Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Имате предлог за наредно име на тапет? Не мора да е бенд, може и изведувач. Добро е да се пронајде некој каде ќе имаме поделени мислења, да не биде сеисто фалби та фалби.
 
Санаториум, David Bowie, Iggy Pop, John Mayer, Buckethead, Sex Pistols...
 
За Секс Пистолс нема тема на форумов. А има за Адријан Гаџа. За Адријан Гаџа.

:facepalm:
 
За Секс Пистолс нема тема на форумов. А има за Адријан Гаџа. За Адријан Гаџа.

:facepalm:
Нема ни за Morphine.. Барем за нив планирам да отворам.

Имате предлог за наредно име на тапет? Не мора да е бенд, може и изведувач. Добро е да се пронајде некој каде ќе имаме поделени мислења, да не биде сеисто фалби та фалби.
Пред некое време @.Sky. ми пиша дека сакал некако да ја раздвижи темата, ама некако тоа не се случи.

Предлог да идеме нешто проверено, пак да ја размрдаме. Еве пошо нема тема за Пистолси, да ги ставиме на тапет па после истекувањето, воведот ќе го направиме тема.
 
Еве една по-непозната песна од Sabbath (за тие што не се фанови)
Перфекција од вокална мелодија, риф и прелази на бубањ...

Неколку рандом мислења за мојот омилен бенд:
-Sabbath со Dio не се Sabbath. Иако Dio има далеку подобри вокални способности од Ozzy, неможам да го замислам како ги пее Paranoid и Iron Man.
-Секој што себеси се смета за металец а не ги познава/слуша или барем почитува Sabbath е срам за целата метал заедница.
-Iommi е еден од најиновативните гитаристи на светов.
 
Нема ни за Morphine.. Барем за нив планирам да отворам.

Пред некое време @.Sky. ми пиша дека сакал некако да ја раздвижи темата, ама некако тоа не се случи.

Предлог да идеме нешто проверено, пак да ја размрдаме. Еве пошо нема тема за Пистолси, да ги ставиме на тапет па после истекувањето, воведот ќе го направиме тема.
Имам неколку имиња на тапет но секако не се од типот на жанр: рок. Доколку вие сакате некое име од рок предложете ставете име но ако сакате нешто од познати имиња кои не се од типот на ријана и остала багра, поточно имиња кои навистина се познати и секако нема кој не слушал за нив.
 
Не мора рок. Ама ја мислев со квалитет ќе одиме у темава, не со популарност. Башка, таа барга ќе биде шикувана и хејтана тука. И ја си кажувам, нема да ги бранам, напротив.
 
Не мора рок. Ама ја мислев со квалитет ќе одиме у темава, не со популарност. Башка, таа барга ќе биде шикувана и хејтана тука. И ја си кажувам, нема да ги бранам, напротив.
Океј, вечер ќе поставам ново име на тапет. (y)[DOUBLEPOST=1393976638][/DOUBLEPOST]Малку да го смениме стилот на музичките имиња овој пат на тапет ќе го поставам Кирил Џајковски. Зошто токму него? затоа што добро познат музичкар во Македонија но и на балканот, и пошироко. Човек кој за едни значи легенда но за други кои не можат да го сварат, зошто? и јас тоа се чудам но има и такви критики кон него. Кирил Џајковски се бави со инструментална, електронска и филмска музика, тој на својот настап на фестивалот во Нови Сад, Србија беше прогласен за најдобар настпап на фестивалот. Кирил Џајковски исто така има снимано и албуми заедно со групата Леб и сол со која има настапувано ширум цела Европа. Во 90тите тој се има преселено во Австралија каде што создава музика комбинирајќи го македонскиот етно со модерниот електронски звук, па како резултат произлегол неговиот прв соло албум со име „Syntetic Theatre“ кој по радио станиците ширум Австралија станал прилично популарен. Доколку појдете на негов настап нема шанси да останете во едно место, тоа е загарантирано дека вашето тело ќе биде поведено од звукот на неговата музика.

Последно уредено:
Светски музичар, нема муабет.
Истата бомба атмосфера ја приредува каде и да настапи. Сум имал прилика да го слушам и овде и надвор и можам да кажам дека надвор странците паѓаат во транс на ова нашево џингрлака, што е добитен тикет за пробивање на светска сцена. Екстра талентиран и оригинален музичар, еден од најдобрите што ги имаме.
 
Со Бастион го сакав повеќе, затоа што како состав ми беа доста симпатични, т.е уште ми се. Во тоа време успешно одговараат на барањата кои ги поставува самиот правец, па прават добар бум на тукашната сцена, а и пошироко. Како диџеј ми е ок, знае да го натокми амбиентот според моментот, пример беше со Пивофест во Прилеп, но искрено не ме трга многу многу таа музика. Знае да направи спојка на етното со електрото, токму затоа е интересен и впечатлив кај широката маса. Кирчо е закон, но со Бастион е повеќе од закон.

Некни дури се враќав со колата назад ги слушав. Можам да кажам дека го имав еден од најинтересните мигови некогаш доживеан во ова мала вожња. Темно беше, тивко, музиката од внатре и чорап чоек немаше на улица. За миг се почувствував ко Круз во Ванила Скај, или оригиналот ако сакате, тој шпанскиот.

Многу го почитувам. Во суштина, не сакам многу ваква музика, ама има нешто во неговите песни и настапи што те тера да скокаш и да се вратиш дома полн со позитивна енергија. Апсолутен крал.
 
Кирил Џајковски ми беше многу добар у почеток на негова кариера додека правеше добра даб музика. Е сега вметна труби и јеби га горан брегович. Идиот е за таа ствар, а да прави журки прави.
 
:cuc:
 
Последно уредено:

Ова, прв пат кога го слушав Џајковски. Значи литар шток и кршење кичма до сабајле... Толку добар помин не паметам пак да сум имал.
Типот е ѕвер во живо, ѕвер како продуцент, како диџеј знае да ја подзаебе али и така е добар... Друг коментар немам, склопот на днб со трубачи и слични работи, тазе дабстепот... ВРВ!
 
Закон е човеков за журки и атмосфера е цар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom