На денешен ден!

1821 На островот Света Елена умре Наполеон Бонапарта, француски император и војсководец. Во 1804 година е крунисан за император. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа тргна во напад на Русија во 1812 година, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да абдицира. Во 1815 година, повторно се обиде да дојде на власт и само по 100 денови престој во Париз, интерниран е на островот Света Елена, каде што умре. Роден е во Ајачио, на островот Корзика, на 15.08.1769 година.
1961 Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со космички брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената.
1993 Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
 
1856 Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 3.09.1939 година.
1889 Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.
1992 Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27.12.1901 година.
1993 Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27.06.1936 година.
1994 Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
 
1755 На иницијатива на големиот руски научник, Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.
1833 Во Хамбург е роден Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. Компонираше музика за клавир, виолина, камерна музика, симфонии и хорска музика. Умре во Виена, на 3.04.1897 година.
1838 Францускиот сликар Луј Дагер го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.
1840 Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. Негови најпознати дела се оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова дама", балетите "Лебедово езеро" и "Заспаната убавица". Умре во Петроград, на 6.11.1893 година.
1861 Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни "Градинар" и "Гитанџали", романите "Дом и свет" и "Бродолом", драмите "Сударшана" и "Водопад" и публицистичкиот труд "Национализам". За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда. Умре во Калкута, на 7.08.1941 година.
1929 За првпат е доделена наградата "Оскар", што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сцанарио и друго.
1939 Германија и Италија склучија пакт, познат како "Оска Берлин - Рим".
1993 Со одлука на Владата на Република од 20.04.1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
 
1828 Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре на 3.10.1910 година.
1880 Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12.12.1821 година.
1914 Во селото Будинарци, беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15.03.1974 година.
1921 Во Шведска е укината смртната казна.
1992 Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995 Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
 
1805 Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите "Интрига и љубов", "Разбојници", "Дон Карлос" и "Јованка Орлеанка". Роден е на 10.11.1759 година.
1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.
1945 Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
1947 Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта "Кавалерија рустикана" (или "Селска чест" како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
1978 Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.
 
1497 Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен Америка.
1876 Во Врхника е роден Иван Цанкар, словенечки поет, раскажувач, драматург и публицист. Во своите дела ја разоткриваше неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се бореше за правата на обичниот човек. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Под крстот" и "Кралот на Бетајнова". Умре во Љубљана, на 11.12.1981 година.
1899 Роден е Фред Астер, американски филмски артист и танчер. Во танчерската техника го спојуваше класицизмот од почетокот на 20-от век со современите сваќања на танцот. Беше актер во филмовите "Време на свингот", "Смешно лице" и "Бродвејски мелодии". Умре во 1987 година.
1977 Во Њујорк умре Џоана Крафорд, американска артистка. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс", во 1945 година ја доби наградата "Оскар". Во 1965 година, престана да снима филмови и ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Родена е на 23.03.1908 година.
1989 Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.
 
1471 Во Нинберг е роден Албрехт Дирер, германски сликар и гравер, еден од најголемите претставници на ренесансата во уметноста. Направи портрети и гравури во бакар и во дрво кои имаат голема уметничка вреност. Негови познати дела се "Четворицата апостоли", "Светото тројство" и "Богородица во градина со ружи". Умре во Нирнберг, на 6.04.1528 година.
1927 Американскиот пилот Ларлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1956 Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
 
1805 Во Берово е роден Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29.04.1898 година.
1937 Невин Чемберлен стана англиски премиер. Беше решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.
1971 Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда "Марс-3", со тежина од пет тони.
1993 Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.
1994 Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.
 
1913 -Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Букурешт, на 10.08.1913 година.

1941 -Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков.

1960 -Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго.

1972 -Укината е смртната казна во САД.

1973 -Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.

1993 -Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски".
 
1941 - neposredno po kapitulacijata na polska(1939 god.) germancite izgradija logor za masovno unistuvanje poznat kako "ausvic" spored gradot osvencim, zapadno od krakov.
1960- belgija ja prizna nezavisnosta na dotogasnata kolonija - kongo
1972 - ukinata smrtnata kazna vo usa
1993 - na denesen den bese otvoren bitolskiot univerzitet i go dobi imeto spored eden od najistaknatite licnosti vo slovenskata pismenost :sveti kliment ohridski"
 
1967 e rodena Fantastically, bombastically Pamela Anderson.

edited : na denesen den, ali vcera (01.07.19**)
 
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Св. Наум Охридски - Чудотворец.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Тома.

Тома бил познат меѓу апостолите по своето неверување кое исчезнало кога му се прикажал воскреснатиот Исус. Нема податоци за неговиот живот, освен тоа што е напишано во Евангелието. Според некои стари записи, тој го ширел евангелието меѓу Индијците.



1883 -Во Прага е роден Франц Кавка, австриски писател.

1894 -Француските трупи и покрај херојскиот отпор на Џузепе Гарибалди и на неговите борци влегоа во Рим и на чело на Римокатоличката црква го вратија папата Пио Деветти.

1949 -Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена премиерата на операта "Продадена невеста" од чешкиот композитор Беджик Сметана, а под диригенство на Трајко Прокопиев.

1962 -По 132 години француска колонијална власт, Алжир се здоби со целосна независност.

1972 -Индија и Пакистан постигнаа спогодба за прекин на 25-годишната конфронтација.

1992 -На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на градбата на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски-Чудотворец.
 
1621 - Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13.04.1695 година.

1809 - Во Крапина е роден Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење.

1822 - Во Лондон умре Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија.

1838 - Роден е Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени "Цепелин". Првиот воздушен балон летна на 3.07.1900 година.

1967 - Со нападот на израелските копнени и воздухопловни сили врз Египет почна израелската агресија врз арапските земји.
 
1921 - Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1937 - Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата "Рапсодија во сино", компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци "Порги и бес". Роден е во Бруклин, на 26.09.1898 година.

1979 - Американската вселенска станица "Скајлаб" по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.

1982 - Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот "Дервишот и смртта". Покрај тоа познати се неговите романи "Тишина", "Тврдина", "Магла и месечина", "Круг", како и збирките раскази "Првата чета" и "Туѓа земја". Роден е во Тузла, на 26.04.1910 година.

1995 - Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
 
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле (Петровден).

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван Гуалберто.

Свети Иван го следел гласот на Евангелието и му простил за злосторството. Стапил во редот на свети Бенедикт. Умрел во 1073 година.




100 - п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја.

1536- Умре Ротердамски Еразмо, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен е "крал на хуманистите".

1784 - Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.

1884- Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар.

1904- Во Парел е роден Пабло Неруда, Чилеански поет, комунист и опшествен работник.

1960- Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.

1993 - Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.

1996 - Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1996 - Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom