На денешен ден!

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Собор на 12 Апостоли (Павловден).

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Хенрик.

Бил роден во 973 година во Абако во близина на Регенсбург. Царот Хенрик бил побожен човек. Се залагал за обновување на црквата и за испраќање на свештениците-мисионери во областите каде не било раширено христијанството.



1762- Умре Џемс Бредли, англиски астроном.

1793- Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција.

1946- Во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
 
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темел. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази. Веднаш по катастрофата, по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.

1374 - Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.

1846 - Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза.

1898 - Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.

1967 - Во Охрид, на третиот црковно - народен собор, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски).
 
1542 - Папата Павле Втори донесе одлука за основање на инквизиција во Рим.

1798 - По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.

1898 - Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател.

1940 - Во Литва, Летонија и Естонија е воспоставена советска власт.

1962 - Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на Радио Скопје е променето во Радио-Телевизија Скопје.

1984 - Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец.
 
1915 Во селото Битуше, гостиварско, роден е Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија. Беше генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија.
1942 Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски партиот.
1942 Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти од една страна и советската армија и советскиот народ од друга страна.
1992 Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.
1993 Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
 
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Св. маченици Прокло и Илиариј.
Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јаков.
Роден е во Бетсаид. Бил брат на Иван Апостол. Во 42 година, кралот Херод наредил да го убијат свети Јаков. За неговата смрт, се говори во Светото писмо. Во негова чест во Компостело, во Шпанија е изградена црква во која секоја година стотици илјади луѓе се молат за разни животни потреби.


1925 - Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ.

1945 - Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.

1984 - Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која стапна на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.

1987 - Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија.
 
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Собор на Св. архангел Гаврил.
Свети архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јоаким и Ана.
Тие биле родители на Благословена Девица Марија.


1926 - Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи". Роден е во Ениџе-Вардарска околија, Солунска област, на 18.11.1874 година.

1963 - Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, а 2.900 беа повредени. Веста за земјотресот, што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.

1996 - Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

1996 - Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската унија.

1996 - Во Република Македонија пристигна првиот американски амбасадор, Кристофер Хил.
 
1483 - Големиот шпански морепловец Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го откри островот Тринидат, а потоа првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1784 - Во Париз умре Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција.

1886 - Во Баварија умре Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа.

1964 - Американската вселенска сонда "Ренџер 9" ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем домет на астрономијата по Галилеј.
 
1865 - Во Петроград е роден Александар Пертович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21.03.1936 година.

1903 - Неколку денови пред паѓањето на Крушевската република, во Церско поле, демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката падна во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со осмалиската војска се самоуби. Роден е во селото Козица, на 23.06.1870 година.

1913 - Заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.

1993 - Во Скопје умре Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година.
 
1848 Во близина на градот Честерфилд е роден Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива.
1945 Основано е македонско лекарско здружение.
1955 Во Цирих умре Томас Ман, германски писател. Негови назначајни дела се "Бунденброкови", "Доктор Фауст" и "Волшебниот брег". Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година-Гетеовата награда. Роден е во Лајпциг, на 6.06.1875 година.
1982 Во Лос Анџелес умре Хенри Фонда, американски филмски артист, еден од великаните и легендите на Холивуд. Роден е во Гренд Ајленд, на 16.05.1905 година.
1990 Во Скопје е осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски".
1993 Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија е примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и стана 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.
 
На денешен ден 1926 година е роден еден од најконтроверзните личности на Земјата,
Фидел Кастро, иако во тешка здравствена состојба Кубанскиот лидер полека се опоравува но, се одбројуваат деновите кога ќе влезе во историјата.Среќен роденден и нека му биде вечна слава!
 
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Преображение Господово.

Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван Еудес.

Живеел во Франција во седумнаесеттиот век и припаѓал на монашката католичка Исусова дружина. Завршил теолошка училиште и бил стручњак за латински јазик. Успешно ја објаснувал верската наука. Основал интернати во кои се школувале идните свештеници.


1662 -Умре Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите математички операции. Математички прв го третираше проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е "Мисли". Роден е на 19.06.1623 година.

1850 - Во Париз умре Оноре де Балзак, француски поет, еден од наистакнатите писатели на реалистичкиот роман. Во стотина дела наслика повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Роден е во Тур, на 20.05.1799 година.

1936 - Франкистите од Шпанија го застрелаа Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто.

1973 - Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која изврши пуч на 21.04.1967 година, се прогласи за претседател на Република Грција. Претходно на референдум, во режија на пучистите, укината е монархијата.
 
1789 Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.

1933 Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата ”нова политика”, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.

1945 Во Скопје е одржан првиот слободен Црковно - народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на цариградската патријаршија.

1952 Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.

1965 При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава ”Богомилска балада”, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

1965 Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.

1974 Умре Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит. Тој многу придонесе за обликување на многу советски вселенски бодови и вселенски автоматски станици. Роден е во 1901 година.

1996 Во Скопје умре архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев). Роден е во Скопје, на 17.04.1912 година.
 
1616 Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња. Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни дела, од кои најпознати се "Хамлет", "Крал Лир", "Ромео и Јулија", "Сонот на летната ноќ", "Отело" и "Магбет". Роден е во Стратфорд на Ејвон, на 26.04.1564 година.

1908 Родена е Џоана Крафорд, американска актерка, една од најславните актерки на Холивуд. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс" во 1945 година ја доби наградата Оскар. Престана да снима филмови во 1965 година, по што ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Умре на 10.05.1977 година.

1961 Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.

1994 Министерството за односи со странство на Република Македонија преку амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.

1996 Во Скопје, САД добија нова амбасада и официјално го промовираа првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
 
311.-Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го призна христијанството во Римското царство.
1563 Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од Франција.
1777 Роден е германскиот математичар, физичар и астроном Карл Фридрих Гаус, основач на познатата математичка школа и директор на опсерваторијата во Гетинген. Тој отвори нова етапа во развојот на диференцијалната геометрија, ги постави новите основи на небеската механика и астрономија, и го конструираше геодетскиот инструмент хелиотроп.
1789 Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв претседател на САД.
1870 Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица”, „Грофот од Луксембург” и други.
1900 Хаваи станаа составен дел на САД.
1903 Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска.
1944 Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1945 Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушна веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин.
1989 Умре италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос”, „За грст долари”, „Се викам Нико”, „Беше еднаш на Дивиот запад”, „Се случи во Америка” и други.
1991 Циклон во Бангладеш усмрти најмалку 125.000 луѓе.
1992 Во Скопје, Редакцијата на весникот "Нова Македонија" и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.
2000 Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, скопско, е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство.
2002 Во хеликоптерска несреќа во северен Тунис загинаа 13 високи офицери на туниска армија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom