Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека не се добри, ама понекогаш кога ги слушам ми здосадуваат. Знаат убаво да набилдаат тензија, знаат што сакаат и каков звук им треба...ама понекогаш ми изгледаат ко да дрват едно те исто цело време. За жанрот шо знам, не би ги ставил у прог и јас, поише некако накај Nu.
 
Прогресив е нешто скроз поразлично и поинакво од тоа што го свират Тул. Прогресив е дефиниција (фала богу нема да се мачам за тул на македонски да објаснувам. Препознатливи бендови се Jethro Tull,The Moody Blues, Pink Floyd, Yes, King Crimson, Genesis, and Emerson, Lake & Palmer .

Сличноста на Тул со овие бендови, барем јас не можам да ја пронајдам, било динамика, било соло движење, влегуваат во експериментирање, ги имаат елементите на артот, ама во прогресив, увово не ми ги става, нз оти :)

Се прогресив, нормално имаат и многу алтернатив вајб али ипак се прогресив. Чудни ритмови, темпо, структури на песните ..... прог рок :). Повеќето од бендовите што ги наброја влечат корени од класичниот рок, Tool си влечат од по алтернативен модерен рок али пак се сите прог.
 
Ај да те послушам ама че испитам ова не останува вака :cautious:

Инаку сум ги прегреал во средно, така да можам да речам и дека сум изгубил интерес во подлабинско нивно навлегување. Од тоа што сум чул(сите албуми, без темелни анализи) позитивен впечаток. Инаку омилената нивна да ја постирам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Мала дигресија, прибидејќи моментално на кајгана радиото одат НИН, а јавна тајна е дека они се наредни на тапет, дали некој од вас со дадени од Госпо склоности за дџ може да пушта музика од бендо на тапет, да речиме средата пред четвртокот? Ко презентација, ко интро, ко вовед за темата...?

Енибади? Andrew ?
 
Jaс си земам за обврска. За време дополнително ќе се произнесам, оти почнува факултетов, но отприлика 19, 20 часот чинам дека ќе биди така некако. :)
 
Jaс си земам за обврска. За време дополнително ќе се произнесам, оти почнува факултетов, но отприлика 19, 20 часот чинам дека ќе биди така некако. :)

Убав тој. Башка мудар (втор пат вечерва). Ама знам јако ќе бидиТ, така :)
 
Тул бе луѓе..
Ѕвер си е Мејнард, си седи мирен цело време и си го пее неговиот дел, завршена работа.. =)
 
Болни се, ги обожавам.
А мејнард е ...скроз отиден.

Nine Inch Nails е бендот кој е заслужен за популаризирање на индастријал рокот. Создаден од генијалниот Мајкл Трент Резнор, NIN е one man band, бидејќи Трент е креативната сила, тој е главниот инструменталист, пејач, текстописец, одговорен за се‘ што е и ќе биде бендот. Често пати има изјавувано дека при создавањето на својата музика воопшто не мисли за тоа како другите луѓе ќе реагираат и дали ќе ја прифатат, бидејќи таа секогаш е одраз на тоа како навистина се чувствува и ја прави за своја душа. Додадете и дека е перфекционист, се чини дека ова е вистинскиот рецепт за успех со оглед на тоа дека заинтересираноста на фановите не стивнува ни по две децении.
ce146ba5.jpg

Во текот на своето постоење од 1988 година па наваму NIN има издадено 8 студиски албуми: Pretty Hate Machine, Broken, The Downward Spiral, The Fragile, With Teeth, Year Zero, Ghosts I-IV, The Slip и последниот Hesitation Marks кој излезе овој месец, или 9 ако го вклучиме и Broken кој Резнор го има издадено под псевдоним.

Низ албумите можат да се најдат песни за сечиј вкус и за секакво расположение, од енергични и брзи песни како Wish, Head like a hole, Terrible lie, Mr Self Destruct, Gave up, па се до емотивните And all that could have been, The day the world went away, Reptile и секако незаменливите Something I can never have и Hurt. Текстовите на песните најчесто се мрачни, зборуваат за бунтовноста, бесот, лутината, болката низ која Резнор поминувал. Не треба да ги заборавиме и инструменталките Gone, still; Adrift and at peace и Just like you imagined.

Ова е еден од оние бендови за чиишто настапи вредат да се дадат и последните пари. Покрај атмосферата и енергичноста при настапувањето, тука се и спектакуларните визуелни ефекти кои го прават сето тоа да е незаборавно искуство.
Интересна работа кај НИН е тоа што членовите што учествуваат во снимањето на албумот, ретко се дел од лајв бендот. Резнор секогаш бира луѓе кои што се талентирани и мултиструменталисти, бидејќи понекогаш е потребно за време на еден настап еден член да свири на повеќе инструменти.

Неколку песни

Од мене толку, оставам на вас да кажете колку и зашто ве бендисуваат, кои ви се омилените песни, а кои не толку омилени, дали последниот албум ви се допаѓа, дали повеќе ги слушате студиските верзии или пак лајв настапите... Ајмо децо, bring it on :)
 
Трент мајсторо, Робин ненормалнио се дечки кои не можеш да ги сакаш. Ни па нивната музика. Ја не ги знам од многу одамна, можда година ипол ама коа ги видов, ме првилекоа. Сакаш музика за преку ден, сакаш за на дожд ко шо кажа Ан, имаат огромен репертоар и различна енергија.

Да им испромовирам нешо од последниот албум, не дека не сте упознаени

Нормално бендов ми е во топ листата поради генијалецот Трент, кул карактер и неможи да не го сакаш. (да не испаднам позер, одлични се останатите :D )
Да не се повторувам, Anne said enough.

Ова е еден од оние бендови за чиишто настапи вредат да се дадат и последните пари. Покрај атмосферата и енергичноста при настапувањето, тука се и спектакуларните визуелни ефекти кои го прават сето тоа да е незаборавно искуство.

И нормално

преработкана на hurt му е закон, голем респект за NIN, нов сум во слушање на овие ама засега само позитивни впечатоци :)
 
преработкана на hurt му е закон, голем респект за NIN, нов сум во слушање на овие ама засега само позитивни впечатоци :)

Koja преработка :P ?
Инаку не сум во форма да пишам денеска, утре друзи ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom