- Ден а социјалните работници на Македонија
- Де на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана на Армијата на Република Македонија
1190 Германскиот цар Фридрих Први Барбароса се удави во реката Салеф во Мала Азија во текот на Третата крстоносна војна. На престолот застана во 1152 година, по што водеше многу војни во Италија во обид да ги потчини ломбардските градови и го принуди папата на покорност. По поразот во 1176 година покајнички се смири со папата.
1610 Првите холандски иселеници во Америка се населија на осровот Менхетн, сега централен дел на Њујорк.
1793 Во Париз е отворена првата јавна зоолошка градина „Жарден де плант“.
1819 Роден е Гистав Курбе, француски сликар. Беше учесник во Париската комуна, основач и главен претставник на реалистичката школа, еден од првите уметници кои работеа во природа. Суров и силен, ги отфрли романтичните пејзажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство во 19 век. Умре на 31 декември 1877 година.
1832 Роден е германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 годна го направи првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измисли четиритактниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, со што го овозможи развојот на автомобилизмот.
1836 Умре францускиот физичар и математичар Анре Мари Ампер, основач на електродинамиката. Во негова чест единицата за мерење на силата на струјата е наречена ампер или скратено А.
1915 Роден е американскиот писател Сол Белоу, добитник на Нобеловата награда за литература во 1976 година. Дела: романите „Хендерсон, крал на дождовите“, „Човек на лулашка“, „Жртва“, „Не пропуштај ден“, „Херцог“, „Планетата на господинот Семлер“, „Декановиот декември“, драмата „Последна анализа“, „Гука“, патописот „До Ерусалим и назад“.
1922 Родена е американската филмска глумица и пејачка Френсис Гам, позната како Џуди Гарланд, која се прослави уште како девојче со улогата во филмот „Волшебникот од Оз“ за која доби Оскар. Останати филмови: „Бебе во војска“, „Да основаме оркестар“, „Бебе на Бродвеј“, „Малата Нели Кели“, „Сретни ме во Сент Луис“, „Часовник“, „Зигфилдовите лудории“, „Пират“, „Ѕвездата е родена“.
1923 Роден е британскиот медиумски магнат од чешко потекло Јан Лудвик Хој, познат како Јан Роберт Максвел.
1923 Умре францускиот писател Пјер Лоти. Дела: „Во харем“, „Лотиевата женидба“, „Морнар“, „Исландски рибар“, „Госпоѓата хризантема“.
1934 Умре англискиот композитор Фредерик Делијус, импресионист познат по симфониите „Париз - песна на големиот град“, „Бриг Фаир“. Компонирал и опери и концерти.
1934 „Роден е Пајо Паторот“, еден од најпопуларните ликови во стрипивите и анимираните филмови на американскиот цртач, филмски аниматор и продуцент Волт Дизни.
1940 Фашистичка Италија влезе во Втората светска војна како сојузник на нацистичка Германија, објавувајќи им војна на Франција и Велика Британија.
1943 Кај месноста Клинска Леса, Кавадаречко, во борба против бугарската војска загина Димката Ангелов - Габерот, македонски револуционер, учител и политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија. Тука загинаа и борците Пано Мудров, Ило Виларов и Крсте Камчев. Димката Ангелов е роден во селото Ваташа, Кавадаречко, на 17 октомври 1916 година.
1945 На командантот на западните сојузнички сили во Втората светска војна американскиот генерал Двајт Ајзенхауер му беше врачено едно од најголемите советски одликувања - Орден на победата.
1946 Умре американскиот боксер од африканско потекло Џек Џонсон, прв црнец кој ја освои титулата светски првак во тешка категорија.
1949 Во Лилехамер, Норвешка, умре Сигрид Ундсет, норвешка писателка, истакнат антифашист. По окупацијата на Норвешка таа замина во САД и учествуваше во антигерманската пропаганда. Нејзини познати дела се романите „Марта Оули“, „Срцето на Јени“, „Пролет“, зборникот на раскази „Најсреќните години“, трилогијата „Кристин Лаврансдатер“ и други. Во 1928 година ја доби Нобеловата награда за литература за мајсторството со кое ја опишува средновековната историја на скандинавските земји. Родена е во Калунбор, Данска, на 20 мај 1882 година.
1967 Израел го прифати барањето на Обединетите нации за прекин на огнот во војната со Египет, во која Израелците против кои се бореа и Сирија и Јордан, за само шест дена зазедоа територија четири пати попространа од Израел.
1971 САД после 21 година го укинаа ембаргото на трговија со Кина.
1990 На првите слободни избори по Втората светска војна во Бугарија победи Бугарската социјалистичка партија (поранешната Комунистичка партија) која доби 47 отсто од гласовите, додека десничарскиот Сојуз на демократски сили освои 36 отсто.
1996 Чеченските исламски сепаратисти и официјални претставници на Русија потпишаа документи со кои е предвидено ставање крај на 18-месечната војна во Чеченија.
2000 Умре сирискиот претседател Хафез ел Асад, кој власта ја придоби со државен удар во ноември 1970 година. Беше еден од највлијателните државници на Бискиот Исток, а на местото претседател го замени неговиот син.