии за Дизраели, Бајрон, Волтер, Тургенев и други. Роден е на 26 јули 1885 година.
1974 Во Скопје свечено е предадена во употреба новата зграда на Театарот на народностите.
1975 На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите "бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот", се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. Меѓутоа, во изјавата на 72 советски научници, што е објавена на 25 октомври, се осудува одлуката Нобеловата награда да му се додели на Сахаров.
1983 Во експлозија на бомба во главниот град на Бурма, Рангуна, за која Јужна Корија ги обвини севернокорејските агенти, беа убиени 18 јужнокорејски функционери, вклучувајќи и четири клучни министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Ли Бум Сук.
1987 Во Загреб умре Владимир Ружѓак, еден од најистакнатите поранешни југословенски и светски оперски пејачи - познат баритон, долгогодишен член на оперите во Загреб, во Хамбург и на „Метрополитен“ операта во Њујорк. Роден е во 1922 година
1989 Пуштена е во сообраќај делницата на автопатот Скопје - Петровец.
1994 Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“.
1995 Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.
1995 Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година.
1997 Повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот „Паулина“ во мексиканското летувалиште Акапулко.
1999 Бројот на жртвите во поплавата во Мексико ја надмина бројката 400.
1999 Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов).
2001 Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година.
2003 Умре францускиот филозоф и теоретичар Жак Дерида, познат по концепцијата „деконструкција“. Покрена широка критичка расправа за филозофијата и е еден од иницијаторите на познатата париска група „Тел-куел“. Дела: „Пишување и разлики“, „За граматологијата“, „За духот“ и други.
 
1892 Во селото Долац, кај Травник, во Босна и Херцеговина, е роден Иво Андриќ, српски писател. Ги напиша и прочуените романи "Мостот на Дрина", Травничка Хроника" и "Госпоѓица". Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Умре во Белград, на 13.03.1975 година.
1904 Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хирушката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застана половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хирушката клиника. Во својот плоден твореки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умре во Скопје, на 26.01.1961 година.
1944 Во селото Лаки, на планината Плачковица, е формирана Деветнаесеттата македонска НО бригада која учествуваше во ослободувањето на Македонија.
1944 Во селото Жегљање, кумановско, е формирана Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учествуваше во завршните операции за ослободување на Македонија, а по ослободувањето учествуваше во расчитувањето на теренот од балистичките банди.
1944 Во Скопје во присуство на 150 граѓани, припадници на сите националности и професии, е одржана првата изборна конференција за избор на Градски народноослободителен одбор. Конференцијата се одржа тајно, бидејќи Скопје се уште не беше ослободено. Беше извршен избор на Градски народноослободителен одбор од 30 членови и Извршен одбор од девет членови. За претседател беше избран Лазар Танев, а за секретар Кирил Пенушлиски.
1944 Ослободено е Богданци.
1946 Во Скопје, во црквата "Свети Спас", со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967 Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На 23.02.1967 година е донесен Законот за основање на МАНУ, а на 9.10.1967 година е извршено конституирањето на МАНУ.
1991 Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1991 Во главниот град на Канада - Отава, пред неколку десетици илјади присутни, беше откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации.
1993 Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.
 
1474 Роден е Мариото Арбертинели, италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. Умре на 5.11.1515 година.
1884 Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1911 Роден е Андре Навара, француски виолончелист со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а беше чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. Умре во 1988 година.
1923 Во Битола, е родена Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележеше брз и сестран развој, ја вршеше функцијата уредник на Радио Скопје. Умре во Скопје, на 5.07.1988 година.
1943 Под притосок на сојузничките водачжи, италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо и објавија војна на Германија, па на тој начин Италија, барем оној дел кој беше под сојузничка контрола, се придружи на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојде дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952 Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат "Граматика на македонскиот литературен јазик" од Блаже Конески.
1984 Во Скопје умре Илија Зафировски, македонски новинар. Тој спаѓа во редот на првата повоена генерација новинари. Работеше во весникот "Борба", а најголем дел од својот новинарски век го помина во весникот "Нова Македонија", во кој беше и главен и одговорен уредник. Смртта го затекна како директор и главен и одговорен урадник на весникот "Трудбеник". Роден е во Охрид, во 1927 година.
1995 Во Скопје, потпишан е меморандум за практична примена на Њујоршката спогодба меѓу Македонија и Грција.
 
1890 Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28.03.1969 година.
1919 Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24.02.1976 година.
1941 Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.
1993 Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име- Република Македонија.
1994 По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.
 
- Сведски ден на слепите
- Менароден ден на пешачењето
70 п.е.- Роден е римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, творец на совршени дела - песни во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“.
1529 Турскиот султан Сулејман II се откажа од опсадата на Виена.
1542 Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покори побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освои и Авганистан. Беше голем реформатор кој настојуваше да ги обедини поданиците на различните вери и раси и го укина ропството.
1582 Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почна примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформира Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година.
1608 Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра.
1805 Роден е Вилхелм Каулбох, германски сликар. Умре на 7 април 1874 година.
1814 Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски. Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“.
1815 Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре.
1817 Во Швајцарија умре полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покрена востание против Русија, но неговата војска беше поразена во октомври 1794 година, при што беше ранет и заробен. Во 1796 година беше пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија.
1844 Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“.
1851 Во околината на Мелбурн, Австралија, е пронајдено богато наоѓалиште на злато. Покрај индустрискиот развој, ова беше причина голем број Европјани да се населат во Австралија.
1854 Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година.
1855 Роден е Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање на нови сорти. Работеше врз крстосување меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е и поотпорно. Умре на 7 јуни 1935 година.
1895 Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, е уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почна бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресуваше општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази беше осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола беше откриен вистинскиот виновник, а Драјфус е ослободен и рехабилитиран во 1906 година.
1917 Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната танчерка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година.
1928 Германскиот „Граф Цепелин“ го изведе првиот комерцијален лет преку Атлантикот.
1945 Пјер Лавал е убиен врз основа на судска пресуда заради предавство на својата земја на Германија.
1946 Германскиот воен злосторник Херман Геринг изврши самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг.
1949 Во Унгарија по монтирани сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени се Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи.
1964 Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин.
1964 Умре Кол Портер, американски композитор на музички комедии. Најпознато дело му е „Бакни ме Кети“. Роден е во 1893 година.
1984 Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада "Македонија".
1986 Во Скопје, во адаптирани простории на Старата железничка станица, е даден во употреба Салонот на весникот „Остен“, во којшто е отворна Осумнаесеттата изложба на Светската галерија на карикатури на тема „Се е кабаре“.
1987 Во државен удар е убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата стана капетанот Блез Компаоре.
1989 Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година.
1990- Советскиот претседател Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеаја како награда за разбивање на СССР.
1992 Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач.
1993 Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка.
1993 Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА).
1995 По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
1997 Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо.
1997 Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година.
2000 Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година.
 
1781 Во Вајлмен, во англиската покраина Јорк, е роден Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година во Њукасл ја основа првата фабрика на локомотиви, а во 1825 година ја изгради првата јавна железничка пруга меѓу Стоктон и Дарлингтон, што беше пуштена во сообраќај за превоз на патници на 25.09.1825 година. Во 1829 година ја изгради пругата Ливерпул-Манчестер, на која неговата локомотива "Рокит" постигна рекордни 56 километри на час. Умре во едно мало место кај градот Честерфилд, на 12.08.1848 година.
1793 Во Париз е погубена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј Шеснаесетти, кој порано заврши на гилотина. Пресметката на револуцијата со кралската двојка долго време беше едно од оправдувањата за интернационалистички војни на монархистичка Европа против Република Франција.
1813 Кај Лајпциг почна т.н. "Битка на народите", во која Наполеоновите сили се најдоа под ударите на здружените сојузници : Русија, Прусија и Австрија. Француската армија беше победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазедоа Лајпциг. Наполеон се повлече преку Рајна и неколку месеци подоцна беше принуден да абдицира.
1854 Роден е Карл Кауцки, германски социјалдемократ, по потекло Чех, истакнат теоретичар и водач на Втората интернационала. Умре на 17.10.1938 година.
1921 Во Штип е роден Славчо Стојменски, народен херој на Македонија. Загина во борба против бугарската фашистичка полиција на 17.08.1943 година, кога во Штип се одржуваше состанок на Обласниот комитет на КПМ.
1925 Во Локарно, Швајцарија, е потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот во Локарно создаде ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажа дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку "свети" како западните граници.
1945 Во Квебек, Канада, е формирана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој ден во 1979 година е прогласен за Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1964 Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на нуклеарна бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на нуклеарните сили.
1994 Во Македонија се одржаа парламентарни, а по прв пат и претседателски избори.
1997 Папата Јован Павле Втори ја обележа 20-тата годишнина откако стана папа со најдолг стаж во Римокатоличката црква.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom