На денешен ден!

1854 Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се "Идеја за филозофијата на природата", "Систем на трансцеденталниот идеализам" и "Филозофија на уметноста". Роден е на 27.01.1775 година.
1960 Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали.
1961 На границата на источен и западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 40 километри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид "падна" на 9.11.1989 година.
1968 Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на "Прашката пролет", а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница.
 
1923 Во селото Сингелиќ, скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, кривопаланечко, на 22.05.1944 година.
1927 Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен "челични гради".
1944 Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.
1947 Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар-филм". Својата дејност претпријатието ја започна на 5.12.1947 година.
1990 Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.
 
1839 Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг, кој од 1942 година стана независна колонија.
1914 Јапонија и објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1939 Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за "запирање" на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1962 Американскиот телекомуникациски сателит "Телстар" за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.
 
1270.Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во текот на владеењето од 1226 успеа значително да зајакне ослабената кралска власт. Ги предводеше Шестата и Седмата крстоносна војна.
1530 Роден е Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавје. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Умре во Санкт Петербург, на 18 март 1584 година.
1718 Француските доселеници во Америка во Луизијана го основаа градот Њу Ореланс, наречен во чест на францускиот војвода од Орлеан.
1744 Роден е германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер.
1776 Умре шкотскиот филозоф, економист и историчар Дејвид Хјум. Дела: „Расправа за човечката природа“, „Политички расправи“, „Истражување на принципите на моралот“, „Историја на Англија“, „Мојот живот“.
1819 Во Витфилд умре Џемјс Ват, шкотски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентира во 1769). Заедно со Метју Бултон во 1782 година во Сан, кај Бирминген, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена „ват“. Роден е во Гринок, Шкотска, на 19 јануари 1736 година.
1819 Роден е американскиот детектив од шкотско потекло Ален Пинкертон, кој во 1850 година ја основа Националната детективска организација „Пинкертон“.
1822 Умре англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел, кој во 1781 година ја откри планетата Уран со што стана член, а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Тој откри и два од петте Уранови и два Сатурнови сателити.
1825 Република Уругвај доби независност. Беше шпанска колонија од 1527 година.
1867 Умре британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј. Во Лондон во 1831 година откри дека електрицитетот може да се создава од магнет.
1841 Роден е швајцарскиот хрирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за равојот на современата хирургија.
1875 Капетанот Метју Веб стана првиот човек кој го преплива каналот Ла Манш.
1897 Во атарот на селото Дедино, Радовишко, раководителот на револуционерната организација од Радовиш, учителот Тодор Станков, заедно со селската полиција убија двајца Турци колџии, а главаторот на колџиите, злогласниот Агато, ранет успеал да избега и да ги извести властите. Уште истиот ден Дедино беше блокирано од Турците, а селаните беа подложени на мачење. Притоа, во селото беше откриено оружје и муниција, а беа затворени 123 селани од селото Дедино и четворица од селото Ињево и однесени во скопскиот затвор „Куршумли-ан“, каде што беа испитувани и осудени заедно со затворениците од „Виничката афера“. Овој настан е познат како „Дединска афера“.
1900 Умре Фридрих Ниче, германски филозоф, професор по класична филологија. Неговите дела имаат повеќе поетски отколку научен карактер, па кон почетокот на 20. век влијаеше врз поетското творештво во повеќе европски земји. Негови најзначајни дела се „Така говореше Заратустра“, „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“ и „Човечко, премногу човечко“. Роден е на 15 октомври 1844 година.
1903 Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
1912 Роден е германскиот државник Ерих Хонекер, кој од 1976 до 1989 година беше претседател на Демократска Република Германија (Источна Германија), кога е тргнат од власт поради масовните антирежимски протести. Умре во 1994 година во Чиле.
1921 САД со поразената Германија потпишаа мировен договор со што заврши воената состојба меѓу двете држави во Првата светска војна.
1930 Роден е шкотскиот филмски глумец Шон Конери. Филмови: „Д-р Но“, „Голдфингер“, „Операција гром“, „Од Русија, со љубов“, „Дијамантите се вечни“, „Никогаш не вели никогаш“.
1944 Во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа Втората, Деветата и Десетата македонска бригада.
1944 Сојузничките сили го ослободија Париз во Втората светска војна. На самиот влез во градот сојузниците застанаа за да му овозможат на генералот Де Гол прв да влезе заедно со своите слободни Французи.
1993 Во Скопје умре Насте Стојковски, директор на НИО „Студентски збор“, општествено-политички работник и новинар. Роден е во селото Мраморец, Охридско, на 10 јули 1932 година.
1988 Иран и Ирак во Женева започнаа преговори без посредник за ставање крај на осумгодишната војна меѓу двете соседни земји. Војната заврши без јасен победник.
1989 По 12 години и шест милијарди поминати километри, американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Војаџер 2“ доспеа до планетата Нептун и нејзиниот сателит Тритон од каде на Земјата испрати снимки од овие небески тела.
1990 Советот за безбедност на Обединетите нации одобри воена акција против Ирак кој изврши напад врз Кувајт.
1991 Белорусија ја објави независноста од Советскиот Сојуз.
1994 Во Струга, ноќта на 25 спроти 26 август, умре Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на Струшките вечери на поезијата. Роден е во Харков, Украина, во 1932 година.
1995 Штип го зафати катастрофално невреме проследено со дожд и со град, при што четири лица го загубија животот од удар на гром.
2003 Во Бомбај, финансиската престолнина на Индија, во терористичките напади со автомобили-бомби убиени се најмалку 52 лица
 
1936 Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.
1972 Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен, Германија кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата "Црн септември" на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел го нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.
1945 Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.
1974 Умре Чарлс Линберг, американски авијатичар, кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година. Тој посета од Њујорк и се спушти во Париз, прелетувајќи 5.836 километри за 33 часа и 32 минути. Роден е во 1902 година.
 
430.-Умре римскиот свештеник Аурелиус Августин, познат како Свети Августин, кој бил најзначаен претставник на раната христијанска филозофија.

1645 Умре холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународно право. Хуго Гроцијус припаѓал на "школата за природно право" со што ја докажувал еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдел дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу рикомактолиците и протестантите се залагал за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година бил уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избегал во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт бил амбасадор на Шведска во Франција.

1749 Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп "Фауст". Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот "Страданијата на младиот Вертер", драмите "Егмонт", "Ифигенија на Таврида" и "Торквато Тасо" и епот "Херман и Доротеја". Умре во Вајмар, на 22 март 1832 година.

1851 Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: "Мртви срца", "Меѓу горите", "Бисошка хроника", "Цвеќе на есен" и други. Умре во Љубљана на 19 февруари 1923 година.

1877 Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основа компанијата за произодство на автомобили "Ролс-Ројс". Во 1904 година Ројсовата фирма почна да произведува автомобили кои ги импресионирале Ројсови, по што и двајцата две години подоцна станале косопственици на компанијата чии возила во автомобилската индустрија се ненадминати во однос на луксузот и квалитетот. Компанијата "Ролс-Ројс" произведува и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелетал Ламанш во двата правци без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загина во авионска несреќа.

1910 На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора е прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петрович за крал.

1903 Селото Смилево, Демирхисарско, беше нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководеше Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлезе во селото, го запали и изврши масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина.

1916 Германија во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1929 Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.

1944 Во Марсеј во Втората светска војна германските војници се предадоа, а истиот ден е ослободен и градот Тулон.

1944 Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војка како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески - Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година.

1968 Во Струга умре Антон Панов, македонски писател, еден од најпознатите македонски драмски автори. Најпознато негово дело е драмата "Печалбари", објавена во 1936 година. Други негови познати дела се драмите "Вероника", "Препородени", "Самракот", "Градинар" и "Пилекатник", како и расказите "Роденденот на Серјожа Јегоркин", "Тимка" и "Го јаделе болви". Роден е во Стар Дојран, на 13 април 1906 година.

1973 Во земјотрес југозападно од Сиудад Мексико загинаа повеќе од 500 лица.

1987 Умре американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски синеисти на 20. век.

1991 Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија", излезе првиот број на неделниот спортски магазин "Скок".

1993 Во близина на селото Подвис, Кичевско, е откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, е откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници.

1994 Заврши дводневниот референдум во Република Српска, на кој повеќе од 90 отсо од граѓаните го отфрлија мировниот план на Контакт-групата за Босна и Херцеговина.

1996 Владата на САД му забранила на водачот на "Исламска нација" Луис Фаракан да го прифати ветениот либијски подарок од милијарда долари заради економска и политичка помош на американските црнци.

1996 Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

1996 На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата "Света Богородица", кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.

1997 Во крвавата пресметка меѓу бандите на венецуелскиот затвор "Елдорадо" загинаа 29 лица.

1999 Во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерка и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбија да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвика несреќата, во Осло во март 2000 година е осуден на една година затвор.
 
1489 Роден е Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликаше религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното. Умре на 6.03.1543 година.
1533 Последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, Атахуалпа, беше обесен откако падна во рацете на шпанските конквистадори. По убиството на Атахуалпа, шпанските одреди непречено крстосуваа и го освојуваа царството.
1721 Со склучувањето на Ништанскиот мир меѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 година), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.
1748 Во Париз е роден Жан Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умре во Брисел, на 29.12.1825 година.
1918 Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на "црниот терор" над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
1922 Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
1990 Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот "Свети Наум Охридски".
1994 Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.
 
1867.Во Париз умре Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. Се занимаваше со литература и со уметничка критика. Неговата поезија е одраз на бедата, очајот и корупцијата на современата цивилизација, зборува за човекот кој е непрекинато распнат меѓу доброто и злото. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оригинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќе на злото". Роден е во Париз, на 9.04.1821 година.
1941 Умре Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни "Вечерен албум", "Волшебниот фенер", "Разделба", "Занает", како и драмите Жандарм херц", "Виулица", "Камениот анѓел" и "Феникс". Родена е во Москва, на 26.09.1892 година.
1942 Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962 Тринидат и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.
1997Во Париз загина британската принцеза од Велс, Дајана Спенсер бившата сопруга на принцот Чарлс. Во сообраќајната несреќа со неа загина и нејзиниот пријател Доди ал Фајед.
 
1939 Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна.
1943 Во Корештата, костурско, е формиран македонски партизански одред "Лазо Трповски".
1944 Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, титовелешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери.
1961 Во Белград почна Првата конференција на шефовите на државите и на владите на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина.
1992 Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
1992 Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.
1993 Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева.
1994 Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.
 
1900 Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија" и "Велик ден". Умре во Скопје, на 29.10.1975 година.
1921 Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7.02.1944 година.
1943 Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1997 Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.
 
1568.Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото "Сончева држава", напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година.
1585 Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4 декември 1642 година.
1600 Со повелба на кралицата Елизабета е основана "Источно-индиската компанија", со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1638 Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен "крал на Сонцето", кој на престолот застана во 1643 година по смртта на неговиот татко Луј XIII. Владеел 72 години, најдолго во историјата на Европа.
1735 Роден е германскиот композитор, пијанист и диригент Јохан Кристијан Бах, најмладиот син на Јохан Себастијан, кој живеел во Милано и во Лондон, по што е наречен "италијански Бах" и "англиски Бах". Во Англија се прослави како пијанист и организатор на музичкиот живот и стана музички учител на кралицата Шарлот.
1767 Во Хановер е роден Аугуст Вилхел Шлегер, германски писател, литературен критичар, историчар, преведувач и филозоф. Умре во Бон, на 12 мај 1845 година.
1791 Роден е германскиот композитор од еврејско потекло Јакоб Либман Бер, познат како Ѓакомо Маербер, кој одигра голема улога во создавањето на Француската голема опера.
1798 Отоманското царство и објави војна на Франција.
1800 Малта падна во рацете на Британците под команда на адмиралот Хорејс Нелсон (Хоратио), кој претходно ги блокира француските трупи на островот.
1857 Умре францускиот филозоф и математичар Огист Кон, еден од оснивачите на позитивистичката филозофија и социологија.
1860 Русија, Велика Британија, Франција, Пруска, Австрија и Отоманското царство потпишаа договор за воспоставување ред во Сирија по масакрот врз христијани извршен од страна на муслимани.
1888 Роден е индискиот филозоф и државник Сарвепали Радакрипнан, професор по филозофија на универзитетите во Мадра, Калкута, Чикаго и Оксфорд, амбасадор во Москва во 1939, потпретседател на Индија од 1952 и претседател од 1962 до 1967 година.
1902 Роден е американскиот филмски продуцент Дарил Френсис Занук. Во 1933 година ја оснива филмската компанија "Твенти сенццери фокс". Беше продуцент на низа значајни филмови: "Плодови на гневот", "Се за Ева", "Најдолгиот ден", "Младиот господин Линколн" и други.
1914 Германски војници во Првата светска војна го убија францускиот писател и филозоф Шарл Пјер Пегиј, еден од клучните јавни личности за ослободување на невино осудениот капетан Алфред Драјфус.
1919 Загина рускиот револуцонер Василиј Иванович Чапајев, командант на 25. стралачка дивизија, легендарен јунак на Црвената армија во граѓанската војна која изби по Октомвриската револуција во Русија. Во Првата светска војна повеќепати е одликуван за храброст, а во почетокот на 1918 година формира одбор за борба против контравелуцијата.
1919 Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази "Ѓурѓина алова", "Бранувања", на романите "Она што беше небо" и "Разбој". Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Умре во Струга, на 23 септември 1984 година.
1939 Соединетите Американски Држави прогласија неутралност во Втората светска војна.
1961 Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10 септември 1905 година.
1972 Палестински терористи во Минхен убија 11 израелски спортисти-учесници во Олимписките игри. Во 24-часовното пукање на аеродромот, загинаа и четворица терористи и еден западногермански полицаец.
1977 Западногермански терористи го грабнаа претседателот на Федерацијата на западногерманската индустрија Ханс Мартин Шлејер. Неговото тело е пронајдено на 19 октомври 1977 година во Франција.
1983 Во Скопје умре Лика Чопова - Јуркова, истакнат педагошки работник и публицист. Потекнува од македонските револуционерни смејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев и татко Андон Чопов. Родена е во Кукуш, Егејска Македонија, на 19 февруари 1885 година.
1990 Во Сеул се сретнаа премиерите на Северна и Јужна Кореја. Разговорите беа водени на дотогаш најголемо ниво меѓу двете земји поделени по Корејската војна во 1953 година.
1995 Франција изврши прва серија на атомска проба на пацифистичкиот остров Муруроа, со што наиде на осуда во целиот свет, а предизвика и масовни протести, посебно во Австралија и на Тахити.
1997 Во Калкута, Индија, умре Мајка Тереза (вистинското име и е Агнес Гонџа Бојаџиу), основачка на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Родена е во Скопје, на 26 август 1910 година.
1997 На стадион во главниот град на Парагвај за време на одржувањето на политички митинг ненадејното невреме ги сруши трибините, при што загинаа 37 лица.
1988 Парламентот на Северна Кореја го избра Ким Џонг Ил, син на покојниот Ким Ил Сунг, за шеф на Националната комисија за одбрана, што претствува највисока функција во земјата по укинувањето на претседателката.
1998 Во Скопје умре Петар Ширилов, македонски писател и летературен критичар. Автор е на книгите раскази "За детството и светилките", "Бунт во каменот", "Геометри", на романите "Заветрина спроти виулицата", "Плачат оние планини за мене", "Црноборје" и други. Роден е во село Горничево, Егејска Македонија, на 18 мај 1934 година.
1999 Во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.
2000 Во Скопје, со симболично предавање на клучевите од дуќанот со површина од околу шеесетина квадрати на улицата "Максим Горки" бр. 7 на Лепосава Пиперковска и на другите наследници од Скопје, премиерот Љубчо Георгиевски го означи стартот на денационализацијата во Република Македонија.
2002 Во експлозија на автомобил-бомба во главнот град на Авганистан, Кабул, убиени се најмалку 26 лица. Подоцна, истиот ден во јужниот град Кандахар е извршен обид за атентат врз авганистанскиот премиер Хамид Карзаиј.
 
1568 Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото "Сончева држава", напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година.
1585 Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј Тринаесетти. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4.12.1642 година.
1600 Со повелба на кралицата Елизабета е основана "Источно-индиската компанија", со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1919 Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази "Ѓурѓина алова", "Бранувања", на романите "Она што беше небо" и "Разбој". Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Умре во Струга, на 23.09.1984 година.
1961 Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10.09.1905 година.
1997 Во Калкута, Индија умре Мајка Тереза, скопјанка, основачка на редот на Сестрите на милосрдието, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година. Родена е во Скопје, во 1910 година.
 
1522.Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот "Викторија" со само 18 морнари. Со тоа тој ја зврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари.
1569 Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел), фламански сликар, реалист и колорист, еден од првите пејзажисти во светот според вредноста и според времето во кое живееше. Претежно сликаше сцени од селскиот живот. Зад себе остави 40 слики, 100 цртежи и други дела. Автор е на делата „Ловци во снег“, „Поклонување на кралевите“, „Селска свадба“, „Селско оро“ и други. Роден е околу 1525 година.
1683 Умре Жан Батист Колбер, француски државник, преродбеник на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Роден е на 29 август 1619 година.
1766 Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, кој прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објави Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини и хемиските елементи. Ги испитуваше особините на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологијата. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа анатомија, која по него е наречена "далтонизам". Умре на 27 јули 1844 година.
1860 Родена е Џејн Адамс, општествен реформатор, доботиник на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се занимаваше со практично решавање на социјалните проблеми и беше претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.
1876 Роден е шкотскиот физиолог Џон Џејмс Рикард Меклауд, кој заедно со канадскиот физиолог Фредерик Грантом Бантинг во 1923 година ја подели Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот.
1901 Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1903 Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.
1914 Почна битката на реката Марна, една од најважните во Првата светска војна. Таа го означи пресвртот на боиштето, бидејќи француската војска ја порази германската, која до тој момент бележеше голема предност.
1940 Романскиот крал Карол Втори Хоенцолерн во Втората светска војна абдицираше во корист на неговиот син Михајло.
1943 Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.
1944 Ослободено е Кратово.
1944 Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962 Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечри на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е "Златниот венец", која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година "Златниот венец" се доделува за целокупен поетски опус.
1966 Јужноафриканскиот премиер Хендрик Френш Фервуд за време на парламентарната дебата во Кептаун го уби собранискиот курир Димитрик Кафондас. За време на неговото владеење од 1958 година донесени се најголем дел закони со кои се регулира системот на апартхејдот во Јужна Африка.
1968 Африканското Кралство Свазиленд се стекна со незвисност од Велика Британија, која со неа владеела од 1881 година.
1970 Палестински терористи грабнаа четири авиони кои летаа од Европа во Њујорк. Следниот ден во Карио го запленија авионот "Боинг 747" на американската компанија "Пан американ", а двата "Боинга 707" ги дигнаа во воздух на 12 септември 1970 година во Јордан. Четвртиот авион го спуштија во Лондон, а грабнувачката Лејла Калед беше уапсена.
1974 Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975 Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 2.350 лица.
1989 При пад на кубански патнички авион во предградие на Хавана, непосредно пред полетувањето, загинаа 170 лица.
1991 СССР ги призна за независни Литванија, Летонија и Естонија.
1991 Ленинград го врати старото име Санкт Петербург.
1994 Ирскиот премиер Алберт Рејнолдс првпат во име на ирската влада се сретна со Џери Адамс, лидерот на северноирската партија Шин Фејн со кој разговараше за политичко решавање на долгогодишната криза во судирот меѓу римокатолиците и протестантите во Северна Ирска.
1998 Умре јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Куросава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа "цар на јапонската кинематографија". Филмови: "Седум самураи", "Крвавиот престол", "Идиот", "Да се живее" и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.
2001 Британецот Питер Бреј прв со кајак го преплива Атлантскиот Океан, за што му беа потребни 75 дена.
2002 Германската Влада одлучи да им исплати повеќе од две милијарди евра надомест на спортистите од поранешна Источна Германија подложени на систематската програма за допионг од седумдесетите години на 20. век.
 
Од кај ги наоѓате? Некој нека ми каже по пп
 
1764 Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на "гробар" на полската независност бидејќи кон крајот на 18 век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.
1822 Република Бразил прогласи независност. Беше португалска колонија од 1530 колонија.- Национален празник на Бразил.
1901 Со мирот во Пекинг заврши таканареченото "Боксерско востание" во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение "И хе таун", а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.
1940 Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името "Лондонски блиц".
1992 Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
1993 Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија,
1997 Во Скопје е отворен првиот "Мекдоналдс" ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 "Мекдоналдс" ресторани).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom