На денешен ден!

- Денка е Светски ден на правата на потрошувачите
1452 Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден Леонардо да Винчи, познат италијански сликар, скулптор, архитект, пронаоѓач, научник и мислител. Тој е еден од најзначајните умови на ренесансата, соединувајќи го средновековното енциклопедиско знаење со егзактниот модерен метод на забележување. Тој наслика релативно мал број слики од кои најпознати се "Богородица во пештера", "Света Ана", "Тајната вечера" и "Мона Лиза", слика поради која стана медиумски јунак на модерното време. Да Винчи многу се интересираше за природните науки - физиката, астрономијата и хемијата. Умре во дворецот Кло кај Амбус, во Франција, на 2 мај 1519 година.
1764 Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од Пампадур, исклучително влијателна љубовница на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Од 1754 година силно влијаеше на државната политика. Таа го натера францускиот крал да влезе во Седумгодишна војна во која Франција го изгуби колонијалното царство, но придонесе во развојот на француската култура, помагајќи им на енциклопедистите, филозофите и уметниците.
1765 Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич Ломносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист од светска класа. Значајни се неговите откритија од областа на физиката и хемијата. Тој го формулира законот за неуништивоста на материјата, ја објасни појавата на согорување и создаде научна теорија за светлината. Се занимаваше и со лингвистика и е создавач на првата руска граматика. Пишуваше драми ("Тамара и Селим", "Демофонт"), оди и беседи. Роден е во селото Мишанинско, на 19 ноември 1711 година.
1843 Роден е американскиот писател Хенри Џемјс. Пред крајот на животот, во 1915 година стана британски државјанин. Дела: романите “Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, „Гулабови крилја“, „Амбасадори“.
1865 Умре американскиот државник Абрахам Линколн, ден после атентатот во вашингтонскиот театар „Ford Theatre“, каде што на него пукаше еден актер кој го потплатиле богати луѓе од јужниот дел на САД, приврзаници на поразените држави на Конфедерацијата во туку што завршената Американска граѓанска војна. Пред изборот за претседател на САД во 1860 година, Линколн беше земјоделец, дрвосечач, управник на пошта, адвокат и конгресмен.
1888 Умре англискиот писател и литературен критичар Метју Арнолд, значаен естетичар, професор на Оксфорд. Дела: збирка песни „Песни“, „Нови песни“, есеите „Клутура и анархија“, „Критички есеи“.
1912 На првото патување од Велика Британија во САД, најголемиот и најлуксузниот патнички брод „Титаник“ со голема брзина налета на леден брег во Атлантикот. Бродот потона за само два часа и 20 минути. Од 2.224 патници и членови на екипажот загинаа 1.523.
1923 Инсулинот, кој го откри канадскиот лекар фредерик Бантинг, им стана достапен на пациентите заболени од дотогаш неизлечливата шеќерна болест.
1931 Во Ќустендил умре Андон Тошев Стојанов, познат како Дончо Штипјанчето, македонски револуционер, курир на Гоце Делчев и приврзаник на Македонската револуционерна организација. Роден во во селото Ерџелија, Штипско, во 1867 година.
1945 Британските трупи во Втората светска војна го ослободија германскиот концентрационен логор Берген-Белзен.
1952 Њујоршката „Френклин банка“ стана прва банка која издаде кредитна картичка.
1968 Двата советски сателити „Космос 212“ и „Космос 213“, без човечки екипаж, се споија во орбитата околу Земјата.
1980 Умре францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр, еден од творците на филозофијата на егзистенцијализмот, кој во 1964 година ја одби Нобеловата награда за литература. Дела: филозофските списи: „Имагинарно“, „Егзистенцијализмот е хуманизам“, „Критика на дијалектичкиот ум“, романите „Мачнина“, „Патишта на слободите“, драмите „Нечисти раце“, „Зад затворени врати“.
1980 Во Охрид умре Ванчо Николески, македонски писател. Од 1950 година беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка "Македонче", објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Прва радост" и "Чудотворен кавал". Роден е во селото Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година.
1989 При уривање на трибина на фудбалскиот стадион „Хилсбороу“ во англискиот град Шефилд загинаа 108 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Несреќата се случи бидејќи на веќе преполн стадион беа пуштени нови илјада навивачи.
1990 Во Њујорк умре Грета Гарбо (Грета Луиза Густафон), шведска актерка, една од најголемите легенди на Холивуд. Таа глумеше во филмовите „Бакнеж“, „Мата Хари“, „Ана Кристи“, „Кралицата Кристина“, „Дамата со камелии“, „Марија Валевска“ и други. Родена е во 1905 година.
1992 Во Скопје умре Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. Роден е во Крушево, на 30 мај 1922 година.
1992 Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1997 Во Скопје умре д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. Роден е во 1916 година.
2005 Во пожар кој изби во центарот на Париз во еден хотел за имигранти, животот го изгубија 24 лица меѓу кои десет деца, а беа повредени околу 50.
 
-
Денеска е Светски ден на културното наследство
1828 Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Неговата слика "Стрелањето на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку циклуси графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Роден е во Фуентетодос, Арагонија, на 30 март 1746 година.
1844 Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се "Современа историја", "Злосторството на Силвестер Бонар", "Бунтот на ангелот", "Боговите се жедни" и други. Во 1921 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12 октомври 1924 година.
1859 Умре францускиот историчар и политичар Алексис Клерел де Токвил, противник на револуционерните општествени промени, а битно влијаеше врз граѓанските историчари во 19 и 20 век. Дела: „Демократијата во Америка“, „Стариот режим и револуцијата“.
1862 Францускиот цар Наполеон Трети му објави војна на мексиканскиот претседател Бенито Хуарес. По повлекувањето на француските трупи во 1867 година, царот-узурпатор беше стрелан, а Хуарес повторно беше избран за претседател.
1867 Роден е американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година со неговиот брат Орвил со авион што го направија, го изведоа првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година, ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на САД им го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс“.
1871 Револуционерната власт на Париската комуна донесе "Декрет за напуштените претпријатија", според кој, целото стопанство, чии сопственици избегале од Париз, е предадено на работниците. Со тоа пролетеријатот првпат во историјата ги презеде во свои раце фабриките и другите претпријатија и се здоби со право да управува со нив.
1889 Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски сртист, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Има снимено 75 кусометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се "Кучешки живот", "Потрага по злато", "Циркус", "Светлините на велеградот" и "Господин Ведру". Умре во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25 декември 1977 година.
1921 Роден е британскиот глумец, режисер и писател од руско-француско потекло Питер Александер Јустинов, амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и УНЕСКО. Пред Втората светска војна во театар најповеќе играше во своите комедии: „Љубовта на четворицата полковници“, „Романов и Џулиета“, „Фото-финиш“, „Десета симфонија“. Ја напиша и автобиографијата „Dear me“. Филмови: „Quo vadis“, „Спартак“, „Топкапи“, „Виолетово такси“.
1945 Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓу другото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти, со кој е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.
1945 Американските трупи во Втората светска војна влегоа во германскиот град Нирнберг.
1947 Во градот Тексас во истоимената држава загинаа повеќе под 500 луѓе во експлозија на француски камион наполнет со нитрит.
1951 Британската подморница „Афреј“ потона во каналот Ламанш при што загинаа 75 луѓе.
1970 Снежна лавина, која го затрупа детскиот санаториум во местото Саланш во француските Алпи, усмрти 72 луѓе.
1991 Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7 јуни 1991 година.
1991 Умре англискиот филмски режисер Дејвид Лин. Филови: „Кратка средба“, „Големо исчекување“, „Оливер Твист“, „Мадлена“, „Хобсонов избор“, „Мост на реката Квај“ (Оскар), „Лоренс од Арабија“ (Оскар), „Доктор Живаго“ (Оскар), „Рајановата ќерка“. „Патот во Индија“.
1994 Умре американскиот писател од афроамериканско потекло Ралф Валдо Елисон, чиј роман „Невидливиот човек“ е еден од најимпресивните во американската литертура по Втората светска војна. Ја напиша книгата есеи „Сенка и чин“.
1996 Поранешниот премиер на Италија, Бетино Кракси, италијанскиот Суд на основа на обвинение кое го терети за корупција, го осуди на осум години и три месеци затвор.
2003 Лидерите на 10 европски земји на Самитот на Европската унија во Атина потпишаа договори за приклучување во Европската унија на 1 мај 2004 година. Договорите ги потпишаа лидерите на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.
 
1421.Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога морето во Холандија ги проби заштитните насипи.
1492 Кралскиот пар на Шпанија (тогашна Кастиља и Арагон) Фернандо Шести и Изабела Прва се согласија да го финансираат првото патување во Америка, односно Индија како тогаш се мислело, на шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофер Колумбо. На Колумбо му беа дадени три брода-едрењаци, звање адмирал на оеканот и вицекрал на земјите кои ќе ги освои. Исто така, му беше ветена десетина од стоката која ќе ја донесе и владетелство на осмина од земјите кои би ги открил.
1790 Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Покрај Џеферсон, автор е на американската "Декларација за независност". Со години тој се занимаваше со демократизација на Уставот и укинување на ропството. Како физичар се занимаваше со проучување на електрицитетот и го пронајде громобранот. Роден е во Бостон, на 17 јануари 1706 година.
1894 Роден е рускиот државник Никита Сергеевич Хрушчов, шеф на советската Комунистичка партија од 1953 до 1964 година. Пленумот на Централниот комитет во октомври 1964 година го смени од сите функции.
1916 Родена е цејлонската државничка Сиримаво Бандеренаике која во јули 1960 година стана премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка), прва жена во историјата на таа функција.
1946 Последните француски војници ја напуштија Сирија, која стекна независност.
1961 Со подршка на американската Влада и со помош на ЦИА, кубанските контрареволуционери извршија неуспешен десант на Заливот на Свињите, со намера да ја урнат револуционерната власт на Фидел Кастро. Расплетот на драмата беше побрз отколку што очекуваше Вашингтон. Револуционерните сили брзо го разбија инвазиониот корпус.
1969 Александер Дубчек поднесе оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка, на која го замени Густав Хусак.
1975 „Црвените Кмери“ го зазедоа главниот град на Камбоџа, Пном Пен и веднаш почнаа терор кон сонародниците во текот на кој, до виетнамската окупација на земјата кон крајот на декември 1978 година, убија меѓу милион и два милиони луѓе.
1977 Жените во Лихтенштајн прв пат гласаа на избори.
1983 Од територијата на Индија успешно е лансиран вештачки сателит. Првиот индиски сателит е исфрлен со советска ракета во орбитата околу Земјата од космодромот Бајконур на 19 април 1975 година.
1984 Во Чарлстон умре Марк Кларк, американски генерал, последен од петмината големи американски команаданти во Втората светска војна. Тој ја предводеше сојузничката инвазија на Италија во 1943 година и ја потпиша Спогодбата со која е окончана војната во Кореја. Тој заедно со генералите Џорџ Партон, Даглас Макартус, Двајт Ајзенхауер и Омар Бредли ги предводеше сите акции на американската армија во Втората светска војна. Роден е во 1897 година.
1989 Полскиот синдикат „Солидарност“ е легализиран после седумгодишна забрана.
1992 Во Скопје, претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров ја откри новата натпис - плоча на Домот на Армијата на која пишува "Република Македонија, Дом на Армијата - Скопје". Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и нејзиното воено осамостојување.
1993 Во Анкара умре Тургут Озал, осми по ред турски претседател. За време на неговото претседателствување, Република Турција ја призна Република Македонија. Роден е на 13 октомври 1927 година, во источната турска област Малатија.
1997 Умре израелскиот државник Хаим Херцог, претседател на Израел од 1983 до 1993 година.
2002 Поранешниот герилски водач Ксанан Гусмао е прогласен за победник на првите претседателски избори во Источен Тимор.
2003 Умре рускиот филмски режисер Емил Лотјан, автор на класични филмови, меѓу кои се „Циганите летаат на небо“ и „Ана Павлова“, посветен на една од најголемите руски балерини. За филмот „Циганите летаат на небо“ е награден со главната награда на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан.
2004 Новиот водач на палестинското движење Хамас, Абдел Азиз ел Рантиси е убиен во израелски хеликоптерски напад врз неговото возило. Тој стана водач на движењето откако претходно исто така во израелски напад е убиен основачот и духовниот лидер на тоа исламистичко движење шеикот Ахмед Јасин.
2004 Умре Фана Кочовска - Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Родена е во село Лавци, Битолско, на 27 јули 1927 година.
 
885.-Во Моравија умре Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф - Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година.
1587 Британската флота под команда на адмирал Френсис Дрејк го освои градот Кадис во Шпанија. Шпанската "непобедлива армада" е уништена во наредните неколку години во Ла Манш.
1772 Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа, приврзаник на теоријата за работната вредност. Во 1809 година го објави памфлетот "Цената на златото". Најпознато негово дело е "Принципи на политичката економија". Умре во Лондон, на 11 септември 1823 година.
1775 Американската војна за независност почна со поразот на Британците кај Лексингтон и Конкорд.
1783 Конгресот на САД објави дека со победа заврши војната за независност од Велика Британија.
1824 Во Мисолонги, Грција, умре Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет. Негови најзначајни поетски дела се "Чајлд Харолд", "Каин", "Манфред", "Гусар" и "Дон Жуан". Роден е во Лондон, на 22 јануари 1788 година.
1881 Умре Бенџамин Дизраели, англиски политичар, државник и писател, основач и водач на конзервативците, еден од главните протагонисти на англиската експанзионистичка политика во втората половина на 19 век. Објави забележителни литературни и политички дела, политички записи и сведоштва. Роден е на 21 декември 1804 година.
1882 Умре Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 година до 1836 година учествуваше на научната експедиција на бродот "Бигл", која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската еволуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Во своето капитално дело "Потеклото на видовите" ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени "дарвинизам". Роден е на 12 февруари 1804 година.
1906 Во Париз умре Пјер Кири, француски физичар и хемичар. Заедно со својата сопруга Марија Кири ги удри темелите на науката за радиоактивноста, пронаоѓајќи два важни елементи: радиумот и полониумот. Роден е во 1859 година.
1911 Во Португалија е одвоена црквата од државата.
1921 Стапи на сила законот за поделба на Ирска на Република Ирска и Северна Ирска, која остана дел од Велика Британија. Независноста е резултат на многубројните востанија на Ирците, па британската влада, немоќна со оружје да го спречи бунтот, го подели Островот и на поголемиот дел му ја призна независноста.
1945 Американските војници во Втората светска војна го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1967 Умре германскиот државник Конрад Аденауер, канцелар на Западна Германија од 1949 година до 1963 година.
1971 СССР ја лансира вселенската станица "Салјут" во орбитата околу Земјата.
1975 Од космодромот Бајконур со советска ракета е лансиран првиот индиски вештачки сателит.
1984 Лансиран е првиот кинески телекомуникациски сателит. Пред Кина тоа им успеа само на Советскиот Сојуз и на САД.
1989 Во експлозија за време на поморските маневри во Атлантикот на американскиот воен брод „Ајова“ загинаа 47 луѓе.
1993 Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995 Во експлозија во една федерална зграда во американскиот град Оклахома Сити загинаа најмалку 168 луѓе.
2000 Во најтешката несреќа во историјата на филипинското воздухопловство загина 131 патник и членови на екипажот кога авион на компанијата „Ер Филипинс“ се урна во близина на градот Давао во јужниот дел на Филипините.
2005 Конклавата на кардиналите на Римокатоличката црква го избра германскиот кардинал Јозеф Рацингер за нов папа. Тој го избра името Бенедикт Шеснаесетти. Изборот на новиот папа беше означен со бел чад од Сикстинската капела и беше потврден со биење на камбаните десетина минути подоцна од базиликата "Свети Петар". Бенедикт Шеснаесетти е 256-ти по ред избран папа и е првиот Германец избран за понтиф по 480 години.
2007 Умре францускиот глумец Жан-Пјер Касел. Роден е во Париз во октомври 1932 година како син на доктор и оперска пејачка. Филмови: „Среќен пат“, „Тројца мускетари“ и „Четворица мускетари“, „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Пекол“, „Церемонија“ „Pret-a-porte“.
 
570.-о Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40 година почна да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на новите верници.
1653 Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распушти Парламентот и воведе лична дикататура како лорд-протектор на Англија.
1657 Англиската флота, под команда на адмирал Роберт Блејк ги нападна и потопи сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништи градот.
1768 Умре италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век. Најмногу ја сликаше Венеција, нејзините канали и палати.
1808 Роден е францускиот цар Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта. Надевајќи се на успех, ја започна војната против Прусија. Неговата цел беше да го спречи обединувањето на Германија, но на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан беше заробен и тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври 1870 година повторно стана република. По склучувањето на мирот со Прусија, во 1871 година емигрираше во Велика Британија, каде умре во 1873 година.
1889 Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушна веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30 април 1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.
1893 Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз. Кратко твореше под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изгради неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат подсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.
1893 Роден е американскиот филмски глумец Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“, „Луда среда“.
1936 Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегоа во Етиопија, презедоа решавачка офанзива против етиопските сили и успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.
1948 Во близина на селото Богацко, Костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загина Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден е во селото В'мбел, Костурско во 1922 година.
1972 Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.
1982 Во Скопје умре Ацо Шопов, македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов "Песни" е објавена во 1944 година. Негови познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина" и други. Беше уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт", и "Современост". Роден е во Штип, на 20 декември 1923 година.
1984 Велика Британија соопшти дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.
1994 Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.
2006 Романските власти наредија евакуација на 1.000 луѓе поради рекордно високиот водостој на Дунав. Своите домови претходно ги напуштија околу 7.000 луѓе во 129 населени подрачја, повеќе од 700 куќи беа потопени, а 75.000 хектари земја се најдоа под вода.
 
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим.

1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигна до брегот на Бразил и го прогласи за португалски имот.

1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор.

1699.- Умре францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја доведе француската трагедија и инсистираше на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати дела се трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.

1816.- Родена е Шарлота Бронте, англиска писателка. Се прослави со романот "Џејн Ејр". Други нејзини познати дела се: "Ема", "Професор" и "Вилета". Умре во 1855 година.

1856.- Австралија е прва земја во светот која воведе осумчасовно работно време.

1910.- Во Реинг умре Марк Твен, американски писател, еден од најголемите хумористи на своето време. Негови најпознати дела се: "Доживувањата на Том Соер", "Хаклбери Фин". Пишуваше раскази и романи од животот на бреговите на Мисисипи. Роден е на Флорида, на 30 ноември 1835 година.

1918.- Во воздушна борба загина германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Тој во текот на војната собори повеќе од 80 непријателски авиони.

1926.- Родена е британската принцеза Елизабета Александра Мери, од 1952 година Елизабета Втора, кралица на Велика Британија.

1946.- Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата "Силјан Штркот", според истоимената народна приказна.

1960.- Главниот град на Бразил е преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.

1967.- Оружените сили на Кралството Грција под раководство на десничарски ориентираните полковници извршија државен удар и ги укинаа сите уставни институции во земјата. Обидот на кралот да изврши противнапад не успеа, па монархот мораше да ја напушти земјата. Извесно време во Грција постоеше регенство, а потоа е прогласена република.

1993.- Врховниот суд на Боливија на 30 години затвор го осуди поранешниот диктатор Луис Гарсија Меса, под обвинение за убиства, грабежи, измами и непочитување на Уставот.

1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.

1997.- Првите кинески војници навлегоа во Хонгконг во рамките на подготовките за преминување на таа британска колонија на 1 јули 1997 година под суверенитет на Кина.

2004.- Во серија самоубиствени бомбашки напади врз полициски станици во градот Басра во јужен Ирак загинаа 73 луѓе.
 
-
Денеска е Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. Во 1920 година поштарите во Македонија стапија во штрајк
- Деска е Ден на планетата Земја
1529 Во Сарагоса е потпишан Договор со кој Шпанија и Португалија ги одредија границите на интересните зони во Тихиот Океан.
1724 Роден е германскиот филозоф Имануел Кант, професор на Универзитетот во Кенигзберг, основач на германската класична филозофија. Тој ја постави хипотезата за природно формирање на Земјата и небеските тела. Негови најпознати дела се „Критика на практичниот ум“, „Критика на чистиот ум“, „Општа теорија на природата и теорија на небото“ и други.
1766 Во Париз е родена Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата "За Германија", која Наполеон ја забрани бидејќи авторот се восхитува од германската филозофија и литература. Со право таа се смета за основоположник на францускиот романтизам кој ги постави новите основи на целата француска литература и култура. Умре во Париз, на 14 јули 1817 година.
1773 Во селото Тресонче, дебарско е родена Сирма Војвода, ќерка на Анѓа и зографот Петре Врлески, предводничка на ајдуци, војвода на дружина. Таа е опеана во народните песни. Умре во Прилеп, во 1858 година.
1822 Турската флота го зазеде грчкиот остров Хиос и го масакрира христијанското население.
1838 Британскиот брод „Сириус“ прв го помина Атланскиот Океан користејќи парен погон. Патувањето од британското пристаниште Корк до американското пристаниште Њујорк траеше 18 денови и 10 часа.
1870 Во Сибирск е роден Владимир Илич Ленин, еден од водачите на руското и на меѓународното работничко движење, организатор на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија и основач на советската држава, економист, социолог и марксист. Умре во Горки, кај Москва, на 21 јануари 1924 година.
1915 Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Рожденскиот манастир, врховистичките наемници го убија Јане Сандански, врвна личност во македонското национално ослободително движење пред и после Илинденското востание од 1903 година. Роден е во селото Влахи, мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.
1933 Умре англискиот инжинер Фредерик Хенри Ројс кој со Чарлс Ројс во 1906 година ја основа автомобилската компанија „Ролс-Ројс“.
1970 Во САД се одржаа најмасовните демонстрации во историјата, кога беше манифестирана загриженоста за зачувување на животната средина.
1992 Во серија експлозии во канализацискиот систем во мексиканскиот град Гвадалахара загинаа околу 200 луѓе.
1995 Армијата на Руанда под доминација на племето Тутси отвори оган врз припадниците на ривалското племе Хуту во бегалскиот логор Кибехо и уби околу 2.000 луѓе.
1997 Перуанската армија влезе во резиденцијата на јапонскиот амбасадор во Лима и ослободи 71 лице кои четири месеци беа држени во заложништво од страна на герилците на левичарското движење „Тупак Амару“. Во акцијата загина еден заложник, тројца војници и сите 14 герилци.
1998 Почина грчкиот државник Константин Караманлис, претседател на Грција од 1980 до 1985 година, основач на партијата Нова демократија. Првпат стана премиер во 1955 година и на таа функција остана до 1963 година, кога доброволно емигрира. Повторно состави влада во 1974 година.
2007 Почина Борис Јелцин, првиот руски претседател по распаѓањето на Советскиот Сојуз - од 1991 до крајот на декември 1999 година. Роден е на 1 февруари 1931 година во селото Бутка, во Талицкиот регион на Свердловската област.
 
1731.Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој објави повеќе од 250 дела, но светска слава му донесе романот „Робинсон Крусо“. Други негови познати дела се „Мол Фландерс“, „Полковник Џек“ и „Роксана“.
1854 Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар "Сингер" и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата "сингерка". Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата.
1898 Шпанија им објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба.
1905 Во селото Цер, кичевско во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година.
1942 Родена е американската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд. Нејзини најпознати филмови се "Смешна девојка", "Девојката која ја сакав", "Ѕвездата е родена", "Јентл" и "Огледалото има две лица".
1945 Американската Армија во Втората светска војна го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.
1949 Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името "Кирил и Методиј", а од 12 ноември 1992 година, "Свети Кирил и Методиј".
1970 Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1984 Во Њујорк умре Харолд Арлен, американски композитор, автор на голем број популарни песни меѓу кои најпозната е "Над виножитото", која во филмот "Волшебникот од ОЗ" ја пееше Џуди Гарланд. Тој компонира повеќе од 500 песни од кои многу беа специјално напишани за филмови и за претстави на Бродвеј. Во 1939 година, тој доби "Оскар" за музиката во филмот "Волшебникот од ОЗ". Роден е во Бафало, на 15 февруари 1905 година.
1990 Источна и Западна Геманија го одредија 2 јули како датум за економско обединување, како вовед во целосно обединување на двете германски држави на 3 октомври 1990 година.
1993 Умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е во селото Блатец, виничко, на 17 мај 1924 година.
1995 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.
1995 Во Битола умре Љубиша Георгиевски, македонски артист, првенец на Битолскиот народен театар. Роден е во 1930 година.
2003 Во Багдад се предаде Тарик Азиз, поранешен заменик-премиер на Ирак, кој беше 43-ти на списокот на САД на 55 најбарани припадници на соборениот режим на Садам Хусеин.
2005 Умре поранешниот израелски претседател Езер Вајцман, кој имаше клучна улога во постигнувањето на мировниот договор меѓу еврејската држави и Египет во 1979 година.
2007 Најмалку 74 лица се убиени во напад на едно претставништво на кинеската нафтена компанија „Чингуан“ во источниот дел на Етиопија, во покраината Огаден. Меѓу загинатите биле девет кинески државјани и најмалку 65 Етиопјани. Компанијата „Чингуан“ се занимава со испитување на наоѓалишта на нафта во овој дел на Африка.
 
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети Ѓорѓи" во селото Курбиново, Ресенско. На 19 октомври 1991 година е одбележана 800-годишнината од животописувањето на црквата.

1284.- Роден е англискиот крал Едвард II. Неговото владеење од 1307 до 1327 година беше проследено со низа воени порази во Шкотска, посебно во 1314 година во битката кај Банокберн. Пред стапувањето на престолот, во 1301 година стана првиот принц од Велс. Во септември 1327 година во замокот Беркли беше убиен од неговата сопруга Изабела од Франција и нејзиниот љубовник Роџер де Мортимер. Љубовникот на кралицата потоа владееше во име на престолонаследникот Едвард III, од кој во 1330 година беше затворен и убиен.

1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански поет. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус се обидуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и добрите особини. Најпознати негови дела се "Ослободениот Ерусалим", "Аминта" и "Ротерисмондо". Роден е во Соренто, на 11 март 1544 година.

1599.- Роден е водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел. Неговата војска во 1644 година кај Марстон Мура ја порази кралската армија, а во 1645 кај Незби го зароби кралот Чарлс I. Кралот беше осуден на смрт и погубен во 1649 година. Одбивајќи ја титулата крал, Кромвел во 1653 година стана протектор во Англија, Шкотска и Ирска. Две години по неговата смрт во 1658 година монархијата беше обновена. Периодот на република во историјата на Англија остана запаметен како време на стравовладение.

1744.- Умре Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала, Целзиусова скала. Во 1736 година, учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на мередијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетната игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Роден е на 27 ноември 1701 година.

1792.- Погубен е друмскиот разбојник Жак Пелетје на плоштдот Де Грев во Париз, кога за првпат во Франција беше употребена гилотина која во Италија беше позната уште во 13. век, а подоцна во средниот век и во Шкотска, Англија и во Германија.

1859.- Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинант Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Средниот и Далечниот Исток.

1874.- Роден е Џиљелмо Маркони, италијански инженер и пронаоѓач, еден од основачите на бежичната телеграфија. Тој прв успеа да го предаде сигналот преку Атланскиот Океан во 1901 година. Умре во 1937 година.

1898.- Американскиот конгрес и објави војна на Шпанија, следниот ден откако Мадрид му објави непријателство на Вашингтон. На тоа му претходеше американскиот ултиматум со кој Шпанија требаше да се повлече од Куба. Побројната и подобро опремена американска војска и морнарица брзо ја поразија Шпанија, а САД со мировен договор ги приграбија шпанските поседи во Куба, Филипини, Порторико и Гуама. Куба формално стана независна, додека поранешните шпански поседи станаа зависни од САД. Порторико и Гуама и денеска се поседи на САД.

1918.- Родена е американската пејачка Ела Фицџералд, некрунисаната „кралица на џезот“. Прочуена е по „скат“ дијалозите со големите џез музичари како што се Луис Амстронг, Дјук Елингтон и Каунт Бејзи.

1920.- Полската војска навлезе во Украина и на 6 мај истата година го зазеде Киев. Со мирот во Рига на 12 март 1921 година Полска од Советска Русија ги доби териториите во кои се населија повеќе од еден милион Украинци и Белоруси.

1928.- Умре рускиот генерал барон Петар Николајевич Врангел, еден од најзначајните белогардиски команданти, кој по Октомвриската револуција се бореше во Украина против советската власт. По поразот во ноември во 1920 година кога Црвената армија го зазеде упориштето на Перекоп ја напушти Русија. Погребен е, по сопствена желба, во Руската црква во Белград.

1943.- Умре Владимир Иванович Немирович - Данченко, руски театарски режисер и писател. Заедно со Станиславски, во 1898 година го основа Московскиот художествен театар, најдобриот руски театар и еден од најдобрите реалистични театри во светот. Роден е во 1853 година.

1945.- Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).

1945.- Советските и американските трупи за првпат во Втората светска војна се сретнаа кај местото Торга во Германија. Беа тоа единиците на Првиот украински фронт и Првата американска армија. Два дена подоцна на западниот брег на Лабе се состанаа командите на 58 советска гардиска и 69 американска армија.

1960.- Во Битола е основано Друштвото за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.

1971.- Во Вашингтон околу 200.000 луѓе демонстрираа против Виетнамската војна.

1974.- Во Поргугалија со државен удар, познат како „Револуција на каранфилите“, со акција на вооружените сили без пролеваање крв е соборен автократскиот режим на Марсел Катано. Со тоа беше окончан периодот од 48 години диктатура кој ја втемели Антонио Салазар. Власта ја презеде Хунтата на националиот спас на генералот Антонио Рибеиро де Спиноле, која на португалските колонии им го призна правото на самоопределување, по повеќедеценискиот вооружен судир.

1975.- Во Поргугалија на првите слободни избори по половина век победи Социјалистичката партија на Марио Соаресо.

1979.- Во Битола е прогласено основањето на вториот Универзитет во СР Македонија. На 13 јуни 1993 година Собранието на Универзитетот во Битола донесе одлука од 30 јуни Универзитетот да се вика "Свети Климент Охридски".

1980.- Мисијата на американските командоси, која во Техеран требаше да ги спаси 53 членови на амбасадата на САД (заложници), пропадна во иранската пустина, по загинувањето на осум Американци во судирот на хеликоптер со авион.

1980.- Данскиот „Боинг 727“ кој со чартер-лет превезуваше британски туристи на линијата Манчестер - Тенерифе, удри во планина околу 30 километри јужно од аеродромот „Лос Родеос“. Во несреќата згинаа сите 146 патници и членови на екипажот.

1982.- Последните израелски војници го напуштија Синај ставајќи и крај на 15-годишната окупација на тој египетски полуостров.

1986.- Се случи хаварија на нуклеарната централа во Чернобил, Украина во СССР. Беа озрачени неколку илјади луѓе.

1991.- Пленимут на Комунистичката партија на Советскиот сојуз одлучи Михаил Горбачов и натаму да ја предводи партијата иако по повеќечасовната остра критика понуди оставка.

1993.- На референдум во Русија 62 отсто од гласачите ги подржаа реформите на претседателот Борис Елцин.

1995.- Умре американската театарска и филмска актерка Џинџер Роџерс, која светската слава ја стекна како партнерка на Фред Астер во многу романтични мјузикли, со елегантни и пријатни нумери. Филмови: „Свиреж во ноќта“, „Весел развод“, „Полноќна ѕвезда“, „Сакаме ли да танцуваме“, „Приказна за Верон и Ирена Кастл“, „Кити Фоил“ (Оскар), „Мајор и Малена“, „Роберта“.

1995.- Во Скопје умре Јово Камберски, макeдонски писател. Тој ги напиша романите "Пресуда", "Колона", "Пресметка" и "Празник" и книгите раскази "Виденија" и "Траги". Роден е во Гевгелија, на 11 јануари 1923 година.

1996.- Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

2001.- Полицијата го уапси поранешниот филипински претседател Џозеф Естрад, обвинет за грабеж, претходно истерувајќи ги стотиците негови приврзеници пред неговата куќа во Манила.

2002.- Русија соопшти дека нејзините сили го ликвидирале арапскиот исламски терорист Хатаб, еден од предводниците на чеченските сепаратисти, осомничен за поврзаност со мрежата на Ал Каида на Осама бин Ладен.

2005.- Во железничка несреќа во јапонскиот град Амагасаки загинаа 107 лица, а повредени беа 460, кога воз излета од шините и удри во станбена зграда
 
121.Роден е Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување на самиот себеси" во 12 книги. Умре на 17 март 180 година.
1452 Роден е италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи. Направи релативно мал број слики, од кои најзначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Ниту едно негово вајарско дело не е сочувано. Тој се интересираше и за природните науки - физика, астрономија и хемија. Го напиша „Трактатот за сликарството“.
1607 Капетан Џон Смит во Кејп Хенри, Вирџинија ги доведе првите колонисти, кои ја основаа првата постојана британска населба во Америка.
1798 Во Шератон Сен Морис е роден Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтизмот во сликарството. За него славниот уметник Пол Сезан рекол "Делакроа останува најубавата палета на Франција, сите сликавме според него". Негови најпознати дела се "Слобида на барикадите", "Колежот на Хиос", "Смртта на Сарданепал" и други. Умре во Париз, на 13 август 1863 година.
1900 Во Хамилтон, Охајо, САД роден е Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. Умре во Пасадена, Калифорнија, во САД, на 30 септември 1985 година.
1937 По налог на генерал Франко, фашистичките авиони го уништија шпанското градче Герника и убија стотина луѓе. Славниот сликар Пикасо го овековечи страдањето на Герника на својата истоимена слика, која стана симбол на борбата против фашизмот.
1942 Во најголемата несреќа во историјата на рударството, во кинескиот рудник за јаглен во Бенкси, тогаш под окупација на Јапонија, загинаа најмалку 1.540 луѓе.
1962 Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964 Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1966 Во ерупција на вулканот Келуд на индонезискиот остров Јава загинаа најмалку 1.000 луѓе.
1992 Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име "денар".
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1993 Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.
2004 Во Лос Анџелес умре Хјуберт Селби, помладиот, американски писател. Негови најпознати романи се "Последната станица Бруклин" и "Реквием за еден сон". Роден е во Бруклин, Њујорк, во 1928 година.
2005 Сирија го заврши повлекувањето на своите сили од Либан согласно Резолуцијата на Обединетите нации и на тој начин стави крај на 29-годишното присуство во таа земја.
 
- Денеска е Светски ден на дрвјата

- Денеска е Светски ден на интелектуалната сопственост

2008.- Во пожар во фабрика во Казабланка во Мароко, 55 луѓе загинаа, а 12 беа тешко повредени. Пожарот изби во приземјето на зградата во моментот кога во неа се наоѓаа 60-ина работници, од вкупно 150 вработени во таа фабрика.
 
1521.На филипинскиот остров Макатан домородците го убија Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја на 16 март 1521 година, од Тихиот Океан пристигна на Филипинските острови. Роден е во Соброза, Италија, на 16 март 1480 година.
1791 Роден е Самјуел Морзе, американски физичар и сликар. Во 1837 година го пронајде телеграфот. Умре во 1872 година.
1830 Јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар, обвинет за диктаторски амбиции, поднесе оставка на функцијата претседател на Колумбија.
1905 Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. Роден е во Крушево, во 1877 година.
1915 Умре Александар Николаевич Скрјабин, руски композитор и пијанист, прдвесник на експресионизмот. Во последната фаза од неговото творештво се чувствува мистична концепција ("Божествена поема", "Прометеј"). Компонираше оркестарски композиции, прелудиуми за клавир, сонати и друго. Роден е на 6 јануари 1872 година.
1941 Атина во Втората светска војна ја зазедоа германските трупи после грчкиот отпор кој траеше 180 денови.
1945 Италијанските партизани го фатија злогласниот Бенито Мусолини, кој се обиде да побегне од земјата. Набрзо, потоа, како еден од виновниците за Втората светска војна и за безбројните злосторства, е стрелан (28 април 1945 година).
1956 Американскиот боксер во тешка категорија со италијанско потекло Роки Марчано се повлече од рингот како непоразен светски боксерски шампион.
1960 Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961 Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1983 Во Скопје умре Димо Тодоровски, македонски академик, познат вајар кој беше единствен скулптор во Македонија меѓу двете светски војни. Роден е во Солун, на 11 декември 1910 година.
1972 Умре ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот.
1983 Во Скопје умре Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. Роден е во Ресен, на 27 мај 1912 година.
1992 Понеделник, вториот ден на православниот празник Велигден, првпат е прогласен за неработен ден во Република Македонија.
1992 Замбиски воен авион во кој се наоѓаа фудбалските репрезентативци на таа африканска земја се урна во Атланскиот океан во близина на Габон. Во авионската несреќа загинаа 30 лица.
1993 Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993 Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.
1995 Во Скопје умре Цветко Мартиновски, македонски писател, преведувач и новинар. Негови најпознати книги раскази се "Луњинци", "Квечерини и разденувања" и "Пријатели". Роден е во Скопје, на 25 март 1930 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom