На денешен ден!

1545.Бродот „Мери Роус“, гордост на воената флота на англискиот крал Хенри Трети, потона во каналот Солент помеѓу јужниот брег на Англија и островот Вајт, предизвикувајќи смрт на повеќе од 700 луѓе.
1814 Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. Според неговото презиме е наречен револверот кој тој ко конструирал.
1834 Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26 јули 1917 година.
1866 Умре германскиот математичар Георг Фридрих Бернхард Риман, кој отвори нов правец во развојот на математиката и нејзината примена во физиката и механиката. Неговото име го носат низа математички поими: Риманов интеграл, Риманова диференцијална еднаквост, Риманова сфера, Риманова фунција, Риманова геометрија.
1870 Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1877 Англискиот тенисер Спенсер Гор победи во финалето на првиот турнир во Вимблдон.
1893 Во грузиското село Багдада е роден Владимир Владимирович Мајаковски, руски поет и сликар, еден од основачите на футуристичкиот правец во Русија. Беше голем борец против сите видови угнетување на човекот и ја ставаше под удар на својата сатира малограѓанштината на советското општество. Неговите дела извршија огромно влијание врз советската поезија. Најпознати му се делата „Облак во панталони“, „Војна и мир“, „Владимир Илич Ленин“, „Многу добро“, „Тафтабита“, „Студен туш“ и други. Се самоуби во Москва, на 14 април 1930 година.
1896 Роден е шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфили“, „Три љубови“, „Херојски години“, „Јупитер се смее“.
1900 Отворено е париското метро.
1900 Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1921 Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, Прилепско, на 2 март 1942 година.
1943 Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети.
1974 Шпанскиот диктатор Франсиско Франко привремено, поради болест, му ја предаде власта на принцот Хуан Карлос кој во 1975 година, по Франковата смрт, стана крал на Шпанија.
1980 Во Москва се отворени 22 Олимписки игри на кои учествуваа 6.000 спортисти од 80 земји, а повеќе од 45 држави им се придружија на САД во бојкотот поради советската инвазија на Авганистан во 1979 година.
1992 Во екпслозија на автомобил-бомба во Палермо е убиен Паоло Борселино, водечки италијански судија во борбата против мафијата.
1993 Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.
 
1304.Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото "Канцониер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот "Африка" доби "Ловоров венец". Умре во Арква, во близина на Падова, на 18 јули 1374 година.
1785 Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година спроведе реформи во обидот да го централизира феудално-апсолутистичкиот поредок на Отоманската империја.
1819 Република Колумбија доби независност. Беше шпанска колонија од 1509 година. - Национален празник на Колумбија.
1847 Роден е германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.
1866 Италијанската флота во Австриско-пруската војна, во која Рим влезе на страната на Берлин за да ја ослободи Венеција и да загосподари со Јадранското Море, е тешко поразена во битката кај островот Вис од бројно послабата австриска поморска сила, губејќи притоа повеќе од 1.100 луѓе. Битката кај Вис е единствена победа на австриската флота во 19. и 20. век, а сите останати војни во времето на Хабзбуршката монархија во тој период ги загуби.
1890 Родена е американската филмска глумица Теодосија Гудман, позната како Теда Бара, прв „вамп“ во историјата на кинематографијата. Филмови: „Клеопатра“, „Кармен“, „Салома“, „Жена тигар“, „Дамата со камелии“.
1913 Во текот на Балканските војни (1912-1913), во близина на селото Бел Камен, Леринско, во борба против грчката војска загина Васил Чакаларов, македонски војвода и деец на ВМРО. Учесник е на Смилевскиот конгрес (1903) и на Илинденското востание (1903). Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1874 година.
1919 Роден е сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции. На 29 мај 1953 година, со Непалецот Норкај Тенсинг се искачи на највисокиот хималајски врв Монт Еверест.
1929 Во Ремс, Франција, е роден Жан Бодријар, еден од највлијателните француски мислители на 20. век, филозоф, социолог, познат по својата критика на потрошувачкото општество. Познат е по делата „Симулакруми и симулации“, „Симболична размена и смрт“, „За заведувањето“, „Фатални стратегии“ и други дела. Умре во март 2007 година.
1937 Умре италијанскиот електроинжинер и пронаоѓач Гуљермо Маркони, еден од пионерите на бежичната телеграфија, кој во 1909 година ја подели Нобеловата награда за физика со германскиот физичар Карл Фердинанд Браун.
1938 Родена е американската филмска актерка Наташа Гардин, позната како Натали Вуд, една од ретките која стана филмска ѕвезда како дете со филмот „Чудо на 34 улица“ и успеа да оствари успешна филмска кариера. Таа глумеше во филмовите „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“ и „Приказна за западната страна“.
1944 Во „Волчја јама“ во Источна Прусија германскиот полковник фон Штауфенберг се обиде да изврши атентат врз Адолф Хитлер, но водачот на Третиот рајх во експлозијата беше само полесно ранет. Неуспешниот атентат главно го платија мноштво луѓе, вклучувајќи и повеќе германски високи офицери, како фелдмаршалот Ервин Ромел кој беше принуден да изврши самоубиство.
1945 Грчка воена единица го опколи македонското село Косинец, Костурско, и го малтретираше населението. Притоа уапси осум младинци и две жени. Повод за тоа беше кинењето на повикот за мобилизација и зборувањето на македонски јазик. Истовремено, една грчка воена единица го опколи македонското село Владово, Воденско, со цел со сила да ги натера Македонците да потпишат декларација дека се Грци и дека го сакаат кралот. Малубројните селани кои се најдоа во селото, штом разбраа за намерата на грчката единица, избегаа во планина.
1945 Умре Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. Ја продолжи поезијата на симболистите, давајќи и нови тонови и построга форма. Најпознати дела му се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“. Роден е на 30 октомври 1871 година.
1969 Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со астронаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
1974 Турската армија почна инвазија на Кипар, под изговор заштита на турските национални заедици. По инвазијата на третина од овој остров е формирана самопрокламираната „Турска Република Северен Кипар“. Освен Анкара, досега не ја признала ниту една друга држава.
1976 Американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Викинг 1“ се спушти после 11 месеци летање на Марс и почна да испраќа на Земјата јасни снимки од оваа планета.
1982 Во експлозијата која ја предизвика Ирската републиканска армија во „Хајд паркот“ и „Риџентс парк“ во центрот на Лондон загинаа 10 британски војници.
1988 Јужна Африка, Ангола и Куба прифатија Договор за повлекување на странските трупи од Ангола и признавање на независноста на Југозападна Африка.
1989 Британската воена хунта го стави во куќен притвор водачот на опозицијата Аунг Сан Су Чи, поради нејзината отворена критика на бруталните методи на владеење на воениот врв.
1994 Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес пристигна во посета на Јордан како највисок израелски функционер кој дотогаш ја посетил оваа соседна арапска земја.
1996 Во Бурунди бунтовниците од племето Хуту го нападнаа бегалскиот камп на ривалското племе Тутси, усмртувајќи околу 320 луѓе.
1997 Умре Лилјана Чаловска, македонска писателка. Автор е на книгите „Бдение за Виетнам“, „Антидневник“, „Пребир“ и други. Родена е во Софија, во 1920 година.
2000 Виетнам во Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) отвори берза.
 
1542 Папата Павле Втори донесе одлука за основање на инквизиција во Рим.
1798 По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.
1898 Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот "Старецот и морето" во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во американската сојузна држава Ајдахо, на 2.07.1961 година.
1940 Во Литва, Летонија и Естонија е воспоставена советска власт.
1962 Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на Радио Скопје е променето во Радио-Телевизија Скопје.
1984 Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20.11.1906 година.
 
1908 Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923 Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера е изменет националниот состав на Егејска Македонија.
1946 Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1957 Во Прилеп умре Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата. Умре како маченик. Роден е во Прилеп, на 17.08.1902 година.
 
1925 Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, титовелешко, велешкиот партизански одред "Димитар Влахов" беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови на својот одред, на 6.12.1942 година беше смртно погодена.
1945 Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1984 Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која стапна на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.
1987 Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија.
 
1926 Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи". Роден е во Ениџе-Вардарска околија, Солунска област, на 18.11.1874 година.
1963 Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, а 2.900 беа повредени. Веста за земјотресот, што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996 Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.
1996 Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската унија.
1996 Во Република Македонија пристигна првиот американски амбасадор, Кристофер Хил.
 
1844 Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6.09.1766 година.
1880 Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година.
1981 Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1992 Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.
 
1586.Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите компири во Англија.
1741 Умре италијанскиот композитор и виолински виртуоз Антонио Вивалди. Познати негови дела се „L' estro armonico“ и „Il cimento dell'armonia e dell'inventione“.
1750 Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката. Роден е во Ајзенах, на 21 март 1685 година.
1804 Роден е Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Беше под влијание на Хегел, а потоа стана критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштина на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштина на религијата“ и други. Умре на 13 септмври 1872 година.
1821 Аргентинскиот генерал Хозе Сан Мартин ја освои Лима и прогласи независност на Перу, главно упориште на шпанските власти во Латинска Америка. Перу беше шпанска колонија од 1531 година. Овој ден се слави како ден на независноста на Перу.
1904 На Селечка Планина, во близина на селото Селце, Прилепско, во борба против османлиската војска загина Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп, во 1880 година.
1914 Почна Првата светска војна. По атентатот (на 23 јули 1914 година) извршен врз војводата Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум...кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август на Франција.
1922 На иницијатива на Трифун Хаџијанев, истакнат македонски револуционер од Егејска Македонија, во неговата куќа во Воден е одржана основачка конференција на која е формирана првата социјалистичка организација за Воден и за Егејска Македонија.
1937 Јапонците ја окупираа кинеската престолнина Пекинг.
1945 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Трудбеник", орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
1945 Американскиот бомбардер „Б-25“ удри при густа магла во „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, тогаш највисока зграда во светот, усмртувајќи 14 луѓе.
1976 Во земјотресот што го погоди кинескиот град Тангшан загинаа најмалку 242.000 луѓе.
1984 Во Тун, Швајцарија, умре Џорџ Хорас Галуп, американски статистичар, основач и директор на Американскиот институт за испитување на јавното мислење - „Галупов институт“ (1935). Роден е во 1901 година.
1996 Во Белград умре д-р Ставре Нолчев, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист по пневмофитизиологија. Роден е во Кочани, на 20 април 1949 година.
2004 Во самоубиствен напад во ирачкиот град Бакуба загинаа најмалку 68 лица.
 
1014.Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.
1588 Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победи шпанската „непобедлива армада“, со што се создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.
1856 Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камеран и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година.
1883 Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година.
1890 Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.
1937 Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Тјенцин.
1940 Германскиот нацистички водач Хитлер ја почна воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеа да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеа и сериозни порази. Тоа беше првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.
1948 На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри после Втората светска војна.
1968 Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.
1971 Почнувајќи од оваа (1971) година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Фестивалот претставува презентивна сцена на изворни народни игри и песни на македонскиот народ и на националностите во Македонија.
1981 Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер.
1982 Во Принстон, САД умре Владимир Зворник, "таткото на телевизијата". Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.
1983 Умре Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои се "Ангелот на смртта", "Тој мрачен предмет на желбите", "Убавицата на денот" и "Шармот на буржоазијата". Роден е во 1900 година.
1993 Киргистан ја призна Република Македонија.
1994 Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.
1996 Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умре Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20. век. Родена е во Париз, на 13 септември 1903 година.
2003 Долниот дом на Белгиското собрание ги овластило белгиските судови да им судат на сите обвинети за војните злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон.
 
1511.Роден е италијанскиот сликар, архитект и писател Џорџо Вазари, еден од основачите на историја на уметност. Тој наслика многу фрески и слики во римските и фирентинските цркви и палати. Неговите биографии на италијанските уметници од 13 до 16 век се главен извор за проучување на италијанската ренесансна уметност. 1619Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година. 1818Родена е англиската писателка со ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Оркански висови“. 1863Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година. 1889Во Муром, Русија, е роден Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата и така го отвори патот на телевизијата. Умре во Принстон, САД, на 29 јули 1982 година. 1898Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски вајар, главен претставник на апстрактниот правец во европското вајарство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремеше кон синтеза на апстракните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умре на 31 август 1986 година. 1914Во Париз, убиен е Жан Жорес, еден од најголемите француски борци за мир. Беше голем државник, новинар и филозофски мислител, еден од водачите на Втората интернационала, човек кој зазема истакнато место во историјата на француското и на меѓународното работничко движење како борец за историските цели на работничката класа. Роден е на 3 април 1859 година.
1966Англија со победата над Германија со резултат 4:2 во финалето на Светското фудбалско првенство, што се одигра на стадионот „Вембли“, првпат стана светски првак. 1971Астронаутите на "Аполо 15", Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината. 1974Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар. 1975Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигури мирот во Европа. 1999Американската армија официјално ја заврши операцијата во Панама по стогодишното присуство во таа земја од Централна Америка. 2003Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико - „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатарот Адолф Хитлер.
2004Во експлозија на гасовод во белгиската индустриска зона Гисленгијен, на 30 километри југозападно од Брисел, загинаа 14 лица. 2007Умре Микеланџело Антониони, италијански филмски режисер. Се прославил со филмот “Авантура“. Антониони зад себе оставил 25 филмови. Работел како сценарист за Роберта Роселинија, Федерика Фелинија и Марсела Карне, за да првпат застане зад камерата во 1942, снимајќи ги документарните филмови („Луѓе од реката По“). Неговиот филм „Авантура“ е прогласен за ремек дело и се смета за еден од десет најдобри остварувања во историјата на кинематографијата. Во Лос Анџелес во 1996 година му е даден Оскар за животно дело. 2007Во својот дом на островот Фаро, Шведска, умре Ингмар Бергман, легендарен шведски тенисер и филмски режисер, сценарист и драмски писател. Роден е во Упсала, на 14 јули 2007 година.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.
Денеска е Св. великомаченица Марина.
Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Петар Кризолог.
Бил роден во 380 година во Имола, во близина на Болоња и уште како млад стапил меѓу свештениците. Бил познат по својот свет христијански живот. Бил прогласен за бискуп во Равена која во тоа време била престолнина на Западното царство. Им помагал на сиромашните луѓе. Свети Петар Кризолог умрел во 450 година.

И најважно на денешен ден пред 19 години се родив јас :) 30 јули 1991 бил сончев ден исто како и денешниот 30 јули, а вечерта имало полна месечина исто како што ќе има и вечер :)
 
1483.Големиот шпански морепловец Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидат, а потоа првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1610 Умре Микеланџело Караваџо, италијански сликар. Карактеристичен е неговиот барокен стил на црно-бело сликање на светлината. Зад религиозната тематика на неговите слики се откриваат сцени од животот на народот. Познати негови дела се „Бахус“, „Девојка со мандолина“, „Повикување на Св. Матеја“ и други. Роден е на 28 септември 1573 година.
1784 Во Париз умре Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција. Со своите дела значителни влијаеше врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се "Писма на слепите", "Разговор на Даламбер и Дидро", "Мисли на толкување на природата". Роден е на 5.10.1713 година.
1849 Во битката кај Шегешвар, борејќи се во редовите на малубројната војска на револуцијата против странските интервенционисти, загина Шандор Петефи, унгарски револуционер, лирски поет, поет на слободата и љубовта. Беше одушевен приврзаник на револуцијата, републиканец по убедување. Во 1848 година дојде на чело на пештанската младина и стана главен идеолог на Мартовската револуција. Најпознати негови дела се „Витез Јанош“, „Апостол“, „Избрани песни“ и други. Роден е на 1.1. 1823 година.
1886 Во Баварија умре Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе остави симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Роден е во Доборјан, на 22.10.1811 година.
1944 Во борбена задача како авијатичар загина Антоан де Сент Егзипери, француски писател, автор на најубавата модерна бајка, романот за деца „Малиот принц“. Роден е во 1900 година.
1954 Италијанската експедиција која ја предводеше Ардито Десио прва успеа да го усвои хималајскиот врв К-2.
1964 Американската вселенска сонда "Ренџер 9" ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.
1971 Американските астронаути Дејвид Скот и Џејмс Ирвин, членови на мисијата „Аполо 15“, се првите луѓе кои се возеле на површината на Месецот - повеќе од шест часа поминале во возење со електрично лунарно возило.
1974 Стапи на сила договорот за прекинот на огнот помеѓу Турска и Грчка на островот Кипар.
1991 Претседателите на Советскиот Сојуз и САД Михаил Горбачов и Џорџ Буш во Москва го потпишаа договорот за ограничување на нуклеарното оружје со голем дострел.
1994 Советот за безбедност на Обединетите нации ја одобри употребата на воена сила во Хаити, овозможувајќи ја на тој начин интервенцијата која против воениот режим ја предводеа САД и враќањето на власт на избеганиот претседател Жан Бертран Аристид.
1997 Умре поранешниот виетнамски цар Бао Дај, последниот монарх на Виетнам, кој како марионета „владееше“ со земјата под француска колонијална управа.
2001 Во Тетовско, од нападот на албанските терористи врз полициски пункт кај Радио Тетово, загина Цоки Стојановски (на 28 г.) од Тетово, припадник на МВР.
2002 Во текот на посетата на Мексико, папата Јован Павле Втори го прогласи за светец Хуан Диего, селанец од 16 век, кој стана прв римокатолички светец во Америка.
 
10 п.е.- Роден е римскиот цар и историчар Клаудиј Први Тибериј Друз кој во текот на владеењето од 41 година го среди хаосот во државата, а потоа во 43 година ги освои Британските острови. Умре во 54 година од отровни печурки кои му ги подметна неговата четврта сопруга Јулија Агрипина со цел на престолот да го доведе синот од нејзиниот претходен брак Клаудио Цезар Август Германика Нерон.
1502 Италијанскиот морепловец Христофер Колумбо пристигна на брегот на американското копно, дел кој подоцна го доби името Хондурас.
1744 Роден е Жан батист ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето на развитокот на живите суштества. Според него живите суштества ја менуваат структурата и некои органи зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Умре на 18 декември 1829 година.
1798 Во заливот Абукир, во Средоземното Море, англискиот адмирал Хорацио Нелсон извојува најславна победа во историјата на поморското војување, победувајќи ја француската војска на Наполеон Бонапарта.
1819 Во Њујорк е роден Херман Мелвил, северноамерикански романсиер, автор на познатиот роман „Моби Дик“. Умре во Њујорк, на 28 септември 1891 година.
1834- Ропството е забрането во целата Британска империја врз основа на што во британските колонии се ослободени повеќе од 770.000 робови, најмногу во таканаречена Западна Индија (Кариби).
1859- Аранѓеловац го добил сегашното име Варошицу оддалечен околу 80 километри од Београд, познат по Буковичка бања и изворите на минерална вода.
1874 Велика британија го укина ропството во сите британски колонии.
1884 Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 јануари 1956 година.
1894 Јапонија и објави војна на Кина поради спорот меѓу двете земји околу Кореја.
1904 Јапонија и објави војна на Русија која заврши со пораз на флотата на Русија кај Порт Артур.
1910 Во Софија умре Владимир Ковачев, македонски револуционер и поет (брат на Владислав Ковачев, револуционер и публицист). Неговата поезија е проткаена со нагласен револуционерен патриотизам и со неизмерна љубов кон својата земја и народ. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.
1919 Под притисок на интервенционистичките сили на соседните буржоаски држави, задушена е унгарската советска република на Бела Кун. На чело на државата дојде Јосиф Хабсбуршки, а во земјата е воведен „бел терор“.
1958 Кралот Хусеин ја распушти федерацијата на Јордан со Ирак.
1960 Дахомеј ( од 1975 Република Бенин), француска колонија од 1892 година, доби независност. - Национален празник на Република Бенин.
1966 После воениот удар во Нигерија власта ја презеде генерал Јакубу Говон.
1968 Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот "Нова Македонија", како и на други весници и списанија. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.
1975- Советскиот Сојуз и западните земји на конференцијата во Хелсинки за европската безбедност и соработка потпишале завршен акт за човековите права.
1978 Во Скопје умре Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник е на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.
1986 Македонската иселеничка колонија во Австралија организира голем протестен митинг пред Грчката амбасада во Канбера.
1989 Во селото Ранковци, Кумановско, е предаден во употреба новоизградениот магистрален пат Куманово - Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), односно делницата Куманово - Ранковци во должина од 39 километри.
1994 Претседателот на Германија, Роман Херцог и изрази жалење на Полска поради страдањата кои неговата земја и ги нанела во Втората светска војна.
1997- Умре рускиот пијанист Свјатослав Теофилович Рихтер, еден од најзначајните пијанисти на 20 век. Автентично ги толкувал композициите на различните епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника, што ја одушевувала концертната публика ширум светот.
2000 Исламските терористи во Кашмир во седум напади масакрираа најмалку 100 луѓе.
2004 Во пожар во еден супермаркет во предградието Асунсона, Парагвај, животот го изгубиле 409 луѓе, додека 454 биле повредени.
2005- Умре саудискиот крал Фахд, а за нов крал бил прогласен неговиот помлад полубрат принцот Абдулах.
 
1832.Во Риека е роден Иван Зајц, хрватски композитор, диригент, пијанист и музички педагог, втемелувач на хрватската опера. Умре во Загреб, на 26.12.1914 година.
1882 Во Меѓана, кај Горица, е роден Алојз Градник, словенечки поет и преведувач, поет на националниот отпор против угнетувањето. Негови најпознати збирки песни се “Ѕвезди што паѓаат”, “Златни скали” и “Песни за Маја”. Умре во Љубљана, на 14.07.1967 година.
1902 Во селото Вишни, костурско, Егејска Македонија во борбата за слобода на македонскиот народ, предаден и опколен од османлиската војска се самоуби Лазар Москов, еден од врвните македонски апостоли и револуционери. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во костурско. Таму тој стана еден од поактивните организатори на ВМРО и со својата агитација и пропаганда ја подигнуваше револуционерната свест и борбеноста на македонскиот народ. Роден е во селото Д'мбени, костурско, во 1877 година.
1909 Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
 
1890 Во Загреб умре Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ". Роден е во Нови Винодолски, на 18.08.1814 година.
1936 Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944 Во Амстердам, Холандија фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот "Дневник" остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. "Дневникот" на Ана Франк се изведува на многу театарски сцени во светот, а според него е снимен и филм.
1984 Во Женева, Швајцарија умре Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски артист. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10.11.1925 година.
1993 Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom