На денешен ден!

1014. Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.
1588 Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победи шпанската „непобедлива армада“, со што се создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.
1856 Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камеран и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година.
1883 Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година.
1890 Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.
1937 Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Тјенцин.
1940 Германскиот нацистички водач Хитлер ја почна воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеа да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеа и сериозни порази. Тоа беше првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.
1948 На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри после Втората светска војна.
1968 Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.
1971 Почнувајќи од оваа (1971) година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Фестивалот претставува презентивна сцена на изворни народни игри и песни на македонскиот народ и на националностите во Македонија.
1981 Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер.
1982 Во Принстон, САД умре Владимир Зворник, "таткото на телевизијата". Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.
1983 Умре Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои се "Ангелот на смртта", "Тој мрачен предмет на желбите", "Убавицата на денот" и "Шармот на буржоазијата". Роден е во 1900 година.
1993 Киргистан ја призна Република Македонија.
1994 Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.
1996 Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умре Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20. век. Родена е во Париз, на 13 септември 1903 година.
2003 Долниот дом на Белгиското собрание ги овластило белгиските судови да им судат на сите обвинети за војните злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон.
 
1511. Роден е италијанскиот сликар, архитект и писател Џорџо Вазари, еден од основачите на историја на уметност. Тој наслика многу фрески и слики во римските и фирентинските цркви и палати. Неговите биографии на италијанските уметници од 13 до 16 век се главен извор за проучување на италијанската ренесансна уметност.
1619 Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.
1818 Родена е англиската писателка со ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Оркански висови“.
1863 Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година.
1889 Во Муром, Русија, е роден Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата и така го отвори патот на телевизијата. Умре во Принстон, САД, на 29 јули 1982 година.
1898 Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски вајар, главен претставник на апстрактниот правец во европското вајарство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремеше кон синтеза на апстракните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умре на 31 август 1986 година.
1914 Во Париз, убиен е Жан Жорес, еден од најголемите француски борци за мир. Беше голем државник, новинар и филозофски мислител, еден од водачите на Втората интернационала, човек кој зазема истакнато место во историјата на француското и на меѓународното работничко движење како борец за историските цели на работничката класа. Роден е на 3 април 1859 година.
1966 Англија со победата над Германија со резултат 4:2 во финалето на Светското фудбалско првенство, што се одигра на стадионот „Вембли“, првпат стана светски првак.
1971 Астронаутите на "Аполо 15", Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.
1974 Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.
1975 Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигури мирот во Европа.
1999 Американската армија официјално ја заврши операцијата во Панама по стогодишното присуство во таа земја од Централна Америка.
2003 Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико - „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатарот Адолф Хитлер.
2004 Во експлозија на гасовод во белгиската индустриска зона Гисленгијен, на 30 километри југозападно од Брисел, загинаа 14 лица.
2007 Умре Микеланџело Антониони, италијански филмски режисер. Се прославил со филмот “Авантура“. Антониони зад себе оставил 25 филмови. Работел како сценарист за Роберта Роселинија, Федерика Фелинија и Марсела Карне, за да првпат застане зад камерата во 1942, снимајќи ги документарните филмови („Луѓе од реката По“). Неговиот филм „Авантура“ е прогласен за ремек дело и се смета за еден од десет најдобри остварувања во историјата на кинематографијата. Во Лос Анџелес во 1996 година му е даден Оскар за животно дело.
2007 Во својот дом на островот Фаро, Шведска, умре Ингмар Бергман, легендарен шведски тенисер и филмски режисер, сценарист и драмски писател. Роден е во Упсала, на 14 јули 2007 година.
 
10 п. е.- Роден е римскиот цар и историчар Клаудиј Први Тибериј Друз кој во текот на владеењето од 41 година го среди хаосот во државата, а потоа во 43 година ги освои Британските острови. Умре во 54 година од отровни печурки кои му ги подметна неговата четврта сопруга Јулија Агрипина со цел на престолот да го доведе синот од нејзиниот претходен брак Клаудио Цезар Август Германика Нерон.
1502 Италијанскиот морепловец Христофер Колумбо пристигна на брегот на американското копно, дел кој подоцна го доби името Хондурас.
1744 Роден е Жан батист ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето на развитокот на живите суштества. Според него живите суштества ја менуваат структурата и некои органи зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Умре на 18 декември 1829 година.
1798 Во заливот Абукир, во Средоземното Море, англискиот адмирал Хорацио Нелсон извојува најславна победа во историјата на поморското војување, победувајќи ја француската војска на Наполеон Бонапарта.
1819 Во Њујорк е роден Херман Мелвил, северноамерикански романсиер, автор на познатиот роман „Моби Дик“. Умре во Њујорк, на 28 септември 1891 година.
1834 - Ропството е забрането во целата Британска империја врз основа на што во британските колонии се ослободени повеќе од 770.000 робови, најмногу во таканаречена Западна Индија (Кариби).
1859 - Аранѓеловац го добил сегашното име Варошицу оддалечен околу 80 километри од Београд, познат по Буковичка бања и изворите на минерална вода.
1874 Велика британија го укина ропството во сите британски колонии.
1884 Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 јануари 1956 година.
1894 Јапонија и објави војна на Кина поради спорот меѓу двете земји околу Кореја.
1904 Јапонија и објави војна на Русија која заврши со пораз на флотата на Русија кај Порт Артур.
1910 Во Софија умре Владимир Ковачев, македонски револуционер и поет (брат на Владислав Ковачев, револуционер и публицист). Неговата поезија е проткаена со нагласен револуционерен патриотизам и со неизмерна љубов кон својата земја и народ. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.
1919 Под притисок на интервенционистичките сили на соседните буржоаски држави, задушена е унгарската советска република на Бела Кун. На чело на државата дојде Јосиф Хабсбуршки, а во земјата е воведен „бел терор“.
1958 Кралот Хусеин ја распушти федерацијата на Јордан со Ирак.
1960 Дахомеј ( од 1975 Република Бенин), француска колонија од 1892 година, доби независност. - Национален празник на Република Бенин.
1966 После воениот удар во Нигерија власта ја презеде генерал Јакубу Говон.
1968 Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот "Нова Македонија", како и на други весници и списанија. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.
1975 - Советскиот Сојуз и западните земји на конференцијата во Хелсинки за европската безбедност и соработка потпишале завршен акт за човековите права.
1978 Во Скопје умре Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник е на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.
1986 Македонската иселеничка колонија во Австралија организира голем протестен митинг пред Грчката амбасада во Канбера.
1989 Во селото Ранковци, Кумановско, е предаден во употреба новоизградениот магистрален пат Куманово - Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), односно делницата Куманово - Ранковци во должина од 39 километри.
1994 Претседателот на Германија, Роман Херцог и изрази жалење на Полска поради страдањата кои неговата земја и ги нанела во Втората светска војна.
1997 - Умре рускиот пијанист Свјатослав Теофилович Рихтер, еден од најзначајните пијанисти на 20 век. Автентично ги толкувал композициите на различните епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника, што ја одушевувала концертната публика ширум светот.
2000 Исламските терористи во Кашмир во седум напади масакрираа најмалку 100 луѓе.
2004 Во пожар во еден супермаркет во предградието Асунсона, Парагвај, животот го изгубиле 409 луѓе, додека 454 биле повредени.
2005 - Умре саудискиот крал Фахд, а за нов крал бил прогласен неговиот помлад полубрат принцот Абдулах.
 
1533. Умрел Лодовико Ариосто, италијански писател, автор на првите комедии на италијански јазик први дела од тој вид на народен јазик. Најпознато дело му е епот „Бесниот Орландо“, ремек-дело на италијанската ренесанса. Се родил на 8 септември 1474 година.
1660 Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Се родил е во Севилја, на 6 јуни 1599 година.
1816 Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел од инструментите на секој лекар.
1830 Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“.
1858 Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.
1895 Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1900 Умрел Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој бил еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Се родил во 1826 година.
1938 Умрел Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмирал сценскиот реализам. Своите сеќавања, проверени низ практичната работа ги изложил во делата „Мојот живот во уметноста“ и „Работата на актерот над себе“. Се родил на 17 јануари 1863 година.
1941 Во Калкута умрел Рабиндранат Тагоре, индиски поет, прозаист, филозоф, уметник, композитор и општественик. Меѓу неговите најдобри дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“ и драмите „Сударшана“ и „Водопад“, како и публицистичкиот труд „Национализам“. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за литература. Се родил во Калкута, на 6 мај 1861 година.
1957 Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумел во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.
1960 Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција.
1987 Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој и академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот, односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија при што ја бележешеше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Се родил во Штип, на 08 ноември 1906 година.
1989 Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Се родил во Прилеп, во 1933 година.
2001 Албанските терористи грабнале петмина работници на градежната компанија „Маврово“ кои работеле на автопатот Скопје - Тетово. Притоа, биле физички малтретирани... и со нож на телото им биле напишани првите букви од нивните имиња.
2002 Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на оваа меѓународна финансиска институција.
2003 Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи.
 
1865 Во Петроград е роден Александар Пертович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21.03.1936 година.
1903 Неколку денови пред паѓањето на Крушевската република, во Церско поле, демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката падна во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со осмалиската војска се самоуби. Роден е во селото Козица, на 23.06.1870 година.
1913 Заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1993 Во Скопје умре Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година.
 
1844. Во Виена умрел Јернеј Копитар, словенечки преродбеник, филолог, еден од основачите на славистиката. Се занимавал со проучување на словенските јазици и се залагал за упростен правопис и воведување на народниот јазик во литературата. Автор е на првата научна граматика на словенечкиот јазик - „Граматика на словенечкиот јазик во Крањска, Карантанија и Штаерска“. Се родил во Решње, Горенско, во Словенија, на 21 август 1780 година.
1858 Се родил холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривањето на витаминот Б.
1938 Основана е Словенечката академија на науките и уметностите.
1941 Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и неколку денови подоцна ја потпишале прочуената "Атланска повелба", чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила.
1941 Во Загреб излегол првиот број на весникот „Вјесник“, како орган на Хрватскиот единствен Националноослободителен фронт.
1949 Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водела тешка борба загинал Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за националната слобода и социјалните права на македонскиот народ. Се родил во селото Д' мбени, Костурско, во 1912 година.
1952 На јорданскиот престол стапил кралот Хусеин откако неговиот татко кралот Талал бил тргнат од престолот поради сенилност.
1954 Со формално соопштение за примирје завршила Седумгодишната војна во Виетнам меѓу француските колонијални трупи и ослободителното движење.
1960 Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здобила со независност.
1962 Биле лансирани советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа бил прв повеќедневен групен лет во вселената и траел до 15 август.
1980 Во Скопје умрел Аспарух Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓаше на постарата македонска генерација композитори и целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Се родил во Скопје, на 18 април 1909 година.
1987 Во Охрид умрел Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Се родил во селото Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година.
1992 Со одлука на Собранието на Република Македонија усвоено беше знамето на република Македонија (црвена основа со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци. Знаме кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвена основа со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. Истиот ден беше усвоена и химната на Република Македонија - „Денес над Македонија“.
1993 Пакистан ја призна Република Македонија.
1996 Умрел чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почнал да диригира со Чешката филхармонија.
1996 Во Софија умрела баба Ванѓа, чија пророчка моќ беше позната низ целиот Балкан и пошироко. Со децении привлекувала голем број посетители во нејзината скромна вила во планинското место Петрич, јужна Бугарија, во близина на грчката граница. Се родила во 1911 година.
2003 НАТО ја презеде командата на над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што претставува прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.
 
1769 Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година е крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, 1812 година тргна во напад на Русија, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обиде повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз е интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умре на 5.05.1821 година.
1771 Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше народни епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите "Ајванхо", "Кенилворд" и "Старинар".
1883 Во Врполе е роден Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умре во САД, на 16.01.1962 година.
1893 Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата. Роден е во 1825 година.
1911 Во селото Крушаре, Ениџе-вардарско, убиен е Апостол Петков Терзиев, македонски војвода и борец за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Роден е во село Бојмица, солунско, во 1870 година.
1993 Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија е примен во полноправно членство.
 
1854 Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се "Идеја за филозофијата на природата", "Систем на трансцеденталниот идеализам" и "Филозофија на уметноста". Роден е на 27.01.1775 година.
1960 Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали.
1961 На границата на источен и западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 40 километри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид "падна" на 9.11.1989 година.
1968 Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на "Прашката пролет", а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница.
 
1923 Во селото Сингелиќ, скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, кривопаланечко, на 22.05.1944 година.
1927 Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен "челични гради".
1944 Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.
1947 Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар-филм". Својата дејност претпријатието ја започна на 5.12.1947 година.
1990 Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.
 
2001
На денешен ден, пред десет години припадниците на ОНА го минираа мотелот „Бриони“, во близина на гостиварското село Челопек. Терористите тука го направија едно од најгнасните злостоства против невините цивили во Македонија, кога со жица ги врзале двајцата вработени во мотелот, Боге Илиевски (47) и Светислав Трпковски (39). На нивниот појас врзале експлозив и целиот објект и нивните тела ги дигнале во воздух. Страотната трагедија се случи на денешен ден, во 6 часот наутро, половина месец откако беше потпишан Рамковниот договор со кој беше договорено примирјето.


2002
Во Гостивар, во кукавички напад на пунктот во населбата Циглана загинаа Даниел Јанковски и Александар Николиќ,припадници на резервниот состав на МВР.По тој повод ,денеска во Гостивар на истото место беше поставена спомен - плоча во чест на загинатите.
 
1522. Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот "Викторија" со само 18 морнари. Со тоа тој ја зврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари.
1569 Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел), фламански сликар, реалист и колорист, еден од првите пејзажисти во светот според вредноста и според времето во кое живееше. Претежно сликаше сцени од селскиот живот. Зад себе остави 40 слики, 100 цртежи и други дела. Автор е на делата „Ловци во снег“, „Поклонување на кралевите“, „Селска свадба“, „Селско оро“ и други. Роден е околу 1525 година.
1683 Умре Жан Батист Колбер, француски државник, преродбеник на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Роден е на 29 август 1619 година.
1766 Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, кој прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објави Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини и хемиските елементи. Ги испитуваше особините на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологијата. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа анатомија, која по него е наречена "далтонизам". Умре на 27 јули 1844 година.
1860 Родена е Џејн Адамс, општествен реформатор, доботиник на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се занимаваше со практично решавање на социјалните проблеми и беше претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.
1876 Роден е шкотскиот физиолог Џон Џејмс Рикард Меклауд, кој заедно со канадскиот физиолог Фредерик Грантом Бантинг во 1923 година ја подели Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот.
1901 Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1903 Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.
1914 Почна битката на реката Марна, една од најважните во Првата светска војна. Таа го означи пресвртот на боиштето, бидејќи француската војска ја порази германската, која до тој момент бележеше голема предност.
1940 Романскиот крал Карол Втори Хоенцолерн во Втората светска војна абдицираше во корист на неговиот син Михајло.
1943 Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.
1944 Ослободено е Кратово.
1944 Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962 Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечри на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е "Златниот венец", која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година "Златниот венец" се доделува за целокупен поетски опус.
1966 Јужноафриканскиот премиер Хендрик Френш Фервуд за време на парламентарната дебата во Кептаун го уби собранискиот курир Димитрик Кафондас. За време на неговото владеење од 1958 година донесени се најголем дел закони со кои се регулира системот на апартхејдот во Јужна Африка.
1968 Африканското Кралство Свазиленд се стекна со незвисност од Велика Британија, која со неа владеела од 1881 година.
1970 Палестински терористи грабнаа четири авиони кои летаа од Европа во Њујорк. Следниот ден во Карио го запленија авионот "Боинг 747" на американската компанија "Пан американ", а двата "Боинга 707" ги дигнаа во воздух на 12 септември 1970 година во Јордан. Четвртиот авион го спуштија во Лондон, а грабнувачката Лејла Калед беше уапсена.
1974 Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975 Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 2.350 лица.
1989 При пад на кубански патнички авион во предградие на Хавана, непосредно пред полетувањето, загинаа 170 лица.
1991 СССР ги призна за независни Литванија, Летонија и Естонија.
1991 Ленинград го врати старото име Санкт Петербург.
1994 Ирскиот премиер Алберт Рејнолдс првпат во име на ирската влада се сретна со Џери Адамс, лидерот на северноирската партија Шин Фејн со кој разговараше за политичко решавање на долгогодишната криза во судирот меѓу римокатолиците и протестантите во Северна Ирска.
1998 Умре јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Куросава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа "цар на јапонската кинематографија". Филмови: "Седум самураи", "Крвавиот престол", "Идиот", "Да се живее" и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.
2001 Британецот Питер Бреј прв со кајак го преплива Атлантскиот Океан, за што му беа потребни 75 дена.
2002 Германската Влада одлучи да им исплати повеќе од две милијарди евра надомест на спортистите од поранешна Источна Германија подложени на систематската програма за допионг од седумдесетите години на 20. век
 
денес евреите го слават Јом Кипур- Судниот ден и е единствениот ден кој Тората му препишува на човекот да не се занимава со НИШТО- освен со анализа на своите постапки и мисли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom