На денешен ден!

1650 Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите", "Геометрија" и други. Роден е на 31.03.1596 година.

1847 Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усоврши телефонот, меѓу првите изгради електрична централа, прв ја примени филмската лента од целулоид и изгради прво филмско ателје во светот. Умре во 1931 година.

1929 Со потпишувањето на конкордат во Латерано меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, е основана ватиканската држава - "Чита дел Ватикано". Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
 
1804 Умре Имануел Кант, основоположник на германската класична филозофија. Во основата на неговото учење е сфаќањето дека нештата постојат независно од нашата свест. Најпознати негови дела се "Критика на чистиот ум", "Критика на практичниот ум" и "За убавото и возвишеното". Роден е на 22.04.1724 година.
1809 Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествуваше во научната експедиција на бродот "Бигл", која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил. Во своето капитално дело "Потеклото на видовите" ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени "дарвинизам". Умре на 19.04.1882 година.
1809 Роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Беше земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија, која се бореше за укинување на ропството, а во 1860 година стана претседател на САД. Убиен е во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година.
1944 Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход.
1992 Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.
1996 Република Мекедонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996 Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.
 
1787 -Во Милано умре Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.

1883 - Во Венеција умре Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век.

1895 - Француските хемичари и индустијалци, конструктури на првата филмска камера, браќата Огит и Луј Лимиер, патентираа апарат за "примена на хронофотографски отпечатоци", наречен синематограф.

1947 - Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија.
Основачи беа Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

1961 - Советот за безбедност на ОН реши во Конго да се упатат мировните сили на светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја.

1979 - Во Лос Анџелес умре Жан Реноар, француски филмски режисер, великан на францускиот и светскиот филм.

1996 - Во Скопје умре Зија Бериша, актер на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје
 
1564 Во Пиза е роден Галилео Галилеј, прочуен италијански астроном и физичар. Ги проучуваше проблемите на механичкото слободно паѓање, хоризонталниот истрел и друго. Конструира телескоп кој го постави на врвот на црквата "Свети Марко" во Венеција. Ги откри Јупитеровите месеци, појавата на Сончевите дамки и друго. Поради прифаќање на Коперниковиот хелио-центричен систем, се судри со Католичката црква. Кога имаше 70 години беше протеран од земјата. Умре на 8.01.1642 година.
1839 Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеа славното и тешко минато на својот македонски народ, љубовта кон татковината и друго. Најпознато негово дело е поемата "Крвава кошула". Умре во Москва, на 15.02.1877 година.
1857 Во Берлин умре Михаил Иванович Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил низ светот. Тој ја компонира првата руска национална опера "Иван Сусањин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонира оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Роден е во Новоспаско, кај Смоленск, на 1.06.1804 година.
1984 Во Скопје умре акдемик Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на македонската акедемија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметничка и народна литература, како и од областа на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Роден е во Гостивар, на 30.01.1909 година.
1994 Во Скопје умре Љубомир Белогаски, македонски сликар и академик. Роден е во Делчево, во 1911 година.
1994 Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.
 
1871 -Француската Влада потпиша капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.

1873 -Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот.

1945 - Американското воздухопловство во Втората светска војна започна масовно бомбардирање на Токио.

1959 -Фидел Кастро стана премиер на Куба.

1972 -Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.

1978 - Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.

1994 -Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Македонија. Ембаргото е укинато на 15.10.1995 година.

1996 -Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.

2000 -Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.
 
1546 Умре Мартин Лутер, основач на Протестанската црква во Германија и водач на реформацијата на Христијанската црква. Со преводот на "Библијата" - стана втемелувач на германскиот литературен јазик. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено. Роден е на 10.11.1483 година.

564 Во Рим умре Буонароти Микелаџелo , италијански скулптор, сликар, градител и поет, еден од најголемите уметници на целата историја на цивилизацијата. Негови најпознати дела се скулптурите на "Давид", "Бахус", "Мојсеј", "Робови", "Пиета", циклусот фрески и олтарскиот дел на Сикстинската капела во Ватикан, како и архитектонското решение на базиликата "Свети Петар" во Рим. Роден е во Капрес, на 6.03.1475 година.

1745 Роден е Александар Волта, италијански научник, физичар. Според неговото име се наречени голем број поими во физиката: волт, волтампер, волтин лак. Умре во 1827 година.
 
1546 Умре Мартин Лутер, основач на Протестанската црква во Германија и водач на реформацијата на Христијанската црква. Со преводот на "Библијата" - стана втемелувач на германскиот литературен јазик. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено. Роден е на 10.11.1483 година.
1564 Во Рим умре Буонароти Микелаџело, италијански скулптор, сликар, градител и поет, еден од најголемите уметници на целата историја на цивилизацијата. Негови најпознати дела се скулптурите на "Давид", "Бахус", "Мојсеј", "Робови", "Пиета", циклусот фрески и олтарскиот дел на Сикстинската капела во Ватикан, како и архитектонското решение на базиликата "Свети Петар" во Рим. Роден е во Капрес, на 6.03.1475 година.
1745 Роден е Александар Волта, италијански научник, физичар. Според неговото име се наречени голем број поими во физиката: волт, волтампер, волтин лак. Умре во 1827 година.
1945 Во Скопје е отворен Работнички Дом, прв во Македонија.
1986 Во Лос Анџелес умре Пол Стјуарт, американски филмски актер и режисер. Настапи во повеќе од 60 филмови, меѓу кои се "Граѓанинот Кејн" и "Одмаздата на Пинк Пантер". Роден е во 1909 година.
1992 Со одлука на Собранието на Република Македонија е основано ЈП Македонска информативна агенција (МИА). Првите вести и извештаи датирани со кратенката МИА почнаа да се емитуваат во октомври, 1998 година. Дотогаш улогата на официјална македонска новинска агенција ја извршуваше Македонското прес-биро, етаблирано како посебна служба на Министерството (Секретаријат) за информации. МИА денеска своите сервиси ги емитува на македонски, албански, англиски и германски јазик.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади.
 
1938 -Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.

1943 -Во Скопје, во судир со бугарската полиција загина Раде Јовчевски - Корчагин, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 14.08.1919 година.

1962 -САД го лансираа вселенскиот брод "Меркјури атлас МА-6" со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот.

1970 -Почна изградбата на големиот мост преку Босфорската теснина, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.

1983 -Во Милано умре Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи. Роден е во Торино, на 11.01.1893 година.
 
1677 Во Хаг умре Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло, еден од најистакнатите рационалисти и панатеисти во филозофијата. Најпознати негови дела се "Теолошко-политички трактат", "Политички трактат" и најзначајното дело "Етика", во кое го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Роден е во Амстердам, на 24.11.1632 година.
1795 Холандија и го предаде на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1795 Во Рио де Женеиро е роден Франческо Маноел да Силва, познат бразилски композитор. Умре во Рио де Женеиро, на 20.11.1865 година.
1866 Роден е германскиот бактериолог Аугуст фон Васерман кој во 1906 година ја воведе методата за преглед на крвта (Васерманова реакција) со помош на која е утврдено постоењето на сифилисот. Ја проучуваше структурата на келиите, антитоксините, како и причините за појавата на болеста туберкулоза и рак.
1916 Германските трупи минаа во офанзива кај Верден во Франција. Тоа беше најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траеше шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубија околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имаа исти загуби, успеаја да го одбранат Верден и да ги запрат Германците.
1924 Роден е зимбабвеанскиот револуционер и државник Роберт Габриел Мугабе, кој по стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, стана прв премиер на африканската држава.
1972 Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатува во Пекинг со што започна нормализацијата на американско-кинеските односи.
1984 Во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, умре Михаил Шолохов, еден од најпознатите руски писатели. најпознати негови дела се "Тихиот Дон", "Донски раскази", "Разорана ледина" и "Судбината на човекот". Во 1965 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Станица Вешенскаја, на 24.05.1905 година.
1992 Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија.
1999 Посетата на индискиот премиер Атал Бихариј Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот во Кашмир, како и за намалување на ризикот од избивање војна.
 
1512 Во Севилја, Шпанија, умре Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанското знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил "нов свет", што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Роден е во Фиренца, на 9.03.1459 година.
1732 Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател на САД (1789-1797). Во војната за независност беше врховен заповедник на војската на колонистите и лично заслужен за победата во војната и за ослободување од Британија. За претседател е избран и по вторпат во 1792 година. На третите избори одби да се кандидира и се повлече од политичкиот живот. Умре на 14.12.1799 година.
1878 Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14.04.1905 година.
1988 Во Скопје умре Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Учесник е во НОВ на Македонија, еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остави низа значајни улоги. Роден е во Скопје, на 12.03.1913 година.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
 
1685.Во Хале е роден Георг Фридрих Хендл, германски композитор. Неговиот творечки опус е мошне богат: 40 опери, меѓу кои "Риналдо", "Јулиј Кајсар", 22 ораториуми, од кои позначајни се "Месија", "Израел во Египет", "Самсон", како и голем број оркестарски, камерни и клавирски дела. Умре во Лондон, на 14.04.1759 година.
1933 Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
1945 Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива од почетокот на Втората светска војна. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1945 Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1994 На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем "Попова Шапка".
 
1525 Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употреби пушките "мушкети", и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1779 Британскиот морепловец и прославен патник околу светот, Џемс Кук, по низа опасни искушенија доживеа неславен крај. Поради непретпазливост на Хаваите, убиен е во нанадејниот жесток судир со жителите на островот. Роден е во 1728 година.
1815 Умре Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструира првата машина за предење лен, во 1807 година го изгради првиот употреблив параброд "Клермонт", кој заплови по реката Хадсон кај Њујорк, а е творец и на првиот брод на пареа. Роден е на 14.11.1765 година.
1819 Американскиот Конгрес го ратификува договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882 Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјави дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија.
1952 Во Торино, Италија умре Христо Татарчев, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација во Солун од 1893 година. Беше претседател од нејзиното основање, па се до 1901 година. Роден е во Ресен, на 16.12.1869 година.
1976 Во Охрид умре Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, публицист, академик, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Негови познати дела се "Пиринска Македонија во борба за национално ослободување", "Вапцаров", "Критики и огледи". Роден е во Деде Агач, на 4.10.1919 година.
 
1841 -Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот.

1944 -Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23.06.1915 година.

1949 -Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје.

1991 -Во Будимпешта, Унагарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји - членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14.05.1955 година).

1994 -Во Брисел официјално започна да работи амбасадата на Република Македонија.
 
1802.Во Безансон е роден Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во деветнаесеттиот век. Неговите романи ”Биг Жаргал”, ”Богородична црква во Париз”, ”Клетници”, ”Морските работници”, драмите ”Кромвел”, ”Лукреција Борџија”, поетските дела ”Оди и балади”, ”Ориентални песни” и многу други дела претставуваат ремек дела на светската литература. Како политичар беше голем борец против деспотизмот и тиранијата. Умре во Париз, на 22.05.1885 година.
1815 Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како ”Сто денови”, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.
1932 Во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на ”Нова Македонија”, доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појави во Штип, на 1.05.1966 година. Умре во Скопје, на 7.03.1990 година.
1992 Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
 
1873 Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите "Спомени" и "Методи на пеење". Умре во Неапол, на 2.08.1921 година.
1936 Умре Иван Павлов, руски научник, лекар - физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14.09.1849 година.
1990 Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на "Илијада" од Хомер, "Скендербег" од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2.07.1911 година.
1996 Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom